Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Пари Сен Жермен се искачи на првото место на табелата во првенството на Франција, во исчекување на денешниот меч на Ленс против Оксер. ПСЖ на свој терен со сигурни 3:0 го победи Лил, во дуел кој требаше да биде дерби на 18. коло. Главна ѕвезда на дуелот на „Паркот на принцовите“ беше Усман Дембеле кој ги постигна првите два гола, а потоа во 90+3 минута Баркола само го потврди триумфот на актуелниот француски, но и европски првак. Моментот ...
По два разочарувачки меча и порази во Суперкупот и Купот на Шпанија, Реал Мадрид конечно ги израдува своите навивачи. На „Сантијаго Бернабеу“, Кралевите со 2:0 го победија Леванте, во меч од 20 коло на шпанското првенство. Реал доминираше во првото полувреме, но не успеа да го скрши отпорот на гостите. Тоа се случи дури во 58 минута кога Мбапе беше фаулиран во шеснаесетникот на Леванте, а судијата покажа дека то а е пенал. Мбапе самиот реши ...
Манчестер јунајтед конечно одигра еден меч како што доликува за англиски гигант и со 2:0 го победи градскиот ривал Сити, во дербито на 22. коло во Премиер лигата. Црвените ѓаволи одлично ја имаа поставено играта и беа многу поконкретни во нападот, но дури во 65 минута домашните навивачи се израдуваа на погодок. По еден одлично изведен контра напад, Бруно Фернандеш асистираше до Мбеумо, кој погоди за 1:0. Тој погодок може да го видите ТУКА. ...
Вардар имаше резултатски неуспешна прва контролна средба на подготовките во Турција откако убедливо со 6:2 загуби од Јаблонец. Лидерот во македонското првенство едноставно беше нерамноправен противник во дуелот против чешкиот тим кој е на третото место во тамошното првенство. Уште во првото полувреме Јаблонец покажа сила и постигна дури четири погодоци за убедливо водство од 4:0. Во второто полурвеме силите на теренот беа поизрамнети, па ...
Марк-Андре тер Штеген, искусниот германски голман на Барселона, е на прагот од нов предизвик во кариерата, позајмица во Жирона до крајот на сезоната. Според извори од каталонскиот весник „Спорт“, двата клуба се многу блиску до финализирање на договорот. Тер Штеген е дел од гигантот од „Камп Ноу“ од 2014 година, со над 420 настапи во сите натпреварувања и 176 натпревари со „чиста мрежа“, но и покрај тоа, неговата иднина во Барселона останува ...
Ливерпул нареди три нерешени резултати во домашното првенство, па разликата зад лидерот Арсенал е дури 14 бода. Црвените од „Енфилд роуд“ веруваат дека низата без победа ќе биде прекината денеска, и тоа пред своите навивачи во пресметката против Барнли. Барнли е на претпоследното место на табелата само со 13 бода и еден од главните кандидати за испаѓање. За разлика од Барнли, според последните направени пресметки на „Опта“, Ливерпул има ...
Португалија без многу проблеми ја победи Романија со 40:34 и покажа дека е еден од фаворитите за висок пласман на Европското првенство. Главни адути на Португалците се браќата Мартим и Франциско Кошта. Франциско постигна девет голови, а Мартим реализираше седум пати во победата над Романија и сигурно ќе бидат најголема опасност и на утрешната пресметка против Македонија. „Македонија има добар тим и играат добар ракомет. Го гледав натпреварот ...
Вкупно 10 меча се одиграа по првите два дена на Европското ракометно првенство, а синоќа беше видена една од најинтересните завршници. На мечот меѓу Фарски Острови и Швајцарија се очекуваше да биде неизвесно, но сепак малку кој очекуваше дека ќе има „луд финиш“. Швајцарија водеше со 28:27, а Фарски Острови го имаше последниот напад. Во нападот Фарски Острови беше со играч повеќе, без голман. На три секунди до крајот, Фарски Острови постигна ...
Не почна добро новата 2026 година за Реал Мадрид. Кралевите загубија во финалето од Суперкупот, и тоа од вечниот ривал Барселона со 3:2, а сметката ја плати тренерот Чаби Алонсо кој доби отказ. По разочарувањето во Суперкупот, на тренерската позиција беше назначен уште еден некогашен фудбалер на Реал, Алваро Арбелоа. И на Арбелоа не му тргна како што посакуваше. Во првиот меч како предводник на Кралевите, Арбелоа го водеше Реал до пораз на ...
Македонија очекувано загуби од Данска, а иако поразот е со двоцифрена разлика, капитенот, Филип Кузмановски не ја губи вербата. Кузмановски кој е еден од лидерите на теренот, против Данска постигна четири голови, а сега целиот фокус е насочен кон утрешниот меч против Португачија. Макеоднија ќе ја има улогата на аутсајдер и против Португалија, но Кузмановски е оптимист и верува дека Македонија може да се најде во втората рунда од турнирот. ...
