Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Искусниот полски напаѓач Роберт Левандовски летово си замина од Барселона и кариерата ја продолжи во редовите на тимот на Чикаго фајр. Левандовски веќе го имаше и дебито за новиот клуб и тоа во меч против шампионот Интер Мајами. Чикаго загуби со 2:3. Докажаниот голгетер беше запрашан да го искоментира настапот на Мундијалот на неговиот доскорешен соиграч од Барселона, Ламин Јамал. Тинејџерот на шпанската репрезентација предизвика големо ...
Арсенал ја разгледува можноста да го ангажира крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус, објави „Атлетик“. Според истиот извор, интересот на лондонскиот клуб засега е во рана фаза, а меѓу Арсенал и Реал Мадрид сè уште нема официјални преговори за евентуален трансфер. Сепак, идејата за доведување на бразилската ѕвезда добила зелено светло на сите нивоа во раководството на Арсенал, што значи дека клубот сериозно ја разгледува можноста уште ова ...
Бундеслигашот Лајпциг го одигра и вториот контролен меч пред почетокот на новата сезона, но македонскиот репрезентативец Елиф Елмас воопшто не настапи. „Биковите“ славеа со 1-0 над Инголштад. Според соопштението на Лајпциг, Елиф Елмас почувствувал непријатност на вчерашниот тренинг и предвреме го завршил, а денес тренирал одвоено од екипата. Нашиот фудбалер минатата сезона беше позајмен во Наполи, но летово се врати во Лајпциг и ќе треба да ...
Еден од најдобрите крилни напаѓачи што ги имала Аргентина, Анхел Ди Марија се најде во фокусот на светското внимание по изјавата која ја даде, а се однесува за неодамна завршеното Светско првенство. Аргентина загуби од Шпанија со 1:0 во финалето, но Ди Марија вели дека имал поставено сопствена емотивна граница за овој турнир. „За мене Светското првенство заврши со победата над Англија. Таа победа донесе огромна радост и задоволство во целата ...
Светското првенство заврши пред пет дена, но интересните детали за организацијата на најголемиот спортски настан во светот сè уште привлекуваат големо внимание. Еден од најголемите предизвици за организаторите беше подготовката на подлогата на стадионот „МетЛајф“, каде што се играше големото финале, а експертите од компаниите „Ворлд спортс САД“ и „СИС Питчес“ сега ја открија тајната на беспрекорната трева. Објавената фотографија, создадена ...
По завршувањето на Светското првенство во 2026 година, ФИФА избра десет репрезентации со богати фудбалски традиции кои не беа дел од завршницата на најголемиот фудбалски собир во САД, Канада и Мексико, но се очекува да бидат дел од Мундијалот кој ќе се игра во 2030 година. На оваа листа на ФИФА се најдоа селекциите на Италија, Данска, Полска, Унгарија, Романија, Нигерија, Камерун, Чиле, Перу и Костарика. Италија, четирикратен светски шампион ...
Португалската фудбалска репрезентација би можела да претрпи сериозен пад на медиумското внимание и комерцијалните приходи кога Кристијано Роналдо ќе ја заврши својата кариерата во националниот тим, предупреди Даниел Са, извршен директор на Португалскиот институт за маркетинг (ИПАМ). Според него, Фудбалската португалска федерација (ФПФ) мора итно да подготви нова стратегија за периодот по заминувањето на капитенот, кој потврди дека Светското ...
Некогашниот француски репрезентативец Партик Виеира е на чекор да биде назначен за нов селектор на репрезентацијата на Сенегал. Разговорите меѓу челниците на федерацијата на Сенегал и докажаниот Французин се во завршна фаза и се очекува да бидат завршени со потпишување на договор. Сенегал остана без селектор, откако по завршување на Светското првенство си замина Папе Тијао. Сенегалците на Мундијалот испаднаа од Белгија во шеснаесетфиналето и ...
Лука Модриќ не размислува за пензија, а тоа го потврди и откако официјално го продолжи договорот со Милан за уште една сезона. Хрватскиот ветеран во септември ќе наполни 41 година, но челниците на Милан веруваат дека тој може и во новата сезона да им помогне во остварување на зацртаните цели. Со овој договор, на Модриќ му се отвори можноста да собори еден интересен рекорд кој моментално е во сопственост на Златан Ибрахимовиќ. Доколку Модриќ ...
Некогашниот трет тенисер во светот Доминик Тим одлучи да се проба во друг спорт. Пред две години Тим реши да стави крај на професионално играње тенис поради честите повреди на зглобот, а сега на 32-годишна возраст се активира во фудбалските води. Тим потпиша за тимот на Баданер кој се натпреварува во осмата лига во Австрија. „Слушнавме дека е добар фудбалер. Има пријател кој игра во нашиот тим и верувам дека ќе ни помогне на теренот. Сепак, ...
