Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Трката за титулата во Премиер лигата максимално се вжештува по победата на Манчестер сити од 2-1 над Арсенал викендов, разликата меѓу двата тима е само три бода, а Граѓаните утре имаат можност да ги стигнат своите ривали со победа во заостанатиот натпревар со Барнли. Доколку Сити победи како што се очекува, двата водечки тима ќе имаат еднаков број бодови на пет кола до крајот. Според правилата на Премиер лигата, ако најдобрите два тима на ...
Фудбалерот на Манчестер сити, Антоан Семењо, раскажа една анегдота од времето кога играше во Борнмут. Во летото 2024 година, кога Шпанецот Дин Хаусен преминал од Јувентус во Борнмут, на своите соиграчи им рекол дека само една сезона ќе биде со нив, а потоа ќе оди во Реал Мадрид. Тоа се обвистини, Хаусен во летото 2025 потпиша за Кралскиот клуб и Семењо му честитал, иако првиот пат кога Хаусен говорел дека ќе оди во Реал, не го сфатил ...
Еден од најдобрите фудбалери во историјата на Милан и на италијанската Серија А воопшто, Руд Гулит, не се согласува со Леонардо Бонучи кој рече дека сон му е селектор на Италија да стане Пеп Гвардиола. Гулит смета дека ако Италијанците сакаат да си ја вратат националната гордост, треба да им се вратат на своите корени, она што им е во крвта, а тоа е одбранат. Одбраната и популарното „катеначо“ беа тие кои им носеа успех. „Во вашата ДНК е да ...
Арсен Венгер, човекот кој беше предводник на „Непобедливите“, шампионскиот тим на Арсенал од 2003/2004, кога Топчиите последен пат ја освоија Премиер лигата и тоа без пораз, верува дека лондонските Црвено-бели ќе ја освојат титулата во оваа сезона. „Вечно вториот“ Арсенал и оваа сезона долго време води, но како и многупати во минатото, ја испушти предноста и сега има само три бода предност во однос на Манчестер сити, а Сити има одиграно и ...
Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, го посочи напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, како свој спортски и фудбалски пример. „Кога ќе сфатиш дека еден спортист е легенда не само во својот спорт, туку и во сите останати, тоа е затоа што е најдобар. Меси е пример за тоа. Тој е најдобриот фудбалер во историјата, а исто така и најдобриот спортист. Тој не е само уште еден идол. Сите го почитуваат за сè што има направено, за примерот што го ...
Погледите на кошаркарската јавност се насочени кон Атина и Барселона, бидејќи вечерва започнува плејин разигрувањето во Евролигата. Само за две екипи од четирите кои ќе разигруваат ќе има место во плејофот, а Барселона или Црвена ѕвезда вечерва ќе се збогуваат од евролигашката сезона. Поразениот од дуелот на деветтата и десеттата екипа во регуларниот дел ќе испадне, а тоа ќе биде или гордоста на Каталонија или „црвено-белите“ од Белград. ...
Легендарниот дефанзивец Рафаел Маркес ќе ја води репрезентацијата на Мексико. Сепак, тој ќе ја преземе функцијата по завршувањето на Светското првенство 2026. Во моментов, 47-годишниот поранешен фудбалер на Барселона е асистент на актуелниот селектор Хавиер Агире, кој ќе се повлече по крајот на Светското првенство. Помошник на Рафа Маркес ќе биде Андрес Гуардадо, кој изгради солидна кариера во Шпанија со Бетис, Валенсија и Ла Коруња. Триесет ...
Типувањето за новото коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, веќе започна. Првиот натпревар започнува во сабота од 13:30 часот, а тоа значи дека дотогаш ќе може да ги пополнувате вашите прогнози за натпреварите од најквалитетните европски лиги. Во преден план е дерби-дуелот од италијанската Серија А помеѓу Милан и Јувентус. Најмногу натпревари, вкупно четири, се од шпанската Ла Лига, по три ...
Екипите на Манчестер сити, Челзи, Интер и Јувентус ќе одиграат пријателски натпревари во Хонг Конг во август, соопштија клубовите. На модерниот стадион „Каи Так стадиум“ со капацитет од 50.000 гледачи, кој беше отворен пред една година, тимот предводен од Пеп Гвардиола ќе се соочи со Интер на први август (сабота), на отворањето на „Хонг Конг фудбал фестивал“. Овој мини-турнир пред почетокот на сезоната ќе заврши на петти август, со ...
Раководството на Барселона планира да го засили тимот на Ханси Флик најмалку со две сериозни засилувања во летниот преоден рок, при што главни приоритети се Алесандро Бастони и Хулијан Алварес. Паралелно, клубот разгледува и опција за замена за Маркус Рашфорд бидејќи шансите тој да остане на „Камп ноу“ се мали. Според информациите, интересот е насочен кон крилото на ПСЖ – Бредли Баркола. Во Барселона би сакале Рашфорд да остане, но единствено ...
