Извршниот одбор на Народната банка донел одлука со која се воведува администрација во Алта банка АД Битола – објави на вонредна прес-конференција гувернерот на Народната банка на Македонија, Трајко Славески. Тоа значи дека управувањето со банката го преземаат лица определени од Народната банка на Македонија. Мерката е веќе во сила и е од привремен карактер. Со цел зачувување на имотот на банката, во следните денови ќе важат одредени ...

Народната банка на Република Северна Македонија воведе привремена администрација во „АЛТА банка“ АД Битола исклучиво поради случувањата поврзани со нејзиниот акционер со квалификувано учество, „Алта банка“ АД Белград. Важно е да се нагласи дека воведувањето привремена администрација не значи затворање на „АЛТА банка“ АД Битола, ниту активирање на механизмот за исплата на депозитите преку Фондот за осигурување депозити. Напротив, целта на оваа ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,55 отсто. Од полноќ бензините поскапуваат по два, а дизелот еден денар. Според одлуката, цената на моторниот бензин „Еуросупер БС-95“ се зголемува за два денари по литар и ќе изнесува 93 денари, додека „Еуросупер БС-98“ исто така поскапува за два денари и ќе се продава по 95 денари за литар. Цената на дизел ...

Бројот на работниците во индустријата во септември 2026 година е намален за 2,9 проценти во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според секторите, бројот на работниците во рударството и вадењето камен бележи намалување од 7,6 проценти, а во преработувачката индустрија за 2,9 проценти. Наспроти тоа, во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е ...

Цените на угостителските услуги во октомври 2026 година се зголемени за 1,6 отсто во однос на истиот месец минатата година, додека во споредба со септември годинава се намалени за 1,8 отсто. Во периодот јануари – октомври 2026 година, цените на угостителските услуги бележат зголемување од 2,9 отсто во однос на истиот период од минатата година, додека во споредба со декември 2025 година зголемувањето изнесува 1,5 отсто. Анализирано по групи, ...

Остра распродажба на акции го одбележа вчерашното тргување на светските берзи, при што најголем удар претрпеа компаниите поврзани со изградбата на центри за податоци за вештачка интелигенција. Со тоа целосно беше избришана добивката што американскиот пазар на акции ја оствари претходниот ден, кога го забележа најголемиот раст во последните три месеци. Индексот „S&P 500“ на „Волстрит“ падна за 4,4 отсто, што е негов најлош резултат од ...

Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот на претстојниот викенд сите банки ќе спроведуваат планирани технички прилагодувања на своите системи, во рамки на подготовките за примена на новите стандарди во денарскиот платен промет, кои почнуваат да се применуваат понеделник, 9 ноември. За време на спроведувањето на активностите, банките најавуваат можни привремени прекини или ограничена достапност на одредени услуги, посебно во ...

Северна Македонија со изградбата на гасниот интерконектор со Грција треба да добие дополнителен влез за природен гас и поголем избор на правци за снабдување. Европската инвестициска банка ја наведува токму диверзификацијата на изворите и пристапните рути како главна цел на проектот. Во извештајот за спроведување на обврските за 2025 година, Енергетската заедница забележува дека македонската гасна мрежа е поврзана само со бугарскиот систем. ...

Извозот на стоки од земјата во периодот јануари – септември 2026 година достигнал 6,62 милијарди евра и бележи раст од 10,8 проценти во споредба со истиот период лани. Истовремено, увозот изнесувал 9,18 милијарди евра, што претставува зголемување од 7,9 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во овој период е остварен трговски дефицит од речиси 2,56 милијарди евра. Според производите, во извозот најголемо учество ...

До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Потоа, до средината на следната седмица, времето ќе биде со променлива облачност во текот на денот и услови за слаб локален дожд. МИА До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти ...

