Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
ПСЖ и Ливерпул продолжуваат со преговорите за трансферот на Бредли Баркола, а според францускиот „Л’Екип“, во двата клуба владее оптимизам дека на крајот ќе биде постигнат договор. Францускиот репрезентативец е една од главните трансферни цели на Ливерпул, каде што го гледаат како долгорочна замена за Мохамед Салах. Според дел од медиумите, Баркола веќе ги договорил личните услови со англискиот клуб. Сепак, најголемата пречка останува ...
Арсенал продолжува со потрагата по нов крилен напаѓач, а според англиските медиуми, една од главните цели на лондонскиот клуб е сенегалскиот репрезентативец Илиман Н’диаје од Евертон. Откако стана јасно дека нема да успее да го ангажира Винисиус, актуелниот англиски шампион се свртел кон 25-годишниот офанзивец, за кого веќе испратил првичен интерес до Евертон. Н’диаје во изминатиот период се поврзува со неколку клубови, а дополнителен сигнал ...
Најдобриот фудбалер на штотуку завршеното Светско првенство, Родри, ги договори личните услови со Барселона, но кога се чинеше дека на трансфер-сагата ќе ѝ дојде крајот, Манчестер сити ја одби првата понуда од Каталонците. Барселона понудила 50 милиони евра, плус 10 милиони евра во бонуси, но тоа за челниците на Граѓаните е премалку, па нивните очекувања се дека ќе добијат 65 милиони евра. Сепак, Манчестер сити ризикува да го загуби Шпанецот ...
На подготовките во Англија, тренерот на Барселона, Ханси Флик, однесе голем број фудбалери, но веќе сфати дека некои од нив сè уште не се дел од првиот тим и по враќањето во Барселона реши тоа да им го соопшти. Барселона помина десет дена на подготовки во Англија, а базата на каталонскиот тим беше Бирмингам, каде што одигра пријателски натпревар. Каталонскиот тим сè уште не е комплетен бидејќи играчите коишто играа на Светското првенство ќе ...
Летниот преоден рок е во полн ек, а често сме навикнати големите клубови во финишот да ги направат најатрактивните трансфери. Сепак, ова лето не е така, барем ако се работи за Реал Мадрид. Кралскиот клуб уште од почетокот на летниот преоден рок тргна офанзивно. Кралскиот клуб вчера го комплетира трансферот на Диоманде и со 140 милиони евра тоа е најскап трансфер во клупската историја. Со тој трансфер Реал Мадрид веќе погроши над 200 милиони ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се наоѓа во најголемиот кризен период откако е дојден на чело на најважната фудбалска федерација. Тој имаше план на приватни корпорации да го продаде правото за организирање на Светското првенство, но тој пропадна откако се побунија поголем дел од националните федерации. Најжесток напад кон Инфантино дојде од УЕФА, од каде што се заканија со целосен бојкот на натпреварувањата кои се во организација на ...
Кадетската репрезентација на Македонија славеше над врсниците од Португалија со 26:25 во меч од Европското првенство. Со овој триумф, нашите надежи се изборија да играат во борба за деветото место на континенталниот собир и тоа против подобриот од мечот меѓу Австрија и Израел. Ќе беше голема штета Македонија да не славеше против Португалија, ако се знае текот на мечот. Од самиот старт нашите надежи поведоа со 2:0 и постојано имаа контрола на ...
По неколкумесечно затишје по раскинувањето на свршувачката, Лука Дончиќ и неговата поранешна партнерка Анамарија Голтес повторно се во центарот на вниманието на медиумите. Американскиот портал „ТМЗ спортс“ објави дека словенечката манекенка се откажала од тужбата за алиментација што ја водеше пред суд во Лос Анџелес за нивните две ќерки. Првично се шпекулираше дека Голтес се решила на вонсудска спогодба бидејќи проценките биле дека има мали ...
Шпанскиот репрезентативец Родри најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Барселона, иако во изминатите недели најмногу се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид. Шпанските медиуми откриваат дека токму еден телефонски разговор бил пресуден за неговата конечна одлука. Откако со Шпанија ја освои светската титула и беше прогласен за најдобар играч на Светското првенство, Родри се најде на радарот на неколку европски гиганти. Долго време се ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ја загуби поддршката од голем број фудбалски Федерации откако настојуваше да ги продаде правата за Светското првенство. Најжестоки во противењето на оваа идеја беа европските селекции и од УЕФА најавија целосен бојкот на ФИФА. Рамо до рамо со УЕФА застана и азиската конфедерација, како и најголем дел од членките во Северна Америка. Сепак, изненадувачка е последната реакција која пристигна од Аргентина. ...
