Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Ибрахима Конате е многу блиску до трансфер во Реал Мадрид, но според шпанските медиуми, реализацијата на договорот зависи од тоа дали Флорентино Перес ќе остане претседател на клубот и по претстојните избори. Според информациите, Перес веќе постигнал договор со францускиот дефанзивец и практично ги договорил сите детали околу неговото доаѓање на „Сантијаго Бернабеу“. Сепак, конечната потврда на трансферот ќе зависи од исходот на ...
Францускиот гигант Олимпик Марсеј би можело да биде исфрлен од европските натпреварувања во сезоната 2026/27 поради можно прекршување на правилата за финансиски ферплеј. Според информациите, УЕФА ќе го разгледува случајот оваа недела, откако финансиските извештаи покажале значителни загуби на францускиот клуб. Во последните три сезони Марсеј пријавил вкупни загуби од 157 милиони евра. Тоа е далеку над лимитот што клубот го прифатил во 2022 ...
Хрватската фудбалска репрезентација освои медали на последните две светски првенства, што е доказ дека и сега треба да се смета како еден од фаворитите на Мундијалот 2026. Селекторот Златко Далиќ беше клучот за успехот и освоениот сребрен медал од СП 2018 и бронзата од турнирот кој се одигра четири години подоцна. Сега, повторно со Далиќ на чело, Коцкестите имаат нов голем предизвик. Еден од последните тестови за Хрватска пред почетокот на ...
Македонската фудбалска репрезентација синоќа ја продолжи лошата серија без победа. Поразот од 4:0 во Истанбул од Турција е само знак дека „црвениот аларм“ мора да се вклучи и дека треба нешто драстично да се преземе. Да не се „преспие“ летото, затоа што брзо ќе дојде септември, кога започнуваат предизвиците во новата сезона од Лигата на нациите. А во Лигата на нациите ќе го имаме најголемиот предизвик. За првпат Македонија ќе игра во Б ...
Ракометарите на Охрид го освоија трофејот од Европскиот куп на ЕХФ, откако со две победи беа подобри од унгарска Татабања. По тој повод крај езерото беше организирана голема прослава, а охриѓани им се поклонија на своите ракометни херои, кои не само што го освоија првиот европски трофеј, туку ова беше и прва титула воопшто во историјата на клубот. Ракометарите на Охрид го освоија трофејот од Европскиот куп на ЕХФ, откако со две победи беа ...
3055 Бреша – Асколи (20:30 ч.) Ова е дуел на два клуба кои не толку оддамна беа и во Серија А, а сега играат прв меч од плејоф-финалето за влез во Серија Б. Бреша важи за тим кој игра многу дефанзивно и главна цел му е да не прими гол. Токму затоа не е чудно што на 11 од последните 13 средби што ги одигра имаше максимум два погодока. Ако се знае дека и сега влогот е многу голем, односно влез во еден ранг погоре, а и фактот дека има и реванш, ...
Столе Димитриевски останува во Валенсија до 2028 година, откако „лилјаците“ го известиле дека ја активираат клаузулата од неговиот договор. Според таа клаузула, Валенсија може еднострано да му го продолжи договорот на уште две години, а македонскиот голман ќе добие бонус од 500.000 евра, како и поголема плата за новиот договор. Оваа информација ја пренесоа локалните медиуми во Валенсија, а тоа е само знак дека на „Местаља“ и тоа како се ...
Четири репрезентативни пресметки и еден меч од колумбиското првенство се дел од денешната понуда за Квоти на ден. Доколку сите пет понудени комбинации ги одиграте на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 48.96. Хрватска е домаќин на Белгија и тука треба двата тима да дадат гол и да има барем по еден погодок во двете полувремиња за да биде добитна квотата од 2.15. Грузија да не загуби на свој терен од Романија во натпревар на кој ...
Македонската фудбалска репрезентација одигра два контролни меча во последните неколку дена и тоа против две селекции кои ќе играат на Светското првенство. Најпрво гостувавме кај Босна и Херцеговина во Сараево, а мечот кој беше без многу возбудувања, заврши и без голови. Потоа, македонската експедиција продолжи кон Истанбул, каде синоќа играше против домаќинот Турција. За жал, Македонија на овој контролен меч одигра разочарувачки и загуби ...
Денешната понуда во Супер типот на Sport Life е посебна, затоа што како ретко кога фудбалот е во втор план. Од 16 мечеви на кои може да најдете интересни зголемени коефициенти, само три се фудбалски. Од контролните репрезентативни пресметки, зголемени се квотите за победи на Грузија и на Велс пред своите навивачи против Романија, односно Гана. Во денешната понуда доминира тенисот, што е и нормално ако се знае дека во ек се настапите на Ролан ...
