Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Во Грција, две лица се уапсени за подметнување пожари во одделни инциденти во Трикала и Каристос. Во првиот случај, 46-годишен грчки државјанин е уапсен за пожар што избувнал во областа Генеси во Трикала на 17 август, објави ЕРТ. Истрагата покажа дека пожарот бил намерно предизвикан со употреба на отворен пламен. Во текот на понатамошната истрага, пронајдени се докази што го поврзуваат 46-годишникот со два други пожари што избувнале во истата ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп спроведува активности за проценка на лојалноста на сојузниците во НАТО пред да одлучи дали ќе ги намали воените ресурси што ги обезбедува за Алијансата. Како што објави „Блумберг“, Белата куќа испратила до земјите-членки на НАТО документ со прашања чија цел е да се утврди колкава е нивната поддршка за политиката на Трамп. Во прашалникот се опфатени теми за кои постојат несогласувања ...
Компанијата „Мета“ на почетокот на историскиот судски процес ги отфрли обвинувањата на американските сојузни држави дека намерно се обидувала да создаде зависност кај децата од нејзините социјални мрежи Фејсбук и Инстаграм за да оствари профит. Група од 29 сојузни држави ја тужи „Мета“ и бара потенцијални казни од повеќе стотици милијарди долари, како и промени во деловните практики на компанијата. Четири држави коишто ја претставуваат ...
Состојбата со шумските пожари во Албанија покажува значително подобрување, јави Албанската радиотелевизија. Според најновите официјални податоци од Албанското Министерство за одбрана и Албанската Национална агенција за цивилна заштита (AKMC), до синоќа се регистрирани вкупно седум пожари, од кои четири остануваат активни, додека три други се под строг надзор за да се спречи повторно разгорување. Во гаснењето на пламените јазици ангажирани се ...
Пожарникарите во Србија се борат со десетици пожари што беснеат веќе неколку дена, во кои едно лице загина, а повеќе се повредени. Дополнително, метеоролозите најавуваат од денеска нов топлотен бран проследен со ветер. Ветерот значително им ја отежнува работата на пожарникарите и локалните служби на најкритичните точки во специјалниот природен резерват Делиблатско Песочиште, а во текот на ноќта повторно го разгоре пожарот и на Столови кај ...
Турското Министерство за образование со нова наредба објавена денеска ги задолжи сите наставници во образовните институции под негова надлежност да носат мантили слични на оние што ги носат медицинските работници, почнувајќи од новата учебна година во септември, објави порталот „Хаберлер“. Според наредбата, белите мантили со логото на Министерството ќе бидат задолжителен дел од облеката што наставниците ќе ја носат врз цивилната облека. ...
Цената на електричната енергија останува едно од најчувствителните економски прашања за граѓаните, но владината стратегија покажува дека фокусот постепено се поместува од краткорочно контролирање на цените кон зголемување на домашното производство. Целта е Македонија да увезува помалку струја, да произведува повеќе и на тој начин да создаде услови за постабилни и пониски трошоци. Во моментот, според податоците што ги презентира власта, ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините,речните долини и клисурите, ...
Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:30 до 13:00 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата „Христо Татарчев“ во близина на автопералната во Општина Сопиште. Во периодот од 11:30 до 14:30 часот, без струја ќе останат корисниците на улицата „Александар ...
Регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор изминатото деноноќие, а од нив, три се сѐ уште активни, еден е под контрола, останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи. Од активните пожари, мешана шума гори во општина Студеничани, во регионот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер. Ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки горат во општина Македонски Брод, место викано „Видуш“, кај село Драгов Дол и кај ...
Поради дефект во шахта, прекинато водоснабдување имаат корисниците на улицата 11 Октомври, потегот од булевар Кочо Рацин до Тутунски комбинат, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето било прекинато од 9:10 часот и како што се наведува во соопштението, ќе потрае до завршување на работните активности. МИА Поради дефект во шахта, прекинато водоснабдување имаат корисниците на улицата 11 ...