Според традицијата, според формата и според коефициентите, селекциите на Шпанија и Германија треба да ги имаат фаворитските улоги во пресметките со Австрија односно Србија. Шпанија тесно славеше над Србија во првото коло, а Австрија со три разлика загуби од Германија. Токму оваа група е најизраментата на Европското првенство. Шпанија има седум победи и само едно реми и еден пораз во пресметките со Австрија. Сепак, Австрија токму пред две ...
На седумте најатрактивни дуели кои се очекува да бидат денеска има посебна понуда со Бет билдер коефициенти кои се движат меѓу 11 и 16. За мечот меѓу Калјари и Јувентус има коефициент 13, а да биде добитен потребно е: Јувентус да победи, двата тима да постигнат гол, двата тима да добијат 2+ картони и Давид да даде гол. За пресметката меѓу Удинезе и Интер, квотата е 16, а ќе биде добитна ако: Интер победи, Лаутаро Мартинез даде гол, Дејвис ...
Во фан зоната во Хернинг налетавме на позитивно расположена Македонка која си го испроба знаењето во пинг-понг, а ракометот е нејзин омилен спорт, затоа што и го има играно. Александра Гаралоска е родена во Прилеп, а последните години живее и работи во Лондон. Не ѝ беше тешко да дојде до Хернинг да ја бодри македонската машка ракометна репрезентација. Таа ја натера својата пријателка да позира со македонска навивачка маица. „Таа се вика ...
1007 Нотингам форест – Арсенал (18:30 ч.) Нотингам форест не е ни блеска, тој е сенка од тимот кој лани се бореше во горниот дел од табелата, па сега е на 17-тото место, кое е последно што носи опстанок во Премиер лигата. За разлика од нив, Арсенал игра сезона во која чека по паузата од над две децении, да ја освои титулата. Арсенал има четири победи и едно реми во последните пет дуели со Нотингам. Освен дуелот кој завршил 0:0, останатите се ...
Македонскиот прволигаш Работнички продолжува со реновирањето на тимот за вториот дел од сезоната. Српскиот интернационалец Никола Пејовиќ (27) е ново засилување за Работнички. Тој игра во дефанзивната линија и може да одговори на позициите стопер и десен бек. Негов последен клуб е Борац Бања Лука, а во кариерата има играно и за Рудар Велење, Пролетер, Локомотива Загреб, Рудеш, Емполи, Пистоезе, Земун. Македонскиот прволигаш Работнички ...
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, на утрешниот меч со Данска се надева дека ќе ги има на располагање Никола Митревски и Жарко Пешевски кои не играа против Данска. „Можеме многу да научиме од натпреварот со Данска, игравме со најдобрите на светот, добро е нашите момци да осетат како казнуваат грешки. Не ги потрошивме сите сили, задоволен сум од тој аспект, им дадов шанса на сите. Пешевски и Митревски имаа ...
По периодот на сериозни финансиски турбуленции, Киево полека повторно го наоѓа своето место на фудбалската сцена. Клубот од Верона има солидна сезона во Серија Д, а за продолжението од сезоната добива звучно засилување што може значително да влијае врз резултатите. Искусниот бразилски фудбалер Даглас Коста ќе го облече дресот на Киево до крајот на шампионатот и ќе биде еден од клучните адути во обидот тимот да избори повисок пласман и ...
Фудбал и само фудбал има во денешната понуда на Супер типот во Sport Life. Речиси израмнети се силите па има девет дуели на кои се зголемени квотите за победи на домашните екипи, а седум гостински клубови се сметаат како поголеми фаворити за триумф. Манчестер сити да слави на „Олд Трафорд“ против Јунајтед е со квота од 2.12. Интер да победи кај Удинезе се вреднува со 1.52, а Јувентус да ги освои трите бода кај Калјари е со 1.63. Победнички се ...
Роко Бенито Комисо, претседателот на Фиорентина од 2019 година и основач на телекомуникацискиот гигант „Медиаком“, почина утринава на 76-годишна возраст по долго лекување, соопшти италијанскиот клуб. Тажната вест ја потврди семејството Комисо преку официјално соопштение, во кое се наведува: „Со неизмерна болка и длабока тага, семејството Комисо – неговата сопруга Катерина, децата Џузепе и Мариса, како и сестрите Италија и Рафаелина – ја ...
Пет интересни натпревари од најсилните лиги во Европа се дел од понудата во Квоти на ден, а ако сите понудени комбинации ги одиграте на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 38.54. Манчестер сити гостува на „Олд Трафорд“ кај градскиот ривал Јунајтед и Граѓаните да не загубат во меч на кој ќе бидат постигнати меѓу два и четири погодоци се вреднува со квота од 2.10. Интер да даде најмалку еден гол во првиот дел на гостувањето кај ...
