Легендарниот англиски напаѓач Алан Ширер жестоко го критикуваше Манчестер јунајтед по поразот од новајлијата Хал со 2:0 на стартот од сезоната. „Црвените ѓаволи“ одиграа блед натпревар, а Ширер смета дека тимот на Мајкл Карик бил целосно неподготвен. „Манчестер јунајтед беше ужасен во сите линии, особено во нападот. Во одредени моменти се прашував што воопшто се обидуваат да направат. Очигледно немаа енергија и не изгледаа подготвени“, изјави ...

Трансферот на Родри во Барселона и неговото одбивање на Реал Мадрид повторно се најде во центарот на вниманието на шпанските медиуми. Шпанскиот репрезентативец долго време се поврзуваше со Реал, но на крајот ја избра Барселона. Според пишувањата, Родри не почувствувал дека во Мадрид имаат доволно силна желба да го доведат, додека тренерот на Барса, Ханси Флик, во неколку наврати разговарал со него. Темата повторно беше актуелна по натпреварот ...

Ливерпул доби нова причина за оптимизам во обидот да го доведе фудбалерот на ПСЖ, Бредли Баркола. Францускиот репрезентативец повторно не е во составот на ПСЖ, а покрај него и 18-годишниот Ибрахим Мбаје не доби место во тимот за дуелот против Рен. Двајцата претходно го пропуштија и францускиот Суперкуп. Отсуството веднаш ги засили шпекулациите за нивната иднина во Париз, особено по изјавата на тренерот Луис Енрике. „Важно е да имаме играчи ...

Повеќегодишното екстремно навивачко насилство кое трае во полскиот град Краков, викендов однесе уште една жртва. Убиен е навивач на фудбалскиот тим од третата лига Хутник од Краков, во округот Нова Хута. Според информациите што доаѓаат од Полска, тој бил убиен од навивачи на Висла. Според извештајот кој треба да добие официјална потврда, од тоа што се гледа на видео снимката, во несреќното момче била испукана светлечка ракета. Тој се обидел ...

Во модерниот фудбал се поретки се дуелите на кои нема да биде постигнат ниту еден погодок, но во Европа има еден тим кој во првите три кола што ги одигра, постојано игра без голови. Тимот на Арсенал од Тиват по првите три кола во првенството на Црна Гора, резултатот како да е резервиран да биде без голови. Во август, Арсенал Тиват одигра без голови на гости кај Дрчиќ, потоа и на теренот на Морнар за на крајот да одигра 0:0 и пред своите ...

Ливерпул минатата сезона не успеа да ја одбрани титулата во Премиер лигата, односно беше далеку и да помисли на трофејот, па во новата сезона влегува со нов тренер, но со исти амбиции. Андони Ираола ќе се обиде да врати шампионската слава на „Енфилд роуд“, но прв чекор е гостувањето кај Њукасл. „Црвените“ на денешниот противник му даваат барем по еден гол на последните 12 средби, односно од 2020 година па наваму, а на последните два ...

Новото првенство во англиската Премиер лига започна синоќа, а првото коло ќе се компелтира со лондонската пресметка меѓу Фулам и Челзи в понеделник. Интересно е дека Челзи кој е еден од најголемите и најпопуларни клубови во земјата, трета година по ред нема да има спонзор на предната страна од својот дрес. Поранешниот шеф на одделот за глобален маркетинг на Челзи, Кристијан Пурслоу, проговори за сосема неверојатниот факт дека лондонскиот клуб ...

На вкупно пет натпревари има по две Бет билдер комбинации кои може да донесат многу радости. За пресметката меѓу Манчестер сити и Борнмут се нуди квота од 20, а да биде добитна потребно е: Семејно да има повеќе од 1,5 удари во рамки на гол, Алекс Скот да добие картон, да има повеќе од 3,5 голови и Сити да изведе над 5,5 корнери. Со 20 квота се пресметува и комбинацијата на Атлетико Мадрид – Вилјареал на која се вели дека потребно е: Атлетико ...

Турскиот репрезентативец Керем Актуркоглу ги загрижи фудбалските фанови во саботата навечер кога се струполи откако доби удар во главата за време на натпреварот на неговиот тим Фенербахче против Коњаспор. Откако лежеше неподвижен на теренот, турскиот репрезентативец беше итно префрлен во болница, а неговиот клуб издаде соопштение во текот на ноќта. KEREM AKTÜRKOĞLU BAYILDI! GEÇMİŞ OLSUN KEREM! pic.twitter.com/2hpFsoiAaH — Gol Anında ...

Возбудувањата во најсилните лиги во Европа започнаа, а со тоа и дополнителните Бонус типови добиваат посебна важност. Има три различни комбинации на кои вкупниот коефициент дополнително се зголемува со понудата на Sport Life. Во англиската Премиер лига за трите денешни дуели да бидат гол-гол и да има 4+ погодоци, наместо регуларната квота од 17,4, со шифрата 8301 овие комбинации носат вкупен коефицинет од 20,5. Во шпанското првенство ...

