Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Моментално најдобриот стрелец во швајцарската репрезентација, Брил Емболо, изненадувачки реши кариерата да ја продолжи во САД, и тоа во тимот на Атланта јунајтед. Иако има само 29 години и игра во одлична форма, Емболо реши да го прифати предизвикот да си замине од Европа и да оди „преку барата“. Од Атланта го потврдија трансферот. „Задоволни сме што во Атланта јунајтед ќе донесеме играч со комбинацијата на талент и искуство каков што е Брил, ...
За три денешни натпревари има посебна Бет билдер понуда во која квотите достигнуваат и до 25. За мечот меѓу Фулам и Челзи се нуди интересна комбинација со коефициент 13, а ќе биде добитна ако двата тима дадат гол, Жоао Педро има над 1,5 удари во рамките на голот, Гонзало Гарсија има над 1,5 удари во рамките на голот и има над 2,5 погодоци. Дури 25 квота се нуди на една од двете опции за пресметката меѓу Болоња и Лацио, а за да биде добитна, ...
Ливерпул одигра 2:2 на гостувањето кај Њукасл во дербито од првото коло на Премиер лигата. Црвените од „Енфилд роуд“ беа на прагот да загубат, но со гол од пенал во последните моменти од средбата стигнаа до еден бод. По мечот, новиот тренер на Ливерпул, Андони Ираола, даде свое видување за мечот и откри каде бил проблемот во неговиот тим. Според Ираола, неговите фудбалери многу се двоумеле и ја држеле топката во своите нозе дури и во ...
Ново коло и ново разочарување за Партизан во српското првенство. Црно-белите синоќа беа понижени на гостувањето во Лучани и загубија со 3:1 од Младост во меч од петтото коло. Младост со оваа победа се искачи на четвртото место на табелата и е единствен со Црвена ѕвезда без пораз во новото првенство. За разлика од Младост, Партизан продолжува да тоне, претрпувајќи трет пораз по ред во август. Само со четири освоени бода, Партизан е на 12-тото ...
Со два дерби-натпревари денеска треба да се комплетира четвртото коло во Првата фудбалска лига на Македонија. Вардар на арената „Тодор Проески“ го пречекува Силекс, а тетовската Шкендија во Скопје ќе биде домаќин на Струга ТЛ. Ова се четирите најдобри тима од минатата сезона во Првата лига. Вардар е под притисок дека мора да победи. Актуелниот првак има два пораза во првите три кола и само со три бода е во зоната за испаѓање, односно на ...
1010 Фулам – Челзи (21 ч.) Лондонска пресметка со која се комплетира првото коло во Премиер лигата. Традицијата вели дека на последните 10 дуели на овие ривали, Челзи има шест победи, Фулам се радувал трипати, а само еднаш било нерешено. На осум од тие 10 пресметки, на крајот имало меѓу два и три погодоци. Челзи и сега е во улога на фаворит, но сигурно и Фулам нема да се предаде без борба, посебно затоа што игра пред своите навивачи. Предлог ...
Барселона не можеше да има подобар старт на новото првенство, во кое ќе го брани тронот. Каталонскиот гигант убедливо со 5:0 го победи Елче на гостински терен и покажа дека и оваа сезона единствениот фокус е на освојување нов трофеј во Примера дивисион. Во првото полувреме Барселона постигна два гола, а потоа во период од 67-мата до 79-тата минута, фаворитот даде уште три гола за чиста петка на стартот. Од играта на Барселона задоволен беше и ...
Фудбалот доминира во денешната понуда на Супер типот во Sport Life, но може да се најдат и два тениски меча. Радионов и Андреева имаат фаворитски улоги да продолжат понатаму, а квотите за нивни победи се зголемени на 1.61 и 1.58. Интересно е дека фудбалските возбудувања започнуваат со дуелот од македонското првенство меѓу Вардар и Силекс. За триумф на Црвено-црните, квотата е зголемена на 1.94. Рома на „Олимпико“ игра против Фиорентина, а за ...
Денеска се играат два меча од Првата фудбалска лига на Македонија со кои ќе се комплетира четвртото коло. Интересно е дека се работи за дерби-пресметки. Шкендија е домаќин на Струга ТЛ (19 ч.), а Вардар на „Градски“ ќе го пречека Силекс (17 ч.). Тоа се четирите најдобри екипи од ланската сезона. Делува чудно, но наместо в недела, која традиционално е резервирана за дуелите од домашното првенство, овие две средби се играат во работен ден. ...
Пет интересни натпревари од силните европски лиги се дел од понудата Квоти на ден во Sport Life, а доколку сите пет комбинации ги одиграте на еден тикет, вкупниот коеифицнет кој ќе го добиете е 37.55. Болоња е домаќин на Лацио и потребно е во првото полувреме да нема повеќе од еден гол, а во вториот дел да бидат постигнати меѓу еден и три погодоци. Малме и Дјургарден треба да одиграат меч на кој двете екипи ќе дадат барем по еден погодок, а ...
