Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Фудбалерите на Вардар повторно ги разочараа своите навивачи откако на арената „Тодор Проески“ вчера со 0:2 загубија од Шкендија во дербито на второто коло во Прва фудбалска лига на Македонија. По овој пораз, Вардар уште на стартот на новата сезона направи кикс во трката за одбрана на трофејот. Иако е уште првата половина на август, Вардар веќе нареди неколку порази. Македонскиот првак беше елиминиран на стартот од квалификациите во Лигата на ...
Три тениски дуели ја нарушуваат доминацијата на фудбалот во денешната понуда на Супер типот во Sport Life. За љубителите на тенисот делува дека има три сигурици кои имаат примамливи зголемени коефициенти за победи на фаворитите. Мек Доналд Нилс да слави над Петковиќ е со квота од 1.71, додека Чечинато да се радува против Хард носи коефициент од 1.48. Од фудбалите, Мура пред своите навивачи да го победи Радомље се вреднува со коефициент 2.05, ...
Турскиот репрезентативец Арда Ѓулер се најде во фокусот на вниманието откако од Франција пристигна информација дека играчот на Реал Мадрид се договорил за преселба во Пари Сен Жермен. Според реномираниот француски весник „Л’Екип“, Ѓулер ги прифатил личните услови што му ги понудиле од ПСЖ, а доколку дојде до реализација на евентуален трансфер, тој би заработувал 18 милиони евра по сезона. Ѓулер стигна во Реал Мадрид како еден од ...
Пет интересни натпревари кои се денеска на програмата се дел од понудата на Квоти на ден во Sport Life. Доколку сите пет понудени комбинации се одиграат заедно на еден тикет, вкучниот коефициент кој се добива е 37.97. Силкеборг е домаќин на Оденсе и тука е потребно во првото полувреме да има од еден до два гола, а во вториот дел да бидат постигнати од еден до три погодоци. Оваа комбинација се вреднува со квота од 2.10. Одс да не загуби на ...
Најубавите фудбалски потези не мора секогаш да доаѓаат од најсилните и најатрактивни натпреварувања како што се Лигата на шампионите, Премиер лигата или да бидат од мечеви кои се играат на најголемите стадиони во светот. Доказ дека е така пристигна од втората лига на рускиот фудбал, каде беше направена можеби најлудата асистенција за погодок. На мечот од петтото коло на руската втора лига помеѓу СКА Хабаровск и Спартак Кострома, гостите ...
Шкендија вчера победнички си замина од гостувањето во Скопје, триумфирајќи против најголемиот ривал Вардар со 2:0. Тренерот на Шкендија, Артим Положани, беше задоволен од тоа како одиграа неговите фудбалери, посебно ако се знае дека тие имаат и европски предизвици, а беа и без неколку повредени фудбалери. „Мислам дека ова беше сосема заслужена победа и ова е исто така заслуга на момците, бидејќи одиграа исклучително добар натпревар. Првото ...
Иднината на Родри во Манчестер сити повторно е во центарот на вниманието. Шпанскиот репрезентативец е голема желба на Барселона, но евентуалниот трансфер на „Камп Ноу“ нема да биде едноставен. Додека Родри сè уште е на одмор по настапот на Светското првенство, Манчестер Сити ги продолжува подготовките за новата сезона. Тренерот на „граѓаните“, Енцо Мареска, по победата над Атлетико Мадрид од 3:1 зборуваше за ситуацијата со Родри. „Во овој ...
Нејмар би можел да направи голем трансфер во Интер Мајами на почетокот од следната година и повторно да заигра со своите поранешни соиграчи од Барселона, Лионел Меси и Луис Суарез. Ова го откри неговиот поранешен репрезентативен соиграч Фелипе Мело, кој е близок пријател со бразилската ѕвезда. Според него, во кругот на Нејмар се зборува дека напаѓачот ќе го напушти Сантос и ќе се пресели во МЛС. Нејмар би можел така повторно да се обедини со ...
Барселона повторно ја разгледува можноста за ангажман на Ајмерик Лапорт од Атлетик Билбао, но евентуалниот трансфер нема да биде лесен. По заминувањето на Роналд Араухо во Ливерпул, Ханси Флик сака да процени дали му е потребен уште еден искусен стопер. Меѓу опциите повторно се најде Лапорт, а конечната одлука ќе биде на германскиот стратег. Шпанскиот репрезентативец би донел големо искуство, одлична игра со левата нога и сигурност при ...
Севиља го направи еден од поинтересните потези во летниот преоден рок, откако го ангажираше 22-годишниот шкотски напаѓач Роби Јур од шведски Сириус. Јур со одличните настапи во Шведска привлече внимание од повеќе европски клубови, но на крајот ја избра Севиља. За неговиот трансфер шпанскиот клуб ќе плати девет милиони евра. Шкотланѓанецот, кого во Шведска го споредуваат со Ерлинг Халанд, сезонава има импресивен учинок – 15 голови на исто ...
