Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Отворен е официјалниот фан-шоп на фудбалскиот клуб Пелистер. Битолскиот клуб првпат доби официјален фан-шоп, место каде што навивачите ќе можат да купат клупски реквизити. „31.07.2026 година – Денот кога заедно испишавме историја. За првпат во 81 година постоење, ФК Пелистер го отвори својот официјален Фан Шоп. Благодарност до секој што беше дел од овој посебен ден – на сите што нè посетивте, купивте, се фотографиравте и ја споделивте оваа ...
Тимот на Лајпциг играше пријателски меч против Ферл, имаше две полувремиња по 60 минути, а на терен не се појавија Елиф Елмас и Јан Диоманде. Црвените бикови пред мечот објавија дека Елмас нема да игра поради поштеда и заштита од преоптоварување, а Диоманде наводно е болен, имал инфекција. Јавна тајна е дека Диоманде е договорен со Реал Мадрид и затоа денеска не игра веројатно за да не ризикува можна повреда која би му го упропастила ...
Фудбалската асоцијација на Англија вчера официјално го објави завршувањето на дисциплинската постапка против украинскиот крилен напаѓач на Челзи, Михајло Мудрик. ФА и фудбалерот, во консултација со Светската антидопинг агенција постигнаа договор за спогодба. Мудрик призна дека ги прекршил антидопинг правилата, а неговиот период на суспензија се сметаше за веќе издржан. На 22 октомври 2024 година, ниска концентрација на мелдониум беше откриена ...
Претседателот на Трабзонспор, Ертугрул Доган, ги коментираше гласините за трансфер што кружеа во медиумите во врска со Мохамед Салах. Салах кој има тешкотии во преговорите за трансфер со Бешикташ, во делот на продажбата на дресови и правата за слики, наводно постигнал договор со клубот од Трабзон, но тоа не е вистина. „Колку пати треба да ги негирам овие обвинувања? Ние немаме таква агенда“, рече првиот човек на Трабзонспор. Претседателот ...
Италијанскиот гигант Наполи денеска прославува 100-годишнина од своето основање. Во градот Неапол синоќа имаше огномет по тој повод, а централниот настан е вечерва на плоштад каде ќе има 50.000 навивачи. Вечерва, Пјаца дел Плебишито ќе биде повеќе од само плоштад: тоа ќе биде срцето на еден век страст за четирикратниот италијански првак. Таму ќе бидат претседателот Аурелио Де Лаурентис, тренерскиот штаб на чело со Масимилијано Алегри, како и ...
Хрватските кошаркари до 18 години на неверојатен начин беа поразени во четвртфиналето на ЕП во Б дивизија, првенство на кое игра и Македонија (денеска имаме меч со Исланд од разигрувањето за 13-16 место). Хрватите загубија од Полска со 66-68, и тоа на навистина шокантен начин. Домашните имаа сè во свои раце, ја имаа топката четири секунди пред крајот на натпреварот и водство од 66-65, но потоа направија глупост. Лошо го изведоа аутот, ...
3403 Баник Острава – Славија (17.00 часот) Двата тима новата сезона ја почнаа со победи. Славија на стартот беше ефикасна, триумфираше со 5-1, додека Острава славеше 1-0 на гости кај Злин. Славија е актуелен шампион на Чешка, а и вечерва е фаворит против тим од кој нема примено гол на последните шест меѓусебни дуели и редовно го победува. Баник осум години нема лигашка победа против Славија. Предлог тип: 2 & 0-3 (2.65) 2504 Старт – ...
Санти Денија е назначен за селектор на репрезентацијата на Чешк. Овој 52-годишен Шпанец е првиот странски тренер кој ќе го предводи чешкиот национален тим. Денија потпиша двегодишен договор со опција за продолжување. Тој доаѓа на местото на Мирослав Кубек, кој се пензионираше по Светското првенство ова лето, каде што Чесите беа елиминирани во групната фаза. Денија го предводеше олимпискиот тим на Шпанија до златен медал на Олимписките игри ...
Само фудбалски натпревари се наоѓаат во Супер типот на Sport Life, има дури 80 зголемени квоти, по пет за секој од 16-те меча. Тука се мечеви од Азија, Европа и Јужна Америка, изборот на џокери со кои може да се подобри потенцијалната добивка е импресивен. Има дуели од многу различни лиги, микс од квоти, понуда за сите вкусови. На речиси половина од мечевите, фаворити се гостите, па и за конечен тип има одлични квоти. Само фудбалски ...
Баерн Минхен се потруди да го победи Ливерпул во трката за потписот на Бредли Баркола, но според германски новинар, тоа е пореално да се случи следното лето, не ова. Крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен не сака да потпише нов договор, а и клубот е подготвен да го продаде Баркола ова лето. Француските шампиони бараат 170 милиони евра. Фаворит за неговиот потпис е Ливерпул. Во Баерн го гледаат Баркола како потенцијална замена за Мајкл Олисе, ...
