Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Пет натпревари од европските купови кои се играат денеска се дел од понудата во Квоти на ден, а доколку сите пет понудени комбинации ги одиграте на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 43.52. Копенхаген на свој терен е голем фаворит против Полесија и домаќинот треба да постигнува меу еден и три погодоци во двете полувремиња за да биде добитна комбинацијата што носи квота од 2.35. Точно два коефициент е комбинацијата да има еден ...
За Вардар завршија европските предизвици за ова лето. Македонскиот првак на два пати доживеа болна елиминација. Најпрво Вардар беше исфрлен од квалификациите во Лига на шампиони, откако загуби од КуПС од Финска со вкупен резултат 3:4 во двомеч кој траеше 210 минути. Црвено-црните на ист начин синоќа беа елиминирани и од квалификациите во Конференциската лига и повторно во двомеч кој траеше 210 минути против летонска Рига. Вардар дома загуби ...
Вардар го заврши настапот на европска сцена за ова лето. Црвено-црните синоќа загубија на гости кај Рига со 5:2 во меч кој се играше 120 минути. По 90 минути Вардар водеше со 2:1, а на тоа ако се додаде и поразот на македонскиот првак на свој терен со 2:3 во првата средба, значи вкупниот резултат беше 4:4, па мораше да се играат продолженија. Во дополнителните 30 минути, Рига беше доминантна и постигна четири голови за убедлива победа од 5:2. ...
Светскиот фудбал се соочува со огромна криза. Според „Скај Спортс“, европските репрезентации и националните асоцијации водат сериозни разговори за потенцијален бојкот на Светското првенство доколку претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, продолжи со својот план за продажба на дел од ФИФА на приватни инвеститори. Планот на првиот човек на ФИФА да префрли дел од сопственоста на чадор организацијата на светскиот фудбал на приватни инвеститори ...
Тренерот на Вардар, Кристијан Фабијани, беше задоволен од борбеноста на тимот и тактичката поставеност на гостувањето кај Рига. Црвено-црните загубија 2-5 по продолженија и испаднаа од европските купови. „Три минути нè делеа од посакуваниот резултат. На терен стоевме перфектно, екипата доста беше координирана и имаше ред во играта. Тактички ги затворивме сите приоди на противникот иако игравме скоро 80 минути во регуларниот дел со играч ...
Европската фудбалска федерација УЕФА остро реагираше на најавите дека ФИФА размислува да продаде малцински удели на Светското првенство на приватни инвеститори, велејќи дека таков потег би претставувал преминување на линија што управните тела на фудбалот не смее да ја преминуваат. „Ова ја преминува границата што управните тела на фудбалот никогаш не треба да ја преминат. УЕФА го сфаќа ова исклучително сериозно. Истото треба да го направат и ...
Мануел Нојер (40) за прв пат проговори за конкретен датум за неговото пензионирање. Капитенот на Баерн ќе ја започне својата 21-ва сезона во Бундеслигата (16 со Баерн, 5 со Шалке), која ќе му биде последна по што ќе следува повлекување. Нојер откри дека бил многу блиску до одлука за повлекување уште летово, но атмосферата во тимот го мотивирала да остане уште една година. „Не играм со идејата дека ова е мојот последен натпревар, на кој било ...
Тренерот на Милан, Португалецот Рубен Аморим, објасни како планира да го користи Лука Модриќ во претстојната сезона, откако 40-годишниот хрватски играч од средниот ред го продолжи договорот со Росонерите до летото 2027 година. „Тој е играч од врвно ниво, сакаме да ја контролираме топката, и ако има некој на светот кој навистина може да помогне во контролата на поседот, тоа е Лука. Не е важно дали е брз тркач, тој брзо размислува. Јас сум на ...
Македонскиот фудбалски првак Вардар е елиминиран од Рига во квалификациите во Конференциската лига, и со тоа завршуваат европските настапи за Црвено-црните во 2026/2027. Вардар исто како и против КуПС во квалификациите во ЛШ, испадна после продолженија, и повторно со домашен пораз, и добиен меч на гости во 90 минути пред да дојде до голем пад во дополнителните 30 минути. Вечерва во главниот град на Летонија, вардарци по 90 минути игра имаа ...
Мјалби АИФ испиша историја квалификувајќи се за прв пат во лигашката фаза од едно европско натпреварување. Сензационалните шведски шампиони во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите го елиминираа Линколн од Гибралтар и се пласираа во следната фаза каде веројатно ќе играат со Слован Братислава, но веќе обезбедија место барем во Конференциската лига. Ова е продолжение на серијата успеси за клубот од село со помалку од 1.500 жители, ...