Македонската ѕвезда Елиф Елмас изјави дека очекува Турција да стигне барем до четвртфиналето на Светското првенство кое се играа летово. Поранешниот играч на Фенербахче, ги пофали Турците. „Поминаа 7 години откако играв тука. Имаше одлична атмосфера. Беше добар натпревар. Сите играчи на Турција играат на високо ниво. Тие се еден степен над нас. Мислам дека Турција ќе стигне барем до четвртфиналето на Светското првенство“, рече Елмас во изјава ...
На нешто повеќе од една недела до почетокот на Светското првенство, полицијата во Торонто соопшти дека ја имала најголемата акција во историјата на Канада, за заплена на фалсификувата спортска опрема. Во текот на акцијата, во склад во Мисисауги е запленета роба која се проценува во вредност од 3,5 милиони канадски долари, односно околу 2,5 милиони американски долари. Меѓу одземените предмети има и повеќе од 16.000 лажни дресови и знамиња со ...
Македонската репрезентација убедливо со 4:0 загуби во Истанбул од Турција во контролен меч. Турците се подготвуваат за настап на Светското првенство, а како што најавија ние требаше да ја „глумиме“ Австралија. Тестот за Турција беше повеќе од успешен, а Македонија само на продлабочи кризата во играта и резултатите. Четврти меч по ред Македонија не постигнува гол, што е доволно да се запали „црвениот аларм“. Едноставно нема кој да постигне ...
Нов меч на македонската фудбалска репрезентација и ново разочарување. Четири натпревари во низа на кои Македонија не може да постигне ниту еден гол беше сигнал да се „запалат“ навивачите и симпатизерите на социјалните мрежи. Многу револт, разочарување, негодување, по некоја навреда и ниту една пофалба немаше на коментарите на официјалната фејсбук страница на Фудбалската репрезентација на Македонија, која можеби и прв пат ги забрани ...
Познатиот сараевски спортски портал „SportSport.ba“ вечерва објави провокативен текст и наслов по повод убедливиот пораз на Македонија од Турција со 0-4. „Нека не ги залажува нерешеното на Кошево. Турците им покажаа на Македонците каде им е местото“, стои во насловот. Во текстот се коментира: „Што се однесува до Македонците, тие неодамна одиграа 0:0 против резервниот тим на Босна и Херцеговина на Кошево, но вечерва беа целосно немоќни“. ...
Турскиот селектор Винченцо Монтела, беше задоволен од триумфот и од покажаниот карактер на неговите фудбалери по победата од 4-0 над Македонија во контролен меч во Истанбул. „Многу сум задоволен дека моите играчи го сфатија мечот сериозно и прикажаа одлична игра. Ја гледавме Македонија претходно, тоа е организиран тим, кој умее да одигра навистина добро. Ние вечерва имавме среќа што го отворивме натпреварот со два брзи гола, и тоа подоцна ...
По поразот од Турција од 0-4 во вечерашниот пријателски меч, селекторот Гоце Седлоски на прес-конференцијата истакна дека има појасна слика за можностите на тимот и откри дел од слабостите. „Турција е квалитетна репрезентација, а јас ја преземам одговорноста за поразот од 0-4. Ова е добра лекција за нас, дресот на Македонија мора да се оправда и кој тоа нема да го прави, нема да добива повик. Се чини дека се распаѓаме по примен гол, а тоа не ...
Фудбалската репрезентација на Македонија повеќе од шест месеци нема постигнато гол и тоа е проблем на кој ќе мора да паработи стручниот штаб на чело со селекторот Гоце Седлоски. Поминаа 195 дена откако последен пат Македонија даде гол, тоа беше во ноември кога претрпевме понижувачки пораз од Велс од 1-7. Тогаш погоди Бојан Миовски. После тој гол, 427 минути не сме ги совладале противничките голмани, а Македонија играше уште со Републкика ...
Фудбалската репрезентација на Македонија загуби убедливо од Турција со 4-0 на пријателскиот натпревар што се игра на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул. За домаќинот ова беше рутински триумф на кој комплетно доминираа, а за Македонија сигурно е убава лекција дека во иднина ќе треба многу подобро. Турците стартуваа фуриозно, веќе во десеттата секунда Џан Узун ја погоди гредата, а во продолжение од истата акција, по уфрлување од десната ...
Шпанската репрезентација ги објави броевите на дресовите што ќе ги носат нејзините 26 играчи на Светското првенство. Една од дилемите беше кој ќе го носи бројот 10, кој што на претходното СП во Катар го носеше Марко Асенсио. Десетката на СП 2026 ќе ја носи Дани Олмо. Првата ѕвезда Ламин Јамал, ќе игра со бројот 19. Во клубот Барселона, Јамал го носи бројот 10 на грбот, но 19-ката му е посебна, со тој број дебитираше за селекцијата на Шпанија ...