Доколку ги уплатите петте квоти на денот кои ги нуди Sport Life за денеска, ќе добиете вкупен коефициент од 44.75. Квота од 2.10 е првиот предлог и тоа за играта дека Хакен против Калмар ќе даде минимум два гола на средбата, од кои барем еден мора да биде во прво полувреме. За Фалкирк – Сент Мирен, предлогот е со квота 2.25 и потребно е во прво полувреме да паднат 1-3 гола, а 3+ гола на целиот меч. Популарната игра 1-3 гола во двете ...
Лучано Спалети сликовито објасни како го гледа на враќањето на Роберто Манчини како селектор на Италија. „Тоа е како да се обидувате да ажурирате телефон кој е застарен“, порача човекот кој ја презеде работата во Јувентус во октомври 2025 година, нешто помалку од четири месеци откако беше отпуштен од клупата на Италија. Аѕурите се мачеа и по неговото заминување, менувајќи ги Џенаро Гатузо и привремениот менаџер Силвио Балдини, за Манчини да ...
Египќанецот Хамза Абделкарим (18 години) беше ѕвезда на пријателскиот натпревар на Барселона против Бирмингем (2-2 во регуларниот дел, 3-2 за англискиот тим на пенали). Напаѓачот ги постигна двата гола за Барса, по еден од пенал и игра, правејќи одлично деби за Каталонците. Дебитираше и Карим Адејеми, но остана во сенка на Египќанецот. Додека потрагата по број 9 е сè уште во тек, и прашањето дали сонот на Хулијан Алварез може да се оствари ...
Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА) се откажа од идејата за продажба на дел од правата за Светското првенство на приватни инвеститори. Претходно, европската УЕФА, Азиската фудбалска конфедерација и КОНКАКАФ (земјите од Северна и Средна Америка) се изјаснија против, а сите 55 европски национални асоцијации донесоа радикална одлука, гласаа за целосен бојкот на сите натпреварувања на ФИФА (вклучувајќи ги и Светските ...
Арсенал направил голем чекор кон еден од најспектакуларните трансфери во последните години, откако, според извори блиски до клубот, постигнал начелен договор за личните услови со Винисиус. Информацијата ја објавија два профили на социјалните мрежи кои важат за добро информирани кога станува збор за случувањата во лондонскиот клуб. Сепак, евентуалниот трансфер е далеку од реализација. Следниот чекор би бил преговори со Реал Мадрид, а се ...
Барселона и понатаму бара долгорочно решение во нападот по заминувањето на Роберт Левандовски, а шпанските медиуми тврдат дека тренерот Ханси Флик пронашол интересно име. Станува збор за младиот бразилски напаѓач Ендрик, кој е под договор со Реал Мадрид, но сè уште не успеа да се избори за поголема минутажа во дресот на „кралскиот“ клуб. Според шпанските медиуми, каталонците внимателно ја следат неговата ситуација и веруваат дека токму Ендрик ...
Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, ги демантираше шпекулациите дека ќе се кандидира за претседател на ФИФА на изборите во 2027 година. Во последните денови неговото име се споменуваше како можен противкандидат на актуелниот прв човек на светскиот фудбал Џани Инфантино, но Ал-Келаифи преку својот портпарол јасно стави до знаење дека нема такви амбиции. „Господинот Ал-Келаифи нема никаква амбиција, намера или интерес да ја преземе ...
Еден од најтрофејните француски клубови, Бордо, успеа да избегне судска ликвидација во последен момент, откако досегашниот сопственик Жерар Лопез го продаде клубот на инвестицискиот фонд „Спарта Капитал“ за симболично едно евро. Со овој потег беше спречено згаснувањето на клубот, кој со месеци се соочуваше со сериозни финансиски проблеми. Наместо крај на повеќе од еден век традиција, Бордо доби нова можност за финансиска стабилизација и ...
Претседателот на КОНКАКАФ и потпретседател на ФИФА, Виктор Монталијани, планира да се кандидира против Џани Инфантино на изборите за претседател на Светската фудбалска федерација во 2027 година, објавија британските медиуми. Оваа информација доаѓа во период кога Инфантино се соочува со сериозен притисок поради неговиот предлог дел од комерцијалните права на Светското првенство да бидат понудени на приватни инвеститори. Иако Инфантино уште во ...
Во Реал Мадрид повеќе немаат намера да чекаат околу продолжувањето на договорот со Винисиус. Според шпанска „Марка“, „кралскиот“ клуб му поставил јасен ултиматум на бразилскиот ас – да ја прифати последната понуда или ќе биде продаден уште во овој преоден рок. Договорот на Винисиус истекува следното лето, а раководството на Реал не сака да ризикува тој да си замине без обесштетување. Од клубот му порачале на неговиот менаџерски тим дека ...
