Натпреварот од Светското првенство меѓу Иран и Нов Зеланд, одигран во Лос Анџелес, заврши со резултат 2-2, но контроверзната прослава на голот на иранскиот репрезентативец Мохамед Мохеби го засени фудбалот. Средбата мина во тензии, за време на иранската химна публиката беше поделена, па некои свиркаа, додека други ја поздравија. Стрелецот на израмнувачкиот гол за 2-2, Мохеби, откако постигна гол, се сврте кон трибините и гестикулираше како да ...

Вечерва програмата на Светското фудбалско првенство почнува во 21 часот по македонско време, а на терените ќе се појават три ѕвезди, од кои се очекуваат многу голови. Килијан Мбапе беше прв стрелец на претходниот Мундијал и ќе биде мотивиран да го повтори тоа и да го урне рекордот на Мирослав Клозе, од којшто го делат четири гола. Квотата за Мбапе да даде гол вечерва против Сенегал е 1.90. Во Специјалот имате опција и да се обложите дека ...

Можеби делува изненадувачки за многумина, но факт е дека Шпанија има победено на само три натпревари на светските првенства, откако станаа светски прваци во 2010 година. Касилјас, Пујол, Пике, Чави, Иниеста, Вилја и останатите од Црвената фурија, го покорија светот на Мундијалот во 2010, но после тоа повторно се редат непријатни изненадувања за нив. Вчерашниот тежок кикс против Зеленортските острови кога одиграа 0-0, покажува дека оваа ...

Иран добил наредба да ги напушти САД само неколку часа по завршувањето на натпреварот против Нов Зеланд. Ова го откри селекторот на репрезентацијата, Амир Галеноеи. Галеноеи не прецизираше од каде дошла наредбата што ги принудила Иранците да го променат својот план и наместо да ја минат ноќта во Калифорнија, веднаш да заминат. „Немавме време за закрепнување. По натпреварот ни беше кажано дека мора веднаш да ја напуштиме земјата. За ...

Финалистите на последното Светско првенство, Аргентина и Франција, го започнуваат својот настап на шампионатот, па во Sport Life може да најдете вистински ѕвезден Бет билдер со квоти кои достигнуваат и до 30.00. За четирите денешни меча има 12 опции, по четири од нив се за дуелите на кои ќе настапат Tриколорите и Гаучосите, а за останатите дуели има по две опции. Франција и Сенегал имаат две опции со квоти од по 20.00, како и по една со квоти ...

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека се чувствува спокојно пред првиот натпревар на неговата репрезентација на Светското првенство. Во среда Гаучосите ќе се соочат со Алжир во својот воведен меч од групната фаза. „Од искуството на последното Светско првенство веќе знаеме дека првиот натпревар не е пресуден, иако е важен. Убедени сме дека ништо не завршува по првиот меч“, изјави Скалони. „Нè очекува дуел против квалитетна ...

Селекторот на Уругвај, Марсело Бјелса, го изнесе своето мислење по ремито 1:1 против Саудиска Арабија во првото коло од групната фаза на Светското првенство. Поранешниот светски шампион стигна до израмнувачкиот гол дури во 80-тата минута од натпреварот, кога погоди Максимилијано Араухо. „Ова е противник што требаше да го победиме! Во одредени моменти од првото полувреме нашиот тим не беше на потребното ниво. Тоа покажува дека не одигравме на ...

Дефанзивецот Максимилијано Араухо стана првиот уругвајски фудбалер по 2002 година кој успеал да постигне гол на своето деби на Светско првенство. Пред него, последен со такво достигнување се истакна легендарниот Диего Форлан, кој се запиша меѓу стрелците против Сенегал на Мундијалот во 2002 година. Араухо го постигна својот гол на натпреварот од првото коло на Мундијалот 2026 против Саудиска Арабија, а средбата заврши со резултат 1:1. По ...

6835 Франција – Сенегал (21:00) Поранешниот светски шампион и финалист од последниот Мундијал, Франција, ја има фаворитската улога против селекцијата на Сенегал. Јасно е дека од Триколорите се очекува победа, а очекувањата се дека ќе има голови и во двете полувремиња. Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.45) 6836 Ирак – Норвешка (00:00) Норвешка е селекција од која многумина очекуваат да изненади на ова првенство, пред сè, бидејќи го имаат ...

Капитенот на Уругвај, Федерико Валверде, го коментираше ремито 1:1 против Саудиска Арабија во првото коло од групната фаза на Светското првенство. Играчот за врска на Реал Мадрид беше избран за најдобар фудбалер на натпреварот. „Во второто полувреме ги подобривме нашиот пристап и интензитет. Дебито и возбудата одиграа улога против нас. По паузата почнавме да играме подобро – го направивме токму она што селекторот го бараше од нас“, изјави ...

Натпревари од три различни спорта се дел од понудата со зголемени квоти во Sport Life, Супер типот. Доминира тенисот со осум од 16-те натпревари, следува фудбалот со шест, а два дуели се од кошарката. Токму тенисот ја отвора денешната понуда со меч кој стартува веќе во 11 часот, а првиот фудбалски натпревар се игра во 18:30 часот. Секако, најинтересни се зголемените квоти за натпреварите од Светското првенство, а во Супер типот за вторник ...