Еквадорецот Вилијан Пачо е јунакот од сенка на европскиот првак ПСЖ. Централниот дефанзивец на парижаните, одигра сите 17 натпревари и за разлика од сите други, ниеднаш не беше заменет и испратен на клупа. Благодарение на ова, Пачо помина дури 1.650 минути на теренот. Еквадорскиот репрезентативец постигна два гола и направи една асистенција на 17-те натпревари во ЛШ. Воинот на Луис Енрике во минатата сезона кога ПСЖ првпат ја освои ЛШ, имаше ...
Турците водат со 2-0 против Македонија по првото полувреме на контролниот фудбалски натпревар во Истанбул. Оркун Кокчу во 2-ра и Џан Јилмаз Узун во 16-та минута беа стрелци на головите со кои Турција и со втор состав покажа дека е поквалитетен тим. Црвено-жолтите во финишот на првото полувреме имаа супер шанса, но Џани Елиоски не даде гол од изгледна позиција. Македонија нема постигнато гол уште од 18-ти ноември 2025 година. Ова е погодокот ...
Селекторот на Португалија, Роберто Мартинес, не ја исклучува можноста Кристијано Роналдо да игра и на Светското првенство во 2030 година. Иако суперѕвездата тогаш ќе има 45 години, Мартинез верува дека неговата ментална сила би можела да го наведе Роналдо да игра на турнирот, на кој еден од главните домачини ќе биде неговата Португалија. Мартинес верува дека внатрешниот поттик на Роналдо е она што го издвојува од другите фудбалери. Додека ...
Турција мошне рано поведе со 1-0 против Македонија на пријателскиот натпревар во Истанбул. Турците се заканија уште во првиот напад, во 10-та секунда ја погодија пречката од нашиот гол, а само што измина една минута, во 62-секунда, Оркун Кокчу даде гол за водство. Истиот играч ја затресе и пречката. Ова е еден од најбрзите голови кои ги има примено Македонија. Кокчу сезонава го носеше дресот на Бешикташ каде настапуваше како позајмен од ...
Освојувачот на Златната топка за 2024 година, Родри, и понатаму се поврзува со можен трансфер во Реал Мадрид, но самиот фудбалер избегнува да зборува за таквите шпекулации. Шпанскиот репрезентативец моментално е со националниот тим во пресрет на Светското првенство. Дваесет и деветодишниот играч на Манчестер сити се осврна на својата иднина и интересот од мадридскиот гигант. „Нормално е имињата на играчите да се поврзуваат со различни ...
ПСЖ веќе го одреди својот прв приоритет за летниот преоден рок, а таа одлука не е добра вест за еден премиерлигаш. Откако по драматично финале и изведување пенали го совлада Арсенал и ја одбрани титулата во Лигата на шампионите, тренерот Луис Енрике веќе ги крои плановите за следната сезона. Со играчи како Усман Дембеле, Витиња, Хвича Кварацхелија и Ашраф Хакими, кои се носители на играта, не е изненадување што ПСЖ се смета за еден од ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски, направи пет измени во однос на стартната постава која ѝ се спротивстави на Босна и Херцеговина. За разлика од тој меч, против Турција стартери ќе бидат Имран Фетаи, Езџан Алиоски, Агон Елези, Стефан Деспотовски и Азер Омерагиќ. На спротивната страна, Винченцо Монтела, одлучи да ја остави на клупа најголемата ѕвезда на Турција, Арда Ѓулер. Селекторот на фудбалската ...
Давиде Анчелоти е новиот тренер на Лил, соопшти францускиот клуб. Триесет и шестгодишниот стручњак, син на Карло Анчелоти, во Франција ќе го има својот прв сериозен предизвик како главен тренер. Досега самостојно водеше тим само накратко во Ботафого, а претходно долги години му беше асистент на својот татко во Реал Мадрид, Баерн Минхен, Наполи и Евертон. Давиде потпиша двегодишен договор со Лил. „Лил денес го објавува назначувањето на Давиде ...
Барселона се чини дека конечно се „спаси“ од Ансу Фати. Фудбалерот минатата сезона ја мина како позајмен во Монако, каде што одигра 30 натпревари и постигна 12 гола, па сега Французите се подготвени да го откупат неговиот договор. Фати се сметаше како наследник на Лионел Меси во Барселона, па Каталонците со него потпишаа богат договор, но фудбалерот стагнираше и воопшто не ги оправда очекувањата. Тој има договор со Барселона до 2028 година, а ...
Шпанскиот шампион Барселона работи на реализација на два излезни трансфери пред крајот на јуни со цел да ја подобри финансиската состојба на клубот и да обезбеди поголема слобода за нови засилувања во летниот преоден рок. Еден од фудбалерите кои речиси сигурно ќе го напуштат „Камп ноу“ е Марк Касадо. Играчот од средниот ред е блиску до трансфер, а како главен фаворит за неговиот потпис се споменува Монако. Каталонците очекуваат ваквата зделка ...