Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Во текот на изминатото деноноќие, регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола е еден, а изгаснати се 20 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Македонски Брод – во близина на с. Драгов Дол каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, како и во кумановската населба Средорек каде што е запалено ѓубре. Пожар под контрола е оижарот на градската ...
Водата од кумановскиот водоводен систем е безбедна за пиење, покажуваат досегашните анализи од Центарот за јавно здравје, лабораторијата на филтер-станицата и Институтот за јавно здравје, информира Тони Јовчевски, раководител на Филтер-станицата Куманово. Во услови на летни горештини, од водоснабдувањето велат дека засега нема поголеми нарушувања, но зголемената и нерационална потрошувачка може да предизвика намален притисок во повисоките ...
Во рамки на континуираното следење на откупот на пиперката, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски одржа работна средба со претставници на Македонската асоцијација на преработувачи (МАП). На средбата се разговараше за тековната динамика на откупот, капацитетите за прием и преработка на произведените количини, како и за други прашања поврзани со непречениот тек на целиот процес. Министерот Серафимовски укажа ...
Според најновиот преглед на Македонскиот информациски систем за шумски пожари – МКФФИС, од денеска, во 12 часот и 45 минути, речиси целата територија на државава со исклучок на повисоките делови на Шара, е со висок метеоролошки индекс за опасност од пожари. Директорот на ЦУК Мухамет Али, во пишаната изјава наведува дека иако во моментов нема области со многу висок метеоролошки индекс за опасност од пожари, сепак постои ризик од појава на ...
Над еден милион патници, односно 1.100.000 лица го поминале граничниот премин Евзони за влез во Грција, од јуни годинава до сега, додека пак во истиот период земјата ја напуштиле 940.000 посетители, покажуваат податоците што денеска ги објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. Зголемениот број возила на граничниот премин Евзони и неколкучасовните чекања за влез во земјата, во изминатите денови се сè почеста ...
Денеска до 13 часот регистрирани се вкупно седум пожари на отворен простор, од кои активни се 3 пожари, под контрола се 2, а 2 пожара се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). -Активни пожари: Општина Штип – с. Лакавица (ниска вегетација); Општина Македонски Брод – место викано Видуш, во близина на с. Драгов Дол (сува трева, нискостеблеста шума и грмушки); Општина Неготино – воениот полигон Криволак (ниска вегетација), ...
Без вода денеска од 8 часот ќе останат дел од корисницитена улиците „Рајко Жинзифов“, „Владимир Полежиновски“, „Стефан Јакимов-Дедов“ и „Борка Талевски“ во Општина Центар. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Рајко Жинзифов“ број 32, а ќе трае се до отстранување на дефектот. МИА Без вода ...
Без електрична енергија денеска од 9 до 12 часот ќе останат дел од корисниците во Петровец и Ќојлија поради технички зафат на електродистрибутивната мрежа. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, повикувајќи се на информација од ЕВН, прекинот во снабдувањето со електрична енергија е поради изработка на кабелска спојница на извод од трафостаницата „Макдизел“, влез-излез во ново КРО. Без напојување во ...
Општина Велес утре рано изутрина ќе го реализира третото авионско третирање против комарци, со кое ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје по целото течение на реката Вардар на овој потег, како и рекреативниот центар езеро „Младост“ со околината. Границата, на третирањето е: „Езеро Младост“, село Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од Башино Село низ Велес, се’ до вливот на реката Бабуна и село Горно ...
На територијата на државата заклучно со 13 часот денеска регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а три се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во село Горно Лисиче, Општина Аеродром каде гори ниска вегетација, дрва и пченка, на автоатот Скопје-Велес спроти БП „Макпетрол“ во Општина Илинден каде гори ниска вегетација, во село Турново, Општина ...
Поради зголемена фреквенција на возила на граничните премини со Србија – Табановце и Пелинце за влез во земјата се чека повеќе од еден час, а за излез половина час. На преминот Богородица на границата со Грција за влез и за излез од земјата се чека по повеќе од еден час, објави АМСМ на нивната веб страна. На останатите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Три ер трактори се подготвуваат за полетување кон пожарот на територијата на општина Сопиште, зад планината Водно – соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. На пожарот интервенираат пожарникари од БППЗ, а се упатени и четири пинцгауери на ДЗС. Попладнево пожар избувна и во скопско Влоково, каде гореше ниска вегетација, и тој постепено се става под контрола. Анеглов информира дека исто така е изгаснат и ...
Земјоделците и денеска го изразуваат незадоволството поради ниската откупна цена на црвената пиперка. Тие бараат реална и фер цена за својот производ, со која ќе можат да ги покријат трошоците и да го вреднуваат својот труд. ,, Вчера министерот Серафимовски ни вети дека ќе издејствува повисока откупна цена. Доколку не добиеме цена прифатлива со која ќе ги покриеме производствените трошоци, ние од вторник повторно излегуваме на протести и ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го продолжи рокот за поднесување понуди по петте јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари. Рокот е продолжен за дополнителни 30 дена. Новиот краен рок за поднесување на понудите е: 09 септември 2026 година Продолжувањето на рокот им овозможува на заинтересираните земјоделци, земјоделски стопанства и компании дополнително време за ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути, а на граничниот премин Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги ...