Манчестер Јунајтед направи голем пресврт околу иднината на Маркус Рашфорд, откако клубот одлучи да му го додели дресот со број 14. Според Фабрицио Романо, овој потег е јасна порака дека англискиот репрезентативец повторно е дел од плановите на клубот. Рашфорд во следниот период ќе го носи бројот 14, а дополнителен знак дека се смета на него е фактот што тој патува со тимот. Иако во изминатите недели многу се зборуваше за негово заминување од ...
Душан Влаховиќ би можел кариерата да ја продолжи во Турција, а Бешикташ веќе направил конкретен чекор за ангажман на српскиот напаѓач. Влаховиќ е сè поотворен за преселба во Истанбул, особено затоа што сака што побрзо да најде нов клуб и да се врати на теренот. Важна улога во можниот трансфер има тренерот на Бешикташ, Винченцо Италијано, кој одлично го познава Влаховиќ од периодот во Фиорентина. Токму Италијано наводно контактирал со ...
Ливерпул доживеа пораз од Монако во пријателски натпревар на „Енфилд“, откако францускиот тим славеше со 3:2. „Црвените“ одиграа одлично прво полувреме и стекнаа предност од 2:0. Александар Исак погоди во 16. минута, а Флоријан Вирц во 29. минута зголеми на 2:0. Сепак, Монако намали непосредно пред паузата. Вирџил ван Дајк направи прекршок за пенал, а сигурен реализатор беше Александар Головин. Во 56. минута Мика Бирет го израмни резултатот ...
Жозе Мурињо не е целосно задоволен од физичката подготвеност на Бернардо Силва по неговото деби за Реал Мадрид. Португалскиот играч за врска летово пристигна во Мадрид како слободен фудбалер од Манчестер сити, а во саботата го одигра второто полувреме во победата од 2-1 против Ференцварош. „Тој е исклучително важен играч, но спаѓа меѓу оние кои целосно се исклучуваат за време на одморот и не работат ништо. Поради тоа на подготовките пристигна ...
Фудбалерите на Вардар по двојната елиминација во европските купови, загубија и од најголемиот ривал за титулата во домашното првенство. Шкендија сосема заслужено славеше сп 0-2 на Националната арена, а фудбалерите на Вардар со свирежи беа испратени од публиката на јужната трибина. Во текот на мечот, кога Вардар веќе имаше негатива, од трибините можеа да се слушнат и скандирања „Оди си Миленко“ и „Ова не е Вардар“. Фудбалерите на Вардар по ...
Првата „црвено-црна“ битка за шампионската титула во новата сезона помеѓу Вардар и Шкендија ѝ припадна на екипата од Тетово. Откако првото полувреме на Националната арена мина мирно и без голови, битката се разгоре во вториот дел. Фабрис Тамба во 52-рата минута донесе водство за Шкендија, а истиот фудбалер во 76-тата минута стави точка на победата од 0-2 за тетовските „црвено-црни“. Според играта во второто полувреме, фудбалерите на Шкендија ...
Шкендија сосема заслужено забележа победа од 0-2 во првото „црвено-црно“ дерби оваа сезона и тоа на гостински терен во Скопје. Вардар одигра катастрофално второ полувреме, а по завршувањето на мечот можеа да се видат немили сцени на тревникот. Во мешаницата учествуваа фудбалерите на двете екипи, но и резервните клупи. Навистина непотребно, бидејќи мечот на Националната арена беше мирен и на тревникот и на трибините, а Шкендија заслужено го ...
Екипите на Скопје и Струга одиграа нерешено, 1-1, на нивниот меѓусебен дуел од второто прволигашко коло. Поранешниот шампион на Македонија ја имаше фаворитската улога, но на крајот не успеа да победи на мечот кој се одигра на теренот на ФФМ во Ново Лисиче. Откако по првиот дел немаше голови, Струга дојде до водство од 0-1 со голот на Христијан Малески во 58-мата минута. Сепак, радоста на стружани траеше само десеттина минута, бидејќи Беровиќ ...
ПСЖ испратил официјална понуда до Реал Мадрид за турскиот репрезентативец Арда Ѓулер, тврдат шпанските медиуми. Според информациите, европскиот шампион понудил дури 115 милиони евра за 21-годишниот играч за врска. Доколку трансферот биде реализиран, Ѓулер би бил меѓу најскапите продажби во историјата на Реал Мадрид. Турчинот пристигна во Мадрид од Фенербахче, но и покрај проблемите со повреди и ограничената минутажа во почетокот, со текот на ...
На дерби-дуелот од Првата лига помеѓу Вардар и Шкендија на Националната арена нема голови по првиот дел. Двете екипи одиграа „мирни“ 45 минути, а и Вардар и Шкендија имаа свои моменти кои не успеаја да ги искористат. Вардар беше подобар противник во воведниот дел од мечот и имаше иницијатива се до паузата за вода, а потоа следуваше иницијатива на Шкендија, чии фудбалери како да се ослободија и заиграа далеку подобро. Сепак, сето тоа не беше ...