Вардар ја совлада Рига со 2-1 иако 70 минути играше со човек помалку, па дополнителни 30 минути ќе решаваат кој оди во третото квалификациско коло во Конференциската лига. Вардарци со играч помалку на терен дадоа втор гол преку Омерагиќ, а потоа целосно се затворија и примија гол во 87-ма минута. Голот на Омерагиќ погледнете го ТУКА. Вардар ја совлада Рига со 2-1 иако 70 минути играше со човек помалку, па дополнителни 30 минути ќе решаваат ...
Кошаркарскиот клуб Работнички објави дека нов член на клубот воедно и едно од најголемите засилувања за сезоната 2026/27, е Дарин Говенс. Американскиот бек зад себе има богата интернационална кариера, настапувајќи во првенствата на Исланд, Израел, Грција, Унгарија, Белорусија, Русија, Франција и Македонија, а во Работнички пристигнува од редовите на ТФТ Скопје. Во својата кариера беше прогласен за MVP на Унгарската лига (2017), ја освои ...
Прекрасниот гол на Давид Бабунски кој може да го погледнете ТУКА, му донесе предност на Вардар од 1-0 на гостувањето кај Рига во реваншот од квалификациите во Конференциската лига, и тоа е резултатот со кој екипите заминаа пауза. Проблемот е што македонскиот првак од средината на првото полувреме има човек помалку на терен по исклучувањето на Најдовски. Ако остане вака ќе има продолженија, но Вардар го чека тешка борба и ќе биде потребно ...
Реал Мадрид победи со 4-1 во пријателски полузатворен меч против Леганес. Голови за Кралскиот клуб постигнаа капитенот Федерико Валверде, Гонзало Гарсија и Франко Мастантуоно, а еднаш играч на Леганес си даде автогол по нафрлување на Трент Александер-Арнолд. Сите голови паднаа до 60-та минута. Ги немаше играчите кои подолго беа на Светско првенство, од трибините гледаше приновата Дензел Думфрис. а иднината на младите Гонзало и Мастантуоно е ...
Мохамед Салах беше на чекор до потпис со Бешикташ, но турскиот гигант во последен момент ги прекина преговорите и се откажа од еден од најголемите трансфери ова лето. Причина за неуспехот биле финансиските барања на агентот на египетскиот ас. Иако Бешикташ ги договорил личните услови со поранешниот напаѓач на Ливерпул и предвидел бонус за неговиот менаџер, ситуацијата се променила кога агентот побарал повеќе од осум милиони евра само за ...
Напаѓачот на ПСЖ, Бредли Баркола, направил важен чекор кон трансфер во Ливерпул откако, според француските медиуми, дал усна согласност да се пресели на „Енфилд“. Сепак, трансферот сè уште не е завршена работа бидејќи Ливерпул и ПСЖ не можат да се договорат околу висината на отштетата. Баркола има договор со европскиот шампион до летото 2028 година, но наводно веќе донел одлука да не ја продолжи соработката со парискиот клуб, со што ...
Роберт Левандовски кариерата ја продолжи во американскиот Чикаго откако Барселона не му понуди нов договор по истекот на соработката. Неговиот агент Пини Захави откри дека полскиот голгетер направил огромна финансиска жртва за да остане на „Камп ноу“, но на крајот сепак морал да си замине. „Во јануари Роберт доби понуда за двегодишен договор вреден 100 милиони евра по сезона. Ја одби затоа што сакаше да остане во Барселона. Му реков дека ...
Властите на автономната област Мадрид донесоа одлука привремено да му ја одземат концесијата на стадионот „Вајекас“ од Рајо Ваљекано и веднаш да започнат итни санациски работи. Одлуката следува по техничката инспекција која открила сериозни недостатоци на стадионот – недостиг на безбедносна документација, неисправни електрични и противпожарни системи, па дури и користење на просторите за храна како складишта за отпад. Според регионалните ...
Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља реши да го исполни ветувањето што го даде пред Светското првенство – трајно да го истетовира ликот на селекторот Луис де ла Фуенте доколку Шпанија ја освои титулата. 🇪🇸🫱🏻🫲🏼 Marc Cucurella, getting tattoo of Luis de la Fuente’s face as he promised before the World Cup. 😁 pic.twitter.com/M8d6llfyOC — Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 28, 2026 Кукуреља накратко ја потврди својата одлука и на ...
Напаѓачот на Борнмут, Ели Крупи јуниор, се наоѓа меѓу опциите на Барселона за засилување на позицијата централен напаѓач доколку каталонскиот клуб не успее да ја реализира својата голема желба, трансферот на Хулијан Алварес од Атлетико Мадрид. Сепак, пред шпанскиот шампион стојат две пречки кои би можеле да го спречат евентуалниот трансфер. Од „Камп ноу“ веќе воспоставиле контакт и со 20-годишниот фудбалер и со неговиот клуб, но ситуацијата ...
