Нов меч на македонската фудбалска репрезентација и ново разочарување. Четири натпревари во низа на кои Македонија не може да постигне ниту еден гол беше сигнал да се „запалат“ навивачите и симпатизерите на социјалните мрежи. Многу револт, разочарување, негодување, по некоја навреда и ниту една пофалба немаше на коментарите на официјалната фејсбук страница на Фудбалската репрезентација на Македонија, која можеби и прв пат ги забрани ...

Познатиот сараевски спортски портал „SportSport.ba“ вечерва објави провокативен текст и наслов по повод убедливиот пораз на Македонија од Турција со 0-4. „Нека не ги залажува нерешеното на Кошево. Турците им покажаа на Македонците каде им е местото“, стои во насловот. Во текстот се коментира: „Што се однесува до Македонците, тие неодамна одиграа 0:0 против резервниот тим на Босна и Херцеговина на Кошево, но вечерва беа целосно немоќни“. ...

Турскиот селектор Винченцо Монтела, беше задоволен од триумфот и од покажаниот карактер на неговите фудбалери по победата од 4-0 над Македонија во контролен меч во Истанбул. „Многу сум задоволен дека моите играчи го сфатија мечот сериозно и прикажаа одлична игра. Ја гледавме Македонија претходно, тоа е организиран тим, кој умее да одигра навистина добро. Ние вечерва имавме среќа што го отворивме натпреварот со два брзи гола, и тоа подоцна ...

По поразот од Турција од 0-4 во вечерашниот пријателски меч, селекторот Гоце Седлоски на прес-конференцијата истакна дека има појасна слика за можностите на тимот и откри дел од слабостите. „Турција е квалитетна репрезентација, а јас ја преземам одговорноста за поразот од 0-4. Ова е добра лекција за нас, дресот на Македонија мора да се оправда и кој тоа нема да го прави, нема да добива повик. Се чини дека се распаѓаме по примен гол, а тоа не ...

Фудбалската репрезентација на Македонија повеќе од шест месеци нема постигнато гол и тоа е проблем на кој ќе мора да паработи стручниот штаб на чело со селекторот Гоце Седлоски. Поминаа 195 дена откако последен пат Македонија даде гол, тоа беше во ноември кога претрпевме понижувачки пораз од Велс од 1-7. Тогаш погоди Бојан Миовски. После тој гол, 427 минути не сме ги совладале противничките голмани, а Македонија играше уште со Републкика ...

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби убедливо од Турција со 4-0 на пријателскиот натпревар што се игра на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул. За домаќинот ова беше рутински триумф на кој комплетно доминираа, а за Македонија сигурно е убава лекција дека во иднина ќе треба многу подобро. Турците стартуваа фуриозно, веќе во десеттата секунда Џан Узун ја погоди гредата, а во продолжение од истата акција, по уфрлување од десната ...

Шпанската репрезентација ги објави броевите на дресовите што ќе ги носат нејзините 26 играчи на Светското првенство. Една од дилемите беше кој ќе го носи бројот 10, кој што на претходното СП во Катар го носеше Марко Асенсио. Десетката на СП 2026 ќе ја носи Дани Олмо. Првата ѕвезда Ламин Јамал, ќе игра со бројот 19. Во клубот Барселона, Јамал го носи бројот 10 на грбот, но 19-ката му е посебна, со тој број дебитираше за селекцијата на Шпанија ...

Еквадорецот Вилијан Пачо е јунакот од сенка на европскиот првак ПСЖ. Централниот дефанзивец на парижаните, одигра сите 17 натпревари и за разлика од сите други, ниеднаш не беше заменет и испратен на клупа. Благодарение на ова, Пачо помина дури 1.650 минути на теренот. Еквадорскиот репрезентативец постигна два гола и направи една асистенција на 17-те натпревари во ЛШ. Воинот на Луис Енрике во минатата сезона кога ПСЖ првпат ја освои ЛШ, имаше ...

Турците водат со 2-0 против Македонија по првото полувреме на контролниот фудбалски натпревар во Истанбул. Оркун Кокчу во 2-ра и Џан Јилмаз Узун во 16-та минута беа стрелци на головите со кои Турција и со втор состав покажа дека е поквалитетен тим. Црвено-жолтите во финишот на првото полувреме имаа супер шанса, но Џани Елиоски не даде гол од изгледна позиција. Македонија нема постигнато гол уште од 18-ти ноември 2025 година. Ова е погодокот ...

Селекторот на Португалија, Роберто Мартинес, не ја исклучува можноста Кристијано Роналдо да игра и на Светското првенство во 2030 година. Иако суперѕвездата тогаш ќе има 45 години, Мартинез верува дека неговата ментална сила би можела да го наведе Роналдо да игра на турнирот, на кој еден од главните домачини ќе биде неговата Португалија. Мартинес верува дека внатрешниот поттик на Роналдо е она што го издвојува од другите фудбалери. Додека ...