Светскиот фудбал се соочува со сериозна институционална криза, откако се појавија информации дека Шпанија и Португалија би можеле да се откажат од организацијата на Светското првенство во 2030 година. Според шпанскиот „Ел Еспањол“, двете земји се подготвени на ваков чекор доколку претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, не се откаже од контроверзниот план за вклучување приватен капитал во управувањето со комерцијалните права на Светските ...
Бразилскиот ветеран Каземиро и официјално е нов фудбалер на Интер Мајами, каде што ќе ги здружи силите со Лионел Меси, кого го нарече „бог на фудбалот“. 34-годишниот играч за врска пристигна во американскиот клуб како слободен агент по истекот на договорот со Манчестер јунајтед, а веќе дебитираше во победата од 1:0 против Монтреал. Иако имал понуди да остане во Европа, Каземиро откри дека Интер Мајами бил негов прв избор. По долгогодишните ...
Карло Анчелоти најави почеток на нова ера во бразилската репрезентација, откривајќи дека повеќе нема да смета на неколку од најискусните фудбалери во процесот на создавање тим за Копа Америка 2028. Италијанскиот стратег истакна дека генерацијата предводена од Нејмар го завршува својот циклус во националниот тим. Напаѓачот веќе се повлече од репрезентацијата, додека Каземиро и Данило засега не објавиле дали ќе продолжат да настапуваат за ...
Ливерпул започнал преговори со Милан околу можниот трансфер на Фикајо Томори. Засилување на централната одбрана е еден од главните приоритети на англискиот премиерлигаш во актуелниот преоден рок, особено по новата повреда на Џо Гомез и заминувањето на Ибрахима Конате. Дополнителен проблем за тренерот Андони Ираола претставува фактот што Џовани Леони и Жереми Жаке сè уште се рехабилитираат од повреди, па изборот на стопери е значително ...
Пари Сен Жермен продолжува со активностите на трансферниот пазар и направи нов чекор кон ангажман на голманот на Парма, Зион Сузуки. Според информациите, францускиот шампион е подготвен да ги исполни финансиските барања на италијанскиот клуб и на јапонскиот репрезентативец му понудил интересна опција за продолжување на кариерата. Претходно беше објавено дека Парма за 23-годишниот голман бара околу 30 милиони евра. ПСЖ сака да ја реализира ...
Крилниот офанзивен фудбалер на Челзи, Михајло Мудрик конечно може повторно да игра фудбал. Мудрик имаше суспензија откако беше позитивен на допинг контрола, но денеска стигна долгоочекуваната одлука за него, но и за англискиот клуб, а тоа е дека фудбалерот може да се врати на теренот. „Мудрик повеќе не е под суспензија и може веднаш да се врати на теренот“, стои во соопштението. Украинецот ќе отпатува за Хонг Конг во недела и ќе се приклучи ...
Ливерпул добро ги започна подготовките и победи на првите два контролни дуели кои ги играше во САД. На дуелот одигран на легендарниот стадион на бејзбол тимот Њујорк јенкис, Ливерпул минимално со 1:0 славеше над Врексам. По победата, дојде до жестока расправија меѓу соиграчите Доминик Собослаи и Куртис Џонс. Причина за кавгата беше моментот кога Собослаи го напушти теренот, а капитенската лента ја даде на Костас Цимикас. Овој потег на ...
Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген ќе патува во Амстердам за да го финализира својот едногодишен трансфер на позајмица во Ајакс, објави денес „Мундо Депортиво“. Голманот го пропушти вчерашниот тренинг и ќе го напушти кампот на Каталонците за да ја комплетира позајмицата во Ајакс. Голманот треба да ги помине задолжителните медицински прегледи, а потоа ќе го стави потписот на верност кон холандскиот гигант во следните 12 месеци. ✈️ ...
Клубовите од Црна Гора се посрамотија летово во европските купови, на десет натпревари претрпеа десет порази. Ова е прв ваков поразителен случај во историјата на европскиот фудбал. По оваа историски лоша сезона на црногорските клубови, се огласија од Здружението „Фудбалска Црна Гора“, кое го пренесуваме во целост. „Честитки до претседателот на ФСЦГ и оние околу него, честитки до политичката елита во Црна Гора. Конечно успеавте да забиете ...
Англискиот премиерлигаш Челзи заработи парична казна од 10 милиони фунти, односно 11,7 милиони евраи воведена забрана за доведување на играчи во текот на два преодни рока поради кршење на финансиските правила во ерата на поранешниот сопственик Роман Абрамович. Клубот од „Стемфорд Бриџ“ е под долга истрага, а санкциите доаѓаат откако беа обвинети за 74 прекршувања на правилата на Фудбалската асоцијација (ФА) во септември минатата година. ...