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, рече дека неуспешниот обид на Џани Инфантино да продаде акции на Светското првенство е „дури и полош од Суперлигата“. Чеферин му порача на Инфантино дека ќе има противник ако одлучи да се кандидира за нов претседателски мандат на ФИФА следниот март. Во разговор за подкастот „Остатокот е политика: Водење“, Чеферин го осуди проектот на Инфантино. „Мислам дека овој план е уште полош од Суперлигата. Во ...
Барселона на спектакуларен начин ја започна одбраната на титулата во шпанското првенство, откако со 5:0 победи на гости кај Елче. Серијата погодоци ја отвори капитенот Рафиња кој даде гол од пенал во 14 минута. Веднаш по постигнувањето на погодокот, Рафиња застана пред камерата и прослави во стилот како да е Спајдермен и да „пушта мрежа“. Токму по тој начин на прослава на погодок, најпознат е Хулијан Алварез. Ѕвездата на Атлетико Мадрид ...
Барселона на фантастичен начин ја започна одбраната на шампионската титула во Ла Лига, откако на гостувањето кај Елче славеше со убедливи 0-5. Каталонците уште од самиот почеток наметнаа силно темпо, а предноста ја обезбедија во 14-тата минута. Рафиња беше сигурен реализатор од белата точка за 0-1. Елче се обидуваше да одговори, но Барселона продолжи да го контролира натпреварот. Во судиското продолжение од првото полувреме новото засилување ...
Нотингем Форест сака да направи голем трансфер во финишот на преодниот рок и испратил понуда од неверојатни 82 милиони евра за напаѓачот на Брентфорд, Игор Тијаго. 25-годишниот Бразилец има договор со Пчелите до 2031 година, но богатата понуда од Нотингем може сериозно да ја разниша позицијата на лондонскиот клуб. Евентуалното заминување на Тијаго би било голем удар за Брентфорд, особено по одличната сезона која напаѓачот ја имаше зад себе. ...
Актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен не успеа да ја отвори сезоната во Лига 1 со победа. „Светците“ одиграа драматичен натпревар против Рен и на крајот се спасија со реми 2-2. Рен фантастично го започна натпреварот и уште во деветтата минута дојде до водство. Себастијан Шимански ја затресе мрежата на ПСЖ и најави големи проблеми за фаворитот. Домашниот тим продолжи со одличната игра, а во 38-та минута Естебан Лепол повторно го совлада ...
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас само еден ден откако потпиша, го имаше и своето деби во дресот на Аталанта. Тој ги одигра последните десетина минути од дуелот со Сасуоло што Аталанта го доби со 2-1 на домашен терен. Џакомо Распадори во шестата минута ја доведе Аталанта во водство, а израмни Одентал во 55-та минута. Сепак, триумфот за Аталанта го обезбеди Никола Крстовиќ со голот во 65-тата минута од мечот. Милан славеше со 1-2 на ...
Почнува новата сезона во Германија, а Хари Кејн сѐ уште ги собира плодовите од минатата, за него фантастична сезона, со уште едно големо индивидуално признание. Напаѓачот на Баерн Минхен е избран за најдобар фудбалер во Германија во традиционалната анкета на престижниот „Кикер“. Англискиот голгетер убедливо триумфираше со 272 гласа, оставајќи го зад себе соиграчот Мајкл Олисе со 203 гласа. На третото место заврши Дениз Ундав од Штутгарт со 61 ...
Хулијан Алварес повторно се најде во центарот на вниманието по натпреварот на Атлетико Мадрид против Виљареал, а неговиот потег по последниот судиски свиреж дополнително ги засили шпекулациите за неговата иднина. Додека останатите фудбалери на Атлетико им се приклучија на навивачите за да им се заблагодарат за поддршката, Алварес го напушти теренот и не им се придружи на соиграчите. Овој момент веднаш привлече големо внимание, особено поради ...
Јувентус со три бода ја започна новата сезона во Серија А, откако на гостински терен го совлада Фросиноне со минимални 0-1. Бјанконерите ја оправдаа фаворитската улога, а победата ја обезбедија со голот на Бремер во 22-та минута. По одличниот центаршут на Консеисао од корнер, бразилскиот дефанзивец најдобро се снајде во шеснаесетникот и со удар со глава ја погоди мрежата на Палмисани. Јувентус можеше да замине на пауза со многу поубедлива ...
Франција ѝ се реваншираше на Србија за поразот во Белград, откако во драматичен контролен натпревар пред своите навивачи славеше со 91-90. Домаќините одиграа одлично прво полувреме и создадоа солидна предност, но Србија не се предаде. Како што одминуваше натпреварот, избраниците на Светислав Пешиќ играа сè подобро и успеаја целосно да се вратат во мечот. FRANCE GAME WINNERRRRRRRRRRRRR https://t.co/e7vGDZOJVc pic.twitter.com/nxexzd5sla — Bala ...
