Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
1.3 Директни плаќања по обработлива површина за градинарски култури на отворено и во пластеници Услови: – Засеани и обрани градинарски култури на минимум површина од 0,3 ха збирно за сите култури – Задолжително продадено одредена количина на производство кај регистриран откупувач - Реклама - Висина на поддршка: – Од 12.000 до 30.000 ден/ха во зависност од културата со скалесто намалување Извор – АФПЗРР 1.3 Директни плаќања по обработлива ...
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на вкупно 978 корисници, денеска им исплати 15 372 229 денари. Од Програма за органско производство за сертификација, на 808 корисници, исплатени се 9.589.057 денари. За анализа на почва на 5 корисници, исплатени им се 26 830 денари, за трговија со органски производи на 16 корисници, исплатени се 963 997 денари, за преработка на органски производи на 3 корисници, ...
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска изврши исплата на финансиска поддршка во износ од 461.492.542 денари на 23.874 поледелци. Средствата се исплатени согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година, директни плаќања по обработлива земјоделска површина за поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија и цвеќе. Корисници на оваа подмерка се земјоделските ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го стави на увид на ЕНЕР новиот закон за земјоделство и рурален развој. Ова е можност со коментари, сите заинтересирани активно да земат учество во носењето на овој важен документ за земјоделските производители но и за сите кои на било каков начин се поврзани со земјоделското производство. На платформата Агротим го пренесуваме законот поделен во неколку објави со цел да имате поголема ...
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала со умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. За време на викендов претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Во почетокот на следната седмица времето ќе ...
1.2 Директни плаќања по обработлива површина за лозови и овошни насади Услови: – Одржувани површини со лозови насади на минимум површина од 0,5 ха или – Одржувани површини со овошни насади на минимум површина од 0,5 ха – Задолжително продадено одредена количина на производство кај регистриран откупувач за винско и трпезно грозје и за следните овошни видови: јаболка, слива, цреша, праска, вишна, кајсија, круша, јапонско јаболко, калинка, ...
1.1 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за поледелски култури Услови: – Засеани и ожнеани поледелски култури на минимум површина од 0,7 ха збирно за сите култури со исклучок на тутун 0,2 ха – Задолжителна употреба на сертифицирано семе за: пченица, сончоглед и маслодајна репка – Задолжително продадено или складирано одредена количина на производство кај регистриран откупувач за: пченица, јачмен, пченка, сончоглед, маслодајна ...
Денеска бев на откупните пунктови и разговарав со производителите на ајварска пиперка во Струмица. Ги слушнав нивните забелешки и порачав дека договорените цени и класификацијата се обврска што мора доследно да ја почитуваат сите страни, информира министерот за земјоделство Борче Серафимовски. Секој навод ќе биде проверен, а за секоја утврдена неправилност ќе следува законска постапка. Државата не ја определува пазарната цена, но ќе обезбеди ...
Исплатени 85 784 580 денари на 1159 одгледувачи на кози Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува одгледувачите на кози дека денес, 25 август 2026 година, е извршена исплата на финансиска поддршка за одгледување на кози за 2025 година за 1.159 одгледувачи, во вкупна вредност од 85.784.580 денари. Агенцијата продолжува со исплатите на финансиската поддршка и по другите мерки од програмата за 2025 ...
Само неколку дена траеше договорот за откупната цена на пиперката „ајварка“, тврдат земјоделците од Струмичко, кои денеска повторно се на протест поради намалувањето на цената. Според организаторите од „Месно здружение млади Муртино“, пиперката во изминатите пет дена повторно се откупува по 25 денари за килограм, иако по претходните протести било договорено за индустриската и прва до втора класа да се плаќа по 30 денари. Во меѓувреме, од ...
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во вечерните часови во ...
По седум дена непрекината борба, огромни напори и пожртвуваност на сите што беа на терен, конечно можеме да кажеме дека пожарот во Мариово е изгаснат! Ова беше тешка и долга битка, во која на терен беа ангажирани голем број екипи, припадници на институциите, доброволци, мештани и поединци кои несебично помогнаа во справувањето со пожарот. Упатувам огромна благодарност до нашата Територијална противпожарна единица од Прилеп, Дирекцијата за ...
Септемвриските пензии во Македонија се очекува да бидат повисоки за околу 3 отсто, според пресметките направени врз основа на најновите податоци на Државниот завод за статистика. Со објавувањето на просечната плата за јуни се познати двата параметри што се користат при законското усогласување – растот на просечната плата и растот на трошоците на живот. Просечната нето-плата во јуни достигнала 48.381 денар, што е раст од 6,4 отсто во споредба ...
Метеоролошката служба на Велика Британија предупреди дека феноменот Ел Нињо, кој се развива над Тихиот Океан, веројатно ќе биде најсилниот во поновата историја. Моќниот природен климатски феномен предизвикува раст на глобалните температури и може да го зголеми ризикот од екстремни метеорлошки настани, објавува BBC Weather. Со ефектите од климатските промени предизвикани од човекот, Метеоролошката служба на Велика Британија оценува дека 2027 ...
Во изминатото деноноќие (до 7:30 часот) регистрирани се вкупно 35 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, два се под контрола, а 28 се изгаснати. Активни пожари: Општина Прилеп: с. Чаниште – крак кон с. Крушевица, кон с. Лопатица, кон с. Дуње и крак кон Црна Река (ниска вегетација). Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од 13 до 21 степен, а дневната од 33 до 39 степени, соопши Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен ...