Викендот што измина навистина беше среќен за играчите во Sport Life, а за тоа доказ се и двата тикета во продолжение. Во Струмица беше одигран неверојатен тикет, кој на крајот донесе добивка од 524.511 денари нето, а влогот беше само 310 денари. Беа одиграни 11 натпревари, од кои два веќе беа започнати и се од „обложување во живо“, а игрите се вистински микс од конечен тип, комбинации со голови, игри на голови и тимови. Погодените квоти се ...
Напаѓачот на Верона, Гифт Орбан, јавно се извини за инцидентот што го направи по завршувањето на мечот против Милан. Верона го загуби тој дуел со 0:1 на свој терен, а по средбата, пред стадионот Орбан физички се пресмета со еден домашен навивач. Инцидентот се случи кога Орбан одби да се фотографира со навивачот, а лутиот фан удри по колата на фудбалерот. Тогаш Орбан излезе од автомобилот и го нападна навивачот. Поголем инцидент спречија ...
Поминаа точно 10 години откако во англиската Премиер лига се случи едно од најголемите изненадувања, Лестер стана шампион. Во таа 2016 година на Лестер му се даваа мали шанси дека може да не испадне од елитното друштво, а тој тим предводен од Џејми Варди и Нголо Канте на крајот се радуваше на шампионскиот трофеј. Потоа Лестер го освои и ФА купот и играше во Лигата на шампионите. Тоа беа најубавите денови во клупската историја, но едвај ...
Свеченото отворање на Светското првенство во училишен ракомет ќе биде вечерва на плоштадот „Македонија“ во строгиот центар на Скопје, а веќе од утре започнуваат возбудувањата на теренот. По одржаниот технички состанок беа одредени и термините за настап на македонските кадетски селекции. Машката кадетска репрезентација на Македонија натпреварите ќе ги одигра во салата „Македонско Сонце“, според следниот распоред: 22.04.2026 (10:30 часот), ...
1010 Брајтон – Челзи (21 ч.) Во последните четири кола Брајтон има три победи и едно реми, додека Челзи нареди четири порази и не освои ниеден бод. Со овој очаен биланс Челзи заостана дури седум бода зад петопласираниот Ливерпул и сега има само теоретски шанси да се бори за место кое води во Лигата на шампионите. Брајтон на свој терен сезонава во 16 меча претрпе само три порази, а интересно е дека ако се погледнат меѓусебните дуели, Брајтон ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас синоќа беше прогласен за спортист на годината добивајќи ја престижната награда „Лауреус“, на гала церемонија која се одржа во Мадрид. Алкарас беше одличен во минатата година кога ги освои гренслемите „Ролан Гарос“ и Отвореното првенство на САД, а сезоната ја заврши на првото место на светската ранг-листа. За нешто повеќе од еден месец ќе започнат возбудувањата токму на Ролан Гарос каде Алкарас треба да го ...
Фудбалот доминира во денешната понуда од Супер типот во Sport Life. Освен фудбалот, има само еден тениски и еден кошаркарски меч. Во кошаркарската Евролига, Барселона на свој терен да ја победи Црвена ѕвезда е со квота од 1.69, во полуфиналето на разигрувањето за влез во Топ 8. Фудбалските возбудувања ќе стартуваат уште напладне, кога во првенството на Јужна Кореја, Сеул е фаворит за победа над Бучон и за „кец“ има зголемена квота од 1.75. ...
Над 700 млади спортисти од целиот свет се пристигнати во Скопје и ќе бидат дел од Светското училишно првенство во ракомет, на кое домаќин е главниот град на нашата земја. Македонија на Мундијалот ќе настапи во машка и женска конкуренција, а селекторите веќе ги одредија составот. Предводникот на репрезентацијата до 18 години, Горан Кузманоски повика 14 ракометари. Македонија ќе биде во групата А заедно со Р.Српска, Грузија 1, Бугарија и ...
Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, влезе во вербален конфликт со тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа. Тензијата беше предизвикана од најновите поплаки на Кралскиот клуб за судењето во шпанската лига. Конфликтот ескалираше по натпреварот на Реал Мадрид против Жирона, во кој „белите“ беа незадоволни од она што го нарекоа „чист пенал“ што не беше досуден. Дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ заврши нерешено 1:1, па Реал сега заостанува дури ...
Пет интересни натпревари од најсилните фудбалски европски земји се дел од денешната понуда во Квоти на ден. Доколку сите пет понудени комбинации се одиграат заедно на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 43.51. Во реванш мечот од полуфиналето на Купот на Италија, Интер треба да го победи Комо, а потребно е да има најмалку еден погодок во второто полувреме за да биде добитна квотата од 2.20. Брајтон и Челзи треба да одиграат меч ...
