Точно уште 10 дена остануваат до стартот на новото првенство во Премиер лигата, а првиот меч ќе се игра на стадионот на шампионот Арсенал. Топчиите стартот на одбраната на титулата ќе го започнат со дуел против Ковентри, кој е повратник во Премиер лигата. Во Арсенал на секое поле се подготвуваат за новата сезона, па така извршниот директор, Ричард Гарлик, вети дека ќе продолжи со борбата против сите форми на дискриминација откако на деветмин ...

Минатото лето најголемиот трансфер во светскиот фудбал го направи Флоријан Вирц, кој од Баер Леверкузен за сума од 135 милиони евра го облече дресот на Ливерпул. Во првата сезона Вирц имаше солиден учинок од седум постигнати гола, плус имаше 10 асистенции, но факт е дека од германскиот репрезентативец се очекуваше повеќе. Напаѓачот сега е многу поуверен дека во новата сезона ќе има многу подобри играчи на теренот. „Дефинитивно научив многу. ...

Актуелниот фудбалски првак на Македонија, Вардар уште е во неизвесност кој ќе биде новиот тренер. Црвено-црните останаа без кормилар од клупата, откако Аргентинецот Кристијан Фабијани си замина по очајниот старт во новата сезона. Вардар лошо започна откако беше елиминиран на стартот од квалификациите во Лига на шампиони од фински КуПС. Потоа истата судбија македонскиот првак да доживеа и во квалификациите од Конференциската лига на УЕФА, кога ...

Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов со својот Левски ќе игра во плејофот за пласман во Лига на шампиони. Левски вечерва по втор пат славеше против Каират Алмати, овојпат на гости минимално со 1:0. Ако на оваа победа се додаде и триумфот од минатата недела во Софија со 1:0, бугарскиот првак со вкупен резултат од 2:о оди во следната фаза. Серафимов денеска го одигра целиот меч и беше одличен во дефанзивата, недозволувајќи на ...

Иднината на египетскиот напаѓач Омар Мармуш во Манчестер сити зависи од неговата одлука. Тренерот Енцо Мареска признава дека 27-годишниот фудбалер сака поголема минутажа, но нагласува дека останувањето во клубот е негов избор. Мармуш не успеа да обезбеди постојано место во стартниот состав откако во јануари 2025 година пристигна од Ајнтрахт Франкфурт. Минатата сезона одигра 22 натпревари во Премиер лигата, а на уште 15 влезе од клупата. ...

Чилеанската фудбалска ѕвезда Алексис Санчес е пред продолжување на кариерата во американската МЛС. Триесет и седумгодишниот напаѓач ќе му се приклучи на канадскиот клуб Монтреал како слободен играч. Санчес со клубот од МЛС-лигата ќе потпише двегодишен договор, а документацијата за трансферот веќе е финализирана. Неговиот последен клуб беше Севиља, каде што во сезоната 2025/26 постигна четири гола и забележа две асистенции на 30 натпревари. ...

Астон вила испратила официјално барање за информации за Џонатан Дејвид, потег кој би можел да биде клучен за плановите на Јувентус во нападот. Според „Тутомеркатовеб“, тимот на Унаи Емери ја испитувал можноста за ангажман на канадскиот напаѓач, вклучително и опцијата за позајмица. Сепак, засега не се започнати официјални преговори меѓу клубовите. За Јувентус, интересот од Астон вила доаѓа во вистински момент. Џовани Карневали и Фредерик ...

Манчестер сити веќе размислува за потенцијална замена за Родри, а на листата на желби на англискиот шампион се најде и ѕвездата на Ливерпул, Алексис Мекалистер, откриваат британските медиуми. Името на аргентинскиот репрезентативец веќе било разгледувано од челниците на „Етихад“. Сепак, засега нема официјални преговори меѓу двата англиски клуба, ниту конкретен развој околу можен трансфер. Претставници на Манчестер сити досега стапиле во ...

Европската фудбалска асоцијација УЕФА ја претстави новата платформа Clear Line, која ќе се користи во претстојната сезона на Лигата на шампионите, најелитното клупско натпреварување во светот. УЕФА ја претстави Clear Line на јавноста, а оваа платформа има цел да го подобри користењето на ВАР-технологијата. УЕФА ја опиша оваа платформа како прв водич што специфицира кога и како треба да се користи ВАР-технологијата. „Прашањето што сите го ...

Пари Сен Жермен постигна договор со Парма за трансферот на јапонскиот голман Зион Сузуки. Францускиот гигант ќе плати 35 милиони евра за 23-годишниот голман, кој ќе потпише петгодишен договор со ПСЖ. Иако парижаните имаат големи планови за Јапонецот и во него гледаат голман за иднината, Сузуки нема веднаш да добие шанса во првиот тим. Луис Енрике и во следната сезона планира да се потпре на Матвеј Сафонов и Лукас Шевалие. Поради тоа, Сузуки ...