Без водоснабдување денеска ќе бидат дел од корисниците на Општина Чаир и населба Топанско Поле, поради промена на шибер Ф-250мм на ул.Џон Кенеди раскрсница со ул.Лазар Трповски, од ул Лазар Трповски и населба Топанско Поле. Како што соопшти РЦУК Скопје по добиено известување од ЈП Водовод и канализација, прекинот во водоснабдувањето ќе биде во периодот од 9 часот до завршување на работите. МИА Без водоснабдување денеска ќе бидат дел од ...
Селото Чаниште е безбедно, не постои опасност за него и за трите манастири – информира денеска во видеоизјава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. – Огнот се движи во насока на мариовското село Крушевица. Линијата е многу долга, но јас сум оптимист дека барем оваа линија денеска ќе ја изгаснеме благодарение на четирите „пинцгауери“ на Дирекцијата, како и огнените тимови на Дирекцијата, кои се поддршка на ...
Формирана е комисија за надзор над случајот со родилката од случајот во Штип, а ќе се вклучат и двајца странски стручњаци, информираше денеска министерот за здравство Сашо Клековски, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција. Министерот беше прашан кога ќе биде готов извештајот за родилката која останала парализирана по втор царски рез, дали има лекарска грешка или не. – Јас ја формирав комисијата за стручен надзор. ...
Заклучно со 18 август, според последните податоци на ИЈЗ, во земјата се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска – 36 потврдени и два веројатни, од кои 37 во Скопскиот Регион, а еден од Велес. Регистрирани се четири смртни случаи со невроинвазивна форма на болеста. Станува збор за машки лица на возраст од 62 до 83 години од Скопје, кои биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болети во Скопје. Кај три починати лица биле ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов преку видео изјава истакна дека сѐ уште е активен пожарот кај прилепското село Чаниште. Тој не очекува пожарот да го загрози ова или некое друго село. -Пожарот којшто во понеделник попладне изби во атарот на прилепското село Чаниште во прилепскиот дел од Мариово, сѐ уште е активен, но во овој момент не го загрозува селото Чаниште, ниту пак загрозува друго село, затоа што ...
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе повеќе одлуки и акти поврзани со подготовката и спроведувањето на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година. Комисијата едногласно го усвои упатството за спроведување јавен увид во Избирачкиот список, со кое се уредуваат начинот, условите и постапката за проверка и ажурирање на избирачките податоци. Образложувајќи ја ...
Без електрична енергија утре ќе останат дел од корисниците од Општина Гази Баба. -Поради исклучување од подземна мрежа – промена на довод до РО (150-240мм2) од Автокоманда 10, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од 16-та Македонска бригада зграда ВА влез 2,3 и 4, во Општина Гази Баба, соопшти РЦУК по добиено известување на АД ЕВН Македонија. МИА Без електрична енергија утре ќе останат дел од корисниците од Општина Гази Баба. ...
Центарот со управување со кризи информира дека до 18:00 часот часот регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, три се под контрола, а 11 се изгаснати. Активни се пожарите во: Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки). Општина Прилеп: с. Чаниште, крак кон ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Како што објаснуваат од МВР, лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат ...
Реал Мадрид е заинтересиран да го потпише играчот од средниот ред на Арсенал, Мартин Зубименди, објавува „TEAMtalk“. Тренер на Реаал, Жозе Мурињо, го одобрил трансферот на 27-годишниот Шпанец. При тоа, Зубименди се плаши дека нема да добие доволно време за играње во сезоната 2026/27 откако Арсенал потпиша нови играчи, па се согласува да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Прелиминарните разговори со околината на играчот веќе се одржаа. Во ...
