Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Индонезиската фудбалска федерација на итна седница му изрече доживотна суспензија од фудбалот на Мухамед Хилми Гимнастијар, играч на четвртолигашки клуб, а ќе мора да плати и казна од околу 2.800 долари. Хилми доби црвен картон за еден крвнички старт кога крампоните од копачките ги заби во градниот кош на противнички играч, но тоа беше најблагата од сите казни бидејќи никогаш повеќе нема да му се врати на играњето фудбал. Повредениот играч ...
5606 Ал Хилал – Ал Наср (18.30 часот) Ова е големо саудиско, а и градско дерби во Ријад, плус пресметка на првиот и вториот тим на табелата. Ал-Наср долго го чуваше водството на табелата, но Роналдо и другарите драстично паднаа во формата, освоија само еден бод во последните три кола, па Ал-Хилал го искористи тоа и им бега четири бода. Ако Ал-Хилал победи и вечерва, би отишол на големи +7, што може да биде и решавачко во трката за титулата. ...
Стевче Алушoвски е нов тренер на Еурофарм Пелистер и ќе ја води екипата до крајот на оваа сезона. Легендарниот 53-годишниот некогаш играч, а сега тренер, по неколку години се враќа во својот матичен клуб, во улога на прв тренер на шампионот на Македонија. Алушoвски во два наврати водеше клуб од Битола – Пелистер и Еурофарм Работник, а сега го презема тимот на Еурофарм Пелистер. Нашиот прославен репрезентативец тренерската, како и играчката ...
Лина Ѓорческа успешно ја мина првата пречка во квалификациите на гренслем турнирот Австралијан опен, ја елиминираше четвртата носителка, и сега потребни се уште две победи за да се најде на главниот турнир и потенцијално да има дуел со некоја од најдобрите на светот. Ѓорческа на теренот број 12 во Мелбурн имаше силна поддршка од трибините каде се најдоа македонски фанови. Погледнете ТУКА како играше Лина и како се навиваше за најдобрата ...
Минесота тимбервулфс го доби најдраматичниот меч синоќа во НБА-лигата, со 104-103 победи против Сан Антонио спарс. Гостите имаа предност од 14 поени разлика на стартот на последната четвртина, имаа и плус 19, но Шумските волци направија голем пресврт. Кошот за победа го даде Ентони Едвардс на 16,8 секунди до крајот. Спарс го имаа последниот напад, имаа три шута во завршните секунди, но не беа прецизни. Драма имаше и во Торонто, каде што ...
Петте денешни предложени Квоти на денот во Sport Life носат вкупен коефициент од 41.24 и дефинитивно треба да се земат предвид. Да има победник на Џенова – Каљари и притоа да паднат 2-4 гола е комбинација за која се нуди квота од 2.35. Да не биде нерешено и на Ал-Хилал – Ал-Наср во големото саудиско и градско дерби во Ријад, а да има 0-1 гол во прво полувреме е комбинација за која се нуди квота од 2.25. Квота од точно 2.00 Sport Life ...
Шпанските медиуми снимија два скандалозни моменти по завршувањето на синоќешното Ел Класико од Суперкупот на Шпанија, па многу се пишува и за тие снимки кои предизвикаа внимание. Фудбалерот на Барселона, Фермин Лопес, додека славеше прегрнат со Јамал и Касадо, на навивачите на Реал Мадрид им се обрати со зборови „Пушете го, ајде марш дома!“. Неговиот тимски колега ги „почести“ фановите со покажување на среден прст. Од друга страна, ...
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, летоска инсистираше клубот да го донесе Елиф Елмас, макар и на позајмица од Лајпциг, а периодов доаѓа и одговорот зошто Конте го сакаше Македонецот во својот тим. „Елиф Елмас често извршува не толку видлива работа на теренот (иако му асистираше на Мектоминај за израмнување на 1-1), но беше клучен против Интер. Тактички интелигентен, разновиден и тешко предвидлив за противниците. Конте силно го сакаше во ...
Претседателот на Барселона по триумфот над Реал Мадрид во финалето на шпанскиот Суперкуп рече дека мечот бил одличен и дека архитект на успехот е тренерот Ханси Флик со неговиот стручен штаб. „Нашиот тим играше одличен фудбал. Нема фаворити во финале помеѓу Барселона и Реал Мадрид, иако бевме во малку подобра форма. Ние сме големо семејство. Играчите се млади, а комбинацијата од играчи што ги имаме… резултатите зборуваат сами за себе. Флик и ...
Роберт Левандовски постигна еден од трите голови за Барселона во победата над Реал Мадрид во финалето на Суперкупот на Шпанија. Каталонскиот гигант освои нов трофеј, а искусниот полски голгетер беше среќен поради тоа. „Секако дека сум среќен, ова е уште една титула за нас. Одигравме голем меч против Реал Мадрид. Одигравме добро во првото полувреме, потоа продолживме во исто темпо и во вториот дел. Сакавме да дадеме повеќе погодоци, но ...
