Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Шпанската фудбалска федерација (RFEF) започна истрага откако Атлетико Мадрид се пожали дека Барселона го малтретира Хулијан Алварес и врши притисок врз него да изнуди трансфер на „Камп ноу“. Доколку се докаже дека тие го контактирале напаѓачот според договор со Атлетико за да му понудат трансфер, како што тврди мадридскиот тим, Барселона ризикува драстични санкции за кршење на прописите на ФИФА и РФЕФ. Според член 93 од Дисциплинскиот ...
ФИФА сака да го „продаде“ Светското првенство на инвеститори, богати бизнисмени и многу други поврзани со американскиот претседател Доналд Трамп, што предизвика „бура“ во фудбалот. УЕФА, КОНКАКАФ и АФЦ се побунија, се спротивставија за да го заштитат фудбалот, недозволувајќи Светското првенство да заврши во рацете на приватни инвеститори. Протечените документи откриваат дека ФИФА ќе донесе одлука во август за проширување на Светското ...
Паоло Малдини со многу емоции се прости од Франко Барези. И Малдини и Барези ќе се памтат како легендарни капитени на Росонерите кои целата кариера ја поминаа во Црвено-црниот дрес. Кога Малдини ја почнуваше кариерата, Барези беше столбот во одбраната на Милан, а потоа двајцата беа одличен тандем од дефанзивата. „Денес се чувствувам исто како и секој пат кога не можеше да бидеш на теренот со нас од која било причина: што ќе правиме без нашиот ...
Арсенал најверојатно доби една голема битка, а тоа е да го добие потписот на бразилскиот репрезентативец Бруно Гимараиш. Топчиите неколку пати даваа понуди до Њукасл , а последната од 90 милиони евра ќе биде прифатена, пишуваат повеќе медиуми. Искусниот 28-годишниот Бразилец веќе ги договорил личните услови со Арсенал и е подготвен да потпише долгорочен договор до 2031 година. Во Арсенал сметаат дека ангажманот на Бруно Гимараиш би бил клучен ...
МЗТ Скопје продолжува да го комплетира ростерот за новата сезона, а најново засилување на актуелниот македонски шампион е американскиот крилен кошаркар Лесли Ворнер. Дваесет и осумгодишниот кошаркар, висок 201 сантиметар, денеска и официјално стави потпис на договор со „сино-белите“ и ќе биде дел од тимот на тренерот Васко Атанасов во сезоната 2026/27. Ворнер зад себе има богато европско искуство. По четирите години минати на Универзитетот ...
Пари Сен Жермен конечно постигна договор со Монако за трансферот на младиот офанзивец Магнес Аклиуш, кој наскоро треба да стане ново засилување на европскиот шампион. Според информациите од француските медиуми, преговорите меѓу двата клуба траеле неколку недели, а Монако конечно ја прифатил петтата понуда на ПСЖ. Актуелниот европски првак ќе плати 50 милиони евра за 22-годишниот крилен напаѓач, што е за пет милиони повеќе од претходната ...
Марјан Илиевски е именуван за нов шеф на стручниот штаб на кошаркарскиот вицешампион Маџари, соопштија денеска од клубот кој зад себе има дебитантска сезона од соништата. За искусниот стратег ова значи враќање на тренерската клупа по пауза од крајот на 2023 година, кога се повлече од кормилото на Пелистер и ја продолжи работата исклучиво како спортски директор. Изминатово лето Илиевски седеше и на селекторската функција во репрезентацијата ...
Ули Хенес жестоко ја отфрли можноста Баерн Минхен да продаде некој од своето напаѓачко трио Мајкл Олисе, Хари Кејн и Луис Дијас. Членот на надзорниот одбор и поранешен прв човек на баварскиот гигант порача дека клубот нема никаква причина да се откажува од играчи кои се сметаат за клучни за иднината на тимот. „Продолжување на договорот со Кејн? Не разговарав директно со Хари за тоа, но слушнав дека е многу среќен во Минхен. Ние сме ...
Њукасл постигнал договор со германскиот тренер Матијас Јајсле, кој треба да стане нов предводник на тимот, пренесуваат англиските медиуми. Се очекува 38-годишниот стратег, кој моментно го води саудискиот Ал-Ахли, да го наследи Еди Хау на клупата. Иако Њукасл сè уште го нема официјално потврдено разделувањето со актуелниот менаџер, во Англија неговото заминување веќе се смета за извесно. Јајсле со Ал-Ахли оствари значајни успеси, освојувајќи ...
Фудбалскиот свет денес е потресен од веста за смртта на една од најголемите дефанзивни легенди во историјата на овој спорт, Франко Барези, кој почина на 66-годишна возраст. Барези остави неизбришлива трага во фудбалот и со години беше симбол на Милан, клуб во којшто ја помина целата своја кариера и стана една од најголемите икони во историјата на Росонерите. Од Милан се простија од својата легенда со емотивна порака, нагласувајќи дека ...
