Милан го одигра вториот контролен меч летово и вторпат ремизира. Откако играше 2:2 против Селтик, денеска одигра 1:1 против градскиот ривал Интер. Овој меч беше одигран во чест на легендарниот капитен Франко Барези, кој претходниот викенд почина на 66-годишна возраст. По средбата против Интер, новиот тренер на Милан, Рубен Аморим, беше задоволен од ремито, но потенцира дека неговиот тим треба да работи многу повеќе и да се подобри играта. ...

Кристијан Ромеро наместо во Интер, на крајот би можело да заврши во Атлетико Мадрид. Аргентинецот се двоумел околу преговорите со Интер бидејќи зад сцената веќе водел разговори со Атлетико Мадрид. Според информациите од Шпанија, откако Атлетико постигнал договор со Рома за Нахуел Молина, а истовремено се очекува и трансферот на Матео Руџери во Астон вила, мадридскиот клуб добил дополнителни финансиски средства и ослободил место во составот за ...

Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) одлучи да го вклучи едно од најпрепознатливите имиња во тамошниот фудбал во развојот на идните генерации. Џанфранко Ѕола ќе биде назначен за нов координатор на младинските проекти на ФИГЦ. Информацијата ја потврди и претседателот на Федерацијата, Џовани Малаго. Во својата нова улога, Зола ќе биде задолжен за проекти поврзани со развојот на млади фудбалери низ цела Италија. Неговата задача нема да биде ...

Винисиус јуниор, неговите агенти и челниците на Реал Мадрид денес одржаа повеќечасовен состанок на кој главна тема беше продолжувањето на договорот на бразилската ѕвезда. Сагата околу новиот договор трае веќе една година, но досега ниту една страна не сакаше да отстапи од своите барања. Реал Мадрид претходно му понуди на Винисиус годишна плата од 22 милиони евра, но таа понуда не го задоволи фудбалерот. Бразилецот од почетокот бара 30 милиони ...

Барселона продолжува да работи на ангажманот на Хулијан Алварес од Атлетико Мадрид. Спортскиот директор на каталонскиот клуб, Деко, заедно со својот асистент Жоао Амарал, отпатува во Мадрид на средба со агентот на аргентинскиот напаѓач, Фернандо Идалго. Целта на разговорот е да се направи план за следните чекори и да се најде начин за реализација на трансферот. Алварес моментално е на одмор на Ибица, а во тренинг-кампот на Атлетико треба да ...

Екипата на Шкендија утревечер од 21 часот ќе гостува во Шкотска на тимот на Хибернијан во првиот меч од третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. На денешната официјална прес конференција, тренерот на Хибернијан Дејвид Греј ги кажа своите очекувања пред утрешната пресметка, а реферираше и за тоа каква е здравствената состојба на играчите во тимот. Греј објави дека играчот за врска Калум Рајт најверојатно ќе биде способен да ...

На мечот од третото квалификациско коло од Лига на шампиони меѓу Хапоел Бер Шева и Црвена ѕвезда се случи една необична ситуација, во која „настрада“ еден фудбалер на израелскиот тим. Израелскиот дефанзивец Матан Балтакса беше исклучен во 58-та минута откако шпанскиот судија Хесус Гил Манзано му покажа два жолти картони во рок од неколку секунди, по што следеше црвен картон. Сè се случи во еден напад на Црвена ѕвезда. Балтакса прво го повлече ...

По речиси две години суспензија, на теренот, во дресот на Челзи се врати Михајло Мудрик. Украинецот беше суспендиран поради допинг, а пред неколку дена неговата забрана за играње беше повлечена и тој се врати во тимот на Челзи. Англискиот премиерлигаш денеска одигра контролен меч против Јувентус и загуби со 0:1. Сепак, мечот го одбележа враќањето на Мудрик. Фудбалерот кој беше платен речиси 100 милиони евра (трансфер од 70 милиони евра, плус ...