Континуираната поддршка од Европската Унија (ЕУ) овозможува натамошна модернизација на земјоделските стопанства и преработувачката индустрија, воведување нови технологии и усогласување со европските стандарди – рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски на денешниот состанок на секторската работна група за земјоделство и рурален развој, воспоставена во рамките на секторскиот пристап за програмирање и ...

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 17 степени. До ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе биде домаќин на министерот на Сојузниот оддел за надворешни работи на Швајцарија и претседавач со ОБСЕ, Ињацио Касис. Во фокусот на разговорите, како што е најавено, ќе бидат можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката, особено во политичката, економската и развојната сфера, континуираната швајцарска поддршка во областа на ...

Претседателот на Парагвај, Сантијаго Пења (47), е предмет на кривична истрага поради колапсот на големата дигитална банка „Уено“, додека Парламентот покрена постапка за негово разрешување, независно што тој поднесе оставка. Кризата во банката „Уено“ ја сврте против Пења и неговата долгогодишна владејачка партија „Колорадо“, во драматичен пресврт за поранешниот економист на Меѓународниот монетарен фонд, кој ја уживаше поддршката на најмоќните ...

Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен утре на улиците кои водат кон гробиштата во Скопје поради верскиот празник Задушница, информира Министерството за внатрешни работи. Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени сообраќајни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, со почеток од 6 часот. Кон градските гробишта Бутел сообраќајот ќе се одвива еднонасочно, кружно. Возилата ќе се упатуваат ...

Мицкоски со внесот на Вучиќевата Алта банка – поточно пералница за пари стекнати преку криминал и корупција, покрај тоа што ги загрози парите на граѓаните на Македонија, и покрај тоа што штедачите и пензионерите ги остави без пари за храна и лекови, ги загрози и јавните претпријатија и буџетот на државата. Покрај цела оваа катастрофа што ја направи, Мицкоски го загрози работењето на компаниите што ги доверија своите финансии на банката. Сега ...

Христијан Мицкоски и Трајко Славески овозможија влез на Алта банка во Македонија со сомнителен капитал, а сега, откако банката е под стечај, без лиценца и под истрага за криминал, власта врши притисок врз потенцијални купувачи – една странска и една домашна банка, потенцираше портпаролката на СДСМ и членка на ИО, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција. Кузеска посочи и на најавите за продажба на банката на нов сопственик, оценувајќи ...

Судското рочиште за предметот „Државна лотарија“, кое требаше да се одржи денеска во Основниот кривичен суд Скопје, е одложено. Следното рочиште е закажано за 11 ноември. Во предметот обвинети се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, поранешниот директор на АД „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, и уште шест лица. Последното рочиште се одржа на 30 октомври кога сведочеше Андреј Крстевски, советник за имплементирање проекти во АД „Државна ...

Европската комисија во извештајот за напредокот на земјата нотира позитивни движења во макроекономските показатели, како и активности за унапредување на управувањето со јавните финансии, спроведувањето на Законот за буџетите и зајакнувањето на системите за финансиска контрола – велат од Министерството за финансии. – Во делот на макроекономските движења, извештајот посочува дека eкономскиот раст се забрза во 2025 година, поттикнат од силните ...

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница усвои заклучок за објавување конечност на резултатите од вториот круг предвремени избори во Брвеница, врз основа на записникот добиен од Општинската изборна комисија на Брвеница, во кој се констатира изборот на Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција. Со усвоениот заклучок на ДИК, Аркин Јахији од НАИ е градоначалник на Брвеница. – Во рок од 24 часа од приемот на решението по ...

Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „Алта банка“ АД Битола, а не располагаат со платежна картичка, дека утре (7 ноември), ќе биде организиран превоз од овие градови до филијалата на банката во Битола и назад. – На овој начин ќе им се овозможи полесно да пристапат до средствата на своите сметки и да подигнат готовина. Враќањето до местото на живеење ќе биде откако сите клиенти на ...

