Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Тренерот на Шахтар Доњецк, Арда Туран, објави дека украинскиот клуб ќе биде домаќин на натпреварите од главната фаза на Лигата на шампионите во сезоната 2026/27 во Лондон. „Изгледа дека ќе ги играме нашите европски натпревари во Лондон. Навистина сакавме да бидеме во Турција, но прописите на УЕФА вршат голем притисок врз нас“, рече Туран по пријателскиот натпревар против Бурсаспор. Клубот од Украина е во преговори за рентање на стадионите на ...
Сагата околу трансферот на Хулијан Алварес продолжува откако аргентинскиот напаѓач решил лично да реагира по сознанието дека Барселона нема намера уште долго да чека Атлетико Мадрид да се согласи на преговори за неговата продажба. Не е тајна дека Алварес е една од најголемите желби на каталонскиот клуб. Барселона веќе испратила понуда вредна 100 милиони евра до Атлетико Мадрид, но таа веднаш била одбиена. Од Атлетико јасно порачале дека ...
Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со формирањето на тимот за новата сезона. По ангажманот на Благој Димитриев, битолчани го претставија и своето второ засилување, тоа е Алонзо Едвард Денинг. Станува збор за кошаркар роден во Соединетите Американски Држави, кој има македонско потекло и поседува македонско државјанство. Тоа значи дека во домашното првенство Денинг ќе има статус на домашен играч, што претставува дополнителна предност за ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се огласи со долга порака на социјалните мрежи по завршувањето на Светското првенство 2026, кое се одржа во САД, Канада и Мексико. Тој го оцени турнирот како огромен успех, ги пофали организацијата и безбедноста, но истовремено остро им возврати на критичарите, порачувајќи дека Мундијалот „го прославил човештвото на најдобар можен начин“. „Ова е порака до сите оние кои ја пропуштија убавината на ...
Францускиот напаѓач Карим Бензема му создава големи проблеми на саудискиот Ал-Хилал бидејќи упорно одбива да го напушти клубот и да прифати трансфер. Иако на 13 натпревари во сите конкуренции постигна девет гола и запиша пет асистенции, раководството на Ал-Хилал и стручниот штаб сакаат да го заменат Бензема со помлад фудбалер. До клубот ова лето пристигнале неколку понуди за францускиот напаѓач кои Ал-Хилал ги прифатил, но секојпат Бензема ...
Килијан Мбапе првпат јавно се огласи откако Франција го заврши настапот на Светското првенство без медал, на четвртото место. Ѕвездата на Реал Мадрид испрати порака до навивачите во која истакна дека гордоста поради прикажаните игри е посилна од разочарувањето што тимот не успеал да ја освои титулата. Капитенот на француската репрезентација им се заблагодари на сите кои ја поддржувале селекцијата во текот на целиот турнир. „Ви благодарам. ...
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов е на чекор до нов трансфер, откако постигнал целосен договор со полскиот прволигаш Погон Шчечин. Според информациите од полските медиуми, крилниот фудбалер ќе потпише двегодишен договор со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. Интересно е што Чурлинов до последен момент беше многу блиску до преселба во Видзев Лоѓ. Македонецот во саботата престојувал во Лоѓ, каде што разговарал ...
Лука Вилдоза од вчера и официјално е нов играч на кошаркарскиот клуб Партизан, со што влезе во историјата како прв „предавник“ кој играл за двата најголеми белградски и атински клубови. Аргентинецот беше член на Црвена ѕвезда, во тоа време се ожени со српската одбојкарка Милица Тасиќ, која пред две години изјави дека се „црвено-бели“ во срцето и снимката и таа изјава сега е хит на социјалните мрежи и служи за потсмев. Потоа отиде во ...
2501 Розенборг – Фредрикштад (19.00 часот) Розенборг излезе од кризата, во последните три кола освои седум бода и побегна од опасната зона на табелата, иако и сега, по 13 одиграни мечеви во норвешката лига, има само три бода повеќе од загрозените од испаѓање. Фредрикштад има два пораза по ред. Двата тима имаат дадено по 15 гола на 13 настапи. Моментумот и формата се на страната на некогашниот првак од Трондхајм, а и традицијата на меѓусебни ...
Словенечкиот фудбалски судија Славко Винчиќ, кој делеше правда во финалето на Светското првенство, се пензионира, соопшти Фудбалската федерација на Словенија. Ова се случи една недела по завршувањето на СП, на кое во финалето кое го судеше Винчиќ, Шпанија ја победи Аргентина со 1-0. Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS) го призна за најдобар судија на СП 2026. На овој Мундијал, 46-годишниот судија одработи ...