Елиф Елмас би можел и следната сезона да остане во Серија А откако за услугите на македонскиот репрезентативец сериозен интерес покажала Фиорентина. Според информациите на „Кориере дело спорт“, клубот од Фиренца веќе испратил понуда до Елмас, кој во моментов внимателно ја разгледува можноста за преселба во нова средина. Македонскиот фудбалер сè уште нема донесено конечна одлука и побарал време за да размисли дали да ја прифати понудата и да ...

Ромелу Лукаку е најновата голема ѕвезда која ќе ја продолжи кариерата во Турција. Белгискиот напаѓач е пред трансфер од Наполи во Фенербахче откако двата клуба постигнале договор за неговиот ангажман. Турскиот гигант ќе плати повеќе од 6 милиони евра за 33-годишниот напаѓач. Наполи ја прифатил последната понуда на Фенербахче откако Лукаку повеќе не е во плановите на италијанскиот клуб. Лукаку веќе ги договори личните услови со турскиот клуб и ...

Италијанскиот калчолигаш Рома покажува сериозен интерес за крилниот напаѓач на Арсенал, Габриел Мартинели, информира „Кориере дело спорт“. Според весникот, спортскиот директор на Волчицата, Тони Д’Амико, веќе работи на можноста за ангажирање на бразилскиот репрезентативец во тековниот трансфер-период. Се смета дека евентуалниот трансфер на 25-годишниот фудбалер би го чинел италијанскиот клуб меѓу 40 и 45 милиони евра. Првична цел на Рома ...

Роналд Араухо неочекувано ја напушти Барселона и замина на позајмица во Ливерпул, а сега уште еден дефанзивец на каталонскиот гигант би можело да го напушти „Камп ноу“. Станува збор за Жил Кунде. Според информациите од Каталонија, Французинот повеќе не е меѓу играчите кои се сметаат за недопирливи, па Барселона сериозно би ги разгледала понудите за него. Кунде досега беше задоволен во Барселона, но наводно во последниот период дошло до ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го поддржа претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој во последниот период се соочува со критики поради наводна врска на работното место и неуспешна шема за приватни инвестиции. Трамп во објава на „Трут соушал“ порача дека ФИФА би направила „огромна грешка“ доколку размислува за смена на Инфантино. Американскиот претседател го опиша како „фантастичен“ и истакна дека под негово раководство било ...

Сагата околу иднината на Хулијан Алварес доби нов пресврт. Аргентинскиот напаѓач, според „Мундо депортиво“, размислува од денес да не се појавува на тренинзите на Атлетико Мадрид, со што би извршил дополнителен притисок врз клубот. Алварес сака да го напушти Атлетико и да се пресели во Барселона, екипа која веќе подолго време покажува сериозен интерес за него. Аргентинецот сè уште има договор со мадридскиот клуб, кој нема намера лесно да се ...

Сомалискиот судија Омар Артан ќе испише историја во среда, во Салцбург, откако ќе стане првиот неевропски арбитер кој ќе го суди натпреварот за Суперкупот на Европа. Триесет и четиригодишниот Артан се наметна како еден од најдобрите африкански судии. Тој е првиот Сомалиец кој судел финале во афирканската Лига на шампиони, а беше прогласен и за најдобар машки судија на годината во Африка. Од УЕФА објаснија дека неговото назначување е резултат ...

Хари Кејн е пред потпис на нов договор со Баерн Минхен со којшто би останал во баварскиот клуб до летото 2029 година. Според „Тајмс“, преговорите за продолжување на соработката се во завршна фаза и потписот би можел да биде ставен уште следната недела, по враќањето на Кејн од одморот. Англискиот напаѓач има договор до јуни 2027 година, но Баерн сака да стави крај на сите шпекулации за неговата иднина. Не се очекува значително зголемување на ...

Потресен од загубата на својот татко, Лионел Меси решил да ја стави кариерата во мирување на неопределен период за да остане со своите најблиски во Росарио. Таткото на аргентинската легенда почина на 68-годишна возраст во клиника во Росарио по долго боледување. Меси беше исклучително близок со својот татко. Од Њуелс олд бојс, па сè до заминувањето во Шпанија, Хорхе Меси беше покрај својот син во секој важен момент од неговиот развој, ...

6713 Црвена ѕвезда – Хапоел Бершева (20:00) Црвена ѕвезда одигра лош меч против Хапоел на гостински терен во Унгарија и загуби со 1-0, па сега нема избор и ако сака пласман во плејофот, тогаш ќе мора да победи. Белградските „црвено-бели“ се големи фаворити, но тоа треба да го покажат и на теренот. Предлог тип: 1&1+I&3+ (1.80) 6725 Цеље – Арарат Ерменија (20:15) Цеље ја има фаворитската улога против шампионот на Ерменија и од нив се ...

Барселона ја одби првата официјална понуда на ПСЖ за Феран Торес. Францускиот шампион понудил 50 милиони евра, но сумата била поделена на фиксен дел и бонуси. Каталонскиот клуб сака да добие 50 милиони евра во фиксен износ, плус дополнителни бонуси, па ПСЖ веќе подготвува подобрена понуда. Според информациите, спортските директори на двата клуба, Деко и Луис Кампос, веќе неколку дена разговараат за условите за трансферот. Разликите не се ...