Турција мошне рано поведе со 1-0 против Македонија на пријателскиот натпревар во Истанбул. Турците се заканија уште во првиот напад, во 10-та секунда ја погодија пречката од нашиот гол, а само што измина една минута, во 62-секунда, Оркун Кокчу даде гол за водство. Истиот играч ја затресе и пречката. Ова е еден од најбрзите голови кои ги има примено Македонија. Кокчу сезонава го носеше дресот на Бешикташ каде настапуваше како позајмен од ...

Освојувачот на Златната топка за 2024 година, Родри, и понатаму се поврзува со можен трансфер во Реал Мадрид, но самиот фудбалер избегнува да зборува за таквите шпекулации. Шпанскиот репрезентативец моментално е со националниот тим во пресрет на Светското првенство. Дваесет и деветодишниот играч на Манчестер сити се осврна на својата иднина и интересот од мадридскиот гигант. „Нормално е имињата на играчите да се поврзуваат со различни ...

ПСЖ веќе го одреди својот прв приоритет за летниот преоден рок, а таа одлука не е добра вест за еден премиерлигаш. Откако по драматично финале и изведување пенали го совлада Арсенал и ја одбрани титулата во Лигата на шампионите, тренерот Луис Енрике веќе ги крои плановите за следната сезона. Со играчи како Усман Дембеле, Витиња, Хвича Кварацхелија и Ашраф Хакими, кои се носители на играта, не е изненадување што ПСЖ се смета за еден од ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски, направи пет измени во однос на стартната постава која ѝ се спротивстави на Босна и Херцеговина. За разлика од тој меч, против Турција стартери ќе бидат Имран Фетаи, Езџан Алиоски, Агон Елези, Стефан Деспотовски и Азер Омерагиќ. На спротивната страна, Винченцо Монтела, одлучи да ја остави на клупа најголемата ѕвезда на Турција, Арда Ѓулер. Селекторот на фудбалската ...

Давиде Анчелоти е новиот тренер на Лил, соопшти францускиот клуб. Триесет и шестгодишниот стручњак, син на Карло Анчелоти, во Франција ќе го има својот прв сериозен предизвик како главен тренер. Досега самостојно водеше тим само накратко во Ботафого, а претходно долги години му беше асистент на својот татко во Реал Мадрид, Баерн Минхен, Наполи и Евертон. Давиде потпиша двегодишен договор со Лил. „Лил денес го објавува назначувањето на Давиде ...

Барселона се чини дека конечно се „спаси“ од Ансу Фати. Фудбалерот минатата сезона ја мина како позајмен во Монако, каде што одигра 30 натпревари и постигна 12 гола, па сега Французите се подготвени да го откупат неговиот договор. Фати се сметаше како наследник на Лионел Меси во Барселона, па Каталонците со него потпишаа богат договор, но фудбалерот стагнираше и воопшто не ги оправда очекувањата. Тој има договор со Барселона до 2028 година, а ...

Шпанскиот шампион Барселона работи на реализација на два излезни трансфери пред крајот на јуни со цел да ја подобри финансиската состојба на клубот и да обезбеди поголема слобода за нови засилувања во летниот преоден рок. Еден од фудбалерите кои речиси сигурно ќе го напуштат „Камп ноу“ е Марк Касадо. Играчот од средниот ред е блиску до трансфер, а како главен фаворит за неговиот потпис се споменува Монако. Каталонците очекуваат ваквата зделка ...

Играчот за врска на Реал Мадрид, Орелијан Чуамени, изрази жалење поради огромното медиумско внимание што го предизвика неговиот неодамнешен физички конфликт со соиграчот Федерико Валверде. Францускиот репрезентативец смета дека целиот инцидент бил претерано нагласен токму поради статусот и популарноста на Реал Мадрид на светско ниво. „Очигледно е дека нешто се случи, сите слушнавте за тоа. За жал, работата доби огромни размери затоа што ...

Репрезентацијата на Панама доживеа убедлив пораз од Бразил со 6:2 во пријателскиот натпревар. Избраниците на Карло Анчелоти уште од самиот почеток покажаа голема надмоќ, а резултатот беше отворен уште во првата минут,а кога погоди Винисиус. Панама накратко се врати во игра со брзо израмнување, но потоа следуваше вистинска голеада на Бразил. Во листата на стрелци се запишаа Касемиро, Рајан, Лукас Пакета, Игор Тијаго и Данило Сантос за конечни ...

Пријателскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Турција и Македонија ќе започне во 19:30 часот, а стадионот на Фенербахче во Истанбул веќе започнува да се полни. Навивачите се движат кон влезовите, а околу стадионот може да се забележат неколку штандови кои продаваат сувенири од репрезентацијата на Турција, но и за мечот. Пријателството помеѓу двете земји, но и меѓу двата народи може да се забележи и на овие сувенири на кои пишува дека ...

Неколку илјади луѓе се собраа на стадионот „Бицентенарио“ во чилеанскиот главен град Сантијаго за да учествуваат во размена на сликички за Светското фудбалско првенство кое точно за 10 дена ќе започне во САД, Канада и Мексико. Чиле нема да биде дел од Мундијалот, но и покрај тоа, во земјата владее вистинска фудбалска треска за да се наполни албумот со самолепливи сликички пред почетокот на планетарниот собир. Луѓе од сите генерации, од ...