Арсенал и Њукасл постигнаа конечен договор за трансферот на Бруно Гимараиш. По неколкудневни преговори, двата клуба ги усогласија сите детали, а бразилскиот репрезентативец наскоро ќе го комплетира преселувањето на „Емирати“. Топчиите ќе платат 75 милиони фунти за капитенот на Њукасл, кој веќе доби дозвола да отпатува на лекарски прегледи пред официјалното потпишување на договорот. Гимараиш моментално се наоѓа во Шпанија со тимот на Њукасл на ...

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) официјално соопшти дека од трите клубови кои не добија лиценца во првиот предвиден рок – ТФТ, Маџари и Чаир – два успеале да ги подмират обврските кон федерацијата. Сепак, еден клуб не успеал да го направи тоа, поради што нема да биде дел од Супер-лигата во следната сезона. Станува збор за тимот на Чаир. Иако нивниот долг бил најмал во споредба со останатите два клуба, раководството не обезбедило ...

Винисиус јуниор денес одржа состанок со челниците на Реал Мадрид и се чекаат детали од разговорите, но од Шпанија пристигнуваат нови информации околу трансферот на Јан Диоманде. Според „Скај спортс“, Лајпциг конечно ги прифатил сите услови и понудата на Реал Мадрид, која ќе изнесува меѓу 130 и 140 милиони евра. Со тоа Кралскиот клуб ќе го реализира најскапиот трансфер во историјата на клубот. За репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ...

Трагедија се случила за време на фудбалски натпревар во покраината Наративат во југозападен Тајланд. Натпреварот од Голок купот се играше на пороен дожд. Во судиското продолжение, гром го погоди теренот исфрлајќи неколку играчи на земја. Според видеата објавени на социјалните мрежи, гром директно удрил двајца фудбалери кои стоеле покрај теренот, очигледно подготвувајќи се да бидат заменети. Еден од нив бил Софван Авае, новиот играч на клубот ...

Градските ривали Милан и Интер одиграа пријателски меч во австралискиот град Перт, а средбата мина во знак на сеќавање на легендата Франко Барези, кој почина викендов. Инаку, мечот заврши 1-1. Интер поведе со гол на Федерико Димарко, израмни Нкунку од пенал. Пред почетокот на мечот, Росонерите и Нераѕурите стоеја прегрнати едни до други за време на ефноминутниот молк, додека дресот со бројот 6 на легендата на Милан беше на центарот на ...

Со потпишувањето на Мохамед Салах, Трабзонспор го донесе веројатно најзвучното засилување во својата 59-годишна клупска историја. Бројот на странци кои потпишале за Трабзонспор се искачи на 207, а меѓу нив има и четворица македонски интернационалци. Клубот има купено играчи од 54 различни земји. Бразилците му биле најчестите странски играчи, имал 18 Бразилци, а сега со Салах, Египет ја стигна Македонија со четворица. Последен македонски ...

Турскиот клуб Трабзонспор го објави потпишувањето на договорот со легендата на Ливерпул и египетската репрезентација, Мохамед Салах. Мо е во Истанбул, а вечерва треба да се појави во Трабзон, каде што еуфоријата ќе биде незапаметена. Салах (34) ќе му се приклучи на Трабзонспор како слободен агент, потпишувајќи договор до јуни 2028 година. Египќанецот ќе го носи дресот со број 61. Мохамед Салах претходно играше за Базел, Челзи, Фиорентина, ...

Неверојатни вести доаѓаат од Англија. Еден петтолигашки клуб одлучи да одбие исклучително богата понуда која би можела да промени сè за нив. Станува збор за играчот Абдул Абдулмалик од Борам Вуд. Тимот кој се натпреварува во Националната лига (петти ранг) прво одби да го продаде својот играч за 750.000 фунти, што е околу милион евра, а потоа одбиле и 1 милион фунти. Тие добиле ваква привлечна понуда од шведскиот Ѓургарден. Абдулмалик има 23 ...