Возбудувањата во второто коло од Прва фудбалска лига на Македонија ќе започнат денеска, со мечот меѓу Шкендија Арачиново и Силекс. Бидејќи тимот од Арачиново нема право да игра на своето игралиште, мечот против кратовци како домаќин ќе го игра на стадионот во „Чаир“. Интересно е дека по пауза од една година, се враќа прволигашкиот фудбал на легендарниот стадион во „Чаир“. Минатата сезона иако Шкупи беше дел од елитното друштво, чаирчани ...
Екипата на Лидс јунајтед и офцијално го доведе голманот Џејмс Трафорд од Манчестер сити, поставувајќи нов клупски рекорд по висината на трансферот. Трафорд пристигна на „Еланд роуд“ за трансфер вреден 40 милиони фунти, вклучувајќи ги и дополнителните бонуси. Оваа сума го надминува досегашниот клупски рекорд кој го држеше Жоржињо Рутер, кој во јануари 2023 година за сума од 35,5 милиони фунти пристигна од тимот на Хофенхајм. Голманот Трафорд ...
2801 Сондерјиске – Виборг (19 часот) Сондерјиске е веројатно најслабиот тим во новата сезона од данскиот шампионат и тоа Виборг треба да го искористи. Типуваме на победа на гостите. Предлог тип: 2 (1.90) 1655 Камбур – Екселсиор (20 часот) Тешко е тука да се прогнозира победникот, па ќе одиме на голови. Наш тип е дека ќе има од еден до три гола во двете полувремиња. Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.88) 1811 Бохум – Херта (20.30 часот) ...
Светскиот клупски шампион Челзи продолжува да се засилува пред новата сезона, откако го договори трансферот на Пеп Чаварија од Рајо Ваљекано. Левиот бек ќе потпише долгорочен договор со Сините, додека Челзи за неговите услуги ќе му исплати на шпанскиот клуб 19 милиони евра, плус дополнителни два милиони евра преку бонуси. Двата клуба наскоро треба да ја финализираат документацијата, по што Чаварија и официјално ќе биде претставен како ново ...
Денешните Квоти на денот би направиле навистина одличен тикет. Петте предлози заедно сочинуваат коефициент 40,63. Во Данска, Сондерјиске го пречекува Виборг и квотата на денот е 1.95 ако гостите постигнат еден или два гола во првото полувреме. Алтах се среќава со Тирол, а квотата на денот е 2.20 ако во првиот дел има најмногу еден гол, додека во второто полувреме бидат постигна еден до два гола. Бохум игра против Херта и ако двете екипи ...
Извршниот комитет на Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ) едногласно ја потврди својата поддршка за претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, заземајќи став спротивен на своите колеги од Европа, Северна Америка и Азија. Во истиот ден кога УЕФА соопшти дека ќе ги бојкотира идните светски првенства на сите нивоа сè додека Инфантино е на чело на ФИФА, највисокото раководно тело на ЦАФ застана зад неговата кандидатура за нов мандат на ...
Фудбалот ја има доминацијата, но разновидност во денешниот Супер тип носи и тенисот. Се разбира, целата понуда е со максимално зголемени квоти. Дуелот меѓу Јокохама и Кашима ја отвора понудата, а потоа возбудувањата продолжуваат од 18 часот, со фудбалски и со тениски мечеви. Зголемени се квотите на Кашима, Осака, Виборг, Сандефјорд, Остерсунд, Алтах, НАЦ Бреда, Дордрехт, Хуркач, Андреева, Висла Краков, Дери сити, Галвеј, Мидлзборо, Шамрок. ...
Манчестер сити забрзано работи на реконструкцијата на средниот ред, откако стана јасно дека Родри кариерата ќе ја продолжи во Барселона. Заминувањето на еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска во светот претставува голем удар за Граѓаните, поради што потрагата по соодветна замена веќе е во полн ек. Според информациите од Англија, менаџерот на Манчестер сити, Енцо Мареска, веќе има јасна желба. На врвот на неговата листа се наоѓа ...
Агентот на шпанскиот репрезентативец Родри, Пабло Баркеро, призна дека неговиот клиент избрал да му се приклучи на Барселона и ја одбил понудата на Реал Мадрид. Играчот од средниот ред ги договорил личните услови со каталонскиот клуб, а сега претставниците ќе преговараат со Манчестер Сити за да го финализираат трансферот. Се очекува трансферот да изнесува околу 50 милиони евра. Родри веќе одбил да потпише нов договор со Граѓаните. Неговиот ...
Шкендија беше поразена со 2-1 од шкотскиот Хиберниан во првиот натпревар од третото квалификациско коло на УЕФА Конференциската лига, одигран во Единбург. Тетовци се најдоа во негатива по голот на Лоу во 74-тата минута. Одговорот следуваше веднаш, кога Марко Ѓорѓиевски израмни на 1-1 во 76-та минута по одличната асистенција на Зејнулаи. Сепак, домаќините со многу среќа стигнаа до победата, откако О’Хора погоди во 90-та минута. И покрај ...
