Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Двајца од тројца потрошувачи во Грција, односно 67 отсто од анкетираните, наспроти 63 проценти лани и 50 отсто во 2024 година, планираат да пазаруваат за време на Black Friday и Cyber Monday на крајот од месецов, а овој процент достигнува до 72 отсто кај лицата на возраст од 18 до 29 години и 76 проценти кај оние на возраст од 30 до 39 години, покажуваат резултатите од истражувањето за потрошувачките навики на „Естер и Јанг“ Грција, ...
Намалување на ДДВ-то од 24 на 13 отсто за производите за лична хигиена на жените за време на менструацијата, со можност во иднина да се воведат и бесплатни производи за девојките од социјално загрозените области, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за радиото „Алфа“, јави дописничката на МИА од Атина. Мерката за намалено ДДВ ќе се воведе на 1 јануари 2027 година, а грчкиот премиер посочи дека менструацијата е биолошка ...
Вишиот суд во Белград му одреди притвор до 30 дена на директорот на Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ), Југослав Н. (71), осомничен дека заедно со Олга Н. (71) и Ѓорѓе Н. (45) од ноември 2019 година до ноември 2024 година во Белград, Чачак, Ужице, Бајина Башта и Црна Гора извршиле пренос и конверзија на имот од најмалку 650.000 евра, со знаење дека истиот потекнува од криминална дејност, а со намера да го прикријат неговото ...
Црна Гора утре, на Меѓувладината конференција со Европската Унија, привремено ќе затвори уште две преговарачки поглавја, соопшти денеска министерката за европски прашања Маида Горчевиќ. Таа во црногорскиот Парламент изјави дека добила потврда од Брисел дека ќе бидат затворени поглавјето 1, кое се однесува на слободното движење на стоки, и поглавјето 12, кое ги опфаќа безбедноста на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика. – Верувам ...
Турската полиција трага по маж кој денеска уби осум луѓе во три села во западниот дел од земјата. Според турските медиуми полицијата трага по маж кој возел црвен автомобил, кој бил забележан како бега од местото на инцидентот. – Осум наши граѓани ги загубија животите, а друг е сериозно повреден во вооружен напад во нашата покраина, соопшти канцеларијата на гувернерот на Афјонкарахисар. Прво биле пронајдени две жени со прострелни рани на патот ...
Републичката изборна комисија (РИК) денеска донесе решение за доделување мандати на народните пратеници од новиот состав на Собранието на Србија, избрани на вонредните избори одржани на 25 октомври. Според конечните изборни резултати, на листата „Студентска листа – Студентите победуваат“ ѝ се доделени мандати за 140 кандидати за народни пратеници, додека на листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ ѝ се доделени 103 мандати. Во ...
Осум припадници на Управата за криминалистичка полиција при српското Министерство за внатрешни работи се уапсени под сомнение дека до смрт го претепале Далибор Драгиевиќ, брат на еден од осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ, соопшти Вишото јавно обвинителство во Ниш. Осумте полицајци се осомничени за нанесување тешки телесни повреди со смртни последици, како и за соучесништво во малтретирање и тортура. На приведените им е ...
Необична честитка за неговиот роденден добил министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис, кој утрово кога го отворил мејлот открил дека некој го хакирал и во негово име нарачал 200 луксузни автомобили и 25 оружја, јави дописничката на МИА од Атина. Георгиадис на социјалните мрежи објави дека токму на денот на неговиот роденден, бил жртва на хакерски напад за што ги информирал и надлежните. – На денот на мојот роденден ми го приредија ...
По добиеното позитивно мислење од надлежната Меѓуресорска комисија за издавање дозволи за истражувања на море, министерот за надворешни работи денеска, 6 ноември 2026 година, ја издаде соодветната одлука со која се одобруваат истражувачките активности и поставувањето на подморскиот кабел, соопштија од грчкото МНР во однос на истражувањата за електричното поврзување на Грција со Кипар, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за ...
Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Сали Бериша, денеска ги повика граѓаните од сите возрасти и со различни политички убедувања да се приклучат на утрешниот протест за поддршка на студентите, нагласувајќи дека победата на нивниот бунт е исклучително важна за иднината на земјата, јави АТА. На прес-конференцијата тој истакна дека поддршката за студентите треба да биде широка и масовна. – Успехот на студентскиот бунт е успех за ...
Просечната откупна цена на тутунот од годинашната реколта се очекува да надмине 420 денари за килограм, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, во обраќањето на денешниот Форум за ориентален тутун на Меѓународната асоцијација на тутунопроизводители (ITGA) во Прилеп. -Министерството ја координира подготовката на откупот за да се обезбедат прецизни договорни услови, транспарентна проценка и навремено ...
По 26 години во бизнисот со одгледување свињи, еден дански фармер одлучи да стави крај на работата и да ја стави својата фарма – која има капацитет од 4.700 свињи – на продажба. Имотот, кој опфаќа два производни комплекса и придружна инфраструктура, се продава за приближно пет милиони евра. Станува збор за фарма од голем обем која, во својот врв на пазарот испорачувала дури 18.000 свињи за тов годишно. Како главни причини за одлуката да се ...
Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството со седиште во Битола информира дека е во тек јавниот повик за доставување барања за доделување на финансиска поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство. Според јавниот повик утврден од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, средствата се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година, и притоа за ...
Претседателот на Здружението на пчеларски организации на Србија, Родољуб Живадиновиќ, денес изјави дека српските пчелари извезле речиси три тони мед во Кина, а се очекува следните испораки да бидат поголеми. Живадиновиќ за РТС изјавил дека ширењето на кинескиот пазар може да донесе зголемување на откупните цени од 30 до 50 проценти. Тој предупредил дека фалсификуваниот мед им се заканува на домашните производители, додека климатските промени ...
Во завршна фаза е постапката за избор на изведувач и веќе се евалуираат понудите за проектот со кој треба да се воспостават интегрираната земјоделска информациска платформа (IAIP) и информацискиот систем за управување со земјиштето во државна сопственост (SALMIS) – рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски. Како што информира, проектот надминува два милиони евра, а резултатите од него ќе се мерат ...
Институциите се подготвени за навремен почеток на откупот на тутунот од овогодишната реколта и за инспекциски надзор на постапката, нагласил министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на денешната средба со откупувачите, преработувачите и Сојузот на тутунски здруженија, која се одржала во Тутунскиот комбинат во Прилеп. -Тутунот е стратешка култура за македонското земјоделство, а неговиот откуп е еден од ...
За две децении производството на мед во земјата е намалено од 30 на три килограми од пчелно семејство, а 2026 година една од најслабите – велат од Пчеларската федерација на Македонија. Климатските промени се најголемата закана за пчеларството, а продажбата на фалсификуваниот, најчесто увезен мед, со непознато потекло и состав, и натаму останува еден од клучните проблеми. – По три децении, оваа година е една од најслабите. Ако пред 20-ина ...
Продолжи есенската сеидба на житните култури во Штипскиот регион, но и во останатите региони во земјата. Потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци Гоце Серафимов вели дека обилните врнежи од дожд донесоа поволни услови за продолжување на сеидбата на пченицата и јачменот, која годинава значително доцни поради сушата. Според неговите проценки досега се посеани околу 20% од предвидените површини. – Овие дождови се добредојдени, сега треба ...
Континуираната поддршка од Европската Унија (ЕУ) овозможува натамошна модернизација на земјоделските стопанства и преработувачката индустрија, воведување нови технологии и усогласување со европските стандарди – рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски на денешниот состанок на секторската работна група за земјоделство и рурален развој, воспоставена во рамките на секторскиот пристап за програмирање и ...
Од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој информираа дека во декември ќе се објави повик за три мерки од ИПАРД – Мерка 1, Мерка 3 и Мерка 7. Во продолжение основни информации за Мерка 7 – „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД III програмата. КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА На јавниот повик може да аплицираат физички и правни лица кои ги исполнуваат критериумите за подобност. ВИСИНА НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ...
