Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, е подготвен да го издржи притисокот од јавноста во Бразил и повторно нема да го стартува Ендрик на натпреварот против Хаити во Филаделфија кој се игра вечерва после полноќ. Петкратните светски шампиони ремизираа 1-1 со Мароко во првиот натпревар минатата сабота, а недостатокот на креативност предизвика бран повици напаѓачот на Реал Мадрид, кој беше неискористена замена во првиот натпревар, да добие ...
Симпатизери на Кристијано Роналдо ги преплавија социјалните мрежи на играчите на португалската фудбалска репрезентација. Ги обвинуваат дека не му помагаат на најдобриот стрелец во историјата на фудбалот, а особено на удар се плејмејкерите Бруно Фернандеш, Жоао Невес и Витиња, кои одиграа слабо во првото коло и не го „хранеа“ Роналдо со топки. Фернандеш и другите соиграчи на Роналдо се обвинети за непочитување кон 41-годишниот капитен. ...
Младата ѕвезда на шпанската фудбалска репрезентација, Ламин Јамал, изјави дека се чувствува добро, но сè уште не е подготвен да игра цели 90 минути. Се очекува крилниот напаѓач кој неодамна се опорави од повреда, да игра на претстојниот натпревар против Саудиска Арабија на 21-ви јуни, но само едно полувреме и тоа веројатно второто. „Добро сум, се чувствувам добро, уште мислам не е време да одиграм цел натпревар, прерано е, но подготвен сум за ...
Поранешниот холандски репрезентативец со над 100 настапи за Лалињата, Рафаел Ван дер Варт, јавно се извини откако после натпреварот помеѓу Холандија и Јапонија на Светското првенство во својата анализа изјави дека јапонските играчи „сите личат еден на друг“ како причина што Мики Ван де Вен не го чувал својот човек. Ван дер Варт работи како стручен коментатор за холандска телевизија, и даде контроверзен коментар анализирајќи ја ситуацијата за ...
Судија на претходна постапка одреди мерка притвор во траење од 30 дена за поранешниот претседател на фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски. Според обвинението, инволвираните лица во периодот од јануари 2015 до јули 2018 година, преку координирани дејствија и фиктивни трансакции, причиниле директна штета на буџетот на ФФМ. Истражната постапка е проширена и кон неговиот наследник на функцијата, Муамед Сејдини, кој се товари за ...
Француското крило Мајкл Олисе ги избриша од својот профил на Инстаграм сите фотографии каде што е во дрес на Баерн Минхен, и ги остави само најновите од Светското првенство каде е во дрес на националниот тим на Франција. Овој потег ги засили шпекулациите дека Олисе веќе му кажал „Да“ на Реал Мадрид. Сега останува потешкиот дел, двата клуба (Реал и Баерн) да се договорат околу отштетата која Кралскиот клуб треба да ја плати за Олисе. Се ...
Унијата на европски фудбалски асоцијации (УЕФА) нема планови да воведе задолжителни паузи за пиење вода на Европското првенство 2028 година кое ќе се игра во Англија, Шкотска, Велс и Република Ирска. ФИФА воведе задолжителни триминутни паузи за хидратација за светските клупски првенства во 2025 и 2026 година, повикувајќи ги и другите фудбалски организации да го сторат истото. Паузите за вода се веќе вклучени во прописите на УЕФА. Но, тие ...
Шкендија Тетово го објави потпишувањето на договорот со бекот Бојан Димоски, кој е репрезентативно засилување на тимот во овој преоден рок. Откако успешно ги помина медицинските прегледи, 24-годишникот потпиша двегодишен договор со клубот и веднаш отпатува за Словенија за да се приклучи на групата во подготвителната фаза. Се очекува тој да му биде на располагање на тренерот Артим Положани денес, на контролниот натпревар против Копер од 18.30 ...
Sport Life за денеска подготви одличен Бонус тип со квота 27.0 и нема да згрешите ако ја уплатите шифрата 8301 за оваа игра. Во бонус типот, се бара на четирите меча вечерва: САД – Австралија, Шкотска – Мароко, Бразил – Хаити и Турција – Парагвај, да има 1-3 гола во прво полувреме и 3+ голови на целиот натпревар. Sport Life за денеска подготви одличен Бонус тип со квота 27.0 и нема да згрешите ако ја уплатите шифрата 8301 за оваа игра. ...
Капитенот Филип Кузмановски и наредната сезона ќе остане дел од Еурофарм Пелистер, објави битолскиот клуб. Иако имаше понуди од повеќе европски клубови, Кузмановски реши да остане дома, веројатно мотивиран и од шансата да работи со тренерот Лино Червар. „Филип Кузмановски и наредната сезона ќе остане лидер на Еурофарм Пелистер! Заедно до целта!“, порачаа од Е. Пелистер. Битолчани веќе не се шампиони на Македонија, па би требало да играат во ...
