Штета. Тоа е со еден збор објаснувањето за тикетот кој во саботата беше уплатен во Гевгелија. Обложувач уплатил тикет со 20 натпревар од англиските лиги и сите средби со почеток од 16 часот. Дури и играта за сите мечеви е иста, а тоа е да биде гол-гол, односно двата тима да дадат гол. Со минимален влог од 20 денари, вкупниот коефициент е неверојатен и изнесува 19.572. На крајот, дури 19 средби завршија со голови на двете страни, но имаше еден ...

Само едно коло беше доволно да се одигра во италијанската Серија А за веќе да се види промената во играта на теренот. Натпреварите во италијанското првенство сега имаат значително поефикасна игра, а промените беа особено пофалени од тренерите, кои со години ги критикуваа честите прекини и одложувања. „Конечно има повеќе игра, колку е убаво“, рече тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, по убедливата победа на неговиот тим од 4:0 против ...

6785 Викинг – Динамо Загреб (21 ч.) Викинг никогаш не играл во елитната Лига на шампиони, додека Динамо се обидува да се врати меѓу најдобрите. На првиот меч Динамо водеше со 2:0 дома, но Викинг покажа квалитет, но и карактер да се врати и да стигне до 2:2. Норвешкиот тим во 17 меча од првенството даде дури 40 гола, што е само уште еден доказ дека игра отворено и ефикасно, па така се очекува да биде и вечерва. Предлог тип: ГГ3+ (1.84) 6788 ...

Фудбалерите на Ал-Наср со 3:2 славеа на гостувањето кај Ал-Етифак во меч од третото коло на првенството во Саудиска Арабија. Шампионот Ал-Наср беше голем фаворит пред дуелот, но дури во финишот на средбата работите дојдоа „на свое“. Уште во 12-тата минута Ал-Наср остана со играч помалку по директниот црвен картон што го доби Бенто. Ал-Етифак со играч повеќе успеа да го изненади фаворитот и со два гола до крајот на првиот дел да има водство од ...

Четирите дуели кои се играат во квалификациите од Лига на шампиони, плус една пресметка од шпанското првенство се дел од денешните Квоти на ден. Ако сите пет понудени комбинации ги одиграте заедно на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 37.90. Реал Мадрид на свој терен го пречекува Реал Сосиедад и тука понудата е домашниот тим да постигнува меу еден и три гола во двете полувремиња, што се вреднува со точно два квота. Динамо ...

Европската фудбалска федерација (УЕФА) го казни српскиот првак Црвена ѕвезда со 99.500 евра поради лоша организација на мечот од плејофот за влез во Лига на Европа против Викторија Плзен. Црвена ѕведа победи убедливо со 3:0 и утре на реваншот на гостински терен треба да го потврди влезот во групната фаза од второто по ранг натпреварување на УЕФА. Како што стои во образложението за казната, Црвена ѕвезда е казнета со 20.000 евра затоа што ...

Денешната понуда на Супер тип во Sport Life е рамноправно поделена на два дела. Осум меча со зголемени квоти се фудбалски, а останатите осум се тениски пресметки. Возбудувањата ќе започнат со тенисот. Родионов да слави над Фереира Силва е со зголемена квота од 1.59. „Сигурица“ треба да биде и победа на Лајовиќ против Жорда Санчис, а на победа треба да се радува и Виртанен. Во доцните тениски терминти Сакамото и Сонего се тенисерите на кои има ...

Фудбалерите на Сабах од Баку направија историски подвиг откако за прв пат успеаа да се пласираат во групната фаза од Лига на шампиони. Посебно херојски е начинот на кој Сабах стигна до победата против Хапоел Бер Шева, во реваншот од плејофот. Хапоел победи со 2:1 во првиот меч, а синоќа во реваншот водеше со 2:1 до речиси 15 минути пред крајот. Сепак, Сабах не се предаде и прво израмни на 2:2, а во последните моменти од дуелот се случи драма. ...

Шампионот на Австрија, ЛАСК Линц, направи вистинска сензација и успеа да обезбеди дебитантски настап во лигашкиот дел од Лигата на шампионите. Тие имаа негатива од 3-0 од првиот меч против Селтик, а на вториот меч пред својата публика по само 20-тина минути играа губеа со 0-1. Сепак, не се откажаа, па во следните 70 минути постигнаа четири гола и дојдоа до 4-1 и израмнување во двомечот. Во продолженијата ЛАСК постигна уште еден гол, а ...

Валенсија и по две кола во Ла Лига останува без победа, откако пред својата публика загуби со минимални 0-1 од Бетис. „Лилјаците“ во првото коло играа без голови против Селта Виго, па освен што немаат победа, се уште чекаат и на првиот гол во новата сезона. Столе Димитриевски на првиот меч ја сочува својата мрежа, но вечерва тоа не му успеа. Пабло Гарсија со одличен удар од десеттина метри успеа да го совлада нашиот голман во 83-тата минута, ...

