Наполи одигра без голови (0-0) против Парма на свој терен, во натпревар од 16–тото коло од италијанската Серија А. Големо изненадување приреди екипата на Карлос Куеста, која успеа да остане непоразена на „Диего Армандо Марадона“ против актуелниот шампион на Италија. Наполи уште во 11-тата минута ја затресе мрежата преку Мектоминеј, но погодокот беше поништен поради офсајд во претходниот дел од акцијата. Избраниците на Антонио Конте продолжија ...

Репрезентацијата на Сенегал се пласираше во финалето на Африканскиот куп на нации, откако во Танжер ја совлада селекцијата на Египет со 1-0. Во дуелот на двајцата некогашни соиграчи и ѕвезди на Ливерпул, Садио Мане и Мохамед Салах, како победник излезе капитенот на Сенегал, кој со прекрасен удар во 78-та минута им пресуди на Египќаните во натпревар што не изобилуваше со возбудувања. Првото полувреме беше за заборав. Сенегалците имаа ...

ЛА клиперс е голем фаворит на домашен терен против Вашингтон, а и Њујорк никс, според квотите, треба лесно да слави на гости против Сакраменто кингс. Сепак, во НБА лигата никогаш ништо не е сигурно, и затоа нуди посебна возбуда. Во Полноќниот експрес во текот на ноќта на понуда се седум НБА натпревари. Покрај стандардните квоти, подготвени се и квоти за 77 кошаркари за нивниот индивидуален поентерски ефект во омилената игра на прогнозерите ...

Случајот со Роџерс Мато предизвика голема вознемиреност во Вардар и во македонскиот фудбал воопшто. Навивачите и експертите сега дискутираат кој е во право, дали можело да се постапи поинаку и што ќе значи ова за еден од најталентираните играчи на најтрофејниот македонски клуб. Хартс потврди дека потпишал преддоговор со 22-годишниот фудбалер и дека од јули тој официјално ќе стане дел од шкотскиот тим, со тригодишен договор. Во меѓувреме, ...

Почнува ракометната грозница, а на Европското првенство ќе учествува и репрезентацијата на Македонија. Избраниците на Кирил Лазаров се наоѓаат во навистина силна група, но сите се надеваме дека можат да направат пријатно изненадување и да се пласираат во нокаут фазата. Имате уште еден ден добро да размислите и да се обложите кога се во прашање „долгометражните“ типови, односно кој ќе ја освои титулата, кои репрезентации ќе ја минат групата од ...

Алваро Арбелоа е привремен тренер на Реал Мадрид, можеби до крајот на сезоната, а можеби и навистина само привремено. По отказот за Чаби Алонсо, раководството на Кралевите продолжува со интензивна потрага на нов тренер, а најголема желба на Флорентино Перес беше Јирген Клоп. Сепак, германските медиуми откриваат дека Германецот му дал „корпа“ на Реал Мадрид. „Интерес од Реал Мадрид? Тоа нема никаква врска со мене и кај мене нема никаков ...

Реал Мадрид вечерва игра меч од осминафиналето на шпанскиот Куп против второлигашот Албасете, а новиот тренер на Кралевите, Алваро Арбелоа, се соочува со сериозни проблеми околу составот. Кралевите ќе мора да истрчаат на теренот без единаесетмина стандардни фудбалери, па иако се работи за второлигаш од долниот дел на табелата, сепак нема да им биде лесно. Арбелао нема да ги има на располагање Куртоа, Менди, Ридигер, Милитао, Трент, Карерас, ...

Португалскиот репрезентативец Рубен Невеш се очекува да биде првото засилување за Мајкл Карик на клупата на Манчестер јунајтед. Екипата од „Олд Трафорд“ сака да го засили средниот ред, а токму во Португалецот се гледа на фудбалер кој може тоа и да го направи. Во прилог оди и добрата цена која ја има Рубен Невеш во моментов, па Ал-Хилал би прифатил сума од 20 милиони евра. Преговорите меѓу двете екипи веќе се започнати, а Португалецот нема ...

Жоао Кансело до крајот на оваа сезона ќе настапува како позајмен фудбалер за Барселона, откако буквално беше избришан од екипата од Ал-Хилал, по конфликтот со тренерот Инѕаги. Португалецот беше блиску до потпис со Интер, но на крајот сепак се одлучи да се врати во Барселона, екипа за која настапуваше во сезоната 2023/24. Кансело очекува дека ќе биде важен дел од екипата која ќе освојува трофеи оваа сезона, но вели дека улога имало и неговото ...

Најинтересниот натпревар од денешната фудбалска програма е полуфиналето на англискиот Лига куп помеѓу Челзи и Арсенал. Иако на „Стемфорд бриџ“ веројатно ништо нема да биде решено вечер, со оглед дека има реванш на почетокот на февруари, сепак очите на светската фудбалска јавност се насочени кон овој меч. Челзи речиси ретири години нема триумф над Арсенал, а Тпочиите“ и вечерва се фаворити според квотите во Sport Life. Квотата за победа на ...