Репрезентацијата на Зеленортски острови беше најпријатното изненадување на Светското првенство 2026. Дебитантот одигра четири меча, од кои три против светски велесили и ниту еднаш не загуби во регуларните 90 минути. Уште на стартот од Мундијалот Зеленортски острови изненадија играјќи 0:0 против Шпанија, а најдобар играч на теренот беше голманот на аутсајдерот, Возиња. Возиња на тој меч се стекна со светска слава и потоа само стануваше се ...
3404 Брно – Спарта Прага (20 ч.) Брно се враќа во елитната лига во Чешка и има чест уште во првото коло на домашен терен да игра против најтрофејниот клуб во земјата. Спарта Прага е голем фаворит, а и традицијата е на нејзина страна затоа што на последните пет пресметки на овие два тима победувал тимот од главниот град. Интересно е дека сите пет последни дуели завршиле со 4+ погодоци, што е најава дека и вечерва може да биде ефикасно. ...
Екипата на Вест хем минатата сезона испадна од англиската Премиер лига и се подготвува за настап во втора лига. И покрај тоа што не е дел од елитното англиско друштво, Вест хем одлично заработи летово, откако успеа да го продаде холандскиот крилен напаѓач Крисенси Самервил. Самервил кариерата ќе ја продолжи во гигантот од Саудиска Арабија, тимот на Ал Хилал. Овој трансфер и немаше да биде толку чуден, ако Ал Хилал не платеше дури 80 милиони ...
Фудбалскиот првак на Македонија, екипата на Вардар попладнево на свој терен, на Арената „Тодор Проески“ ќе биде домаќин на Брегалница во првото коло од новата сезона. Вардар важи за голем фаворит за победа, но гостите од Штип, кои по три сезони се враќаат во Прва лига сигурно нема да дојдат со „бело знаме“ и ќе се обидат да изненадат. Кога играат овие два клуба, традицијата е убедливо на страната на Вардар. Во последните 25 меѓусебни дуели, ...
Целосно фудбалска е денешната понуда во Супер тип на Sport Life, а возбудувањата ќе започнат уште во пладневниот термин од 13 часот. Динамо Москва е фаворит на свој терен и да слави над Крилја Советов има зголемен коефицинет од 1.54. Домашните терени во пладневните термини треба да ги искористат и Јагиелонија против Корона Киелце, како и КуПС во пресметката со ВПС. На двата меча „кецовите“ се над два квота. Од вкупно 16 натпревари на кои има ...
Моментално најдобриот тенисер во светот Јаник Синер го откажа настапот на АТП Мастерс 1000 турнирот во Монтреал, Канада. Овој силен турнир ќе се игра од 2 до 13 август, а Синер реши да го откаже учеството на помалку од 10 дена до стартот. Неполни 24 часа претходно, настапот на турнирот го откажа и рекордерот по бројот на освоени Гренд-слем титули, Новак Ѓоковиќ. Од претходно се знаеше дека на овој турнир ќе го нема Карлос Алкарас кој веќе ...
Пет интересни натпревари се дел од денешната понуда во Квоти на ден, а впечатливо е дека на сите понудени комбинации, коефицнетот е по 2.10. Тоа значи дека ако сите пет меча се одиграат на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 40.84. Првата понуда е Динамо Москва да не загуби на свој терен од Крилја Советов во меч на кој ќе бидат постигнати меѓу три и шест голови. КуПС кој го елиминираше Вардар во квалификациите од Лига на ...
По завршување на Светското првенство, повторно во фокусот се трансферите кои треба да се случат во летниот преоден рок. Како најголема ѕвезда за потенцијален трансфер летово е аргентинскиот репрезентативец Хулијан Алварес. Освен што беше еден од лидерите на Аргентина на Мундијалот, Алварес имаше одлична сезона и на клупски план во дресот на Атлетико Мадрид. Токму затоа, неколку европски гиганти покажаа интерес да го купат летово, што ќе биде ...
По завршување на Светското фудбалско првенство многумина шпекулираа дека со освојувањето на златниот трофеј на шпанската репрезентација, автоматски следниот освојувач на Златната топка треба да биде од редовите на Црвената фурија. Сепак, дека тоа не е правило, потврдија од седиштето и организацијата која ја доделува најпрестижната индивидуална фудбалска награда во годината. „Освојувањето на Светското првенство не гарантира и освојување на ...
Светското фудбалско првенство заврши во неделата, но впечатоците уште не се целосно сумирани. Уште се сумираат работите кои се случуваа во изминатите 40-тина дена кога се одиграа дури 104 натпревари. Една од интересните точки на податоци што произлегоа од турнирот во САД, Канада и Мексико, беше нивото на стрес со кое мораа да се справат одредени навивачи. Па, сега има податоци што потврдуваат кои навивачи најмногу се мачеа на Светското ...
