Пет фудбалски натпревари со квоти помеѓу 1.90 и 2.20 се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Искомбинирани на ист тикет, петте предлози прават вкупна квота од 41.5. Понудената квота од 2.15 за дуелот на Плзен и Црвена звезда ќе биде добитна само ако се затресат двете мрежи, но и ако има најмалку два гола во второто полувреме. На дуелот помеѓу Челзи и Лутон не се очекуваат премногу голови, па квотата од 2.20 ќе биде добитна ако ...

Манчестер јунајтед направи конкретен потег за ангажман на Едуардо Камавинга и испрати понуда од 50 милиони евра до Реал Мадрид. Преговорите се во тек, а засега нема информација дали сумата ќе биде доволна за раководството на „кралскиот клуб“. Камавинга има 23 години и во последно време добива помала минутажа во Мадрид. Конкуренцијата во средниот ред е голема, особено по доаѓањето на Бернардо Силва, а пред Французинот се и Орелијан Чуамени и ...

Фенербахче се врати во Лигата на шампионите по 18 години, но големиот успех остана во сенка на сериозниот инцидент по натпреварот со Лион во Франција. Во центарот на случувањата беше Матео Гендузи, поранешен фудбалер на Марсеј, кој уште за време на загревањето влезе во конфликт со домашните навивачи. Во еден момент им покажа среден прст кон трибините. По завршувањето на мечот, Гендузи ја прославуваше победата пред навивачите на Лион, ...

Големиот трансфер на Оли Воткинс доби потврда од Фабрицио Романо. Англискиот напаѓач ја напушта Астон Вила и кариерата ќе ја продолжи во Ал Хилал. Астон Вила ја прифати понудата од 58,4 милиони евра, плус уште два милиони преку бонуси. Воткинс во следните денови треба да отпатува за Ријад, каде што ќе ги заврши формалностите. Според информациите, тој во Ал Хилал ќе заработува 15 милиони долари годишно. За да го реализира трансферот, Астон ...

Атински АЕК го прегази Левски со 4-0 и ќе игра во лигашкиот дел на Лигата на шампионите, уништувајќи ја надежта дека ќе имаме македонски играч во елитното европско натпреварување. Никола Серафимов одигра цел меч за Сините од Софија, но Левски беше разбиен, после само 29 минути беше 3-0 за АЕК (првиот меч заврши 0-0), и Грците ќе бидат дел од европскиот крем. Се слави и во Истанбул, Фенербахче после 18 години се враќа во ЛШ, благодарение на ...

Реал Мадрид го совлада Реал Сосиедад со 4-1 во меч од шпанската лига на кој Килијан Мбапе постигна три гола, а Жозе Мурињо се врати на клупата на „Бернабеу“ по пауза од 13 години и два месеци. Во листата на стрелци се запиша и Винисиус по заслуга на Белингам кој заврши најголем дел од работата и му асистираше на Бразилецот. Вини е на делба на 13-тото место на вечната листа на стрелци во Реал. Мбапе сега има 42 гола на 48 настапи во Мадрид. ...

Претседателот на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке, го сподели своето мислење за изгледите на неговиот тим во новата сезона во Бундеслигата. Борусија му е главна конкуренција на Баерн Минхен, но борбата објективно е нерамноправна поради колосалната финансиска разлика во буџетите. „Да бидеме искрени: минатата сезона имавме одлична сезона во Бундеслигата и собравме 73 бода. Претходно, тоа ќе беше доволно за да ја освоиме шампионската ...

Новиот тренер на Наполи, Масимилијано Алегри, очекува невообичаена трка за титулата во италијанската Серија А оваа сезона, именувајќи дури осум клуба за кои верува дека ќе бидат во конкуренција за Скудетото. Алегри го посочи Интер како екипа што треба да се победи, бидејќи има широчина и голем број добри играчи во составот. „Интер е фаворит бидејќи го брани трофејот, но ќе има најмалку осум тима на кои треба да се внимава“, рече Алегри. ...

Аргентинскиот репрезентативен голман, Емилијано Мартинес, уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата. Популарниот Дибу во 2023 и 2024 беше прогласуван за најдобар голман во светот, па малку и чудно е што на една недела пред крајот на преодниот рок се нема договорено со ниту еден клуб. Останувањето во Астон вила се чини не е опција, откако клубот го купи Зион Сузуки за речиси 30 милиони фунти. Мартинес кој шест години бранеше во Вила, летово ...

Навивачката група „Лозари“ е првата која јавно реагира поради термините за одигрување на натпреварите во Прва фудбалска лига на Македонија. По првите четири кола, според распоредите кои се прават за одигрување на мечевите, јасна е тенденцијата, да се играат што е можно помалку мечеви за викендите. Тоа е многу нелогично ако се знае дека во цела Европа најголем дел од фудбалските мечеви се резервирани за викендите. Кај нас, во четвртото ...