Супер типот нуди голем број џокери за фудбалски и тениски натпревари со кои може да си ја подобрите потенцијалната добивка на тикетите уплатени во Sport Life. Тука се 12 фудбалски и четири тениски натпревари, а за конечен тип сите квоти се над 1.60. Кај фудбалските дуели има и други игри со вклучени голови, па ваш е изборот што да одиграте. Се играат лигашки мечеви низ повеќе земји во Европа и со точно предвидување на исход може да се дојде ...
Одлуката да се платат повеќе од 100 милиони евра за трансферот на Јан Диоманде од Лајпциг во Реал Мадрид крена огромна прашина во фудбалските кругови. Младиот 19-годишен крилен напаѓач од Брегот на Слоновата Коска зад себе има добри натпревари на Светското првенство и добра сезона во Лајпциг, но прашањето што ги мачи сите навивачи и експерти е дали играч со толку малку големи натпревари во своите нозе навистина вреди толку пари. Сомнежите не ...
Денешните квоти на денот во Sport Life носат вкупен коефициент од 59.53 и ако ги уплатите на ист тикет, со вложени 100 денари би имале можна добивка од речиси 100 евра. Најмала поединечна квота е онаа од 2.00 за првиот предлог, да одиграте дека Клуж нема да загуби дома од Волунтари и дека домашните ќе постигнат два или повеќе голови. Следува комбинацијата победа на гостите и гол во второ полувреме на средбата Артис Брно – Млада Болеслав, која ...
Италијанскиот стручњак Андреа Пирло се огласи преку социјалните мрежи во врска со ситуацијата со неговото назначување за главен селектор на италијанската репрезентација. Тој ја прифати понудата да ја води репрезентацијата и се очекуваше да потпише договор во наредните денови, но работата се изјалови откако се појавија прашања во врска со неговите деловни врски со Русија. На крајот на мај, Пирло присуствуваше на промотивен настан во Москва ...
Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, не смета на Едуардо Камавинга за новата сезона. Според шпанскиот новинар Серхио Валентин, португалскиот тренер разговарал со францускиот фудбалер и му објаснил дека ќе му биде многу тешко да добие време за игра. Клубот бара опции за негов трансфер, иако самиот Камавинга во моментов изјави дека не сака да си замине и инсистира да остане. На Реал му треба една продажба на играл од среден ред за да може да ...
И покрај фантастичната голгетерска сезона во дресот на Баерн Минхен, Хари Кејн повеќе нема реални шанси да ја освои Златната топка за 2026 година. Такво мислење има поранешниот француски репрезентативец и светски шампион од 1998 година, Емануел Петит. Легендарниот играч на Арсенал, Челзи и Барселона смета дека статистиката на капитенот на Англија не е доволна за најпрестижното индивидуално признание. Кејн блескаше во Лигата на шампионите, ...
Нејмар постигна два гола во ремито на Сантос против Шапекоенсе (2:2), но наместо неговата игра, главна тема во Бразил е наводниот скандал што го предизвикал на полувремето. Нејмар го отвори резултатот во 36-тата минута, но гостите направија целосен пресврт во второто полувреме. Марсињо израмни во 51-вата минута, а само десет минути подоцна Жоао Ананијас си постигна автогол за 1:2. Сантос сепак избегна пораз, откако во 89-тата минута беше ...
Ливерпул сериозно ја разгледува можноста за ангажман на Педро Нето, но доколку сака да го доведе португалскиот репрезентативец, ќе мора да плати вистинско богатство. Сепак, на „Стемфорд Бриџ“ немаат намера лесно да се разделат со еден од своите најважни офанзивци. Напротив, челниците на Челзи ќе ги разгледуваат понудите само доколку тие ги исполнуваат нивните високи финансиски барања. Според информациите, лондонскиот клуб нема намера да го ...
Барселона, според шпанските медиуми, експресно сврте нова страница откако стана јасно дека нема ништо од трансферот на Хулијан Алварес во овој преоден рок. Аргентинскиот репрезентативец беше едно од имињата што се поврзуваше со каталонскиот гигант, но откако стана јасно дека зделката нема да се реализира, челниците на Барселона веднаш почнаа да бараат ново решение за нападот. Според весникот „Спорт“, Каталонците веќе имаат подготвена ...
Првото коло од новата сезона на Првата лига беше комплетирано со победа на Шкендија од 3-0 над Скопје. Головите за екипата од Тетово беа дело на Нѕенгуе во првото полувреме и на Тамба и Рафа во вториот дел. Со овој меч се комплетираше првото прволигашко коло, во кое беа постигнати вкупно 20 гола или во просек по четири на секој натпревар. Гостите постигнаа само еден гол, оној на Арсими во поразот од 5-1 во Кавадарци, но на крајот сите бодови ...