Реномираниот ракометен портал Балкан хендбол, објави неофицијална информација дека Вардар 1961 ќе биде еден од трите клубови кои ќе добијат вајлд-карта за настап во ракометната Лига на шампиони следната сезона. ЕХФ најави дека одлуката официјално ќе биде соопштена на 22-ри јуни. Но, на три дена пред официјалното соопштување на одлуката, се одржал состанок на кој наводно било одлучено трите вајлд-карти да ги добијат Вардар, белградски Партизан ...
На Јутјуб каналот на Кошаркарскиот клуб Работнички емитувана е првата епизода од видео-серијал по повод 80-годишнината од постоењето на клубот кој првиот меч го има одиграно на Илинден во 1946 година, а многу легенди говорат по повод големиот јубилеј. Работнички одигра 18 сезони во лигата на некогашна Југославија, има освоено најмногу шампионски титули (15) во независна Македонија, пред точно 50 години настапи во полуфиналето на Купот Радивој ...
Вечерната, односно полноќната, понуда на Светското првенство нуди четири интересни меча, а во Sport Life за нив може да најдете 12 опции во Бет билдерот со квоти кои достигнуваат и до 30.00. За мечот на САД и Австралија има четири опции со квоти од 12.00, 18.00, 25.00 и 30.00. И за мечот на Шкотска и Мароко има четири опции, а квотите се 14.00, 20.00, 22.00 и 26.00. Бразил и Хаити имаат квоти од 13.00 и 17.00, додека четирите опции за ...
Аргентинската репрезентација продолжи со тренинзите, а селекторот Лионел Скалони се соочува со нова дилема при изборот на напаѓач, откако актуелниот светски шамион го започна настапот на Мундијалот со победа од 3:0 над Алжир. Конкуренцијата за местото во нападот повторно ги спротивставува Лаутаро Мартинес и Хулијан Алварес. Мартинес го предводеше нападот на Аргентина во првиот натпревар, пред во 55-тата минута да биде заменет од Алварес. ...
Марк Кукуреља зборуваше за својата преселба од Челзи во Реал Мадрид. Шпанскиот репрезентативец брзо донел одлука да му се приклучи на 15-кратниот европски клупски шампион, иако во моментов неговиот фокус е насочен кон настапите со репрезентацијата на Шпанија на Светското првенство. „Сè беше решено за ден и пол или два. За мене тоа беше уште подобро – сè се случи брзо, без непотребни главоболки. Имаше различни опции, но кога се појави Реал ...
Селекторот на Катар, Хулен Лопетеги, беше скршен по поразот од 0:6 против Канада во вториот натпревар од групата „Б“ на Светското првенство. Тој го опиша резултатот како „срамен“. Натпреварот беше засенет и од двата црвени картони за азиската селекција – Хомам Ахмед и Асим Мадибо, при што вториот беше исклучен поради груб старт над Исмаел Коне, кој заработи тешка повреда и скршеница на ногата. „Првото нешто што сакам да го направам е ...
6729 САД – Австралија (21:00) Домаќинот на Светското првенство, САД, по одличниот старт и триумфот над Парагвај, сигурно дека ќе сака да продолжи во ист стил и против Австралија. Двата меѓусебни дуели на овие селекции завршуваа со голови во двете мрежи, па така се очекува да биде и вечерва. Предлог тип: 1Х & ГГ (2.30) 6730 Шкотска – Мароко (00:00) Мароко одигра одличен меч против Бразил, додека Шкотска се мачеше против Хаити во првото ...
Италијанскиот шампион Интер официјално потврди дека го продолжил договорот со својот тренер Кристијан Киву. Романскиот стратег потпиша нов договор со шампионот на Италија, кој ќе го задржи на клупата на клубот до 2028 година. Киву го презеде Интер пред 12 месеци. Под негово водство, Интер стигна до двојна круна, освојувајќи ја својата 21-ва титула во Италија и десеттиот Куп на Италија во клупската историја. Одличните резултати му донесоа и ...
Четири меча од Светското првенство и еден од првенството на Ирска се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози е 43.1, додека поединечно квотите се движат помеѓу 1.75 и 2.50. На мечот помеѓу Ватерфорд и Шамрок не се очекуваат премногу голови, па квотата од 1.75 ќе биде добитна ако во првото полувреме нема повеќе од два гола, но и ако во вториот дел има еден или два гола. САД треба да ја победи ...
Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, планира да направи промени во својот тим и е уверен дека „кариоките“ ќе прикажат многу подобра игра против Хаити во вториот натпревар од групната фаза на Светското првенство, по разочарувачкиот старт на турнирот. Петкратниот светски шампион го отвори Мундијалот со реми 1:1 против Мароко, а вечерва ќе се обиде да стигне до првата победа против Хаити. „Можеме да го подобриме тимот и ќе го подобриме“, изјави ...