Реал Мадрид во рамки на 12. коло ги очекува гостување на „Местаља“ кај Валенсија на Столе Димитриевски. Дуелот се игра утре (сабота) во 21 часот. Валенсија на последните пет натпревари има една победа и тоа во последното коло против Елче на гостински терен (1:0) и се наоѓа на претпоследното место на табелата. – Утре нè очекува исклучително тежок натпревар. Имаме серија од седум победи, од кои пет последователни во првенството. За да победиме, ...

Доли Партон, една од најомилените и највлијателни личности во американската популарна култура, почина на 25 август 2026 година на 80-годишна возраст. Веста ја потврди нејзиното семејство, со што заврши кариера што траеше повеќе од шест децении и опфаќаше музика, филм, телевизија, бизнис и хуманитарна работа. Тоа беше приказна за девојка од сиромашно семејство во Тенеси која многу рано сфати дека музиката може да биде нејзин излез од скромните ...

Четириесет и две годишна жена од Штип вчера пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 4.713 евра. Во СВР-Штип измамата ја има пријавено вчера во 15 часот, а според пријавеното измамникот се претставил како директор на финансиско друштво и таа контактирала со него преку мобилна апликација за да ѝ помогне за подигнување кредит во име на нејзин пријател. -Како што е пријавено, со прикажување на лажни факти, од неа барал по разни ...

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Џон Ретклиф, кој вчера престојуваше во Москва, не се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за РТВИ. – Не. Средба со претседателот немаше – одговори Песков на прашањето на рускиот ТВ канал. Одговорот на портпаролот на Кремљ пристигна откако беше објавено дека авионот со кој допатува Ретклиф ја напуштил Русија. Песков не ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наредил во чест на американската кантри пејачка и глумица Доли Партон, која почина вчера, знамињата во САД да се спуштат на половина копје во текот една недела. „Многу ми е жал што морам да ве известам дека Доли Партон, една од најголемите кантри пејачки – и далеку повеќе од тоа – било кога, штотуку почина. Ова е вистинска загуба за милиони луѓе. Никогаш немало никој како неа, ниту некогаш ќе ...

Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е под истрага бидејќи во 2021 година одобрила кредит на кинески бизнисмен Ху Јинг за купување на еден од најголемите бордели во Европа, „Паша“ во Келн. Во Германија проституцијата е легална, но се истражува дали еден од членовите на управата на банката можеби имал корист од одобрениот кредит. „Волксбанк Келн Бон“ не ги коментира наводите на германскиот финансиски регулатор „БаФин“, кој побара ...

Британецот Роберт Даниел Крету (40) од Ливерпул е осуден поради лажирање смрт на 30 кучиња, при што преку наплата на осигурителни полиси од различни осигурителни компании незаконски се стекнал со околу 36.300 евра“, соопшти лондонската полиција. Тој поднел 30 лажни барања до различни осигурителни компании, тврдејќи дека осигурените кучиња угинале во различни несреќи. „Во еден случај кучето за време на прошетка избегало, истрчало на патот и ...

Европската комисија ги објави официјалните датуми за почеток и крај на летното сметање на времето до 2031 година. Според важечките правила на Европска Унија, летното сметање на времето започнува последната недела од март и завршува последната недела од октомври секоја година. Оваа година, зимското сметање на времето ќе почне на 25 октомври, додека летното сметање на времето во 2027 година ќе започне на 28 март и ќе заврши на 31 октомври. ...

Приватниот остров Креван, во северниот дел на Венеција, се нуди на продажба заедно со тврдина од времето на Наполеон, две пристаништа и околу 5.700 квадратни метри земјиште. Островот се наоѓа на неколку минути едрење од островите Бурано и Торчело. Имотот располага со тревници, високи дрвја, украсни растенија и овоштарник, како и мал внатрешен канал и неколку патеки што водат до пристаништата. Најзначајната градба е тврдината, со површина од ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.01
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Сребро

1670.34