Еурофарм Пелистер стигна до првата победа во новата сезона од Регионалната ракометна лига, откако на домашен терен во салата „Боро Чурлевски“ го совлада Партизан со 35-31. Битолчани одиграа одличен натпревар и уште од самиот почеток го презедоа ритамот во свои раце. Со агресивна игра во одбраната и сигурна реализација во нападот, Пелистер постепено ја зголемуваше предноста, а на пауза замина со убедливи седум гола разлика, 20-13. Во второто ...
Египетската ѕвезда Мохамед Салах почна да ги исплаќа огромните финансии кои Трабзонспор ги вложи за да го доведе ова лето. Тој беше двоен стрелец за својот тим во триумфот од 2-1 против Башакшехир. Салах го отвори резултатот во осмата минута користејќи една грешка на противничката одбрана, но Башакшехир израмни брзо, со гол од пенал на Шомуродов во 19-тата минута. Сепак, најголемата ѕвезда на Трабзонспор постигна и втор погодок во 48-та ...
Њукасл и Ливерпул одиграа спектакуларен натпревар на стартот од новата сезона во Премиер лигата, кој на крајот заврши без победник, 2-2. Домаќините двапати имаа предност преку Ентони Еланга и Џо Вилок, но Ливерпул во последните секунди успеа да се спаси од пораз. Коди Гакпо израмни во 55-тата минута, а Доминик Собослаи во 96-та минута беше сигурен од белата точка за конечни 2-2. DOMINIK SZOBOSZLAI EQUALISER 😵💫 A penalty in 90+9' levels the ...
Габриел Мартинели би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, откако Ал-Хилал започна преговори со Арсенал и претставниците на бразилскиот репрезентативец. Според информациите на „Атлетик“, саудискиот клуб сериозно е заинтересиран за 25-годишниот крилен играч, кој веќе седум години е дел од Арсенал. Топчиите за неговите услуги бараат околу 60 милиони евра. Мартинели, наводно, е подготвен за преселба во Саудиска Арабија, откако ...
Атлетико Мадрид и Виљареал одиграа спектакуларен натпревар на „Метрополитано“, кој на крајот заврши без победник, 2-2. Домаќините имаа водство, потоа останаа со играч помалку и дозволија пресврт, но на крајот успеаја да стигнат до бод благодарение на Џулијано Симеоне. Првото полувреме не донесе голови, иако гостите во судиското продолжение имаа огромна шанса за водство. Ајозе Перез излезе сам пред Јан Облак, но словенечкиот голман одлично го ...
Манчестер сити е пред реализација на трансферот на еден од најголемите фудбалски таленти во Европа. Англискиот шампион постигна договор со Лил за Ајуб Буади, а целокупниот пакет може да достигне неверојатни 100 милиони евра со вклучените бонуси. 19-годишниот марокански фудбалер денеска не беше во составот на Лил за натпреварот, што дополнително потврдува дека трансферот е во завршна фаза. Буади на почетокот од следната недела треба да ги ...
Иако во последните денови се шпекулираше дека Хари Кејн би можел да биде решението за нападот на Барселона, од таков трансфер најверојатно нема да има ништо. Каталонскиот гигант очајно бара нов напаѓач, а прва желба беше Хулијан Алварес. Сепак, Атлетико Мадрид не попушта и трансферот станува сè помалку веројатен. Барселона потоа ја разгледуваше и опцијата Лаутаро Мартинес, но ниту таа идеја не наиде на позитивен одговор од Италија. Последната ...
Барселона има нова мета за засилување на одбраната, а изборот паднал на капитенот на Спортинг Лисабон, Гонсало Инасио. 24-годишниот португалски репрезентативец не беше во стартниот состав на Спортинг во победата од 3-1 против Алверка, што веднаш ги засили шпекулациите дека е оставен на клупата поради можен трансфер. Инасио ги одигра сите 90 минути на првите два натпревари од сезоната. Најчесто како негова можна дестинација се споменува Милан, ...
Манчестер сити со победа од 2-1 над Борнмут ја отвори новата премиерлигашка сезона. Сепак, во Манчестер имаше вистинска драма, бидејќи гостите имаа водство од 26-тата минута со голот на Таверние, а „граѓаните“ долго се обидуваа да се вратат резултатски во игра. Тоа им успеа во 84-тата минута со голот на Марк Гехи, кој скокна највисоко по корнерот на Шерки. Кога сите мислеа дека Манчестер сити нема да успее да победи на првиот ме од Премиер ...
Еспањол преку социјалните мрежи го прозва Винисиус поради ситуацијата во која Бразилецот можеше да добие втор жолт картон на натпреварот што Реал Мадрид го доби со 2-1. Винисиус веќе имаше жолт картон по расправија со Алекс Калатрава, а во второто полувреме падна во шеснаесетникот на Еспањол по дуелот со Еду Еспозито. Судијата не досуди пенал, но не го казни Бразилецот ниту за симулација. Доколку проценеше дека Винисиус намерно паднал, тоа ќе ...