Македонските ракометни екипи имаа различнаа судбина во денешните дуели од новата регионална МРХЛ лига. Битолски Еурофарм Пелистер на убедлив начин со 45-33 го надигра Ловќен. Филип Кузмановски даде дури 14 голови, Хенигман даде 10 гола, а се истакна и Митревски со одлични одбрани. Овој меч мина во знак на сеќавање и на Боро Чурлески, човекот по кој е крстена спортската сала во Битола, а Боро во минатото играше и за Ловќен. За разлика од ...

Убава приказна доаѓа од Азербејџан, Сабах испиша историја и се квалификуваше за Лигата на шампионите за прв пат во својата кратка историја, а особено е интересно што патот на нивниот литвански тренер кон најголемата европска сцена, започна на почетокот на 2000-тите во квизот „Кој сака да биде милионер?“. Тогашниот студент Дамбраускас освоените пари ги искористил за да отпатува во Англија, каде што ги завршил своите тренерски курсеви. „Јас ...

Едно од новите правила на УЕФА утре ќе биде имплементирано при ждрепката за Лигата на шампионите, Реал Мадрид нема да може да гостува кај Ливерпул во лигашката фаза. Воведено е правило со кое забрането е ист натпревар да се игра во главната фаза три години по ред. Реал и Ливерпул може да играат еден против друг во лигашкиот дел на ЛШ, но само во Мадрид, не и на „Енфилд“ каде играа лани и преклани. Ждрепката за ЛШ е утре од 18 часот. Едно ...

Легендата на македонскиот фудбал, Дарко Панчев, е идол на многу млади играчи, а меѓу нив и Димитрије Шариќ. Овој 17-годишник викендов постигна гол за Црвена ѕвезда против Чукарички, а погодокот го прослави во стилот на Панчев при решавачкиот пенал во финалето на Купот на европските шампиони во 1991 година. Шариќ и самиот призна дека Панчев му е идол и дека намерно така прославил. Легендата на македонскиот фудбал, Дарко Панчев, е идол на ...

Атлетико Мадрид се јави со соопштение во врска со случајот Хулијан Алварес. Играчот не присуствуваше на денешниот тренинг поради тоа што не се чувствувал добро, а претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, рече дека не се откажуваат од Хулијан. Следуваше реакција од Атлетико кој инсистира дека само ги брани своите интереси. „Играчот е прикажан како жртва, но единствените жртви во случајот Хулијан сме ние. Нè повредија и финансиски и социјално. ...

Тренерот на ЛАСК, Дитмар Кјубауер, со огромна гордост зборуваше за неверојатниот пресврт против Селтик и пласманот во лигашката фаза на Лигата на шампионите. Австријците го загубија првиот натпревар со 0:3, но на реваншот приредија сензација и славеа со 5:1. „Одигравме неверојатен натпревар. Поведовме со 4:1, го постигнавме резултатот што ни беше потребен и продолживме да притискаме. Многу сум горд на момците“, изјави Кјубауер. Тренерот на ...

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, потврди дека Родри е подготвен за настап и најави дека планира да го користи во средниот ред. „Да, Родри може да игра и планираме да игра. Го имаме и Бернал, но Родри има многу повеќе искуство и е лидер“, изјави Флик. Германецот очекува Родри и Педри да создадат одлично партнерство во средината на теренот. „Со Педри ќе можеме подобро да ја контролираме играта и топката. Против Елче премногу брзо ја губевме ...

Селтик го доживеа еден од најтешките европски порази и беше елиминиран од австрискиот ЛАСК по поразот од 1:5. Шампионот на Шкотска во еден момент имаше предност дури од четири гола во вкупниот резултат, но потоа следуваше целосен колапс и неверојатен пресврт. Капитенот Калум Мекрегор, кој го постигна единствениот гол за Селтик на реваншот, призна дека тимот нема оправдување за она што се случи. „Бевме премногу пасивни. Нема изговори! Игравме ...

Поранешниот француски репрезентативец Кристоф Дугари жестоко го критикуваше Хулијан Алварес поради начинот на којшто Аргентинецот се обидува да го напушти Атлетико Мадрид. Алварес сака трансфер во Барселона, но Атлетико не планира да се откаже од еден од своите најважни играчи. Ситуацијата дополнително се влоши откако аргентинскиот напаѓач беше исвиркан од навивачите на натпреварот против Виљареал. „Тој и неговиот тим се идиоти. Како можеш да ...

Манчестер сити официјално го потврди трансферот на Ајуб Буади од Лил во рекорден договор за еден тинејџер во историјата на Премиер лигата. Граѓаните ќе платат 81,3 милиони фунти, плус уште 4,3 милиони во бонуси, односно вкупно 85,6 милиони фунти или околу 100 милиони евра. Со тоа 18-годишниот Мароканец го надмина трансферот на Лени Јоро од Лил во Манчестер јунајтед. Буади потпиша петгодишен договор и е втората голема инвестиција на Сити во ...