Натпревари од фудбал и тенис се дел од понудата со зголемени квоти во Sport Life, Супер типот. Фудбалот доминира со 14 натпревари, додека останатите два се од тенисот. Во Супер типот за вторник може да најдете зголемени квоти за 72 игри, и тоа за конечен тип, игри на голови, тимови, но и комбинација од конечен тип и голови. Првиот натпревар започнува во 15 часот, додека првиот фудбалски меч на програмата е од 17 часот. Во Супер типот ...

Сагата околу иднината на Душан Влаховиќ е пред самиот крај. Српскиот напаѓач постигнал договор со турскиот гигант Бешикташ и наскоро треба да биде официјално претставен како ново засилување. По неколку недели преговори, Влаховиќ ја прифатил понудата на клубот од Истанбул. Според информациите, 26-годишниот напаѓач ќе потпише тригодишен договор со годишна нето-плата од околу осум милиони евра. Во договорот ќе има и бонуси, со кои неговата ...

Пет меча од европските фудбалски купови се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Петте предлози заедно имаат квота од 53.4, додека поединечно квотите се движат помеѓу 2.00 и 2.40. Најголемата квота, 2.40, ќе биде добитна само ако Бодо/Глимт слави над Унион во меч на кој нема да бидат постигнати повеќе од четири гола. Од фудбалерите на Динамо Загреб се очекува нова победа, а квотата од 2.25 ќе биде добитна доколку тоа до направат ...

Баерн Минхен е во потрага по напаѓач кој може да биде алтернатива за Хари Кејн, а според последните информации, изборот паднал на Бразилецот Игор Тијаго од Брентфорд. Баварците сакаат да донесат класичен централен напаѓач кој ќе има улога на замена за Кејн. Откако не успеале да постигнат договор со Душан Влаховиќ, Баерн започнал преговори за ангажман на 25-годишниот Тијаго. Бразилецот во последните две сезони остави одличен впечаток во ...

Ендрик би можел да има многу поважна улога во Реал Мадрид во новата сезона, откако Жозе Мурињо наводно го убедил клубот да се откаже од идејата за нова позајмица на младиот Бразилец. Португалскиот тренер смета дека Ендрик не треба да бара нов клуб за да добие поголема минутажа, туку треба да остане во Мадрид и да се бори за место во тимот. Токму поради тоа, Мурињо наводно побарал од раководството на Реал да ги прекине разговорите за можна ...

Хулијан Алварес наводно е подготвен на конкретен потег за да го напушти Атлетико Мадрид и да се пресели во Барселона. Според „Мундо Депортиво“, аргентинскиот напаѓач сака кариерата да ја продолжи на „Камп Ноу“, а денес планирал разговор со Диего Симеоне. Алварез наводно сакал од тренерот да побара помош за реализација на трансферот. До разговорот, сепак, не дошло бидејќи Симеоне не бил во клубот. Аргентинскиот стратег заминал на два дена ...

Душан Влаховиќ е пред една од најважните одлуки во кариерата, а понудата која пристигнува од Турција дефинитивно привлекува внимание. Бешикташ сериозно влезе во трката за потписот на српскиот напаѓач и подготвил финансиски услови кои тешко се игнорираат. Според „Газета дело спорт“, турскиот гигант веќе воспоставил контакт со таткото на Влаховиќ, Милош, и ја презентирал својата понуда. Идејата е 26-годишниот голгетер да потпише четиригодишен ...

Јувентус ја насочи својата нова трансферна офанзива кон Унаи Симон. Шпанскиот репрезентативец се појави како изненадувачка опција за Бјанконерите, кои се во потрага по нов голман. Според „Тутомеркато“, повикувајќи се на информации на „Раи Спорт“, Јувентус во следните часови ќе ја испита можноста за ангажман на голманот на Атлетик Билбао. Вредноста на Симон се проценува на околу 25 милиони евра, а неговото евентуално пристигнување би можело да ...

Габриел Жесус би можел да ја продолжи кариерата во Наполи. Според информациите на италијанските медиуми, бразилскиот напаѓач дал согласност за преселба во Неапол и ја одобрил оваа опција како можна следна дестинација. Сепак, Наполи има проблем кој мора да го реши пред да испрати официјална понуда до Арсенал и самиот фудбалер. Партенопеите прво мораат да ослободат простор во нападот, а во план е продажба на Ромелу Лукаку и уште еден фудбалер. ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
83%
1024
weather icon

Загреб

4ᴼ / 1ᴼ
1.03
86%
1025
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
0.45
89%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.79
95%
1028
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.6
96%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.13
74%
1029
weather icon

Тирана

13ᴼ / 12ᴼ
4.12
100%
1025
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
1025
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
91%
1029
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
2.24
84%
1026
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
1.55
100%
1030
Currency

61.548

Currency

54.966

Currency

73.744

Currency

37.992

Currency

39.15

Currency

67.22

Currency

8.2483

Currency

0.67176

Currency

0.34733

Currency

0.52331

Currency

1.0968

Currency

0.58441

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Иридиум

321507.47

Злато

130856.75

Сребро

1666.05

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Цинк

3.76