Производителите на пченица од Пелагониско бараат државата според Законот да оддели по 5 денари од Интервентниот фонд за килограм откупена пченица со што ќе им доплати на земјоделците кои пченицата ја продадоа по само 10 и 9,5 денари, информира Инфокомпас. -Земјоделците бараат побрза исплата на субвенциите за 2024 – Корекција во Програмата за субвенционирање за 2026 година – Да се намали или целосно да се стопира увозот на пченица и брашно од ...
Две лица се лишени од слобода откако биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп, соопшти Министерството за внатрешни работи. На 14 август во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 39-годишниот Е.К. од Битола. Тој бил затекнат на улицата „Јорго Костовски“, на местото викано „Тепсија“, додека предизвикувал пожар на отворен простор. Претходно, на 13 август во 23:10 часот, ...
Водата во Гостивар конечно е безбедна за пиење, соопштија денеска од Главниот штаб за управување со кризи. Гостиварци по речиси еден месец конечно добија вода за пиење. Последните добиени резултати дека водата е миркобилошки и бактериолошки исправна. Со тоа се исполнети условите водата повторно да се користи за пиење, изјави попладнево директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство. На граѓаните им се порачува пред да ја користат водата за ...
Корисниците од село Мралино, бензинска пумпа „Дади компани“ во Мралино и делови од населбата Дрма во општина Илинден денеска од 6 до 13 часот ќе немаат електрична енергија поради планирани технички интервенции. Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), по известување добиено од „ЕВН Македонија“, соопшти дека од 9 до 14 часот струја ќе немаат и дел од корисниците во село Нова Брезница во општина Сопиште и во истиот период корисниците ...
Мнистерот за земјоделство Борче Серафимовски ја објасни динамиката околу исплатата на субвенциите по донесениот ребаланс на буџет. -Со ребалансот на буџетот беа издвоени една милијарда и двеста милионио денари за субвенции. . Работиме на промена на Програмите и Уредбата кои на 18 август ќе бидат ставени на владина седница. На 19 август ќе излезат програмите во Службен весник и од 20 август од страна АФПЗРР каде се спремни налозите ќе се ...
Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на кота 693,57 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи. Тоа е за 11 сантиметри над просечното ниво за август, утврдено на котата 693,46 метри надморска височина, односно 47 сантиметри над дозволениот минимум од 693,10 метри. Температурата на водата, измерена утринава во 7:30 часот, изнесувала 26 степени Целзиусови, што е за 2,5 степени над ...
Во јуни годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е за 39.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 363 610 илјади денари, што е за 31.0 % повеќе во однос на истиот месец лани. Најмногу одобренија – 70, се издадени во Полошкиот регион. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 200 ...
Општина Битола ќе спроведе дополнителна, вонредна дезинсекција против комарци на територијата на општината, како превентивна мерка поради актуелната епидемиолошка состојба во земјата и зголемениот ризик од ширење на Западнонилската треска. Според информациите од Центарот за јавно здравје – Битола, до 9 август годинава веќе се реализирани сите предвидени редовни активности за дезинсекција – три ларвицидни и три адултицидни третмани. Сепак, ...
Немаме податоци дека некој има гастроинтестинални тегоби поради пиење на водата за пиење во Скопје. Вака денеска одговори директорот на Клиниката за Инфективни болести во Скопје, доктор Фадил Цана, на новинарско прашање, дали е вистина, како што се пишувало по социјалните мрежи, дека имало пациенти со здравствени проблеми поради водата за пиење во Скопје. – Тоа што можам ја да го кажам како директор на Инфективната клиника, е дека на ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира информациите во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен сиистем е небезбедна за пиење поради наводно присуство на бактерија Escherichia coli. -Како одговорна институција ја информираме јавноста дека АХВ до овој момент нема добиено известување од скопското Јавно комунално претпријатије за незадоволителен резултат од лабораториско тестирање на водата за пиење, што е нивна ...
Вкупно девет пожари на отворен простор се регистрирани до 13 часот денеска, од кои пет се активни, три се под контрола, а еден е изгаснат, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во Македонски Брод, во местото Видуш кај село Драгов Дол, каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки; во Студеничани, над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, каде е зафатена мешана шума; во општина Илинден, во населбата ...
Здравствените власти прогласија епидемија од западнонилска треска во четири скопски општини – Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел. Според здравствените власти, од почетокот на годината има 24 потврдени пациенти заболени од западнонилска треска, а двајца се суспектни. Дваесет се хоспитализирани на Инфективната клиника од кои пет се во тешка состојба. Најголем дел од заболените се пензионери. Еден заболен пациент почина. Тој имал 83 година ...
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, по суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини, поради зголемената фреквенција на возила. На граничниот премин Табановце, за излез од државата, времето на чекање е околу еден час. Приближно еден час се чека и на Богородица, исто така за излез од земјава. На останатите ...
Во изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола се два, а 20 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Македонски Брод во близина на с. Драгов Дол каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, и над село Моране во Општина Сруденичани каде што е зафатена мешана шума. Пожари под контрола се пожарите на градската ...