Реал Мадрид повторно загуби од Барселона во финалето на Суперкупот, трет пат во последните четири години. Овојпат на дуелот во Џеда, каталонскиот гигант победи со 3:2. По финалето, тренерот на Реал, Чаби Алонсо ги кажа првите импресии. „Поразот во финалето? Емоциите се измешани. Секако дека сум разочаран затоа што сакавме да го освоиме трофејот, но од друга страна горд сум на играчите кои се бореа до крајот. Мора да ѝ честитаме на Барселона. ...
Во возбудливото финале на шпанскиот Суперкуп, Барселона во Џеда го совлада вечниот ривал Реал Мадрид со 3-2 и го освои првиот трофеј за 2026 година. Спектакуларното финале донесе голема возбуда за публиката, а каталонците славеа благодарение на двата гола Рафиња и погодокот на Роберт Левандовски. За Реал стрелци беа Винисиус јуниор и Гонзало Гарсија. Со овој триумф, тренерот на Барселона, Ханси Флик, го освои осмиот трофеј во својата ...
Интер и Наполи ремизираа 2-2 во Милано во големиот дуел од 20-тото коло на Серија А, натпревар кој ја потврди жестоката трка за титулата оваа сезона. Интер поведе рано, веќе во деветтата минута, кога Димарко ја заврши ефектната акција на Нераѕурите. Лоботка и Мектоминеј направија грешка во додавањето, што му овозможи на Лаутаро да го проигра Турам на десната страна, а Французинот прецизно го пронајде Димарко од втор план за 1-0. Но, Наполи ...
Ељиф Елмас и неговиот Наполи се соочуваат со тешко гостување на „Џузепе Меаца“ против лидерот во Серија А, Интер. Македонскиот „дијамант“ ја забележа првата асистенција оваа сезона, прецизно го пронајде Скот Мектоминеј, кој со лукав удар го совлада Јан Сомер и донесе израмнување во 26-тата минута за 1-1. THE BRAVE HEART. Scott McTominay scores. 🇮🇹 Inter 1-1 Napolipic.twitter.com/qirAoahC4n — Goals Xtra (@GoalsXtra) January 11, 2026 Во ...
Барселона стигна до првиот трофеј во новата година откако во спектакуларно финале во Џеда го совлада големиот ривал Реал Мадрид со 3-2 и го освои Суперкупот на Шпанија. Каталонците први дојдоа до предност со мајсторскиот погодок на Рафиња, но радоста траеше кратко, откако Винисиус јуниор израмни во судиското продолжение на првиот дел. Сепак, Барселона повторно возврати преку Роберт Левандовски, кој донесе ново водство, пред Реал уште еднаш да ...
Поранешниот македонски шампион Шкупи денеска официјално ги започна подготовките за вториот дел од сезоната, по катастрофалната есен во која чаирчани завршија на самото дно на табелата. Како што и се најавуваше, тимот тргнува во нов обид да ја одигра сезоната до крај на што е можно подостоинствен начин. Иако шансите за опстанок во Првата лига се минимални и клубот веќе е пред неминовна преселба во понизок ранг, во Чаир сакаат професионално да ...
Хрватскиот интернационалец Џанфранко Прибетиќ официјално стана дел од ГРК Охрид. Искусниот кружен напаѓач потпиша договор до 2028 година и ќе биде едно од клучните засилувања за овој тим во продолжението на сезоната. Прибетиќ доаѓа од најсилната ракометна лига во светот, Бундеслигата, каде настапуваше за Штутгарт. Во својата кариера настапувал и за Нексе, а има и репрезентативни настапи за Хрватска. „Многу сум среќен и горд што потпишав за ...
Барселона и Реал Мадрид приредија спектакл од голови (2-2) уште по првото полувреме од големото Ел Класико кое се игра во Џеда за првиот трофеј во 2026 година, Суперкупот на Шпанија. Бразилецот Рафиња ја донесе предноста за каталонскиот тим откако погоди во 36-тата минута со прецизен удар од 15 метри. 🇧🇷💫 WHAT A FINISH FROM RAPHINHA WHO GIVES BARCELONA THE LEAD!pic.twitter.com/1Dln33P4Mr — CentreGoals. (@centregoals) January 11, 2026 ...
Лацио стигна до минимална, но важна победа на гостувањето кај Верона, совладувајќи го домашниот тим со 0-1 во 20-тото коло на италијанската Серија А. Мечот беше тежок и напнат, со малку вистински шанси до 79-та минута, кога римјаните одлично изведоа транзиција, а дефанзивецот на Верона, Нелсон, несреќно ја затресе сопствената мрежа. Оваа победа го означи успешниот старт на 2026 година за тимот на Маурицио Сари, кој минатата година ја помина ...
Дефанзивецот Стефан Наумчевски од денеска е и официјално нов член на екипата на Приштина од Косово. По трансферот, Наумчевски се приклучува на тимот кој има големи амбиции за шампионската титула, а во редовите на клубот ќе му се придружи и нашиот репрезентативец Марио Илиевски, кој одигра извонредна полусезона со бројни голови и асистенции. Наумчевски има богато фудбалско искуство во Македонија. Почна во Победа, а потоа настапуваше за ...