Четирите денешни меча од Светското првенство, како и еден дуел од Шведска, се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте натпревари е 40.2, додека поединечно квотите се движат помеѓу 1.95 и 2.40. Дуелот на Варнамо и Хелсингборг е единствениот кој не е од Мундијалот, а квотата од 1.95 ќе биде добитна само ако домашните не загубат во меч на кој ќе има помеѓу два и четири гола. Квотата од 1.95 за натпреварот на ...

УЕФА ги скрати списоците со можните ривали и за освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, како и за вицешампионот Шкендија. Кратовци се аутсајдери, па уште во првото коло од Конференциската лига ќе добијат и тоа како квалитетен ривал. Можни ривали на Силекс се: Астана (Казахстан), Пјуник (Ерменија), Динамо Минск (Белорусија), Дила Гори (Грузија) и Атлетик Ескалдес (Андора). Четири екипи од Источна Европа и една од Андора, која изгледа како ...

На Светското првенство се случи вистинска реткост. Во еден ден беа одиграни дури четири натпревари кои завршија без победник, и тоа за првпат по 68 години. Со нерешен резултат завршија дуелите Шпанија – Зеленортски Острови (0:0), Белгија – Египет (1:1), Саудиска Арабија – Уругвај (1:1) и Иран – Нов Зеланд (2:2). Последен пат вакво нешто се случило на 15 јуни 1958 година на Светското првенство во Шведска, кога дури четири од осумте натпревари ...

Попладнево од 16 часот ќе се одржи ждрепката за првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, а УЕФА веќе ги објави „групирањата“, па Вардар има седум можни ривали. Шампионот на Македонија ќе игра против една од следниве екипи: Шамрок (Ирска), Купс (Финска), Линколн (Гибралтар), Рига (Летонија), Флора (Естонија), Ларн (Северна Ирска) и ТНС (Велес). Ова е одлична вест за Вардар, бидејќи во првото коло ќе учествуваат и екипи како што ...

Фудбалската репрезентација на Уругвај се соочува со многу лош третман од страна на Американците, организаторите на Светското првенство во фудбал. Американските власти им создаваа бројни проблеми на Уругвајците уште пред влезот во земјата. Нивните летови беа одложувани, а на крајот едвај пристигнаа навреме за натпреварот во рокот предвиден од ФИФА. Покрај тоа, по пристигнувањето во САД, Уругвајците доживеале и непријатно изненадување, бидејќи ...

Фудбалерите на Саудиска Арабија и Уругвај ги поделија бодовите на стадионот „Хард Рок“ во Мајами во натпреварот од првото коло на Светското првенство, одигрувајќи нерешено 1:1. Првото полувреме беше доста изедначено, со неколку добри шанси на двете страни. Сепак, четири минути пред паузата Саудијците дојдоа до водство со голот на Ал Амри. Во второто полувреме Уругвај целосно ја презеде иницијативата против безопасните Саудијци, кои беа ...

Најголемото изненадување во досегашниот дел од Светското првенство секако е ремито на Шпанија против Зеленортски острови и тоа без голови 0:0. Шпанија која е на второто место на ФИФА листата и актуелен европски првак, беше апсолутен фаворит против селекцијата која е на 67 место на рангирањето на ФИФА. Сепак, на теренот не беше рака. Изненадувачки, но Шпанија не успеа да го скрши отпорот на противникот и на крајот дуелот заврши без погодоци. ...

Денешните нерешени исходи на мечевите Шпанија – Зеленортски острови и Белгија – Египет, потврдија дека најголем дел од европските селекции потфрлаат на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Заморот од долгата клупска сезона и климата во Америка се дел од причините за слабите резултати, но и покрај тоа, на пример една Шпанија не смееше да си дозволи да не даде гол против Зеленортски острови. Од досегашните десет меча на европски ...

Тетовска Шкендија официјално објави дека нивен нов шеф на стручниот штаб е легендата Артим Положани. Од Шкендија најавуваат дека цели во следната сезона им се успех на домашната сцена и најдостоен настап во европските натпреварувања. Положани е поранешен капитен на Шкендија, беше член и на Вардар, како и македонски репрезентативец од 2007 до 2015 година. По завршувањето на играчката кариера, тој продолжи со фудбалот на разни технички и ...

Белгија и Египет одиграа 1-1, што е втор кикс на голема европска репрезентација против ривал од Африка во текот на денов на Светското првенство. Египет водеше на полувреме, но ни во осмиот меч не успеа да дојде до прва победа на светските првенства. Искусниот Ромелу Лукаку влезе во игра и 23 секунди подоцна беше најзаслужен што Хани си постигна автогол за 1-1. За Белгија заврши постот од над 300 минути без постигнат гол на Мундијалите, па ...

