Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Денеска (01.11.2026), полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје, ЕВР – ОКР Карпош, постапувајќи по претходно добиени сознанија за точење алкохолни пијалаци на малолетни лица во угостителски објект на подрачјето на општина Карпош, извршиле контрола во објектот, при што затекнале малолетни лица во видно алкохолизирана состојба. Во Полициската станица Карпош биле приведени осум лица. При извршеното алкотестирање кај сите осум ...
Продолжување на притворот за 30 дена на предлог на обвинителството добија четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во скопските населби Хром и Ѓорче Петров, информираат од Кривичниот суд. Притворот бил побаран за да се оневозможи уништување докази, попречување на истрагата, бегство… Претходно на осомничените за убиствата на повозрасните лица во Ѓорче Петров на два пати им беше продолжуван притоворот по 48-часа, поради ...
СВР Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „насилство” по член 386 ст. 4 и 6 од Кривичниот законик против П.А. во врска со вчерашното насилство пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, кога група од околу 30 членови на навивачката група „Фемили“ физички нападнале околу 50 навивачи на КК „Работнички“, кои чекале да влезат на спортскиот натпревар. Притоа, 16-годишник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди. МВР ...
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации на територијата на државата, полициски службеници лишиле од слобода шест возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, тројца управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Б.М.(34) од село Батинци, скопско, 16-годишник од село Морани, скопско, и Ф.К.(32) од село Големо Коњари, прилепско, кој ...
Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж, кој се барал со меѓународна потерница од Интерпол издадена од нашата земја за извршено кривично дело тешка кражба, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката полиција, полицајците од Одделението за сузбивање и расчистување кривични дела, вчера во вечерните часови, во центарот на Солун уапсиле „43-годишен странски државјанин, по кого била распишана меѓународна потерница од Интерпол – Северна ...
На 03.11.2026 во 18:40 часот Т.К. од Богданци пријавил дека на место викано „Ичева чешма“, Горно село во Богданци забележал опожарено паркирано патничко моторно возило, во чија близина има безживотно тело. Веднаш по пријавата полициски службеници од ПС ОН Гевгелија се упатени на местото на настанот, каде било констатирано дека во близина на опожареното возило имало машко лице кое не давало знаци на живот, по што било констатирано дека станува ...
Судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за одредување на мерка притвор од осум дена за двајцата вработени во Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Обвинителството и МВР попладнево информираа дека во случајот со бришење и манипулации во електронскиот индекс се опфатени 44 годишниот Р.Т раководител на е-индекс и 44 годишната М.М.Н советничка на студентска архива од Универзитетот ...
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Ј.К (46) од Скопје за сторени кривични дела „повреда на авторско право и сродни права“ и „пиратерија на аудиовизуелно дело“. Министерството за внатрешни работи соопшти дека пријавениот Ј.К, во 2024 година како администратор на фејсбук-страница незаконски и неовластено преку јавна објава на страницата емитувал ...
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Тетово против М.Н., управител на друштво за вршење технички прегледи на моторни возила, поради сомнение за продолжено кривично дело „Проневера во службата“ од член 354 од Кривичниот законик. Како што соопшти Финансиската полиција, пријавениот во периодот од 1 јануари 2022 до 31 декември 2025 година, искористувајќи ги овластувањата на друштвото, ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 1 ноември до денеска, полициските службеници постапувале по 25 пријави за семејно насилство и насилство во партнерски и семејни односи на подрачјата на Скопје, Куманово, Кочани, Штип, Велес, Охрид, Гостивар, Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Берово, Струга, Кичево, Свети Николе и Струмица. Во рамки на постапувањето по дел од случаите, полициските службеници лишиле од слобода и ...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.А.(45) од струшкото село Подгорци, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење на шуми“ и „кражба“ – соопшти МВР. -На 16.10.2026 заеднички патроли од полициски службеници од ОВР Струга и Шумската полиција од Струга, извршиле контроли на планинскиот појас над селото Подгорци при што го затекнале пријавениот, како во шумска катарстарска парцела во државна сопственост, врши ...
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, определи мерки притвор и мерки за претпазливост за вкупно четири лица опфатени со истрагата за злосторничко здружување, перење пари и изнуда од Куманово. Како што соопшти Судот, по сослушувањето на осомничените во присуство на нивните бранители, судија на претходна постапка ...