Францускиот истражувачки новинар Ромен Молина излезе со интересни тврдења за атмосферата во соблекувалната на Реал Мадрид, поврзани со Арда Ѓулер и тренерот Чаби Алонсо. Според Молина, неколку од најважните фудбалери на Кралскиот клуб не биле задоволни од одлуката на Алонсо редовно да му дава голема минутажа на турскиот репрезентативец. Како имиња ги споменува Федерико Валверде, Џуд Белингам, Винисиус, Родриго и Ендрик. Новинарот тврди дека ...
Најдолговечниот кошаркар во историјата на НБА-лигата, Леброн Џејмс, изненади многумина со неговата одлука во следните две години да биде кошаркар на Филаделфија 76. Џејмс се согласи да има над 90 отсто помала плата од таа што минатата сезона ја добиваше во Лос Анџелес лејкерс, што е само потврда дека неговото доаѓање во Филаделфија не е од финансиски мотив. Според американските медиуми, кога Џејмс се согласил да потпише за Филаделфија, тој ...
Роберто Манчини повторно ќе седне на клупата на италијанската репрезентација, објави најпознатиот трансфер-инсајдер Фабрицио Романо. Со своето препознатливо Here we go, Романо потврди дека Манчини постигнал конечен договор со челниците на Италијанската фудбалска федерација и наскоро ќе биде официјално претставен како нов селектор на Аѕурите. 🚨🔵 BREAKING: Roberto Mancini has agreed to become new Italy head coach, here we go! 🇮🇹 New ...
Во пресрет на новата кошаркарска сезона, на светската мапа се појави нов феномен. Неговото име е Јонгкуч Мах, има само 18 години, а со својот неверојатен изглед и талент веќе го привлекува вниманието на најголемите светски скаути на престижниот кошаркарски камп во Тревизо, Италија. На кампот каде што се собираат најголемите светски таленти за да се докажат пред скаути од НБА и Евролигата, името на младиот Мах остави посебен печат, а причината ...
Од денеска започнува новата ера во француската репрезентација под водство на селекторот Зинедин Зидан. Легендарниот француски фудбалер и официјално е промовиран во нов селектор на Галските петли. Зидан доаѓа на местото на Дидие Дешан кој повеќе од една деценија со голем успех го предводеше националниот тим. Зидан откри дека со години ја чекал понудата да биде селектор на Франција и дека во изминатиов период одбил неколку клупски понуди, со ...
Борусија Дортмунд постигна договор со Генк за трансферот на офанзивниот играч за врска Константинос Карецас. Осумнаесетгодишниот суперталент беше поврзуван со трансфер во Милан, каде што требаше да биде потенцијална замена за Рафаел Леао, но германскиот клуб реагираше побрзо и успеа да го обезбеди неговиот потпис, и покрај директните контакти од тренерот на Манчестер jунајтед, Рубен Аморим, кој исто така се обидувал да го убеди фудбалерот. ...
Челниците на тетовска Шкендија се одлучија на популарен потег за дуелот против Браво во реваншот од второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Од тетовскиот клуб одлучија влезот на Арената „Тодор Проески“ да биде бесплатен. „Клубот ги поканува сите навивачи и љубители на фудбалот да ги наполнат трибините на стадионот во Скопје, до влезот за повратничкиот натпревар на второто коло елиминаторот на Конференциската лига“, стои ...
Младиот 22-годишен фудбалер на белгискиот прволигаш Сент Унион, Мохамед Фусеини, беше нападнат и ограбен во Брисел. Инцидентот се случил во неделата наутро во квартот Дансерт, а снимката од нападот беше објавена од белгиските медиуми и можете да ја погледнете ТУКА. Снимката ги прикажува напаѓачите како го вадат Фусеини од неговиот автомобил. Додека тројца од нив го држеа и се обидуваат да му го извлечат мобилниот телефон од рацете, другите ...
Ракометната федерација на Македонија ја информира јавноста дека Игор Марковиќ е именуван за нов селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија. Марковиќ е роден на 16 декември 1981 година во Цетиње, Црна Гора. Како играч настапуваше на позицијата лево крило и зад себе има богата и успешна кариера, бранејќи ги боите на РК Ловќен, Будуќност Подгорица, Ал-Курине (Кувајт) и унгарскиот Комлои Бањаш. За сениорската репрезентација на ...
Италијанскиот шампион Интер е на чекор до голем трансфер бидејќи многу е блиску до ангажман на англискиот репрезентативец Џон Стоунс како слободен фудбалер, пренесуваат италијанските медиуми. Според информациите, двете страни веќе постигнале начелен договор за двегодишен договор, според кој Стоунс ќе заработува најмалку четири милиони евра по сезона. Со тоа Нераѕурите се на добар пат да ја добијат трката за потписот на 32-годишниот ...