Брзото размножување на бактериите на високи температури бара посебно внимание при чувањето на месото, млечните производи и свежиот зеленчук Топлите летни денови го зголемуваат ризикот од расипување на храната и појава на труења. Високите температури создаваат идеални услови за брзо размножување на бактериите, поради што одредени намирници бараат посебен третман и правилно чување во ладилник. Експертите предупредуваат дека храната што стои на ...
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го повика американскиот претседател Доналд Трамп да продолжи со преговорите со Иран за намалување на тензиите меѓу двете земји, соопшти турското претседателство. Во телефонскиот разговор, Ердоган ја понудил целосната поддршка на Анкара за мировните напори и истакнал дека е од големо значење да се искористат сите дипломатски можности за надминување на тензиите меѓу Иран и САД. Турското претседателство ...
Владимир Чупиќ, еден од четирите лица уапсени под сомнение за подметнување пожари на 10 локации во Задарската жупанија, е сопственик на земјиштето во бенковачкото село Билјане Доње на кое со години се наоѓаше озлогласеното „Црно Брдо“ — депонија со околу 140.000 тони канцероген индустриски отпад, објави хрватскиот портал Нет.хр, повикувајќи се на извештајот на РТЛ Данас. Хрватската полиција го уапси Чупиќ заедно со уште двајца хрватски ...
Латиноѕвездата Шакира вчера ги изненади учениците од настраданите училишта по големиот земјотрес што го погоди Кибдо, Колумбија на десетти август. За време на посетата таа вети реконструкција на десет училишта во еден од најсиромашните региони на Колумбија, заедно со Хауард Бафет, син на милијардерот и филантроп Ворен Бафет. – Она што најмногу ме загрижува е училиштата да не бидат обновени откако ќе заврши оваа вонредна состојба. Пропуштените ...
Шведско-британскиот фармацевтски гигант „Астра Зенека“ соопшти за нов неуспех прекинувајќи го клиничкото испитување во доцна фаза на лекот за рак на белите дробови „волрустомиг“ нешто повеќе од еден месец по прекинувањето друго испитување за лек за срцеви заболувања. Компанијата од индексот ФТСЕ 100 објави дека „волрустомиг“, во комбинација со хемотерапија, веројатно нема да ја зголеми стапката на преживување кај пациентите со рак на белите ...
Стратешки важната Ормуска Теснина ќе остане затворена за сообраќај сè додека Соединетите Американски Држави не ги исполнат сите услови од привремениот договор што го потпишаа со Иран во јуни – изјави главниот ирански преговарач Мохамад Бакер Калибаф во обраќање пред иранскиот парламент. Калибаф прецизира дека условите на Техеран подразбираат целосно укинување на американската блокада врз иранските пристаништа, укинување на сите санкции ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека привремено ќе ја прекине изградбата на контроверзниот граничен ѕид во Националниот парк „Биг Бенд“ во јужниот дел на Тексас, додека шефот на агенцијата задолжена за изградбата не изврши „проценка на терен“. Проектот наиде на силно спротивставување кај двете најголеми американски политички партии. Критичарите тврдат дека ѕидот ја загрозува животната средина, а дека ...
Камерата за безбедност на сообраќајот во Европа којашто во 2025 година забележала најмногу прекршоци се наоѓа на автопатот А-7 близу Валенсија, Шпанија. Имено, лани со неа се регистрирани 90.766 казни за брзо возење. Ова значи дека оваа камера казнувала возач на секои шест минути, а ѝ донела дури 18,9 милиони евра на шпанската држава, објави „Ел Индепендиенте“. А-7 е еден од најважните патишта долж брегот на Шпанија, каде што обично може да ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својот профил на „Trut Social“ слика од мапа со Ормуската Теснина над кој има натпис „Нова територија на САД“. Тој објави мапа од регионот на која Ормуската Теснина е прикажана како голем син круг, а морскиот пат како „нова територија на САД. Ормуската Теснина се наоѓа во територијалните води на Иран и Оман. Трамп првпат ја изнесе идејата за анексија на Теснината во петокот на настан велејќи им ...