Земјоделците од Струмичко излегоа на протест. Бараат итно зголемување на откупните цени, кои треба да важат за целата откупна сезона, без еднострано намалување или менување на условите во текот на откупот: Предложени откупни цени: • Прва класа – 50 денари Прва и втора класа – 40 денари • Втора класа – 20 денари Ограничување на рокот за исплата: Исплатата за предадениот производ да се изврши во рок од најмногу 3 месеци од денот на предавањето. ...
Вкупно седум пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 13 часот на територија на државата. Два во моментов се активни, два се под контрола, а три се изгаснати, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи. Од активните пожари, едниот е во подрачјето на село Могила, каде гори ниска вегетација. Другиот е на територија на општина Долнени, во регионот на село Ропотово, каде опожарено е стрниште. Од пожарите ставени под ...
До Општина Куманово поднесени се 160 барања и известувања од граѓани и правни субјекти за надомест на штети предизвикани од невремето што го зафати градот на 20 јули, информираа денеска од Општината. Оттаму соопштија дека најголемиот дел од пријавите се однесуваат на оштетени фасади, откорнати кровни конструкции на семејни куќи и станбени згради, оштетувања на покриви, како и штети на возила предизвикани од откорнати делови од кровови и ...
Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите случаи се од Скопје – по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром. Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани, информираа попладнево од Министерството за здравство. – На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментот се ...
Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, по известување добиено од ЕВН Македонија АД, информира дека денеска без електрична енергија ќе бидат делови од општина Гази Баба и Бутел. Според најавата, од 2 до 10 часот струја ќе немаат корисниците од Колонија и Идризово, како и дел од корисниците од Јурумлери во Гази Баба, а од 8.30 до 12.30 часот корисниците од селата Љуботен, Љубанци и Раштак, како и дел од корисниците од село Булачани, ...
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, ...
Водата за пиење од јавниот водовод во Куманово континуирано е здравствено исправна и безбедна за употреба, покажуваат резултатите од редовниот мониторинг што го спроведува Центарот за јавно здравје Куманово во соработка со ЈП „Водовод“ – Куманово. Раководителката на Отсекот за здравствено-хигиенски прегледи, училишна хигиена и исхрана при Центарот за јавно здравје Куманово, д-р Блерта Шахини Азизи, специјалист по хигиена и здравствена ...
Вкупно осум пожари на отворен простор се регистрирани до 13:00 часот, од кои два се активни, еден е под контрола, а пет се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Македонски Брод кај селото Грешница, м.в. Стојанова Населба, каде гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки и во Општина Гостивар кај селото Падалиште каде гори ниска вегетација и нискостеблеста шума. Под контрола е ставен пожарот во ...
Вкупно 20 пожари на отворен простор се регистрирани изминатото деноноќие до 07:30 часот изутринава, од кои еден е активен, еден е под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активен пожар има во општина Македонски Брод во село Грешница, м.в. Стојанова Населба, каде годи ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е ставен пожарот во општина Делчево, кај депонијата Делчево. ЦУК информира дека се ...
Согласно добиени резултати од испитувања, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, информирајќи за дневните мониторинг – активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење. Денеска од страна на секторот Санитарна контрола при јавното претпријатие, ...
Без вода за пиење во текот на утрешниот ден ќе останат делови на скопската територија, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што се појаснува во соопштението, поради уличен дефект, вода ќе немаат корисниците на дел од улиците Рајко Жинзифов, Владимир Полежиновски, Стефан Јакимов – Дедов и Борка Талевски. Предвидено е водоснабдувањето да биде прекинато од осум часот до завршување со работните ...
Иако пожарот во селото Раец е целосно изгаснат, екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кавадарци и натаму остануваат на терен, каде што вршат редовни контроли на целото опожарено подрачје. Ова попладнево преку објава на Фејсбук го соопшти градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, истакнувајќи дека превентивните активности продолжуваат и по локализирањето на пожарот. – Со превентивни обиколки и внимателно следење на ...
Во кавадаречко пожарникарите работеа во текот на целата ноќ, пожарот значително е намален но се уште е активен, информира утрово директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. ДЗС и Центарот за управување со кризи информираат дека од шест часот изутринава на пожарот во Општина Кавадарци се ангажирани повеќе екипи кои интервенираат на два правци. Во правецот од село Дреново кон село Ќесендре интервенираат ЈП ...
Второто авионско прскање против возрасната форма на комарци на подрачјето на општина Куманово ќе биде спроведено утре, (5 август) со почеток во 5 часот, информираа денеска од општината. Третманот ќе се изврши на површина од 1.270 хектари, а ќе бидат опфатени теченијата на реките Кумановка, Липковка и Којнарка, месните заедници Бабин Дол, Гоце Делчев и Тоде Мендол, централното градско подрачје, како и просторот околу пречистителната станица на ...