Согласно ЗАКОНОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ, на земјоделско земјиште може да се изградат оранжерии, објекти за промоција на земјоделски производи и објекти за спортско рекреативни активности и помошни објекти, како и објекти за примарна обработка на земјоделски производи. Видови на градби за кои се однесува постапката за изградба на објекти на земјоделско земјиште 1 “Оранжерии” се градби за произведување на примарни земјоделски производи од ...
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информира дека во декември ќе биде објавен повик ИПАРД за Мерка1, Мерка 3 и Мерка 7. Кога ќе се објави повикот ќе се знае точно кои приоритетни мерки ќе бидат и колкав ќе биде фондот на секоја мерка одделно. Во продолжение информираме за можноста која ја нуди Мерка 7 Поддршката за започнување нов бизнис и развој на микро и малите претпријатија претставува важен инструмент ...
Од АФПЗРР информираат дека во декември ќе се објават повици за три мерки од програмата ИПАРД – Мерка 1, Мерка 3 и Мерка 7. Комплетните информации околу услови, критериуми и новини ќе има кога ќе се објави официјално повикот од страна на АФПЗРР. Во продолжение основни информации за Мерка 7 – „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД III програмата. Со мерка 7 од ИПАРД програмата како инвестиција во промоција на руралниот туризам ...
Од АФПЗРР информираат дека во декември ќе се објават повици за три мерки од програмата ИПАРД – Мерка 1, Мерка 3 и Мерка 7. Комплетните информации околу услови, критериуми и новини ќе има кога ќе се објави официјално повикот од страна на АФПЗРР. Мерката 7 од ИПАРД за диверзификација на фарми и развој на бизниси има навистина широка примена и нуди поддршка на најразлични инвестиции во рурачните средини. По принципот на ко – финансирање оваа ...
Во првите девет месеци годинава е забележан рекорден број регистрации на електрични автомобили во светот, околу 11 милиони, што е за 12 проценти повеќе во споредба со истиот период лани, покажува анализата на консултантската компанија „ПвЦ“ (PwC). Европа е главниот двигател на растот, со продадени 2,5 милиони електрични автомобили од почетокот на годината, што е зголемување од 42 процента во однос на истиот период минатата година. Во ...
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да продолжи амандманската расправа за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година во второ читање. За Предлог-буџетот, кој е втор ребаланс за годинава, поднесени се вкупно 124 амандмани. Вкупните приходи со новиот ребаланс на буџетот се планирани на ниво од 374,2 милијарди денари, што е за речиси 5,3 милијарди денари помалку во однос на претходните проекции. ...
Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ објави дека нивните приходи од јули до септември се намалиле за 6,3 отсто, на 75,3 милијарди евра, додека бројот на испорачани возила паднал за 14,3 отсто, на 1,89 милиони. Во третото тримесечје годинава, следствено, забележана е нето-загуба од 5,8 милијарди евра, а голем удел во сѐ тоа има кинескиот пазар, пренесува „Шпигел“ (Der Spiegel). Главните причини за овие слаби резултати вклучуваат отпис ...
Прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во септември 2026 година бележи номинален пораст од 24,1 процент и реален пораст од 19,4 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Зголемување е забележано и кај трговијата на мало со автомобилски горива, каде што номиналната стапка на прометот е зголемена за 38,7 проценти, а реалната за 12 проценти. Од друга страна, трговијата ...
Изградбата на гасоводот со Грција, подготовката на интерконекторот со Србија и оспособувањето на домашните гасоводни делници се трите клучни процеси со кои продолжува развојот на гасната инфраструктура во Македонија. Активностите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и НОМАГАС се насочени кон создавање услови за посигурно снабдување со природен гас и поголема поврзаност со регионалните пазари. На интерконекторот со ...
Во врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија и сама по себе не значи автоматско одземање на дозволата за работа на АЛТА банка АД Битола. Домашната банка е самостојно правно лице, основано и регистрирано во Република Северна Македонија, чие работење се оценува согласно домашната ...