По повод 25-годишнината од регионалното кошаркарско натпреварување, АБА лигата, трае гласање за избор на 25-те најдобри играчи во историјата на оваа лига. Гласањето ќе трае до 9-ти август, а учесниците во гласањето ќе треба да изберат 25 кошаркари од доставената листа, за кои веруваат дека заслужуваат место меѓу најголемите во историјата на АБА лигата. На списокот се и македонските легенди Лестер Бо Меккејлеб, Перо Аннтиќ, Тодор Гечевски и ...

Англиски Борнмут ја прегази Џенова со неверојатни 10-1 во подготвителен натпревар кој траеше 120 минути, четири квартали по 30 минути. Иако стануваше збор само за контролен меч зад затворени врати во тренинг-центарот на Црешите, сепак еден италијански прволигаш не смееше да си дозволи ваква катастрофа. Во Џенова нема извештај на сајтот и објавија дека имале тренинг-меч, намалувајќи ја важноста на резултатот. Нивни фанови по социјалните ...

УЕФА воведе две значајни измени во правилата пред стартот на новата сезона, а тие ќе важат за сите клубови што ќе настапуваат во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига. Првата промена се однесува на жолтите картони. Наместо досегашните три, фудбалерите сега ќе бидат суспендирани по четвртиот жолт картон во лигашката фаза. Секоја следна суспензија ќе следува по секои два нови жолти картони, односно по шестиот, осмиот и ...

Галатасарај продолжува да биде еден од најактивните клубови во летниот преоден рок, а следна цел на турскиот шампион е една од најголемите ѕвезди на Милан – Рафаел Леао. Според реномираниот италијански новинар Матео Морето, челниците на клубот од Истанбул веќе интензивно работат на трансферот и сакаат што е можно побрзо да постигнат договор. Во меѓувреме, во Турција се очекува и официјализација на трансферот на Мохамед Салах во Трабзонспор, ...

6715 Фенербахче – Штурм Грац (20:00) Патот го групната фаза од Лигата на шампионите за фудбалерите на Фенербахче продолжува со двомеч против Штурм од Грац. По неубедливата претстава против Горњик, од турскиот гигант се очекува полека но сигурно да влегува во форма, а тоа треба да го покажат токму вечерва, против шампионот на Австрија. Сè освен убедлива победа на Фенербахче на овој меч ќе биде големо изненадување. Предлог тип: 1 & 3+ ...

Ливерпул продолжува агресивно да работи на засилувањата за новата сезона, а на листата на желби се наоѓаат дури двајца офанзивци на ПСЖ. Поранешниот англиски шампион веќе ги започнал разговорите за 18-годишниот сенегалски талент Ибрахим Мбаје. Младиот крилен напаѓач дал зелено светло за преселба на „Енфилд“, па сега се очекува Ливерпул да ги отвори и официјалните преговори со францускиот клуб. Дополнителен сигнал дека трансферот би можел да ...

Фудбалски и тениски натпревари се дел од понудата со зголемени квоти на Sport Life, Супер типот. Доминира фудбалот со 10 натпревари, а останатите шест се од тенисот. Првиот натпревар започнува во 12:30 часот и е од тенисот, а првиот фудбалски натпревар на програмата е од 15 часот. Најинтересни се квотите за европските фудбалски купови, а освен за конечен тип, во Супер типот може да се најдат зголемени квоти и за игри на голови, тимови, но и ...

Барселона е пред реализација на еден од најголемите трансфери ова лето, а најновите информации од Шпанија ги разгореа очекувањата кај навивачите на каталонскиот гигант. Познатиот каталонски новинар Жерар Ромеро најави „голема ноќ“, откривајќи дека спортскиот директор Деко отпатувал во Мадрид. Ромеро дури објави и снимка од Деко на аеродромот, тврдејќи дека патувањето е поврзано со преговорите за ангажманот на Хулијан Алварес. Според неговите ...