За време на Светското првенство во ФИФА 2026 година, Копенхашката група координираше операција за следење на интегритетот што го опфаќаше секој натпревар од турнирот. Од сите мечеви кои се играа на Мундијалот, Копенхашката група забележа дури седум случаи што ги означи како потенцијално сомнителни од аспект на интегритетот на натпреварувањето. Меѓу „сомнителните“ се најдоа и два меча на кои играше новиот светски првак Шпанија. Копенхашката ...
Хари Кејн е фудбалерот кој во изминатите три сезони е вистински лидер на теренот за Баерн Минхен. Според најавите, докажаниот голгетер во најскоро време треба и формално да има преговори за продолжување на договорот со германскиот првак. Тековниот договор на капитенот на англиската репрезентација со Баерн Минхен истекува во јуни 2027 година, но од таборот на германскиот првак постои голем интерес да ја продолжат соработката со нивниот ...
По пауза од две години, Јирген Клоп повторно се враќа на тренерската работа. Докажаниот германски стратег прв пат се согласи за нов предизвик, а тоа е да биде селектор. Клоп денеска беше промовиран за нов селектор на Германија. Според договорот, тој треба да биде на клупата на националниот тим до 2030 година. Самиот клоп признава дека ова ќе биде најголем предизвик во неговата тренерска кариера, но најави дека многу лесно може да се случи и ...
Аргентинците никако не може да се помират со фактот дека загубија во финалето на Светското првенство од Шпанија. Црвената фурија победи со 1:0 и тоа во меч кој траеше 120 минути, откако по регуларните 90 минути беше 0:0. Феран Торес во 106 минута постигна гол кој се покажа како шампионски за Шпанија. По завршување на финалето, дел од аргентинските фудбалери дури тргнаа во физичка пресметка со противниците, а најголем дел од нив воопшто не ...
Не само што не мисли да оди во кошаркарска пенција, туку Леброн Џејмс направи вистински спортски земјотрес, откако објави дека потпишал договор со тимот на Филаделфија 76. Договорот на Џејмс е за следните две сезони и предизвика бурни реакции како меѓу спортската, така и меѓу политичката јавност во САД. Една од најзначајните реакции дојде директно од врвот на владата на Пенсилванија. Гувернерот Џош Шапиро, страствен навивач на Сиксерс, ѝ ...
Еден од најдолгогодишните репрезентативци на Аргентина, Николас Отаменди (38), реши да ѝ стави крај на репрезентативната кариера. Отаменди реши да се повлече од националниот дрес откако Аргентина го загуби финалето на Светското првенство од Шпанија со 1:0. Отаменди командуваше со аргентинската одбрана многу долго време. Дебитираше во репрезентацијата во 2009 година, а за 17 години одигра 139 меча и постигна осум гола. „Денес се наоѓам себеси ...
Тиквеш на одличен начин ја отвори новата сезона во Првата фудбалска лига. Кавадарчани славеа со 5-1 на домашен терен против Арсими. Херој на триумфот беше интернационалецот од Гана, Нфанли Сила, кој беше стрелец на хет-трик. Двоен стрелец беше Тохиб Лавал, додека единствениот погодок за Арсими беше дело на Аљбин Рамадани. Тиквеш прикажа допадлив фудбал под водство на новиот стратег Оливер Богатинов, додека Арсими ќе мора да се подобри во ...
Лука Модриќ и Милан ја продолжија соработката. Хрватскиот ветеран официјално стави потпис на нов едногодишен договор и ќе остане на „Сан Сиро“ до 30 јуни 2027 година. Иако во изминатиот период добил многу побогати финансиски понуди од Саудиска Арабија, МЛС и Катар, искусниот играч за врска реши да остане во Милано бидејќи верува во новиот проект на клубот и сака да биде дел од неговите идни успеси. Клубот ја потврди веста со официјално ...
Легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло ќе биде нов селектор на италијанската репрезентација, објави познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо. Пирло ќе го наследи својот поранешен соиграч Џенаро Гатузо, кој не успеа да ја одведе Италија на Светското првенство, што ќе биде трет последовен Мундијал без настап на Aѕурите. „Андреа Пирло го прифати усниот предлог и наскоро ќе стане нов селектор на Италија. Тој кажа ‘да’ на долгорочниот ...
Легендарниот кошаркар Леброн Џејмс ќе ја продолжи својата богата НБА кариера во дресот на Филаделфија севентисиксерс, откако летово го напушти Лос Анџелес лејкерс. Иако на крајот од годинава ќе го прослави својот 42-ри роденден, Џејмс сè уште не размислува за пензија. Напротив, и понатаму е меѓу најдоминантните кошаркари во лигата, а неговата физичка подготвеност продолжува да воодушевува. Според информациите, Леброн договорил двегодишен ...