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Истанбул ќе одигра уште еден контролен меч, овојпат против Турција. Селекцијата на Турција се подготвува за престојното Светско првенство на кое ќе учествува, а Македонија треба да ја „глуми“ Австралија, која ќе биде нејзин прв ривал во групната фаза на 14 јуни. Македонија уште сонува да биде дел од еден планетарен собир, но има мотив зошто да игра вечерва во Истанбул. Една од целите кои треба ...

Лино Червар е во Битола, каде и официјално беше промовиран во нов тренер на Еурофарм Пелистер. Искусниот хрватски стратег по речиси една деценија се враќа да работи во Македонија, најавувајќи дека ова ќе биде негов последен тренерски предизвик во неговата богата кариера. „Чест ми е да работам во Битола, град со огромна ракометна традиција. По осум години се враќам во мојата втора татковина и тука ќе биде крај на мојата кариера. Пред тоа што ...

Барселона е блиску до комплетирање на трансферот на Бернардо Силва, но тренерот Ханси Флик има одредени резерви околу неговото ангажирање. Главната причина е големата конкуренција на позицијата на која настапува португалскиот репрезентативец, пренесува „АС“. Триесет и едногодишниот плејмејкер е едно од најатрактивните имиња на летниот трансфер-пазар. По девет сезони минати во Манчестер сити, Силва е на чекор од заминување од Англија, а сите ...

По поразот во финалето на Лигата на шампионите, Арсенал се подготвува за летниот преоден рок, во кој има намера да го засили тимот на најмалку четири позиции, а менаџерот Микел Артета побарал од управата „многу амбициозен“ пристап. Шпанскиот стратег е свесен дека му се потребни засилувања на левото крило, во нападот, на позицијата десен бек, како и дополнителна конкуренција во средниот ред, пишуваат британските медиуми. Иако приходите на ...

Точно уште 10 дена има до почетокот на Светското фудбалско првенство, а Мундијалското лудило во Sport Life започнува од денеска. Како и секогаш, најдобрата спортска обложувалница во Македонија за уникатни настани нуди уникатни понуди, па така е и за најголемиот планетарен фудбалски собир. Популарната Среќна 13-ка е многу добро позната акциска игра во Sport Life која траеше во текот на сите месеци во сезоната која што заврши со финалето на ...

Ламин Јамал ги пропушти последните неколку натпревари од сезоната во шпанското првенство и тоа беше поради повреда на тетивата на коленото. Тоа се случи на мечот против Селта Виго, кога Јамал даде гол од пенал, но веднаш по постигнување на погодокот, ѕвездата на Барселона наместо да слави, падна на тревата жалејќи се на повреда. Веднаш беше заменет, а потоа до крајот на сезоната не се врати на теренот. Според последните извештаи Јамал нема ...

Англискиот премиерлигаш Ливерпул официјално потврди дека Ибрахима Конате ќе го напушти клубот како слободен играч по истекот на актуелниот договор. Договорот на францускиот стопер истекува за еден месец, а двете страни не успеаја да се договорат за продолжување на соработката. Тоа значи дека Конате ќе може без обештетување да му се приклучи на нов клуб во текот на летниот преоден рок. Заминувањето на 27-годишниот дефанзивец претставува ...

Пелистер и Брера се преселија во понизок ранг и од следната сезона ќе играат во Втората фудбалска лига откако вчера беа елиминирани во баражите за пополнување на елитното друштво од Шкендија Арачиново и од ФК Скопје. Пелистер загуби по голема драма на пенали (4-3) во Кавадарци, а Брера беше поразена со 0-1 на мечот во Битола. Ова е само потврда дека прволигашкото друштво и не е толку квалитетно, дека освен првите четири екипи кои се борат за ...

На мечот меѓу Ел Насионал и Лига де Портовијехо во втората лига на Еквадор се случи еден бизарен инцидент, а во главна „улога“ беше медицинското возило. Се играше 71-вата минута кога еден гостински играч се жалеше на повреда, па мораше да биде изнесен од теренот. Затоа на теренот се појави медицинско возило, кое додека излегуваше од теренот, неочекувано направи инцидент. Гостинскиот фудбалер Едисон Каиседо ноншалантно си одеше по теренот, но ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.6
25%
1018
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
2.68
47%
1018
weather icon

Загреб

35ᴼ / 35ᴼ
2.63
42%
1018
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
4.85
45%
1020
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
4.5
33%
1020
weather icon

Љубљана

33ᴼ / 32ᴼ
0.45
54%
1019
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
9.83
35%
1016
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
3.85
32%
1017
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
3.15
29%
1017
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 32ᴼ
2.24
37%
1021
weather icon

Будимпешта

37ᴼ / 36ᴼ
1.79
30%
1018
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
8.52
49%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Злато

131072.82

Рутениум

49029.89

Кобалт

56.29

Платина

51923.46

Бакар

12.33

Паладиум

38195.09

Сребро

1902.84

Цинк

0.00

Иридиум

233896.68

Калај

50.56

Алуминиум

3.20

Родиум

249168.29