Франција утре вечер од 21 часот против Сенегал го почнува својот настап на Светското првенство, а денеска тимот на Дидие Дешан имаше интересна фотосесија, фудбалерите позираа во дресовите на своите први клубови каде почнале да тренираат и каде почна нивната фудбалска приказна. Така, Килијан Мбапе беше во дрес на клубот Бонди, Усман Дембеле во дрес на Евре, браќата Ернандес во дресови на Рајо Махадаонда, а селекторот Дешан се потсети дека прв ...

Откако репрезентацијата на Зеленортските острови направи сензација ремизирајќи 0-0 со Шпанија во првото коло од групната фаза на Светското првенство во 2026 година, 40-годишниот голман Возиња, кој игра во втората лига на Португалија, со седум одбрани заслужено беше прогласен за играч на натпреварот. По натпреварот, Возиња стана инстант ѕвезда. На Инстаграм профилот бројот на следбеници на Возиња драстично му порасна од 50.000 на 2,1 милиони. ...

Најголемата египетска фудбалска ѕвезда, Мохамед Салах, со посебни емоции го игра вечерашниот натпревар со Белгија. На Салах ова веројатно му е последно Светско првенство во кариерата, а денеска му е роденден, полни 34 години. Затоа кога се интонираа химните, на Салах му се насолзија очите. Фараоните поведоа против фаворитот Белгија и ако излечат добар резултат, тоа ќе биде најубав подарок за капитенот и славеник Салах. Египет во својата ...

Со голот на Емам Ашур, репрезентацијата на Египет води со 1-0 по првото полувреме против Белгија, со што Фараоните се на 45 минути од нивната прва историска мундијалска победа. Египет досега одиграл седум мечеви на светските првенства и има пет порази и две ремија (против Република Ирска и Холандија во 1990 година). Сега првпат имаат предност на полувреме, а до вечерва воделе само 25 минути и тоа против Саудиска Арабија во 2018 година, меч ...

Луис де ла Фуенте, селекторот на шпанската репрезентација, ја даде својата прва анализа на резултатот 0-0 на дуелот против Зеленортски острови. „Создадовме многу шанси, но ни недостасуваше финеса. Тие се многу организирани, се бранеа длабоко и беше многу тешко да се создаде простор. Ни недостасуваа движења и свежина, но кога топката едноставно не сака да влезе, едноставно не сака да влезе. Имаше шутеви, шанси и желба брзо да се реши ...

Селекцијата на Зеленортски острови (земја со само 490.000 жители) веќе никој нема да ја потцени, ремито 0-0 со Шпанија покажа дека не се слаби како што многумина веројатно и неоправдано мислеа. Африканците како 67-ми на ФИФА листата влегоа на Светско првенство, на пример Македонија е послаба, 69-та. А, после ремито со Шпанија, Зеленортските острови ќе има скок за три места и во моментов на табелата која се прави во живо, се 64-ти. На 31-во ...

Киксот на Шпанија против Зеленортските острови не значи дека тие не може да дојдат до светската титула, но ваквиот почеток на настапите на СП 2026 треба да му биде освестувачка шлаканица за тимот кој важи за прв фаворит. Ремито на актуелниот европски првак против дебитантите и 67-ми на ФИФА листата никој не го очекуваше, ќе има критики за Црвената фурија која ќе мора да се поправи во следните две кола. Ламин Јамал влезе во игра и тоа беше ...

Шок и неверица можеше да се прочита на лицата на шпанските фудбалери кои мислеа дека убедливо ќе го победат дебитантот на светските првенства, Капо Верде (Зелено’ртски острови), а на крај одиграа само 0-0. Ова е најголемото изненадување на досегашниот дел на СП 2026. Африканскиот бункер ги издржа сите напади на Црвената фурија, во игра влегоа сите шпански офанзивци, меѓу нив и Ламин Јамал, но 40-годишниот голман Возиња, кој брани во клуб од ...

Кошаркарскиот клуб Панатинаикос официјално го објави прекинот на соработката со турскиот тренер Ергин Атаман. ПАО кој имаше екстра скап состав, не стигна до фајнал-фор во Евролигата кој се играше во нивната сала во Атина, а не стана ни првак на Грција. Со ова се стави крај на мандатот на тренерот кој пристигна во Атина во летото 2023 година со задача да го врати славниот клуб меѓу најдобрите тимови во Европа. Успеа во тоа, Панатинаикос во ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.77
49%
1019
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
1.25
67%
1019
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.1
59%
1020
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
75%
1021
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.39
61%
1019
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 17ᴼ
0.73
88%
1021
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
2.24
42%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.69
58%
1017
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.72
54%
1019
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
1.34
63%
1019
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
0.45
47%
1019
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
3.32
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

54.1365

Currency

71.4605

Currency

37.4206

Currency

38.2416

Currency

67.0584

Currency

7.97756

Currency

0.72176

Currency

0.33588

Currency

0.52583

Currency

1.16429

Currency

0.57326

Платина

52341.42

Паладиум

38420.14

Сребро

1907.42

Рутениум

49029.89

Цинк

0.00

Злато

131629.35

Иридиум

233896.68

Алуминиум

3.17

Кобалт

56.29

Бакар

12.34

Родиум

249168.29

Калај

50.34