Дефанзивецот на Ал-Хилал, Жоао Кансело, ризикува казна поради непојавување во тренинг-кампот на тимот. Португалскиот бек не присуствувал на претсезонскиот тренинг-камп на клубот во Австрија бидејќи останува во Португалија, каде што неговиот агент, Жорж Мендеш, преговара за негово останување во Барселона, каде што играше како позајмен. Раководството на клубот од Саудиска Арабија наводно размислува за дисциплинска постапка против играчот ...
Aзиската фудбалска конфедерација (АФЦ) официјално се приклучи на отпорот против планот на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за вклучување на приватни инвеститори во комерцијалните активности поврзани со натпреварувањата на светската фудбалска организација. Со ова, азискиот фудбал застана на страната на УЕФА и КОНКАКАФ, кои претходно јавно изразија несогласување со предложениот модел. Во официјалното соопштение, АФЦ оцени дека ...
Клубовите од Црна Гора се посрамотија летово во европските купови, на десет натпревари претрпеа десет порази. Ова е прв ваков поразителен случај во историјата. Првакот Сутјеска ги загуби сите четири меча, по два по квалификациите во Лигата на шампионите и Конференциската лига, додека по два пораза имаа Морнар, Петровац и Дечиќ. Трагедијата е поголема ако се знае дека освен Каират Алмати, другите ривали на црногорските тимови не беа од ...
3401 Спарта Прага – Злин (19.00 часот) Ова е меч од второто коло во чешката лига, а во првото коло двата тима загубија. За Спарта, кој е еден од најголемите клубови во Чешка, катастрофа би било ако не победат и во вториот дуел од новата сезона. Спарта е голем фаворит, а има и феноменален биланс во меѓусебните дуели со Злин, го победија на секое од претходните пет соочувања. Злин 24 години не победил во Прага. Предлог тип: 1 & 0-3 (2.21) ...
Тетовска Шкендија во третото коло од квалификациите во Конференциската лига на 6-ти и 13-ти август, ќе се сретне со Хибернијан од Шкотска. Првиот меч е во Единбург, реваншот една недела подоцна во Скопје. Доколку македонскиот претставник успее да го елиминира Хибернијан, ќе биде на чекор од пласман во лигашкиот дел во Конференциската лига. Тој чекор ќе биде плејофот, последното квалификациско коло. Можниот противник, тетовци ќе го дознаат в ...
Кога ќе се погледнат зголемените квоти во Супер типот на Sport Life, веднаш ќе се забележи дека има комбинација од „сигурици“ кои 99% ќе бидат добитни и малку поризични, но привлечни затоа што се за победи на фаворитите. Овие зголемени квоти ги има само тука, во билтенот и додатокот квотите за истите игри се помали. Ако ваши фаворити се ЦСКА 1948 Софија, Бриж, ЛАСК, Ренџерс или на пример тенисер(к)ите Милер, Фриц, Пегула, подобрете си ја ...
Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карло Анчелоти, се огласи по бранот критики кон претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, поради неговата намера да продаде дел од правата за Светското првенство на приватни инвеститори. Вреди да се напомене дека на 30 јули, по предлогот на Инфантино, УЕФА и сите 55 нејзини национални асоцијации едногласно гласаа за целосен бојкот на сите турнири на ФИФА (вклучувајќи ги и Светските првенства за ...
Вкупниот коефициент за денешните пет Квоти на денот во Sport Life e 45.26. Првиот предлог е да уплатите дека на Спарта Прага – Злин двата тима ќе дадат гол и притоа дека ќе има гол во првото полувреме. Квота од 2.15 се нуди за комбинацијата Валеренга да постигне гол против Хам Кам и второто да биде поефикасно од првото полувреме. Играта на двојна шанса полувреме-крај 12-1Х за ЛАСК – Грацер носи квота од 2.05. Ако верувате дека Клуб Бриж нема ...
Едноракиот дански играч од средниот ред, Мариус Кругер Линд, кој игра за тимот на Фарските Острови, Рунавик, постигна историско достигнување. Линд стана само вториот фудбалер со една рака во историјата кој постигна гол во европските натпреварувања. Овој 27-годишен Данец постигна гол во реваншот против словенечкиот тим Копер во второто квалификациско коло од Конференциската лига. Линд е роден без десна подлактица и синоќа го зголеми ...
Милан, Италија, а и целиот фудбалски свет тагува по веста за смртта на легендата Франко Барези. Легендарната 6-ка, почина на 66 години. Барези лани беше опериран од јазол на белите дробови. Тој одигра 719 натпревари за Милан, освојувајќи шест титули во Серија А и три КЕШ/Лиги на шампиони, додека за репрезентацијата одигра 81 натпревар, освојувајќи го Светското првенство во 1982 година. Инвазивната операција беше успешна, толку многу што ...
