Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Португалецот Бернардо Силва е нов член на Реал Мадрид, потврди клубот, а договорот е двегодишен, со важност до 30-ти јуни 2028 година. Силва доаѓа како слободен ирач од Манчестер сити. Како со примерот со Марк Кукуреља кога договорот официјално беше објавен пред првиот меч на Шпанија на СП 2026, така Кралскиот клуб истото го стори и со Силва. „Цаката“ е во тоа што секој клуб добива пари за секој настап на негов член на Мундијалот, па Реал ќе ...
Селекторот на Норвешка, Стале Солбакен, изјави дека неговите играчи сега можат да уживаат во заслужен одмор од два дена откако на Светското првенство тргнаа со победа од 4-1 над Ирак. Норвежаните чекаа 28 години за да се вратат на најголемиот фудбалски турнир, но немаше никакви знаци на трема, беа убедливи, а со оглед на тоа што нивниот следен натпревар против Сенегал е закажан за 22 јуни, Солбакен сака неговите играчи мудро да го искористат ...
2701 ХЈК – Интер Турку (17.00) Интер е лидер на табелата во финскиот шампионат, тоа е тим кој во досегашните 12 кола има еден пораз и примил само 8 гола. Хелсинки е четврти со 11 бода помалку, но има и еден меч помалку. ХЈК има две победи по ред, додека Интер има две ремија во последните две кола. Домашните се најефикасен тим во лигата со 18 погодоци на 12 меча, што и не е премногу. На крајот на април, кога овие два тима се сретнаа во Турку, ...
Дневни дуели се една од бројните опции на кои може да се обложите во Sport Life, а тоа се замислени мечеви кои нема да се одиграат и можеби баш тоа ги прави привлечни за многумина. На пример може да се обложите на Португалија – Англија. Во реалноста, Португалија игра со ДР Конго, а Англија со Хрватска. На ример за да биде кец на Португалија против Англија, треба Португалците да постигнат повеќе голови против ДР Конго отколку што Англија ќе ...
Тениски, фудбалски и кошаркарски натпревари се најдоа во Супер тип понудата на Sport Life, каде што има зголемени квоти, поголеми од тие во билтенот и додатокот за истите игри, кои може да се искористат како џокери за подобрување на потенцијалната добивка на тикетите. Има многу тениски сигурици кои е многу реално да бидат добитни, а и кошарките делуваат прилично извесни, таму фаворити се евролигашите Баерн, Фенербахче и Париз, додека кај ...
Рејтингот што го има фински КуПС го стави победникот од двобојот Вардар – КуПС меѓу носителите при денешната ждрепка напладне во Нион за второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. Вардарци ќе имаат тешка задача против финскиот првак, но ако го минат, потоа би имале можеби полесен противник. Тоа што ќе бидат меѓу носителите, значеше избегнување на силни тимови како Црвена ѕвезда и Лех Познањ. Можни ривали на Вардар во второто коло ...
Вкупна квота од 44.22 се нуди во петте денешни предлози на Sport Life во стандардната рубрика Квоти на денот, а четири од петте меча за кои има супер квоти, се од Светското првенство во фудбал. Првиот предлог е од финската лига, на ХЈК Хелсинки – Интер Турку да има од еден до три гола во двете полувремиња, игра за која квотата е 1.95. Победа на Португалија над ДР Конго во меч со 3-5 гола е комбинација со примамлива квота од 2.25 која треба да ...
Полскиот судија Шимон Марчињак требаше да го исклучи Лионел Меси во 31-ва минута при 1-0 за Аргентина против Алжир, затоа што направи фаул за кој секој друг, освен Лео кој е обвинет дека е миленик на ФИФА, би бил исклучен. Немаше реакција ни од ВАР собата. Експертите на ЕСПН, Недум Онуоха и Алехандро Морено, изразија јасен став за флагрантниот фаул на Лионел Меси. Морено е поранешен венецуелски фудбалер кој почна да работи на телевизија по ...
Судбината сакаше 16-ти јуни да биде датумот на кој Лионел Меси ќе го даде првиот гол, а и првиот свој хет-трик на светските првенства. И баш на 16-ти, тој стигна до бројка од 16 голови на Мундијалите со што се изедначи со Мирослав Клосе на врвот на листата на стрелци. Сефтето на Меси на СП беше пред точно 20 години, на 16-ти јуни против тогашната Србија и Црна Гора, кога даде гол и ја отвори својата голгетерска сметка. Погодува на пет ...
Норвешка имаше „летечки старт“ на настапите на Светското првенство, победувајќи го Ирак со 4-1, во меч на кој првите два гола ги постигна Ерлинг Браут Халанд. Халанд на дебито со два гола придонесе за прв пораз на азиските селекции на СП 2026. Тој има дадено 22 гола на последните 11 официјални мечеви за Норвешка. Халанд пред седум години играше на младинско СП и на последните настап, против Хондурас, постигна дури 9 голови со што го привлече ...