Ракометниот тим на Вардар го остварува тоа што го најави пред крајот на 2025 година. Од таборот на Црвено-црните најавија дека целта им е во составот да донесат македонски ракометари, а сега тоа и го реализираа. Преку социјалните мрежи, екипата која е лидер во македонското првенство го потврди доведувањето на кадетскиот и младински репрезентативец Бобан Поповски, кој досега настапуваше за тимот на Мулти Есенс во втората лига по ранг во ...

Типувањето за најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, започна само пред 24 часа, а играчите веќе го навестија исходот од градското дерби на Манчестер кое се игра во сабота. Дури 75% од типувачите веруваат во победа на Манчестер сити, 12% очекуваат реми, а 13% типуваат на победа на Црвените ѓаволи. Иако има уште многу време до сабота во 13:30 часот, кога ќе биде затворено типувањето, сепак тешко е за ...

Менаџерот на Арсенал, Микел Артера, вели дека неговиот тим е подготвен за денешниот прв меч од полуфиналето во Лига купот против градскиот ривал Челзи. Арсенал сезонава игра одлично, тимот е лидер во Премиер лигата, а сега фокусот е да се обезбеди и место во финалето на Лига купот. „Фудбалот ни дава уникатна шанса. Бевме константни во овој турнир и сега треба да елиминираме еден голем ривал за да играме во финалето. Тоа е нашата мисија. Се ...

Филип Миркуловски е една од македонските ракометни легенди, но иако веќе не игра активно, сепак е дел од репрезентацијата на Европското првенство и тоа во улога на шеф на македонската делегација. Поранешниот репрезентативец очекува Македонија да изненади на ова првенство, иако има тешка група со Данска, Португалија и Романија. „Играме во група со Данска, Португалија и Романија, тешка група, но ние сме тука за да изненадиме. За Данска не треба ...

Африканскиот куп на нациите ја има својата кулминација. Денеска се играат двете полуфинални средби, по кои ќе бидат познати селекциите кои ќе останат во конечна битка за тронот во Африка. Кога играат Сенегал и Египет, едноставно не треба да се очекуваат голови. Делува неверојатно, но на 10 од нивните 12 меѓусебни дуели, на крајот немало повеќе од еден гол, што значи дека само еден момент најчесто е решавачки да се добие победникот. На 11 од ...

ФК Вардар АД реши да ја прифати милонската понуда од екипата на Спортинг Канзас Сити од Канзас САД. Клуб што се натпреварува во најсилната MLS фудбалска лига во САД. Останува сега Канзас и Мато да ги договорат условите под кој тој ќе настапува таму. За очекување е плата од околу 40.000 долари месечно, плус бонуси. Овој трансфер воедно ќе помогне и на Струмичка Брера која според договорот полага право на 20% од продажбата. Оваа најава од ФК ...

Како ретко кога, дури седум натпревари има во понудата за Бет билдерот, во која може да се најдат коефициенти кои се движат од 14 до 21. За дербито во Лига купот на Англија меѓу лондонските ривали Челзи и Арсенал има две интересни комбинации чии квоти се 17 и 18. За да биде добитна комбинацијата со коефициент од 18, потребно е: Арсенал да победи, да бидат постигнати повеќе од 2,5 голови, да има повеќе од 9,5 корнери и Букајо Сака да упати ...

Францускиот играч за врска Н’Голо Канте е подготвен да се врати во Европа, јавува германскиот „Скај“. Канте беше еден од најдобрите играчи од средниот ред кога реши да си замине од Челзи и да ја прифати понудата на тимот на Ал-Итихад од Саудиска Арабија. Повеќе од јасно беше дека Канте реши да оди „по парите“ во Саудиска Арабија, каде што потпиша договор според кој заработува 480.000 евра на неделно ниво. Со Ал-Итихад успеа да триумфира во ...

3002 Интер – Лече (20:45 ч.) Заостанат меч од 16-тото коло во Серија А, каде што Интер е огромен фаворит против тимот кој ќе се бори за опстанок. Лече има дури 10 порази во досегашните 19 одиграни дуели и е тимот со најлошиот напад и иам само 13 дадени голови. Интер во просек постигнува над два погодока на меч и јасно е дека сè освен лесна победа на Нераѕурите ќе биде изненадување. Предлог тип: 1-1&3+ (2.00) 3001 Наполи – Парма (18:30 ...

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром вечерва од 20 часот во „Јане Сандански“ ќе игра против Војводина во меч од шестото коло на АБА 2 лига. Ова е прв меч за Штрковите во 2026 година, а тренерот Васко Атанасов очекува поддршка од навивачите и верува дека МЗТ може да стигне до победа. „Годината ја почнуваме против екипа која е меѓу најдобрите во АБА2. Средбата е исклучително важна за двата тима, поради што очекувам голема борба од ...

Легендарниот ММА борец Хабиб Нурмагомедов е познат како голем љубител на фудбалот, па едноставно не остана имун, а да не ја искоментира одлуката на Реал Мадрид да го отпушти тренерот Чаби Алонсо. Хабиб даде целосна поддршка за тренерот и смета дека воопшто не била добра одлуката на челниците на Реал да го избркаат тренерот кого го доведоа само пред неколку месеци. „Не постои ништо поважно од лојалноста. Пред година дена го молеа Чаби Алонсо ...