Реал Мадрид откако вчера попладне го продаде Гонзало Гарсија во Фулам, веднаш тргна во акција да најде резервен напаѓач, и синоќа потпиша со Карлос Еспи од Леванте за 25 милиони евра. Еспи има 21 година, висок е 194 сантиметри, и профил каков што му фалеше на тимот во нападот. Договорот на Еспи со Реал Мадрид е со важност до 30 јуни 2031 година. Минатата сезона беше прогласен за најдобар играч во шпаската лига под 23 години. Објавата за ...
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас би можел повторно да се пресели во Турција, откако тамошните медиуми објавија дека Бешикташ сериозно работи на негов ангажман. Откако вчера се појавија првите информации за интересот на истанбулскиот гигант, денес турскиот весник „Фанатик“ открива и колку е подготвен да плати Бешикташ за потписот на македонскиот репрезентативец. Според истиот извор, турскиот клуб е подготвен да испрати понуда вредна до ...
Словенечкиот судија Славко Винчиќ, кој го судеше финалето на Светското првенство во САД, по враќањето во татковината се обрати пред медиумите и зборуваше за своето последно големо натпреварување. Искусниот арбитер, кој по ова Светско првенство ја завршува судиската кариера, истакна дека ВАР денес е незаменлив дел од фудбалот. „Грешките можат да се исправат со прегледување на снимката, а тоа е клучно бидејќи при вакво темпо на игра, судијата ...
Англискиот репрезентативец Џон Стоунс и официјално е нов фудбалер на Интер, објавија познатите трансфер-инсајдери Фабрицио Романо и Џанлука Ди Марцио. 32-годишниот стопер потпиша двегодишен договор со „нероаѕурите“, каде што пристигнува како слободен играч по истекот на договорот со Манчестер сити. Стоунс во Манчестер сити пристигна во летото 2016 година од Евертон за 55 милиони евра. Во дресот на англискиот гигант одигра 295 натпревари, ...
Иднината на Хулијан Алварес и натаму е една од главните теми на летниот преоден рок, а шпанските медиуми откриваат нов заплет во целата приказна. Според „Марка“, Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ) покренала дисциплинска постапка против Барселона по пријава од Атлетико Мадрид. Јорганџиите тврдат дека Барселона воспоставила контакт со аргентинскиот напаѓач надвор од дозволениот период за преговори. Жалбата била поднесена на 30 јуни, ...
Вицешампионот на Македонија, Шкендија, успеа да ја надополни негативата од првиот натпревар и со победа од 3-1 над Браво дојде до пласман во третото квалификациско коло од Конференциската лига. Екипата од Словенија имаше 2-1 од првиот меч во Љубљана, а во 17-тата минута преку Јакослав Станковиќ поведе на Националната арена во Скопје. Сепак, Шкендија со многу подобра игра не само што направи комплетен пресврт, туку на крајот победи и со ...
Арне Слот би можел наскоро да започне ново поглавје во својата тренерска кариера, а дестинацијата која во последните часови се споменува како можна опција изненади многу фудбалски фанови. Според информациите, холандскиот стручњак е меѓу главните кандидати за нов тренер на Ал-Ахли. Веста привлече големо внимание бидејќи Слот досега најчесто се поврзуваше со европски клубови, додека преселба во Саудиска Арабија не беше сценарио кое често се ...
Баерн Минхен ја демонстрираше својата моќ на првиот подготвителен натпревар, совладувајќи го Ротах-Егерн со неверојатни 15:0. Баварците уште од самиот почеток покажаа дека нема да има неизвесност. Павиќ го отвори резултатот во деветтата минута, а само една минута подоцна Ибрахимовиќ зголеми на 2:0. До 13-тата минута веќе беше 4:0, благодарение на двата гола на Чавез. До крајот на првото полувреме Ибрахимовиќ и Кардозо уште двапати ја затресоа ...
Манчестер сити подготвува нов потег на трансфер-пазарот и сериозно е заинтересиран за голманот на Олимпик Марсеј, Херонимо Рули. Англискиот шампион бара ново решение меѓу диреците по најавеното заминување на Џејмс Трафорд во Лидс, а Аргентинецот се појавил како една од главните опции. Според информациите, Рули е подготвен да ја прифати понудата и да се пресели на „Етихад“, а и во Марсеј се свесни за неговата желба да направи чекор напред во ...
Фудбалската федерација на Македонија ги објави терминитие за второто прволигашко коло, кое ќе се игра следниот викенд. Најголемо внимание привлекува мечот помеѓу Вардар и Шкендија, најголемите фаворити за шампионската титула. Дуелот на Националната арена во Скопје ќе се одигра во недела, на 9 август, со почеток во 17 часот. Колото го отвораат Шкендија Арачиново и Силекс со меч во скопската населба Чаир во петок (7 август), а во сабота се ...