Турскиот парламент вчера го ратификуваше договорот за заедничка одбрана меѓу Пакистан, Саудиска Арабија и Турција. Тоа ѝ овозможува на Анкара да му пружи воена поддршка на Саудиска Арабија по нападите од јеменските бунтовници Хути. Договорот за заедничка одбрана од Мека, потпишан во август од трите регионални сили, предвидува дека вооружен напад врз која било од трите земји ќе се смета за напад врз сите нив. „Хуриет“ минатата недела објави ...
Компаниите „Гугл“, „Мета“ и „ТикТок“ поднесоа одделни тужби против американската сојузна држава Калифорнија, со барање да се оспори Законот за заштита на децата од ризиците поврзани со социјалните мрежи, тврдејќи дека тој ги крши нивните права загарантирани со Првиот амандман на Уставот на САД. Законот што треба да стапи во сила на 1 јануари 2027 година, им забранува на технолошките компании да им нудат на деца помлади од 16 години содржини ...
Украина ќе добие нов пакет воена помош од Шпанија во вредност од 437 милиони евра, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски по синиќешната средба со шпанскиот премиер Педро Санчез во Мадрид. Зеленски истакна дека Шпанија постојано ѝ помага и ја поддржува Украина во текот на војната, додавајќи дека со Санчез разговарал за содржината на новиот пакет помош и за најитните потреби на украинската одбрана. „Со шпанскиот премиер Педро ...
Претседателот на Русија, Владимир Путин вчера со декрет го стави работењето на тутунскиот гигант „Џапен тобако интернешнл“ (ЈТИ) под привремена државна администрација. Според одлуката, средствата на компанијата, меѓу кои четири фабрики и околу 4.000 вработени, беа префрлени на холдинг компанијата „АО Промишление активи“. Одлуката се однесува на фабриките на ЈТИ во Санкт Петербург, Ростов на Дон и во регионите Липецк и Ленинград. Компанијата ...
Грчката полиција разби криминална организација која нелегално пренесувала мигранти во Грција, при што расчистен е 41 случај со криумчарење на над 500 мигранти и уапсени се десет лица, кои нелегално се стекнале со над 750.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека во акцијата спроведена во Солун и областа Теспротија во северозападниот дел на Грција, биле уапсени тројца странски и седум грчки државјанки, кои ...
Од почетокот на вирусната сезона, заклучно со вчера напладне во Грција биле потврдени 462 случаи на Западен Нил, а починаа 53 лица, што воедно се рекордни бројки и во однос на заразените и во однос на смртните случаи од 2010 година, кога почна да се следи вирусот во земјата, покажуваат податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Вирусот Западен Нил, што го ...
Парламентот на Белгија изгласа контроверзен закон, со кој на полицијата ѝ се дава овластување да влегува во домовите на мигрантите на кои им е наредено да ја напуштат земјата. Мерката е дел од поширок пакет мерки на десничарската коалициска влада на премиерот Барт де Вевер, кој има за цел да ја ограничи миграцијата и да ја забрза депортацијата на луѓе чии барања за престој се одбиени. Поради усвоениот закон, во средата вечерта околу 3.000 ...
ТикТок ги прекршува законите на Европската Унија, континуирано изложувајќи ги корисниците на содржини кои би можеле да наштетат на нивната добросостојба и нивното ментално здравје, покажуваат прелиминарните констатации на Европската комисија. – Секогаш кога корисникот прелистува или лајкува видео на ’ТикТок‘, алгоритмот нуди повеќе од истата содржина, по што корисниците паѓаат во замки од кои не можат лесно да побегнат – изјави денеска ...
Белгискиот премиер Барт де Вевер останува на функцијата откако кралот Филип одби да ја прифати неговата оставка која ја поднесе откако пропаднаа преговорите за буџетот. Кралот Филип ја донесе оваа одлука откако доби официјални ветувања од лидерите на петте партии од владејачката коалиција дека ќе се согласат на отстапки за да се постигне компромис, објави денеска палатата во соопштение, по средбата меѓу кралот и Де Вевер. Политичката криза ...