Ред Бул Салзбург минимално со 1:0 го победи Пафос во првиот меч од третото претколо во Лига на Европа. Дуелот се започна во 19 часот, а заврши речиси четири часа подоцна. Причина за ова неочекувано одложување беа лошите временски услови. Пред почетокот на средбата започна обилен дожд кој брзо го направи теренот да изгледа како базен полн со вода. По само 15-тина минути игра судијата го прекина дуелот, а потоа се чекаше речиси два часа за да ...
Екипата на Шкендија загуби на гостувањето во Шкотска од Хибернијан со 2:1 во првиот меч од третото квалификациско коло за пласман во Конференциската лига. Малку фалеше Шкендија да остане непоразена на ова тешко гостување, но прими гол во 90 минута. Во првото полувреме немаше погодоци, иако Хибернијан беше тимот кој имаше теренска иницијатива и создаде повеќе шанси за погодок. Во второто полувреме беше многу повозбудливо па беа постигнати три ...
Уште две недели останаа до почетокот на 125-тата сезона на италијанската Серија А, а многу веројатно е дека на легендарниот стадион „Олимпико“ во Рим ќе има неверојатна ситуација. Навивачите на Лацио се цврсто решени во намерата целосно да ги бојкотираат натпреварите на првиот тим, па затоа е сосема сигурно дека избраниците на новиот тренер Џенаро Гатузо ќе бидат проследени од само неколку илјади луѓе на римскиот „Олимпик“, со непријатниот ...
Летниот преоден рок е во полн ек, а англискиот премиерлигаш се фокусираше на доведување на еден фудбалер на Реал Мадрид. Според најновите шпекулации, Црвените од „Енфилд роуд“ ќе се обидат во своите редови да го доведат Раул Асенсио. Најавите се дека стоперот нема некоја светла иднина во Реал Мадрид, па затоа и овој трансфер би било реалност да се реализира ова лето. Сепак, за евентуалниот трансфер се прашува и самиот играч, а Асенсио ...
Единствениот македонски преставник во Европа, тетовска Шкендија има 0:0 по првото полувреме на дуелот кој го игра во Шкотска против тимот на Хибернијан во рамките од третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Хибернијан е тимот кој ја има фаворитската улога и по првите 45 минути имаше теренска иницијатива. Домаќините имаа повеќе од 60 отсто посед на топка, упатија осум шута кон голот на Шкендија, но само еден беше во рамките ...
Актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен го засили нападот доведувајќи го францускиот репрезентативец Мањеш Аклиус, кој дојде од редовите на Монако. Од таборот на ПСЖ не ги открија финансиските детали за трансферот, но францускиот весник „Л’Екип“ објави дека Монако добил 50 милиони евра оштета за 24-годишниот крилен напаѓач, кој потпиша петгодишен договор со парискиот клуб. Аклиус беше еден од најдобрите играчи во француската Лига 1 ...
Младиот српски фудбалер Михајло Цветковиќ постигна гол по само 16 секунди од почетокот на дуелот меѓу ПАОК и Андерлехт во Солун. Во рамките од третото квалификациско коло во Лига на Европа, навивачите на ПАОК доживеаа „студен туш“ и тоа по само 16 секунди од почетокот на средбата. PAOK Thessaloniki 0-1 Anderlecht ⚽️ Goal: Mihajlo Cvetkovic (1′) pic.twitter.com/sEwsrKZ7S4 — Flash Goalz (@FlashGoalz) August 6, 2026 Младиот Цветковиќ минатото ...
Првиот меч од третото квалификациско коло во Лига на Европа меѓу Салцбург и Пафос беше прекинат по само 15-тина минути игра. Причина поради која дуелот се прекина е големото невреме и силниот дожд кој го зафати тој дел од австрискиот град. Уште пред да почне средбата условите беа катастрофални, но одлуката беше средбата да почне. Сепак, уште во првите неколку минути на дел од теренот се создаде толку многу вода што едноставно беше невозможно ...
Винисиус јуниор и Реал Мадрид конечно постигнаа договор за продолжување на соработката. Од шпанскиот гигант на социјалните мрежи потврдија дека бразилскиот репрезентативец ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ до 2032 година. Со ова се стави крај на сите шпекулации дека напаѓачот може да си замине од Реал, а посебно интензивно се споменуваше дека Арсенал сака да ја „украде“ ѕвездата на Кралевите. ViniJr. 2️⃣0️⃣3️⃣2️⃣@ViniJr ...
Заминување на Мохамед Салах од Ливерпул во Трабзонспор не е најголем, но сигурно е најшокантен трансфер ова лето во Европа. Многумина беа зачудени зошто Салах се реши од еден европски гигант да замине во турски прволигаш кој не е ни во Топ 3 според реномето. Да заминеше Салах во Галатасарај, Фенербахче или Бешикташ можеби ќе беше поочекувано, но Трабзонспор е изборот на Египѓанецот. Дури 25.000 навивачи го пречекаа Салах во Трабзон и сега со ...