Аргентина го победи Алжир со 3-0, а сите три гола за актуелните светски шампиони ги постигна Лионел Меси, кој вака се изедначи со Мирослав Клосе на вечната листа на стрелци на Мундијалите со по 16 погодоци. Првпат во историјата се случува некој бранител на титулата да почне СП со хет-трик на некој играч. Меси кој го игра своето шесто Светско првенство, првпат во кариерата направи хет-трик на меч од СП, а ова му беше 27-ми меч (Клосе 16-те ...
Светското првенство е во тек, првите натпревари од групната фаза полека завршуваат. Ова е прв Мундијал со 48 репрезентации, а бројот на фаворити е голем. Сепак, на крајот само две селекции ќе се најдат во финалето на 19 јули на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси, а само една репрезентација ќе се радува на трофејот. Кога се работи за трофејот, тој што ќе се додели на шампионот на ова СП е дури 264 пати повеќе отколку што вредеше во 1966 година, ...
Франција победнички го започна својот пат на Светското фудбалско првенство во САД, Канада и Мексико, откако со 3:1 славеше над Сенегал во првото коло од групната фаза. По здодевното прво полувреме во кое Франција не упати ниту еден директен удар во рамките на голот на противникот, во вториот дел се покажа целата сила на галските петли. Галските петли буквално блескаа во второто полувреме. При резултат 0:0, Франција бараше пенал по стартот на ...
Жестока битка на теренот водат фудбалерите на Франција и на Сенегал, а на почетокот од второто полувреме се случи можеби најспорниот момент во досегашниот дел од шампионатот. Килијан Мбапе беше во продор, влезе во шеснаесетникот, а таму со лизгачки старт го чекаше Садио Мане. Судијата покажа дека нема пенал, туку досуди корнер за Галските петли. Од ВАР собата стигна реакција дека одлуката треба да се прегледа, а откако арбитарот ја прегледа ...
Франција и Сенегал по првите 45 минути одиграа без голови, но посебно разочарување е начинот на кој играше фаворизираната европска селекција. Популарните Галски петли кои во своите редови имаат голем број на светски ѕвезди, во првото полувреме делуваа инфериорно и воопшто не го загрозија голот на противникот. Со Килијан Мбапе, Усман Дембеле, Мајкл Олисе и Дезире Дуе во офанзивниот ред, Франција не успеа да упати ниту еден шут во рамките на ...
Репрезентацијата на Португалија утревечер ќе го игра првиот меч од Светското првенство, а противник е ДР Конго. Португалците секогаш важат како „фаворити од сенка“, па така и сега може да изненадат. На помалку од 24 часа пред одигрување на првиот меч на Мундијалот, многу медиуми најавуваат дека по завршување на планетарниот турнир, ќе си замине селекторот Роберто Мартинез. Шпанскиот стратег во 2023 година седна на клупата на Португалија и го ...
Швајцарија киксираше во првото коло на Светското првенство откако одигра нерешено 1-1 против Катар и сега се подготвува за новите предизвици. Следниот меч Швајцарија ќе го игра в четврток од 21 часот против Босна и Херцеговина, а сите во експедицијата очекуваат победа. „Очекувавме победа против Катар. Повторно го гледавме мечот, направивме анализи и видовме што беше добро, а што недостасуваше. Имавме шанси, но не ги искористивме. Не е се така ...
Еден од дебитантите на Светското фудбалско првенство 2026 година, репрезентацијата на Курасао доживеа дебакл и загуби со 7:1 од Германија. Овој резултат и не е толку големо изненадување, ако се знае дека четирикратниот светски првак Германија е еден од фаворитите и за висок пласман. Голманот на Курасао, Елој Рум, кој воедно е и капитен на националниот тим, мораше дури седумпати да ја вади топката од својата мрежа, повеќе од кој било друг ...
ФИФА официјално ги објави судиите за некои натпревари од второто коло од групната фаза на Светското првенство во 2026 година, a еден од натпреварите ќе ѝ биде доверен на жена. Тоа е 39-годишната Американка Тори Пенсо, која ќе биде главен судија на натпреварот помеѓу Чешка и Јужна Африка. Со овој избор ФИФА направи преседан, Пенсо ќе биде првата Американка што ќе суди натпревар на СП, прва жена судија на СП 2026, а втора во историјата по ...
Репрезентациите од Јужна Америка досега одиграа четири натпревари на Светското првенство и уште немаат победа. Затоа погледите им се свртени кон светскиот првак Аргентина, кој доцна вечерва игра со Алжир и ќе треба да го обели образот на континентот кој има вкупно 10 светски титули. Од можни 12 бода, тимовите од Јужна Америка досега освоија само два и пол бод за Бразил и Уругвај во мечеви на кои беа фаворити. Пријатно изненадување се ...