Фудбалерите на Баерн Минхен ја започнаа 2026 година на најдобар можен начин, триумфирајќи над Волфсбург со убедливи 8-1 во 16-тото коло на Бундеслигата. Баварците остануваат сигурни лидери на табелата со 44 бода, дури 11 повеќе од Борусија Дортмунд, додека Волфсбург останува заглавен во долниот дел на табелата со само 15 бода. Мечот почна експлозивно, веќе во петтата минута Фишер несреќно постигна автогол, отворајќи го резултатот за ...
Манчестер јунајтед доживеа нов шок пред своите навивачи, откако вечерва загуби од Брајтон со 1-2 и доживеа елиминација од ФА купот. Гостите поведоа рано, кога Брајан Груда го отвори резултатот во 12-тата минута, а Ѓаволите не успеаја да најдат решение за да возвратат пред паузата. Во второто полувреме Брајтон ја искористи својата најубава шанса, кога Дани Велбек зголеми на 0-2 во 64-та минута. Јунајтед успеа делумно да се врати со голот на ...
Роберт Левандовски пристигна во Барселона за сума од 45 милиони евра од Баерн Минхен во 2022 година и само ја продолжи гол серијата од Бундеслигата во Ла Лига. Сепак, неговиот договор истекува на крајот од оваа сезона, а раководството на „каталонците“ одлучи дека соработката нема да продолжи. Спортскиот директор, Деко, е во потрага по соодветна замена, а желбата на Ханси Флик е да биде купен друг напаѓач и повторно од Бундеслигата. Се работи ...
Ливерпул се подготвува за спектакуларен трансфер, сакајќи да го доведе англискиот репрезентативец Џуд Белингам од Реал Мадрид. Според шпанскиот портал „Фишајес“, Црвените се подготвени да платат дури 180 милиони евра за неговиот трансфер, што би претставувал еден од најголемите трансфери во историјата на клубот. Белингам, кој пристигна во Реал од Борусија Дортмунд во 2023 година, веќе остави огромен впечаток: во 122 натпревари постигна 43 ...
Ал-Итихад интензивно работи на тоа да го задржи Карим Бензема, а францускиот напаѓач веќе доби понуда за продолжување на договорот до 2028 година. Преговорите меѓу клубот и Бензема се во тек, а целта е да се постигне договор што ќе го задржи искусниот напаѓач уште неколку сезони во Саудиска Арабија. Бензема, кој беше еден од клучните играчи на Ал-Итихад откако пристигна од Реал Мадрид, моментно има договор кој истекува на 30 јуни. Клубот се ...
Фудбалерите на Работнички денеска ги започнаа подготовките за вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. По неколкуте промени на клупата оваа сезона, тимот сега е под водство на Муарем Муарем, кој станува четвртиот тренер на клубот оваа сезона. Романтичарите влегуваат во пролетниот дел со јасна цел – да се извлечат од дното на табелата и да го сочуваат прволигашкиот статус. Сепак, предизвикот е голем: есенската полуетапа ...
Полноќниот експрес во недела веќе по традиција, стартува уште од 21 часот. Орландо меџик и Њу Орлеанс пеликанс го отвораат вечерашниот серијал, веднаш потоа следува и дуелот меѓу Мемфис гризлис и Феникс санс, а останатите осум меча се после полноќ. Оклахома сити тандер е голем фаворит против Мајами хит, а се очекува лесен триумф и на Феникс санс против Вашингтон визардс. Покрај стандардните квоти, подготвена е понуда од дури 101 кошаркар и ...
Милан извлече реми на гостувањето кај Фиорентина играјќи 1-1, што е уште еден погрешен чекор во трката за врвот на табелата. По неубедливите претходни гостувања, Росонерите пристигнаа во Фиренца како благи фаворити против тимот што се покажа како едно од најнепријатните изненадувања во лигата. Милан првата вистинска шанса ја имаше преку Кристијан Пулишиќ во 11-тата минута, но Давид де Хеа добро се постави. Само седум минути подоцна, Пулишиќ ...
Арсенал се пласираше во четвртото коло од ФА купот на Анлгија, откако на гостувањето кај Портсмут славеше со убедливи 1-4, а херој на натпреварот беше Габриел Мартинели кој постигна хет-трик. Натпреварот започна шокантно за Топчиите, бидејќи Портсмут уште во третата минута дојде до водство. По ударот на Чаплин, Кепа Аризабалага ја одби топката, но таа заврши кај капитенот Колби Бишоп, кој од непосредна близина ја смести во мрежата за 1-0. ...
Барселона и Реал Мадрид повторно ќе се судрат во „Ел Класико“, овојпат во финалето на Суперкупот на Шпанија, вечерва од 20 часот на стадионот „Крал Абдулах Спортс Сити“ во Џеда. Натпреварот ќе го суди Хосе Мунуера, кој ќе има чест, но и огромна одговорност да го води уште едно издание на најголемото шпанско дерби, со трофејот како влог. Ова ќе биде четврта година по ред двата гиганта да се борат директно за пехарот од Суперкупот. Каталонците ...