Легендарниот италијански фудбалер Паоло Малдини даде опширно интервју за „Кориере дела сера“, во кое зборуваше за турбулентните неколку недели и неговото кратко ангажирање како технички директор на италијанската репрезентација. Малдини на функцијата се задржа само 16 дена, а во тој период разговарал со Пеп Гвардиола за преземање на селекторската позиција, додека бил договорен и ангажманот на Андреа Пирло. Сепак, Пирло отпаднал поради ...
Ракометните сојузи на Македонија, Србија и Словенија, ќе поднесат заедничка кандидатура за организација на Европското првенство во 2034 година. Оваа информација ја потврди првиот човек на српскиот ракомет, Божидар Ѓурковиќ, кој ги откри и деталите од кандидатурата. „Во изминатите денови имавме три состаноци со претставниците на федерациите на Македонија и Словенија и начелно се договоривме околу сè. Пред официјално да ја објавиме заедничката ...
Фудбалската асоцијација (ФА) им нареди на клубовите кои се дел од системот на Националната лига да ги отстранат оградите од тули и бетон околу теренот или да ги заштитат со соодветни прекривки. Оваа одлука доаѓа за да се засили безбедностапо трагичната смрт на фудбалерот Били Вигар. Поранешниот младински играч на Арсенал, Били Вигар (21), почина во септември 2025 година од сериозна повреда на мозокот што ја претрпе откако удри во бетонска ...
Машката кадетска репрезентација на Македонија постигна голем успех, откако оспеа да го освои деветтото место на Европското кадетско првенство за играчи до 18 години во Србија. Нашите ракометари до големиот успех дојдоа со пет победи по ред во разигрувањето за пласман, а попладнево славеа со 39-29 над Израел. Дуелот против Израелците беше неизвесен се до десеттина минути пред крајот, кога Македонија имаше водство од 29-28, но следуваше пеколна ...
Шамрок роверс со 3:2 славеше над Дандалк во меч од првенството на Ирска, а дуелот ќе се памти по еден необичаен инцидент. Сите најинтересни возбудувања, а и петте гола беа постигнати во првото полувреме. Памрок водеше со 1:0, потоа имаше предност и од 2:1, кога во 27 минута беше досуден пенал за гостите. Хорган беше фудбалерот кој погоди од белата точка, а потоа тргна да прославува пред трибината на која беа домашните навивачи. Ваквиот потег ...
Можеби најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, ги преживува најтешките моменти во приватниот живот. Неговиот татко Жорге Меси почина на 68 години, па Лео веднаш со приватен авион пристигна во родната земја, за да присуствува на погребот во Росарио. Lionel Messi arribó este sábado por la noche a Rosario, Argentina, para acompañar a su familia tras la muerte de su padre, Jorge Messi, quien falleció a los 68 años en un sanatorio de la ...
Реал Мадрид на неславен начин ја заврши претходната сезона. Ниту еден трофеј не освои Кралскиот клуб, а во финишот на сезоната се случи скандал во кој учествуваа две ѕвезди на тимот. Капитенот Валверде и Чуамени се степаа, а подебелиот крај го озвлече Валверде кој заврши во болница. Подоцна, Реал Мадрид ги казни двајцата играчи поради недисциплина со по неверојатни 500.000 евра. Летово за нов тренер на Реал беше назначен Жозе Мурињо. ...
Речиси неверојатна сцена за време на еден фудбалски натпревар во Уругвај, а на крајот, фудбалската топка предизвика судир со автомобили на патот до стадионот. Натпреварот од втората лига на уругвајскиот фудбал помеѓу Уругвај Монтевидео и Пајсанду кој заврши со победа на домашниот тим од 1:0 ќе се памети по сцената од 25-тата минута. Дефанзивецот на домашниот тим шутираше една топка надвор од теренот и со тоа спречи контранапад. Таа падна ...
Актуелниот шампион Вардар и вицепрвакот Шкендија веќе во второто коло од новата сезона ќе ја имаат првата пресметка. На Арената „Тодор Проески“ денеска од 17 часот се игра големото дерби меѓу двата тима кои повторно се најголеми аспиранти за титулата. Вардар го брани трофејот, а Шкендија сака да го врати. Голманот на Вардар, Давор Талески, има и посебни мотиви секогаш кога игра против Шкендија, тој е поранешен играч на тетовскиот клуб. ...
Манчестер Сити е чекор поблиску до потпишување на договорот со играчот од средниот ред на Лил, Ајуб Буади, откако постигна усмен договор. Тинејџерот кој игра во средниот ред веќе ги договорил лич ните услови со граѓаните, а сега се чека да се подтигне договор меѓу двата клуба. Лил бара 100 милиони евра за Буади, но францускиот тим инсистира 18-годишникот да остане во клубот на позајмица за претстојната сезона, верувајќи дека уште една сезона ...