Еуфоријата од Светското фудбалско првенство е на највисоко ниво. На дневно ниво се играат и по пет-шест натпревари од групната фаза и секоја репрезентација има свои калкулации за тоа како може да дојде до нокаут-фазата. Планетарна еуфорија имаше и за собирањето на самолепливите сликички, а еден креатор на содржина на социјалните мрежи (инфлуенсер) стана апсолутен хит на интернет. Јутјуберот Џон Нилс од Белфаст својата љубов коn Светското ...
Еден од мечевите кои со нетрпени се очекуваат во првото коло на Светското првенство е утрешната пресметка меѓу Англија и Хрватска. Тоа ќе биде дуел на селекциите кои меѓу себе играа во полуфиналето на СП 2018 година, а тогаш Хрватите се пласираа во финалето, и тоа по подобро изведување на пенали. Сега Англија има шанси да се реваншира, но во групната фаза од Мундијалот. Сепак, од Англија стигнуваат калкулантски најави дека постои страв околу ...
Македонските фудбалски клубови Силекс и Шкендија ги добија своите ривали во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Ждрепката сакаше и Силекс и Шкендијапрвите мечеви да ги играат на гостински терен, а реваншите да бидат во Македонија. Многу подобро помина Шкендија, а и тоа беше очекувано затоа што тетовци беа во групата на носители. Екипата која минатата сезона играше во групната фаза од Конференциската лига, сега во ...
Посебен мотив за игра ќе има вечерва Лионел Меси во дресот на аргентинската репрезентација. Осумкратниот освојувач на Златната топка ќе ја има честа да се запише во историјата на фудбалот како првиот фудбалер кој заиграл на шест различни светски првенства. Меси е најавен како стартер на мечот против Алжир. Ако тоа се случи, Меси ќе истрча на теренот на шести Мундијал. Неговата приказна започна во 2006 година, а потоа играше и на СП 2010, ...
Лука Зидан кој е голман на Алжир, се очекува вечерва да биде стартер на голот на африканската селекција од која има потекло и со тоа славното презиме Зидан ќе се врати на Светско првенство после 20 години, откако неговиот славен татко Зинедин последен пат играше во финалето во 2006 година. Големиот Зизу освои СП во 1998 година, а во финалето против Италија на 9-ти јули 2006 година во Берлин, го постигна голот за Франција во ремито 1-1, а ...
Само пет дена поминаа од почетокот на Светското првенство, а јасно е дека овој Мундијал може да биде со многу изненадувања. Досега се одиграа вкупно 16 натпревари, а речиси половина од нив, односно дури седум завршија со нерешен резултат. Од тоа што досега го покажаа репрезентациите на теренот, се покажува дека речиси и да нема аутсајдери и сите „знаат да играат фудбал“. Претходно, фактот дека бројот на учесници беше зголемен од 32 на 48 ...
ФК Вардар можеше да помине и многу полесно во ждрепката за првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Црвено-црните ќе си го одмерат силите со финскиот првак Куопион Палосеура, или скратено како што е познат во светот, КуПС. Осумкратниот фински првак КуПС во својот актуелен состав има дури 11 странци, а моментно се трети на табелата во финската лига. Тоа пто лигата им е во тек и имаат натпреварувачки ритам, може да биде предност ...
Сезоната во шпанскиот кошаркарски шампиоинат сè уште не е завршена, а Валенсија веќе работи на иднината и има најава дека ќе го купат натурализираниот македонски репрезентативец Ти Џеј Шортс. Валенсија во Шортс гледа идеална замена за Жан Монтеро, кој оди во европскиот шампион Олимпијакос. Шортс сезонава ја мина во Панатинаикос, со кого има уште една година од договорот. Беше едно од најзвучните засилувања во Евролигата минатото лето, дојде ...
Дефанзивецот Тино Ливраменто има повреда и ќе го пропушти Светското првенство. Ова е огромен малер за играчот на Њукасл пред дебито на Мундијалите. Англија уште го нема играно првиот меч на СП, па може да повикаат друг играч на местото на Ливраменто, па место во составот веројатно ќе има за Тревор Чалоба од Челзи, кој веднаш треба да замине во САД и да се најде во комбинација за настап на средбата со Хрватска. Вечер во 21 часот е крајниот ...
Бразилската фудбалска конфедерација е во центарот на голем скандал откако протече информација дека претседателот Самир Шауд наводно ги користел средствата на Федерацијата за финансирање луксузни патувања и сместување за својата љубовница за време на подготовките за Светското првенство. Според истражувањето објавено од познатиот новинар Лео Диас, Шауд престојувал во Њујорк со извесна Камила Кристина Андраде, фитнес претприемачка. Двајцата ...