Фудбал, фудбал и само фудбал има во денешната понуда на Супер типот во Sport Life, каде што може да се најдат многу зголемени коефициенти. Интересно е дека сите 16 понудени натпревари се играат во периодот од 18 до 21 часот, а возбудувањата ќе започнат со првото полуфинале на Африканскиот куп на нациите меѓу Сенегал и Египет. Улогата на фаворит тука ја има Сенегал, па „кецот“ е зголемен на 2.26. Вечерва ќе играат и неколку европски гиганти, ...

Одлична е атмосферата меѓу навивачката Фаланга која ноќеска од Скопје започна еден неверојатен поход. Триесетина верни навивачи на македонската репрезентација го започнаа своето патешествие со автобус да стигнат до градот Хернинг во Данска, каде ќе ракометарите ќе играат на Европско првенство. Патот кон ова патување долго повеќе од 2.300 километри започна на убав празник, на Василица. Навивачите не заборавија со себе во автобусот да понесат и ...

Пет интересни натпревари може да ви донесат вкупен коефициент од 40,99, доколку се одиграат сите пет понудени комбинации од Квоти на ден. Сенегал да не загуби против Египет во регуларниот дел од полуфиналето на Африканскиот куп на нации во дуел на кој ќе бидат постигнати меѓу еден и три гола е со квота од 1.95. Наполи е домаќин на Парма и тимот на Елиф Елмас да даде еден гол, а да има повеќе погодоци во второто полувреме од првото, се ...

Лос Анџелес лејкерс ја прекинаа низата од три порази по ред, откако на свој терен беа убедливи и славеа над Атланта со 141:116, во еден од седумте натпревари кои се одиграа ноќеска во НБА лигата. Двете најголеми ѕвезди на Лејкерс, Леброн Џејмс и Лука Дончиќ беа во вистински ритам, а кога е така, противниците немаат шанса. Џејмс го заврши мечот со 31 поени, 9 скокови и 10 асистенции, што значи дека му фалеше само еден скок за да комплетира ...

Група од 25-30 навивачи во раните утрински часови со автобус од Скопје тргна на долг пат до Данска, каде што треба да ја бодри македонската ракометна репрезентација на натпреварите од Европското првенство во градот Хернинг. Делува лудо, од Скопје до Хернинг има повеќе од 2.300 километри, но со добро друштво, песни, забава, ќе се издржи. Попатна станица ќе биде Прага, каде што групата ќе преспие, а потоа со нови сили се оди кон Данска, каде ...

Џуд Белингам првпат по отказот на Чаби Алонсо се огласи во јавност, но на големо изненадување, без воопшто да го спомене поранешниот тренер на „кралевите“. Токму Белингам беше посочен како еден од фудбалерите кои учествувале во „пучот“ за смена на тренерот, па и неговата објава се однесува на тоа. „Досега им дозволував на премногу вакви работи да поминат, секогаш надевајќи се дека вистината ќе излезе на виделина во свое време. Но, искрено… ...

Фудбалерите на Манчестер сити и 13-ти натпревар по ред со сите натпреварувања не знаат за пораз, откако славеа со 0-2 на гостувањето кај Њукасл во првиот меч од полуфиналето на англискиот Лига куп и со него веќе се во големото финале. Новото засилување на „граѓаните“, Антоан Семењо, постигна гол и на вториот меч за Манчестер сити, овој пат во 53-тата минута за водство од 0-1 на „Сент Џејмс парк“. Конечниот резултат го постави Рајан Шерки во ...

Чаби Алонсо го презеде Реал Мадрид пред крајот на мај минатата година, односно пред почетокот на Светското клупско првенство, но на клупата на „кралевите“ се задржа само околу седум месеци, а му пресуди поразот од Барселона во финалето од шпанскиот Супер куп. Шпанецот по одличните резултати со Баер Леверкузен, имаше понуди од неколку европски великани, но неговата одлука беше да го чека Реал Мадрид. Сега кога се раздели со „кралевите“, ...

Светската фудбалска организација, ФИФА, се соочува со голем проблем кој може и да ескалира доколку не се преземе нешто. Дури 17.000 навивачи буквално преку ноќ ги откажале билетите за Светското првенство, кое годинава ќе се одржува во САД, Канада и Мексико. Причините се различни, но доминираат високата цена, политиката и стравот за личната безбедност. Според математиките, еден навивач да ги гледа сите натпревари на својата репрезентација до ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1009
weather icon

Белград

11ᴼ / 8ᴼ
8.75
58%
1005
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
4.12
93%
1001
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
6.17
81%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.61
90%
1015
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
97%
1001
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
6.17
72%
1012
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
39%
1003
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
67%
1003
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
79%
1015
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
4.12
97%
1006
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

339190.38

Паладиум

56617.46

Иридиум

221848.72

Калај

49.78

Алуминиум

3.06

Платина

83354.78

Бакар

12.10

Рутениум

45750.51

Цинк

3.37

Злато

159322.70

Сребро

3663.67

Кобалт

64.04