Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Дваесет и четиригодишен жител на виничкото село Градец е лишен од слобода откако, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат Грдовци–Зрновци, во која едно лице е тешко повредено, а две се здобиле со полесни повреди. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на вчера околу 3:30 часот, кога Д.Н. (24), управувајќи патничко возило ...
Триесет и двегодишен жител на Кавадарци е приведен откако бил затекнат при преземање 2.000 евра од 50-годишна кумановка, која го пријавила дека со лажно ветување за посредување за добивање странски пасош ја измамил за вкупно 9.000 евра. Парите што ги зел при последната средба биле претходно криминалистичко-технички обработени од полицијата, а осомничениот пред јавен обвинител го признал делото. Според пријавата, осомничениот ѝ ветил на жената ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денеска оцени дека намерата на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ги искористи замрзнатите ирански средства за покривање на штетите на бродови погодени во напади на иранските сили во Персискиот Залив претставува „опасен преседан“. „Запленувањето средства на друга држава за подмирување идни побарувања…претставува опасен преседан“, напиша Арагчи на социјалната мрежа „Икс“. Претходно ...
Во украински напади со дронови погоден е и опожарен магацин за стоки во Санкт Петербург, јавија светските агенции повикувајќи се на локалните власти и свои дописници. Гувернерот на вториот по големина руски град, Александар Беглов, соопшти дека Санкт Петербург денеска бил нападнат со беспилотни летала што се користат за воени цели. „Нападот беше насочен кон објекти на цивилната инфраструктура“, напиша Беглов на социјалните мрежи, додавајќи ...
Шест кандидати за функцијата генерален секретар на Обединетите нации синоќа пред Генералното собрание на ОН ги претставија своите приоритети, на дебата организирана во формат сличен на телевизиско шоу. Кандидатите за наследник на Антонио Гутереш по истекот на неговиот маднат, одговараа на прашања за предизвиците со кои се соочува Светската организација, меѓу кои застојот во Советот за безбедност на ОН, финансиските притисоци, зголемениот број ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со сериозна воена одмазда против Иран и неговите сојузници Хути, кои нападнаа два саудиски танкери во Црвеното Море. Трамп рече дека ќе го смета Иран за одговорен за какви било идни напади од страна на јеменските бунтовници. Хутите објавија дека воведуваат поморска блокада врз Саудиска Арабија, која пренасочува милиони барели нафта дневно кон Црвеното Море за да ја заобиколи иранската блокада ...
Во рамките на механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, Грција позитивно одговори на барањето на Шпанија за помош во справувањето со големите шумски пожари, нудејќи два противпожарни авиони од типот канадер ЦЛ-415, информираа од Министерство за климатска криза и цивилна заштита, јави дописничката на МИА од Атина. Шпанската страна веќе ја прифатила грчката помош, а во тек е процесот на финализирање на оперативните детали. Авионите, ...
Површините изгорени во шумски пожари во европскиот регион се зголемени за 57 проценти во последните четири години, а Португалија и Шпанија годинава бележат повеќе од двојно поголеми површини зафатени од пожари во споредба со истиот период лани – предупреди денеска регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Анри Клуге. Во соопштението на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, објавено во Копенхаген, ...
Вршителката на должност претседателка на Косово, Аљбуљена Хаџиу ја закажа конститутивната седница на парламентот на 6 август. Таа наведе дека седницата за конституирање на парламентот е закажана пред истекот на законскиот рок, што истекува на 7 август. – Со оглед на тоа што уставните рокови за избор на претседател на Косово почнуваат да течат дури по конституирањето на Собранието, решив да не ја свикувам седницата набрзина, туку да го ...
Посетата на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму носи посилно економско поврзување со Македонија кое отвора можност за нов инвестициски циклус со нови работни места, поголемо производство, зголемен извоз и нови деловни можности за домашните компании. Историската посета на индиската претседателка и одржувањето на бизнис-форумот меѓу двете земји го отворија прашањето за нови форми на економска соработка и за можноста индиските ...