ПСЖ не се откажува од намерата да го ангажира Мањес Аклиуш и подготвува нов обид да го доведе офанзивецот на Монако, пренесува француски весник „Л’Екип“. Актуелниот европски шампион веќе ја подготвува својата четврта официјална понуда за еден од најталентираните француски фудбалери. Во Париз веруваат дека Аклиуш може да биде едно од клучните засилувања за новата сезона, а тренерот Луис Енрике е голем поборник за негов ангажман, убеден дека ...
Лионел Меси нема да игра на МЛС Ол-стар натпреварот во Шарлот, што ќе биде негово второ последователно отсуство од ревијалниот спектакл. За разлика од минатата година, аргентинската ѕвезда нема да биде казнета. Иако беше вклучен во составот за дуелот против селекцијата на мексиканската Лига МХ, Меси доби специјална дозвола за одмор. Истото важи и за неговиот соиграч од Интер Мајами и репрезентацијата на Аргентина, Родриго де Пол. Од МЛС ...
Саудискиот гигант Ал-Наср се соочува со сериозна финансиска криза која би можела значително да влијае врз неговите активности во актуелниот преоден рок. Клубот досега не реализираше ниту еден трансфер, а според саудиските медиуми, главната причина за тоа се токму финансиските проблеми. Иако Ал-Наср постигнал договор за ангажман на португалскиот играч за врска Саму Коста од Мајорка, трансферот сè уште не е реализиран. Покрај тоа, клубот не ...
Освојувачот на Купот на Македонија од минатата сезона, кратовски Силекс, со убедлива победа од 6-0 над Башкими ја отвори новата сезона во прволигашката сезона. Победникот во Кратово беше решен уште во првите десеттина минута, кога Силекс дојде до водство од 2-0 со голот на Илиески и автоголот на Јамузи. До крајот на првото полувреме погоди и Делимеѓац за 3-0. Во второто полувреме беа постигнати уште три гола, а во листата со стрелците се ...
Колумбискиот фудбал се најде во центарот на голем скандал, откако угледниот новинар Хавиер Ернандез Боне изнесе тврдења дека моќни спонзори вршат притисок врз Фудбалската федерација на Колумбија за Хамес Родригез да биде повикан за септемвриските натпревари против Перу и Мексико. Според Боне, евентуалниот повик не би зависел од актуелната форма на 35-годишниот играч за врска, ниту од тоа дали во тој момент има клуб. „Спонзорите вршат ...
Навивачите на Манчестер јунајтед со загриженост ги следат најновите шпекулации, откако се појавија информации дека Јувентус сериозно размислува за ангажман на капитенот Бруно Фернандеш. Португалскиот репрезентативец е меѓу главните желби на спортскиот директор на „старата дама“, Фредерик Масара, кој бара засилување за средниот ред на тимот што го предводи Лучијано Спалети. Сепак, реализацијата на ваков трансфер нема да биде лесна. Фернандеш ...
Иднината на Мохамед Салах повторно е една од главните теми на трансфер-пазарот, откако турските медиуми објавија детали за спектакуларната понуда што ја добил од Бешикташ. Според турските медиуми, египетскиот ас добил понуда за двегодишен договор чија вкупна вредност, заедно со платата, бонусите и правата за користење на неговиот имиџ, надминува 40 милиони евра. Наводно, Салах би имал гарантирана годишна плата од 15 милиони евра, а преку ...
Раководството на Ливерпул сериозно размислува да го ангажира крилниот напаѓач на ПСЖ, Бредли Баркола, но францускиот шампион постави цена што би можела да ги одврати сите заинтересирани клубови. Според информациите, ПСЖ бара дури 170 милиони евра за 23-годишниот француски репрезентативец. Во Париз сметаат дека ваквата сума е оправдана, особено поради високите трансферни вредности што летово беа платени за играчи како Морган Роџерс и Елиот ...
Новиот тренер на Манчестер сити, Енцо Мареска е категоричен дека клубот нема да тргне во надолна линија по заминувањето на легендарниот тренер Пеп Гвардиола. Италијанскиот стратег ќе има голем предизвик да го замени Гвардиола на клупата на тимот од „Итихад“, кој имаше фантастични 10 години како предводник на Граѓаните, доминирајќи со освоени дури 20 трофеи. Мареска знае што се случи со градскиот ривал на Сити, Манечстер јунајтед кога во 2013 ...
По три години поминати во тимот на Ал Наср, Кристијано Роналдо конечно се израдува на една титула и тоа во првенството на Саудиска Арабија. Сега, Португалецот со својот клуб се подготвува за новата сезона во која ќе го бранат тронот во шампионатот. Додека во полн е летниот преоден рок, светските медиуми пишуваат дека Роналдо поставил услов до неговиот клуб Ал-Наср. За да продолжи да го носи дресот на гигантот од Саудиска Арабија, Роналдо ...