Актуелниот шампион на Македонија, Вардар, се наоѓа во италијанскиот град Норчија, каде ги одработува подготовките пред европските предизвици ова лето. „Црвено-црните“ утринава беа на прием кај градоначалникот на Норчија, Антонио Дука, кој се заблагодари што Вардар го одбра токму нивниот град за летните подготовки и им посака да се пласираат во групната фаза од Лигата на шампионите. Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски, се ...
Натпревари од четири различни спорта се дел од понудата со зголемени квоти во Sport Life, Супер типот. Најброен е фудбалот со шест меча, а еден помалку има од тенисот. До бројката од 16 натпревари се стигнува и со две кошарки и една одбојка. Денешната понуда ја отвораат шестте тениски натпревари, а првиот меч започнува во 12:30 часот. Меѓу фудбалските натпревари најинтересни се оние од Светското првенство, а зголемени квоти може да се најдат ...
Канадскиот играч за врска Исмаел Коне заработи скршеница на ногата на натпреварот против Катар (6:0) на Светското првенство, објавија канадските медиуми. 24-годишниот фудбалер во моментов се наоѓа во болница заедно со својата мајка Сузан, која му дава поддршка пред претстојната операција. Се очекува тој да биде надвор од терените околу четири до пет месеци. Во 51-вата минута катарскиот дефанзивец Асим Мадибо направи прекршок над Коне, по што ...
Во 75-тата минута од натпреварот меѓу Канада и Катар (6:0) од групата „Б“ на Светското првенство се случи исклучително необичен момент. Фудбалер на домашната селекција упати удар кон голот на противникот, а Мохамед Ал-Манаи се обиде да ја расчисти опасноста. Наместо да ја исфрли топката напред, на необичен начин ја испрати во сопствената мрежа и така постигна гол за водство на Канада од 5:0. Секако, вакви автоголови често може да се видат на ...
Фудбалерите на Мексико ја совладаа Јужна Кореја со 1:0 во натпревар од второто коло на Светското првенство и така станаа првата репрезентација што обезбеди пласман во нокаут-фазата на Мундијалот. Првото полувреме не ги оправда очекувањата. Двете селекции беа рамноправни, а играта главно се одвиваше претпазливо и дефанзивно, па немаше многу шанси за гол. Сепак, Мексико поведе уште во четвртата минута од второто полувреме, а стрелец на ...
Излегувањето на Един Џеко, паузата за хидратација и погодените измени како џокери од страна на швајцарскиот селектор Мурат Јакин, се покажаа како клучни во триумфот на Швајцарија над БиХ од 4-1, по што Швајцарците со 99,9 отсто сигурност ќе се пласираат во 16-финалето. И покрај поразот, Босанците уште имаат добри шанси да влезат меѓу 32 најдобри селекции на светот. Имаат бод од мечот со Канада, и сега им треба победа над Катар во третото ...
Швајцарија ја совлада Босна и Херцеговина со 4-1 и направи голем чекор кон 16-финалето на Светското првенство, а Босанците ќе пробаат со победа во последното коло да се пробијат меѓу 32-те најдобри на Мундијалот. Ова беше прилично здодевен меч без голови до средината на второто коло. Босанците беа добри во периодот од 46-та до кај 70-та минута, а тогаш паузата за хидратација како да ги пресече. Резервите Манзамби и Варгас кои влегоа во ...
Славниот италијански фудбалски стручњак, Фабио Капело, денеска го прослави 80-тиот роденден. Дон Фабио имаше солидна играчка кариера во клубови како Рома, Јувентус и Милан со кои освои четири титули во Серија А, беше и репрезентативец на Италија, но најголемите успеси ги направи како тренер. На клупата на Милан, Реал Мадрид и Јувентус освои многу трофеи, беше и селектор на Англија и Русија. Важи за еден од најдобрите тренери во историјата, а ...
Нашите ученици ја претставија Македонија на најдостоинствен можен начин на Европското училишно првенство во баскет 3х3 кое се одржа во Белград. Македонија се закити со сребрен медал во силна конкуренција, откако во финалето Англија беше подобра со 22-18. Нашите момци одиграа уште еден неверојатно храбар натпревар, борејќи се до последната секунда и оставајќи срце на теренот. Овој резултат е историски, бидејќи за првпат тим од Македонија ...
Голманот Мануел Нојер изјави дека Светското првенство во 2026 година ќе биде неговиот последен турнир со германската репрезентација. „Ова е мојот последен турнир со германската репрезентација. Не планирам да играм на Европското првенство за две години. Сакам да се радувам на секој натпревар и да не размислувам за збогум или за потенцијален последен натпревар“, рече Нојер кој се пензионираше од националниот тим по Евро 2024, но сепак го ...