Мозес Рајт е новото дополнување во ростерот на македонската сениорска репрезентација пред она што следува – важниот натпревар со селекцијата на Австрија, кој на 30 август ќе се одигра во Виена. Новиот центар на Олимпија Милано пристигна во Скопје со јасна цел – во краткиот период на подготовки да се вклопи во системот на селекторот Хозе Мариа Берокал и да му помогне на националниот тим во она што следува. Рајт веднаш му се стави на ...

Најдобриот македонски боксер, Ален Рустемовски, освои бронзен медал на Медитеранските игри во Таранто. Битолчанецот во полуфиналето беше поразен од шпанскиот боксер, Марин Ернандес, со 4-1 на поени. Сепак, и покрај поразот во полуфиналето, бронзениот медал е голем успех не се само за македонскиот бокс, туку и за самиот Рустемовски, кој минатата година беше прогласен за најдобар спортист. Најдобриот македонски боксер, Ален Рустемовски, ...

Маркус Рашфорд би можел да добие неочекувана шанса да остане во Премиер лигата, но во дресот на големиот ривал Челзи. Англискиот напаѓач по позајмицата во Барселона, се врати во Манчестер јунајтед и повторно е дел од плановите на Мајкл Карик. Сепак, неговата иднина на „Олд Трафорд“ и понатаму е неизвесна. Челзи сериозно размислува за ангажман на Рашфорд пред затворањето на трансфер-периодот. Интересот може да стане конкретен доколку Николас ...

Азербејџан направи голем исчекор на европската фудбалска сцена. Според актуелниот коефициент на УЕФА за сезоната 2026/27, оваа земја моментално е на првото место по сезонски коефициент, пред голем број европски фудбалски сили. Азербејџан досега освои 3,375 бода, а најголемите заслуги ги имаат Сабах и Карабах. Сабах испиша историја со пласманот во лигашката фаза од Лигата на шампионите. Клубот од Баку во драматичен реванш го совлада Хапоел Бер ...

Најинтересниот натпревар од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите е дуелот на Лион и Фенербахче. Првиот меч во Истанбул заврши без победник, 1-1, па патникот во лигашкиот дел ќе се одлучува вечерва. Фаворитската улога ја има домашниот состав, но Фенербахче сака вложените средства во нови фудбалери да ги оправда со пласман во Лигата на шампионите. Квотите за конечен тип може дополнително да се зголемат доколку се искомбинираат со ...

Македонската фудбалска репрезентација до 20 години со убедлив пораз од 1:5 од Мароко го заврши настапот на Медитеранските игри во Таранто. Мароканците одлично го започнаа мечот и поведоа уште во првата минута, односно во 43-тата секунда, но Македонија брзо возврати. Дарјан Тасев во четвртата минута го израмни резултатот. Сепак, Мароко повторно дојде до предност во 36-тата минута преку Талби. Во вториот дел следуваше целосна доминација на ...

Вечерва ќе бидат познати последните четири екипи кои ќе бидат дел од лигашкиот дел на Лигата на шампионите, а она што во никој случај не смее да се пропушти е Бонус типот на Sport Life. Квотата е неверојатно зголемена и изнесува 63.00, а за да биде добитна, потребно е на четирите меча од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите да има еден или два гола во првото полувреме, но и најмалку три на целиот натпревар. Доколку оваа играа се ...

Германското првенство е единствено од Топ 5 лигите кои уште не започнало. Бундеслигата ќе стартува во викендот кој следува. Тоа е првенството кое со години наназад е најпосетувано на трибините. Дека така ќе биде и во новата сезона, покажуваат сезонските билети кои ги имаат продадено дел од клубовите. Веќе вообичаено по бројот на продадени сезонски билети предничи тимот на Борусија Дортмунд. Дури 55.000 навивачи на Борусија купија сезонски ...

Два натпревари кои се играат вечерва имаат посебна Бет билдер понуда на која квотите достигнуваат до 19. Олимпик Лион на свој терен игра против Фенербахче во меч кој треба да реши која екипа ќе игра во групната фаза од елитната Лига на шампиони. Една од двете Бет билдер комбинации кои се нудат за овој меч е со квота 17, а ќе биде добитна ако: Лион победи, а двата тима дадат гол, вкупно има над 9,5 удари во рамките на голот, вкупно има над ...

По речиси 40 години, Холандија доведе странец за селектор. Предводник на Лалињата во следниот период ќе биде Чави Ернандес. Легендата на Барселона ја прифати понудата, а на официјалната промоција беше збунет кога дозна дека бил дури трет избор за селектор. Директорот за фудбал при Холандската фудбалска асоцијација, Најџел де Јонг, го објасни процесот на избор на нов тренер по заминувањето на Роналд Куман. Пеп Гвардиола бил првиот избор, но ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.85
92%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
70%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42