Еден од оние кои водеа голема битка на теренот против Данска секако е пикерот Марко Стојковиќ. Младиот 22-годишен ракометар одигра фајтерски против Данска, а успеа да постигне и еден гол во поразот од 36:24. Стојковиќ вели дека одлично е чувството да се игра во сала пред 15.000 гледачи, а и покрај убедливиот пораз од Данска, пикерот е уверен дека Македонија може да ја помине групната фаза. „Мора да сфатиме дека Данска се светски и олимписки ...
Кевин Дурант одигра блескав меч и беше најзаслужен за победата на неговито Хјустон против Минесота од 110:105 во еден од шесте меча кои ноќеска се одиграа во НБА лигата. Некогашниот МВП и 15-кратен ол-стар играч Дурант покажа дека и на 38 години е вистински лидер на тимот и со 39 поени беше најзаслужен за триумфот на Ракетите. Дурант цела оваа сезона е во одличен ритам затоа што 30+ поени има постигнато на дури 14 натпревари. Против Минесота ...
Македонија загуби од Данска со 12 разлика, но тоа е нешто што беше очекувано, ако се знае дека игравме против актуелниот светски првак и селекцијата која е домаќин на ова Европско првенство. Данска имаше поддршка од речиси 15.000 навивачи во салата, но Македонија во добар дел од мечот пристојно парираше на најдобрите. Павле Атанасијевиќ кој постигна два гола против Данска е полн со оптимизам пред дуелот од второто коло против Португалија, ...
Реал Мадрид утре го пречекува Леванте во меч од Ла Лига, но во шпанските медиуми сè уште главна тема е елиминацијата на Кралевите од Купот во Албасете . Тоа беше и главната тема на денешната прес-конференција, а едно од прашањата беше зошто тренерот на Реал беше толку смирен против Албасете. „Изгледав резервирано против Албасете? Во Кастиља не е така, бидејќи немам потреба воопшто да го кренам тонот, бидејќи совршено добро ме разбираат. Во ...
Ракометната репрезентација на Македонија со „пресметан“ пораз од Данска (36-24) го отвори Европското првенство. Селекторот Кирил Лазаров, ротираше, им даде шанса за одмор на Митревски и Пешевски, техничките грешки беа сведени на минимум, а нашата шанса за добар резултат ќе ја бараме на дуелите против Португалија и Романија. Ракометната репрезентација на Македонија со „пресметан“ пораз од Данска (36-24) го отвори Европското првенство. ...
Најдобриот ракометар на Данска Матијас Гидсел е задоволен по победата над Македонија. Гидсел вели дека Данците цел меч биле стоосто фокусирани затоа што знаат дека нашиот селектор Кирил Лазаров може да ги изненади. „Влеговме малку нервозно во мечот, сакавме да ја почувствуваме атмосферата во салата, која беше навистина фантастична. Исто така, знаевме дека Кире Лазаров ќе стори нешто за да нѐ изненади на тактички план. Онаа одбрана, зоната ...
Фудбалерите на ПСЖ на најдобар можен начин го заборавија поразот од градскиот ривал, Париз, во Купот на Франција и со убедлив триумф од 3-0 над Лил се вратија на врвот во Лига 1. Сепак, лидерската позиција за „светците“ може да биде само привремена, бидејќи имаат два бода повеќе од Ленс, но и натпревар повеќе од ривалот. Усман Дембеле со голови во 13-тата и во 64-тата минута ја најави победата на ПСЖ, на точка на триумфот стави Баркола со ...
Голманите на мечот против Данска имаа само пет одбрани, од кои четири беа на Мартин Томовски, додека една на Иван Галевски. Токму Мартин Томовски го анализираше поразот (36-24), а како клучни ги посочи грешките на стартот од натпреварот, кога Данците со серија од 5-0 се одлепи на 8-3. „Без разлика што Данска е најдобра, ние излеговме на теренот и го дадовме максимумот. Тие технички грешки на почетокот нѐ чинеа скапо и тим како Данска добро ...
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го постигна првиот хет-трик во дресот на Глазгов Ренџерс на официјален натпревар. Тој беше стартер и ја оправда довербата на куп-дуелот против нисколигашот Анан Атлетик постигнувајќи три гола. Миовски го отвори резултатот во 12-тата минута, а потоа и уште еднаш се запиша во листата на стрелците во 32-та минута. 🔥 pic.twitter.com/rAtCFWEm4B — Rangers Football Club (@RangersFC) January 16, 2026 ...
Македонија со пораз го отвори Европското првенство во Данска и тоа токму од домаќинот со 36-24. Селекторот Кирил Лазаров, иако доживеавме двоцифрен пораз, е задоволен од играта, иако како што вели, и многу поквалитетни селекции губеле од Данска со ваков или поголем резултат. „Можам слободно да кажам, иако е тешко да се каже тоа кога ќе загубиш со 12 гола, но јас сум задоволен од моите момци, како тие се бореа и како тие се поставија против ...