Тетовска Шкендија останува единствената максимална екипа по три првенствени кола, откако во последниот меч од третата рунда ја совладаа Брегалница од Штип со 3-1. Иако резултатот е убедлив, сепак, штипјани долго имаа активен резултат, а прволигашкиот лидер го скрши отпорот во 61-вата минута со голот на Александер Трумчи. Само пет минути подоцна веќе беше 2-0 за Шкендија со голот на Ендрит Красниќи. Неизвесност во мечот внесе Мартин Стојанов ...

Шкендија продолжува со максимален ефект во новата сезона откако во рамките на третото коло славеше убедливо со 4-1 против Брегалница на теренот во тренинг-центарот „Петар Милошевски“. Со трите победи од исто толку натпревари, тетовци се осамени на врвот на табелата во Првата македонска фудбалска лига. Иако конечниот резултат изгледа убедливо, Шкендија не стигна лесно до трите бода. Брегалница во првото полувреме одигра дисциплинирано и добро ...