Винисиус повторно е во центарот на вниманието поради своето однесување на теренот. По победата на Реал Мадрид над Еспањол со 2:1, критики за Бразилецот упатија и двајца поранешни играчи на „кралскиот клуб“. Бразилецот беше стартер, но повторно влезе во неколку конфликти со противниците и навивачите, а во 32-рата минута доби жолт картон поради протест. Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Фернандо Мориентес, смета дека Винисиус сè уште не е ...

Иднината на Марк Касадо во Барселона сè уште е неизвесна, а интересот од Англија кон 22-годишниот играч за врска станува сè посериозен. Касадо моментално тренира индивидуално заедно со Ектор Форт, додека неговиот агент Жорж Мендеш работи на пронаоѓање нов клуб. Фудбалерот имал понуди од Саудиска Арабија, но ги одбил бидејќи смета дека може дополнително да напредува во силно европско првенство. Најголем интерес доаѓа од Премиер лигата. Според ...

Шампион на Азербејџан, Сабах од Баку, направи вистинска сензација и првпат во својата историја ќе игра во лигашкиот дел од Лигата на шампионите. Екипата од Баку е формирана пред само девет години, односно во 2017 година, па затоа нивниот успех е уште поголем. Сабах славеше над Хапоел Бершева со 5-2, но дури по продолженијата, откако претходно успеа да го израмни резултатот во двомечот со гол во четвртата минута од судиското продолжение на ...

Чави Ернандес и официјално е нов селектор на Холандија. Поранешниот тренер и играч на Барселона потпиша договор до 2030 година, а на претставувањето порача дека во новата улога има само една цел – победа. Спортскиот директор на холандската федерација, Најџел де Јонг, откри дека Чави бил избран по одбивањата на Пеп Гвардиола и Арне Слот. Во финалната трка бил и Михаел Рајцигер, но федерацијата се одлучила за Каталонецот. „Не ме интересира дали ...

Манчестер сити би можел да најде начин Ајнтрахт Франкфурт да не добие ниту евро од следниот трансфер на Омар Мармуш. Египетскиот напаѓач е пред преселба во Тотенхем во зделка која би вклучувала и трансфер на Савињо во спротивна насока. Токму начинот на којшто е структуриран договорот привлече големо внимание во Германија. Мармуш во јануари 2025 година премина од Ајнтрахт во Сити за околу 75 милиони евра, а германскиот клуб во договорот вметна ...

Габриел Мартинели ја завршува својата авантура во Арсенал и кариерата ќе ја продолжи во саудискиот Ал-Хилал. Двата клуба постигнале договор за трансфер вреден 59 милиони евра, со што Бразилецот ќе стане најскапата продажба во историјата на Арсенал. Мартинели веќе отпатува за Ријад, каде што треба да ги помине лекарските прегледи и да го потпише договорот. Неговата ситуација во Лондон се промени во текот на летото. Микел Артета не го вклучи во ...

Манчестер јунајтед официјално го потврди ангажманот на Карлос Балеба од Брајтон. Камерунскиот играч за врска потпиша договор до летото 2031 година, со опција за продолжување на уште една сезона. „Црвените ѓаволи“ ќе платат 65 милиони фунти, плус дополнителни пет милиони низ бонуси. Балеба беше желба на Јунајтед уште минатото лето, но дури сега клубот успеа да го реализира трансферот. „Неверојатно е што му се приклучувам на клубот од моите ...

Френки де Јонг продолжува со рехабилитацијата по повредата на десното колено, но сè уште чувствува болка и ќе мора да почека за целосно враќање на терените. Холандскиот играч за врска денес повторно излезе на теренот во тренинг-центарот на Барселона, каде што одработи индивидуален тренинг. Де Јонг на Светското првенство се здоби со сериозна повреда, а лекарските прегледи покажаа оштетување на внатрешниот лигамент на десното колено. На ...

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, ги сподели своите мисли за својот тим и разговараше за можноста за трансфери пред крајот на летото. „Тимот е подготвен за мене. Но, трансфер-прозорецот е сè уште отворен. Ако некој од играчите сака да си замине… дури и не знам. Многу сум задоволен од играчите што ги имам. Не сакам никој да си замине“, изјави Мурињо, цитиран од новинарот Фабрицио Романо. Реал Мадрид ја започна сезоната 2026/27 со победа ...

Францускиот првак Пари Сен Жермен е заинтересиран за младиот талентиран напаѓач на Олимпик Лион, Адил Хамдани. Тинејџерот кој има 17 годин, уште нема потпишано професионален договор, што прави опасност Лион да го загуби талентираниот фудбалер. Хамдани игра во офанзивниот ред, а добро се снаоѓа на неколку позиции. Подеднакво е добар на двете крилни позиции, а може да игра и како централен напаѓач. Посебо се истакнува со дриблинзите кои ги има. ...