1009 Њукасл – Ливерпул (17:30 ч.) Дуел кој може да се нарече дерби на првото коло во Премиер лигата. Њукасл сака пред своите навивачи да почне победнички, но кога Ливерпул е ривал тоа е многу тешко остварливо. Традицијата вели дека од последните 10 меѓусебни дуели, Ливерпул има дури осум победи, а Њукасл само еднаш се радувал. На седум од последните девет меча било гол-гол 3+ комбинација, а на четири од последните шест дуели имало пет или ...

На натпреварот од четвртото коло на Првата МФЛ, одигран на стадионот во Чаир помеѓу екипите на ФК Шкендија Арачиново и ФК Аресими, беа забележани две клучни и особено предизвикувачки ситуации за судиска проценка. Во двата случаи главниот судија донесе целосно исправни одлуки, кои по извршените проверки согласно ВАР протоколот и утврдената линија за интервенција, правилно беа потврдени и од ВАР судиите. Во 43. минута од натпреварот, напаѓачот ...

Целосно фудбалска е денешната понуда во Супер тип на Sport Life, каде може да се најдат зголемени коефициенти на дури 16 интересни натпревари. Впечатливо е дека домашните екипи се во улога на фаворити, затоа што само на три дуели има зголемени квоти за победи на гостите. Ливерпул да слави на теренот на Њукасл е со коефициент од 2.02, Јувентус да си замине со цел плен од гостувањето кај Фросиноне носи квота од 1.53, а како најсигурна „двојка“ ...

Уште околу два месеци останува до церемонијата за доделување на Златната топка за најдобар фудбалер во светот, каде ќе биде доделено и признанието за најдобар гол во годината. Меѓу сериозните кандидати за ова признание од вчера е погодокот на Дом Балард кој игра во англискиот Бристол. На мечот од Чемпионшип лигата меѓу Бирмингем и Бристол, во 85 минута, Балард даде спектакуларен погодок. По еден центаршут, иако Балард беше свртен со грб кон ...

Пет натпревари од најсилните лиги во Европа се дел од понудата во Квоти на ден, а ако сите понудени комбинации ги одиграте заедно на еден тикет, вкупниот коефициент кој се добива е одличен и изнесува точно 50.17. Манчестер сити да го победи Борнмут во дуел на кој ќе има меѓу два и пет гола е со квота од 2.05. На средбата меѓу Атлетико Мадрид и Вилјареал потребно е во првото полувреме да бидат постигнати меѓу еден и три погодоци, а на крајот ...

Жозе Мурињо со победа стартуваше во неговиот втор мандат како предводник на Реал Мадрид од клупата. Кралскиот клуб со многу мака стигна до трите бода на гостувањето кај Еспањол, победувајќи со 2:1. Реал поведе со голот на Белингам, но домаќините брзо израмнија на 1:1 во 30 минута. Овој резултат беше активен до 90 минута, кога голема радост за Реал Мадрид донесе Карлос Еспи. Младиот напаѓач во игра влезе во 80 минута, а даде гол за 2:1, па ...

Лионел Меси повторно даде гол за Интер Мајами, но тоа беше премалку за неговиот тим да се спаси од пораз на свој терен во дуелот против Торонто. На крајот, гостите се радуваа со 2:1. Откако немаше голови во првото полувреме, фудбалерите на Торонто со два погодоци во краток период од 59 до 62 минута стигнаа до сигурна предност. Во 82 минута Меси одлично избега на противничките дефанзивци и погоди за 1:2, но на крајот неговиот тим загуби. За ...

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, го изрази разочарувањето на својот тим по поразот од новакот Хал во првото коло од новата сезона во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ претрпеа пораз од 2:0, а во текот на целиот натпревар изгледаа исклучително бавно и неинспиративно против нивните многу помотивирани противници. „Истата грешка што ја направивме минатата година. На гостинските натпревари, му даваме можност на противникот ...

Барселона е подготвена за уште еден голем предизвик, а тоа е повторно да ја одбрани титулата во шпанското првенство. Каталонскиот гигант во последните две сезони е суверен и го држи тронот, а предизвокот во новата сезона ќе го започне утре и тоа со меч на гостински терен кај Елче. Тренерот Ханси Флик е задоволен како работеле во летниот подготвителен период и верува дека тимот е подготвен, но и дека не смее да се потцени противникот. „Нема ...

Реал Мадрид стигна до драматична победа од 1-2 на гостувањето кај Еспањол, во натпреварот од второто коло на новата сезона во Ла Лига. Кралевите одлично го започнаа натпреварот и поведоа уште во деветтата минута. Џуд Белингам ја затресе мрежата по асистенцијата од Арда Ѓулер и го донесе Реал во предност. Еспањол, сепак, не се предаде и успеа да возврати во 30-тата минута. Калатрава го совлада гостинскиот голман и го израмни резултатот на 1-1, ...