Фудбалерите на Реал Сосиедад како вистински херои беа пречекани во Сан Себастијан од дури 100.000 луѓе. Величествениот дочек фудбалерите го заслужија со освојување на Купот на Шпанија. Во финалето на Купот, Сосиедад по голема борба, откако беше 2:2 по 120 минути игра, на пенали го победија Атлетико Мадрид со 4:3. Еуфоричните навивачи на Сосиедад од 2020 година чекаа да се израдуваат на еден голем пехар, а и пред шест години тоа беше трофејот ...
Манчестер сити со 2:1 го победи Арсенал во дербито на англиската Премиер лига, а еден од хероите на Граѓаните беше Ерлинг Халанд. Напаѓачот на Сити постигна гол во 65-тата минута за 2:1 на својот тим, а на крајот тоа се покажа и како клучен момент за освојување на трите бода. Со оваа победа Сити апсолутно се врати во трка за трофејот во првенството. Освен голот што го даде, Халанд вниманието го привлече и со еден детаљ кој немаше директна ...
Кошаркарите на Минесота го совладаа Денвер со 119:114 во вториот меч од првото коло на НБА плејофот во Западната конференција. Со овој триумф, Минеоста израмни на 1:1 во победи и сега серијата се сели на нивни терен. Денвер одлично започна и по првата четвртина имаше убедлива предност од 14 поени (39:25). Сепак, во втората четвртина гостите возвратија на ист начин и ги добија следните 12 минути со 39:25, за нерешено на полувреме. Денвер ...
Легендата на италијанскиот фудбал, Леонардо Бонучи, изјави дека сон му е селектор на Италија да биде Пеп Гвардиола. Според Бонучи кој му беше помошник на Џенаро Гатузо и не си даде оставка за разлика од Гатузо и шефот на делегацијата Џиџи Буфон, тоа е многу тешко остварливо, но „сонувањето е бесплатно“. Гвардиола во минатото повеќе пати истакнува дека му е омилена странска земја, има играно за Бреша и Рома, знае италијански, па Бонучи смета ...
Во лондонската пресметка помеѓу Кристал Палас и Вест Хем немаше голови, а ова е исход кој не им одговара ни на едните ни на другите, и донесе тага и во Вулверхемптон, бидејќи Волците на пет кола до крајот веќе немаат ни теоретски шанси да останат во Премиер лигата во која играа осум години по ред. На Палас победата му требаше во битка за излез во Европа, иако тие ќе имаат прилика да се најдат во Лига Европа и ако ја освојат Конференциската ...
Реал Мадрид ја освои јуниорската Лига на шампиони, младите момци на возраст до 19 години покажаа дека имаат квалитет, но Кралскиот клуб како да не им верува доволно на своите таленти и искуството кажува дека ретко кој од нив ќе заигра во првиот тим. Играчи како Хоан Мартинез, Диего Агуадо, Фортеа, Сестеро, Јањез, веќе дебитираа за првиот тим на Реал, а сега се европски шампиони и ќе чекаат шанса поредовно да играат за првиот тим. Секако во ...
Славниот Георге Хаџи е нов селектор на фудбалската репрезентација на Романија. Некогашниот фудбалер Реал Мадрид и Барселона, на оваа функција го наследува Мирчеа Луческу кој неодамна почина и остави голема празнина во романскиот фудбал. Договорот на Хаџи е на две години. Инаку, „Ароманецот“ Хаџи има потекло од егејскиот дел на Македонија, од каде неговите родители се преселиле во Романија. Како играч, Хаџи има 125 настапи за Романија и го ...
Екипата на Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите за фудбалери до 19 години, откако вечерва во финалето во Лозана на пенали го победи Клуб Бриж. Во регуларните 90 минути беше 1-1 (Реал поведе со убав гол со пета) , и се прејде на изведување пенали. Јунак на Реал е голманот Хави Наваро кој одбрани два удари од белата точка на младите Белгијци, а од Кралскиот клуб сите четорица кои шутнаа, постигнаа гол. Реал Мадрид и во 2020 беше европски ...
Баерн Минхен ја прими неофицијалната фудбалска репрезентација на Ватикан која не се натпреварува во натпреварувањата на УЕФА и ФИФА. Реакцијата на тренерот на Баерн, Винсан Компани, беше хит, бидејќи се пошегува со Ватиканците и нивните жолти дресови. „Не сте Борусија Дортмунд, нели?“, им рече Компани, по што сите се насмеаја и доби аплауз од тимот. Во ватиканскиот национален тим играат вработени од ватиканските музеи, членови на ...
Ждрепката за Светското училишно првенство во ракомет кое ќе се игра во Скопје, го смести машкиот тим на Македонија во групата А со Република Српска, Грузија, Бугарија и Саудиска Арабија. Во женска конкуренција, Македонија ќе игра во групата Ц заедно со Белгија, Грузија и Словачка. Селектор на машката училишна репрезентација е Горан Кузманоски, а женската ја предводи Даниела Новеска. На овој масовен настан ќе учествуваат 36 земји, кои ќе ...