Пет натпревари од европските фудбалски купови се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози е 38.6, додека поединечно квотите се движат помеѓу 1.90 и 2.25. Најголемата квота од 2.25 е за дуелот помеѓу Архус и Сабах, а ќе биде добитна само ако домашните не загубат, но и ако има помеѓу еден и три гола во двете полувремиња. Голови се очекуваат во Норвешка, па квотата од 2.10 за дуелот на Бран и Аполон ќе ...

Сантос со минимални 1-0 славеше на гостувањето кај Ремо во осминафиналето од Купот на Бразил, а херој на гостите беше Рони, кој погоди во 74-тата минута по асистенција на Нејмар. Домаќините од 28-мата минута играа со фудбалер помалку по директниот црвен картон на Марлон, а Нејмар во игра влезе во второто полувреме и веднаш го сврте текот на натпреварот. Но, вистинскиот хаос настана по последниот судиски свиреж. Според бразилските медиуми, ...

Иднината на Ендрик би можела да биде една од главните теми до крајот на летниот преоден рок. Според дел од медиумите, младиот Бразилец им соопштил на челниците на Реал Мадрид дека сака да го напушти „Сантијаго Бернабе“ уште ова лето. Иако во Мадрид пристигна како еден од најголемите светски таленти, Ендрик не успеа да ја добие посакуваната минутажа и смета дека промена на средината би била најдобро решение за неговиот развој. Неговата желба ...

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси уште еднаш ја покажа својата хумана страна, донирајќи 80.000 евра за обнова на подрачјето Сиера Оесте во регионот на Мадрид, кое беше тешко погодено од големите шумски пожари. Веста ја потврди претседателката на автономната заедница Мадрид, Изабел Дијаз Ајусо, која јавно му се заблагодари на Меси за неговата поддршка. Катастрофалниот пожар избувна кон крајот на јули и зафати околу 27.000 хектари, ...

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, смета дека е дојдено време жена да застане на чело на светската фудбалска организација. Деведесетгодишниот Швајцарец јавно ја посочи Лисе Клавенес како најсоодветен кандидат да го наследи Џани Инфантино, кој се соочува со сè поголем притисок поради контроверзниот план за продажба на удели во турнирите на ФИФА на приватни инвеститори. „Лисе Клавенес заслужува огромна почит. Таа е единствената која ...

Тимот на Лос Анџелес лејкерс влегува во нова ера без Леброн Џејмс, а улогата на главен лидер на франшизата сега му припаѓа на Лука Дончиќ. Со тоа уште повеќе се зголемија очекувањата на навивачите, кои веруваат дека словенечката ѕвезда ќе го предводи тимот во новата НБА-сезона. Токму поради тоа, Дончиќ им испрати порака на фановите, уверувајќи ги дека ќе биде целосно подготвен за почетокот на сезоната. „По завршувањето на минатата сезона си ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
88%
1008
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
4.63
82%
998
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
3.09
94%
995
weather icon

Софија

17ᴼ / 14ᴼ
2.06
61%
1006
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.1
89%
1004
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
3.09
98%
994
weather icon

Атина

20ᴼ / 19ᴼ
5.81
84%
1015
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
6.17
51%
1007
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
68%
1006
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
2.06
84%
1005
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
97%
999
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
8.23
94%
1013
Currency

61.713

Currency

55.489

Currency

73.856

Currency

38.012

Currency

39.039

Currency

66.845

Currency

8.327

Currency

0.66989

Currency

0.3481

Currency

0.52464

Currency

1.1042

Currency

0.59191

Платина

48836.98

Бакар

12.41

Калај

47.40

Рутениум

61086.42

Злато

124908.87

Родиум

294983.10

Алуминиум

3.01

Кобалт

33.53

Цинк

3.79

Паладиум

31700.64

Иридиум

324722.54

Сребро

1620.38