Неколку амандмани за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, кој се носи по скратена постапка се на дневен ред денеска на 32. седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. Станува збор за шест амандмани, поднесени од пратеничката група на ДУИ, а амандманите се и на дневен ред на денешната седница на Законодавно-правната комисија. Собраниската комисија за образование, наука и спорт на ...
Крушевското јавно комунално претпријатие „Комуна“ со препорака до жителите на Крушево за пиење да користат пакувана вода, а не да ја пијат водата од градскиот водовод. Ова, како што соопштуваат од претпријатието на своја Фејсбук страница, е по известувањето на прилепскиот Центар за јавно здравје дека водата за пиење во Крушево е бактериолошки неисправа. – На жителите на град Крушево им се препорачува за пиење да користат пакувана вода, додека ...
Поради загадената вода во Гостивар, Агенцијата за храна и ветеринарство веќе изрече 30 казни и 12 забрани за работа. Засилените контроли продолжуваат, а дел од угостителските објекти, продавниците и производителите веќе се соочуваат со ограничувања и затворања. Ниту еден од овие луѓе не е виновен. Тие се жртви на туѓа грешка. Жртви на организираната криминална група ВМРО, на нивните нестручни кадри и на потполната негрижа за јавното здравје. ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарието повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина над 50 километри на час. ...
СДСМ, преку своите советници, бара вонредни анализи на водата за пиење во Велес и околните населени места. Конкретно во Велес СДСМ побара да се проверат сите водоводи поради тоа што последните наоди и стручни мислења коишто се јавно објавени покажуваат дека скоро секаде во селските водоводи има Escherichia coli индикатор за фекално загадување. Дури и во училишта. Нема никаква информација каква е сега состојбата, дали општината и централната ...
Додека Мицкоски свечено отвора базен во Кавадарци, половина Македонија нема безбедна вода за пиење. Гостивар. Валандово. Болницата во Лешок. Сега и во Крушево водата е бактериолошки неисправна. За само неколку денови имаме четири града, со загадена вода за пиење. Ова е најдраматичен доказ за целосниот системски распад на здравството и институциите под власта на Мицкоски и неговата Организирана криминална група. Прашањето е колку градови уште ...
Оваа Влада системски го уништува македонскиот спорт. Две години се крати поддршката за спортот, нема инвестиции за спортистите, клубовите и федерациите Додека спортистите се борат за основни услови за тренинг и натпревари, Владата и со ребалансот ги скрати парите за спортот. Не се предвидени дополнителни пари за субвенции за спортските субјекти. Тоа значи дека директната поддршка за федерациите, клубовите и индивидуалните спортисти останува ...
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на годишната сесија, што се одржува во јужнокорејскиот град Бусан, донесе одлука да го одложи впишувањето на Охридскиот Регион на листата на светски културни и историски наследства во опасност. На државата ѝ е даден дополнителен рок од пет години за да ги спроведе препораките поврзани со заштитата на природното и културното наследство. Со одлуката се дава можност државата да ги реализира мерките што ...
ВМРО-OKГ денеска објави дека СДСМ шири дезинформации за кризата со водата. Дезинформации? Како оние резултати од анализите на водата во болницата во Лешок за кои СДСМ предупреди? Како мигрантите што ги прекрстија во „економски работници“ – владата веќе увезе 10.000, а бара уште 50.000 следната година? За тоа пишуваа водечки светски медиуми. Како унгарскиот кредит од кинески пари што денес е под истрага во Будимпешта, а СДСМ тоа го најави уште ...
За време на викендот времето ќе биде стабилно со мала до умерена облачност – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Нови врнежи од дожд, проследени со локална нестабилност, се очекуваат в понеделник. На поединечни места ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Од вторник повторно следува период на стабилно и претежно сончево време, со постепен пораст на дневните температури. МИА За време на викендот времето ќе биде стабилно со ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија) в понеделник, 27 јули. Согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, МВР информира дека во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), на наведените гранични премини патничките возила ќе се пропуштаат ...
Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (23.7.2026 година) се евидентирани вкупно 197 новопрегледани пациенти, односно лица што првпат побарале лекарска помош, што покажува намалување во однос на претходниот ден – соопшти Министерството за здравство. Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар се регистрирани вкупно 117 нови прегледи, од кои 82 на инфективното одделение (без нови ...
Во екот на летната туристичка сезона, кога традиционално се зголемува обемот на туристички услуги и обемот на приходи од нив, Управата за јавни приходи информира дека спроведува координирани активности насочени кон поттикнување на доброволната даночна усогласеност и обезбедување еднакви услови за вршење дејност. – Во фокусот на активностите се приходите што физичките лица ги остваруваат од краткотрајно издавање сместувачки капацитети – ...
И водата во Пласница е неисправна за пиење, потврди Центарот за јавно здравје. Гостивар. Валандово. Лешок. Крушево. Пласница. Пет населени места за краток период. Пет пати истата приказна. Пет пати истата одговорност. Дали е и ова дезинформација на СДСМ и ширење паника? Што вели организираната криминална група ВМРО? Ја уништија економијата. Ја изолираа земјата. Го приватизираа правосудството. Го отруја народот со приказната за „предавници“ и ...
Ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, го убедил својот соиграч од Франција, Мајкл Олисе, да се пресели од Баерн во Реал Мадрид. Според „Билд“, за време на Светското првенство во 2026 година, Мбапе разговарал со Олисе за неговите перспективи во Реал, наведувајќи дека тие би биле „совршен тандем“. Мбапе верува дека го убедил Олисе да се согласи на трансферот и го информирал претседателот на клубот Флорентино Перез за ова. Олисе одигра 52 ...
Фантастичен намаз од печен модар патлиџан и ореви… Состојки: 1 модар патлиџан маслиново масло 3 чешниња лук 100 грама ореви 1/2 китка свеж магдонос 1 лажица сок од лимон 1 лажица цветен мед мелен црн бибер и сол Подготовка: Измијте го и исушете го модриот патлиџан, пресечете го на половина и премачкајте го со маслиново масло. Ставете го во рерна загреана на 220°C и печете го 35 минути. Во текот на последните 15 минути од печењето, завиткајте ...
Царинските службеници на граничниот премин Табановце, при влез во државата, спречија обид за криумчарење 348 грама златен накит, во вредност од 1,3 милиони денари. Како што информира Царинската управа, случајот е откриен при детална контрола на автомобил со кој патувале сопружници, македонски државјани со живеалиште во Белгија, при што во чантата на сопатничката се пронајдени 26 парчиња златен накит. Против неа, Одделението за истраги при ...
Претставничкиот дом на САД го усвои Законот за овластување на трошоците за националната одбрана, со кој се одобруваат рекордни 1,15 трилиони долари за одбраната, во согласност со барањето на претседателот Доналд Трамп. Предлог-законот беше усвоен со 216 гласа „за“ и 212 „против“, што претставува значително потесна поддршка од вообичаената бидејќи таа законска рамка традиционално добива широка двопартиска поддршка во Конгресот. Демократите се ...
На маргините на Самитот на АСЕАН во Манила се одржа средба на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, и американскиот државен секретар, Марко Рубио. Средбата одржана по претходно утврден распоред траела нешто повеќе од половина час, а според најавите, разговорите биле посветени на прашањата поврзани со решавањето на конфликтот во Украина. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, претходно изјави дека Москва смета ...
Даниел Сиад, агент за ангажирање модели и наводен посредник при обезбедувањето жени за американскиот сексуален престапник Џефри Епстин, во понеделникот вечерта бил пронајден мртов во неговиот дом во близина на Париз. „Вечерта во понеделникот беше отворена истрага за утврдување на причините за смртта по откривањето“ на неговото тело во куќата во Коломб, западно предградие на Париз“, соопшти француското обвинителство. Против Сиад биле поднесени ...