Македонската сениорска репрезентација го одработи првиот собир во „Т Арена“ во Скопје, со што и официјално започна краткиот подготвителен период за гостувањето кај Австрија во рамките на втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот 2029. Селекторот Хозе Мариа Берокал на располагање има речиси комплетен состав, а токму ростерот со кој Македонија ќе настапи во Виена беше една од темите на разговор со предводникот на националниот тим. ...

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, му даде на Џани Инфантино две опции, од кои ниту една не вклучува останување на претседателот на ФИФА на власт до следната година. „Едната опција е тој да сфати дека нема поддршка, не само поддршка од оние што гласаат, туку и поддршка од фудбалската заедница, поддршка од навивачите, поддршка од сегашни и поранешни играчи, тренери. Другата опција, рече тој, е да се кандидира на мартовските избори. Во ...

Роберт Просинечки повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Киргистан. Челниците на азиската репрезентација направија обостран раскин на договорот и формално се заблагодарија на Просинечки. Легендарниот хрватски фудбалер едвај осум месеци остана на клупата на Киргистан, период во кој немаше ниту еден триумф во четири средби. Киргистан одигра две нерешени дуели против Палестина и двата без погодоци, а загуби од Мадагаскар со 2:5 и ...

Селекторот на шпанската фудбаалската репрезентација, Луис де ла Фуенте, рече дека е тажен за она што се случи во саботата на „Сан Мамеш“ во Билбао, кога имаше и аплаузи, но и гласни свирежи кога триото светски прваци од Атлетик го покажаа пехарот од освоениот Мундијал. Унаи Симон, Ејмерик Лапорт и Нико Вилијамс пред публиката во нивниот Билбао го покажаа пехарот од СП кој го освоија играјќи за Шпанија, но се слушаа и свирежи од баскиските ...

Точно пред една недела во скопска Кисела Вода бил уплатен тикет каков што се прави еднаш во животот. Обложувачот наредил дури 27 натпревари, од кои 19 „во фикс“, додека останатите осум се со услов да бидат добитни „пет од осум“. На тикетот има натпревари од неколку различни дена, а бил уплатен на 200 денари влог. На крајот, неверојатно, но освен мечевите ставени „во глава“ кои мора да се погодат, на тикетот се погодени и сите осум останати ...

Денеска беше објавен распоредот за петото коло од Прва фудбалска лига на Македонија, а тоа што повторно е впечатливо е дека во викенд термините ќе се играат само два меча и тоа еден во сабота и еден во недела. Возбудувањата во следното коло ќе започнат на 28 август во петок која на програмата се две средби. Дербито ќе се игра во Кратово каде домашниот Силекс ќе ја пречекуав Шкендија. Тетовци се единствени со перфектен учинок во првенството, ...

Бразилецот Винисиус за време на победата на Реал Мадрид од 2-1 над Еспањол во саботата не придонесе многу за тимот и тоа значително го фрустрираше, па во еден момент од натпреварот ја истури својата фрустрација врз својот соиграч Арда Ѓулер. Вини беше вознемирен што Турчинот не му ја додал топката нему, туку на Килијан Мбапе, кој беше во полоша позиција. Камерите го фатија овој мал испад на Бразилецот. „Арда, Арда! Дај ми ја само еднаш, ...

Аргентинецот Енцо Фернандес, кој поради случувањата на СП 2026, сезонава ќе биде исвиркуван на сите стадиони во Англија каде што ќе гостува, синоќа одигра околу половина час за Челзи, но може наскоро да потпише за Манчестер сити. Според информација на познатиот новинар Фабрицио Романо, кој важи за експерт за трансфери, Енцо веќе се согласил да премине во Сити кај тренерот Мареска, под чие водство играше добро минатата сезона. Челзи би го ...

Бонус тип квотата која ја нуди Sport Life за денеска е 28.0 и тоа за три меча. Условот за добивка е на трите мечеви од квалификациите за Лига на шампиони кои се играат вечерва да има 1-2 гола во прво и 2+ гола во второ полувреме. Во основната понуда, за оваа игра за трите меча вкупната квота е 23,6, па затоа вреди да се одиграат во пакет како Бонус тип бидејќи така ќе добиете многу повеќе. Бонус тип квотата која ја нуди Sport Life за ...

Тотенхем го објави трансферот на крилниот напаѓач кој играше во Манчестер сити, Савињо. Договорот е до 2031 година со опција за продолжување на уште една сезона, а трансферната цена е 75 милиони фунти плус дополнителни 10 милиони фунти во бонуси. Конвертирано во евра, потпишувањето на играчот би ги чинело Спарсите приближно 100 милиони. Савињо дојде во Манчестер сити во 2024 година од Троа за 25 милиони евра, а најдобрите игри ги имаше во ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.85
92%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
70%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Сребро

1670.34