Европското јавно обвинителство (ЕППО) покрена втора истрага за сомневање за измама со средства од Европската Унија, девет дена по железничката несреќа во Шпанија во која загинаа 69 лица. Делувајќи во име на телото на ЕУ, шпанската полиција ги испита документите во железничкиот оператор „АДИФ“, Државната агенција за железничка безбедност (AESF) и Шпанскиот суд за ревизија во Мадрид, соопшти обвинителството на ЕУ денеска во Луксембург. Новата ...
Унгарија денеска трипати ги крена борбените авиони за да следи патнички летови во унгарскиот воздушен простор по дојави за бомби, додека два авиона кои летаа кон Софија безбедно слетаа, соопштија локалните власти. Унгарскиот министер за одбрана Ромулус Русин-Сенди изјави дека борбените авиони првпат полетале по дојавата за закана на летот на компанијата „Визер“ од Брисел за Софија, а потоа уште двапати поради летови од Прага кон Кипар и ...
Италија набрзо би можела да ги санкционира возачите кои на одредени делници возат пребавно, со казни до 160 евра, пренесуваат денеска локалните медиуми. Мерката за поголема проточност на сообраќајот во почетокот би требало да се однесува на автопатиштата со вкупно шест сообраќајни ленти, а би требало да стапи во сила набрзо, јавија италијанскиот правен портал „Брокарди“ и швајцарскиот портал „Блу Њуз“. Се предлага минимална брзина од 100 ...
Европската Унија се согласи да воведе трајна гранична вредност за токсинот цереулид (cereulide) во бебешките формули по скандалот со контаминирана храна за бебиња, пренесе ДПА. Од декември 2025 година, во повеќе европски земји беше откриено адаптирано млеко во прав за бебиња произведено со контаминирано масло од арахидонска киселина увезено од Кина, што предизвика масовни повлекувања на производи од пазарот. Цереулидот е токсин што го ...
Заканите со бомби упатени во изминатите денови до медиуми во повеќе европски земји и до авиосекторот во Европа веројатно се дел од координирана кампања чија цел е предизвикување вознемиреност, соопшти денеска ирската влада. Канцелариите на неколку ирски медиуми утрово беа евакуирани по лажни дојави за поставени експлозивни направи. „Овие закани се случуваат во услови на нарушувања во воздушниот сообраќај во Европа, кој исто така е цел на ...
Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Брисел, коментирајќи ги студентските протести во Тирана што траат веќе 22 дена, изјави дека демонстрантите одбиваат дијалог и инсистираат на негова оставка, без јасно дефинирани барања. „Не е лесно да се протестира. За што протестирате? Не сакаме да разговараме со вас, треба да си заминете. Жал ми е, не ми ја дадовте оваа работа. Ајде да разговараме, подготвен сум да ве слушам. Нема дијалог, нема ...
Припадници на грчката крајбрежна служба со помош на куче за откривање експлозиви, како и приватен нуркач, попладнево вршат проверки на крузерот „Crown Iris“ на пристаништето на грчкиот остров Сирос по добиена пријава за поставен експлозивен механизам на подводниот дел од трупот на бродот, јави дописничката на МИА од Атина. Крузерот со 940 патници и 597 членови на екипажот, што плови под панамско знаме требало да отплови од Сирос и да го ...
Домашниот млечен сектор се соочува со сè посериозни предизвици; минатата година, приходите на претпријатијата што се занимаваат со млечно производство се намалиле за 12,3 отсто. Ненад Будимовиќ од Стопанската комора на Србија изјавил за РТС дека главните проблеми вклучуваат расцепкано производство, неусогласеност меѓу локалните прописи и стандардите на Европската унија, како и начинот на кој се доделуваат субвенциите за производство. ...
Грчката Дирекција за борба против организираниот криминал (ДАОЕ) разби 260 криминални организации и групи, јави грчката телевизија ЕРТ. Годишнината од ДАОЕ денеска ќе биде одбележана на посебна церемонија во присуство на претседателот Константинос Тасукас и премиерот Киријакос Мицотакис. Државната служба, позната и како „грчко ФБИ“, е основана пред две години. Според податоците од почетокот на нејзините активности на 21 октомври 2024 година, ...