Потресни сцени го одбележаа натпреварот меѓу Фенербахче и Коњаспор, на кој настапи и македонскиот репрезентативец Енис Барди. Иако Фенербахче во финишот имаше убедлива предност од 4-1, резултатот падна во втор план по страшниот момент со Керем Актуркоглу. Напаѓачот на домаќините по еден воздушен дуел падна на теренот и остана неподвижен. Играчите на двата тима веднаш реагираа и побараа медицинскиот тим што побрзо да пристигне на теренот. ...

Наполи со победа ја отвори сезоната во Серија А, откако вечерва на гостувањето кај Џенова славеше со 0-2. Домашниот тим долго време успешно се бранеше и им создаваше проблеми на гостите, кои и покрај иницијативата не успеваа да пронајдат начин да го скршат отпорот на Џенова. Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без голови, на сцена стапи Кевин Де Бројне. Белгискиот мајстор во 82-та минута ја затресе мрежата и го донесе Наполи во водство ...

Баерн Минхен е освојувач нa Суперкупот на Германија, кој го носи името „Франц Бекенбауер“, откако славеше над Борусија Дортмунд со 1-2 на „Сигнал Идуна Парк“. Баварците подобро го отворија натпреварот и стигнаа до предност во 28-та минута. Браун го совлада домашниот голман за 0-1 и го донесе Баерн во водство. Борусија Дортмунд успеа да ја затресе мрежата и да израмни, но радоста на домашните беше краткотрајна. По интервенција на ВАР, ...

ГРК Охрид повторно е победник на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“. Охриѓани во финалето го совладаа Вардар со 29-27 и по вторпат во само една недела славеа против големиот ривал. Откако триумфираа над Вардар и во финалето на турнирот во Струга, ракометарите на Охрид повторно беа подобри во директниот дуел и ја одбранија титулата на домашниот турнир. Финалето долго време беше неизвесно. Во поголемиот дел од првото полувреме се играше ...

Валенсија и Селта одиграа без голови на „Местаља“ во натпреварот од второто коло во шпанската Ла Лига. Средбата не понуди премногу возбудувања, а двете екипи тешко создаваа сериозни шанси пред противничкиот гол. Со оглед на прикажаното, и Валенсија и Селта можат да бидат задоволни што сезоната ја започнаа со освоен бод. Од друга страна, и македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски може да биде задоволен затоа што ја сочува својата ...

Фудбалскиот свет е во шок по трагичната смрт на 25-годишниот Кевин Кастро, кој почина откако колабираше за време на пријателски натпревар во Португалија. Кастро настапуваше за Реал Спорт Клубе против Естрела Амадора, но само десет минути по почетокот на натпреварот ненадејно се срушил на теренот. Медицинските екипи веднаш пристигнале и започнале со реанимација, при што бил употребен и дефибрилатор. И покрај напорите на лекарите, Кастро итно ...

Тотенхем со убедлив пораз ја започна новата сезона во Премиер лигата. Лондонскиот тим загуби со 3-0 на гостувањето кај Брентфорд, кој одигра одличен натпревар и заслужено стигна до трите бода. Домаќинот го отвори резултатот во 12-тата минута преку Кин Луис-Потер, а предноста беше удвоена во 33-тата минута. Витали Јанелт најдобро реагираше по одбиената топка во шеснаесетникот и погоди за 2-0. Тотенхем имаше свои моменти во продолжението, но ...

Интер со убедлива победа ја започна новата сезона во Серија А. Актуелниот италијански шампион на гостувањето кај Монца славеше со 4-1 и на најдобар можен начин тргна во одбрана на титулата. Нераѕурите одлично го отворија натпреварот и поведоа уште во шестата минута. Хакан Чалханоглу постигна фантастичен погодок за 1-0 и му донесе предност на својот тим. Монца не се предаде и во 29-тата минута успеа да израмни. Варела ја затресе мрежата за ...

Германскиот репрезентативец Леон Горецка лето стана слободен агент откако му истече договорот со Баерн Минхен, чиј дрес го носеше последните осум години. Играчот за врска не успеа да најде заеднички јазик со раководството на Баерн и по осум години верност кон најтрофејниот германски клуб, сега си заминува и тоа како слободен фудбалер. Како што потврдува експертот за трансфери Фабрицио Романо, Горецка наскоро ќе потпише договор со Астон Вила. ...

Челзи го обезбеди Жоао Педро на долг рок, откако бразилскиот напаѓач денеска потпиша нов договор со лондонскиот клуб кој ќе трае до 2034 година. „Многу сум среќен што потпишав нов договор со Челзи. Отсекогаш сонував да играм за голем клуб и многу ми значи што долгорочно се обврзав кон овој тим“, изјави Педро за официјалниот клупски сајт. Бразилецот е оптимист пред новата сезона и верува дека Челзи има квалитет да се бори за највисоките цели. ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.85
92%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
70%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Калај

46.54

Иридиум

315077.32