Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Фудбалот има доминантна улога оваа среда во Супер типот, иако мала разновидност носи и тенисот. Секако, сите „16 избрани“ имаат максимално зголемени квоти. Понудата стартува од 12.30 часот со фудбал и тенис, Сеул се среќава со Поханг стилерс, а и Кава ќе се сретне со Бадоса во тениската пресметка. Зголемени се квотите на Сеул, Бадоса, Радивојевиќ, Нефчи, Омонија, Викинг, Левски, Рига, Абердин, Целје, Брага, Палмеирас, Филаделфија, Ванкувер, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп сака актуелниот прв човек на ФИФА, Џани Инфантино, да стане нов генерален секретар на Обединетите нации, пренесува „Њујорк Пост“. Според истиот извор, Трамп планира да го номинира 56-годишниот Швајцарец за наследник на Антонио Гутереш, чиј мандат завршува кон крајот на годинава. Наводно, американскиот претседател смета дека Инфантино е личност која ужива голема почит во светот и има способност да ...
Денешните Квоти на денот се фудбалски, а меѓу нив е и дуелот Вардар – Рига, кој вечерва ќе се одигра на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Петте предлози носат вкупен коефициент 50,45. Омонија го пречекува Каират, а квотата на денот е 2.45 ако победи домаќинот и на натпреварот бидат постигнати најмногу три гола. Левски игра против Универзитатеа Крајова и ако не загуби, а на мечот има два до четири гола, квотата на денот е 2.05. ...
Трансферот на Хулијан Алварес повторно е во центарот на вниманието, откако во шпанската емисија „Ел Чирингито“ беше објавено дека Атлетико Мадрид и Арсенал постигнале начелен договор за евентуална преселба на аргентинскиот напаѓач. Сепак, и покрај договорот меѓу двата клуба, зделката е далеку од конечна реализација. Според информациите, Арсенал е подготвен да издвои 50 милиони евра, а како дел од трансферот да го понуди и шведскиот голгетер ...
Челзи и официјално го потврди трансферот на крилниот напаѓач Морган Роџерс од Астон Вила. Англискиот репрезентативец потпиша договор со клубот од „Стемфорд Бриџ“ до летото 2033 година. Според претходните информации на британските медиуми, Челси за неговите услуги ќе плати 117 милиони фунти, односно околу 137 милиони евра. Со тоа, Роџерс стана најскапото засилување во историјата на лондонскиот клуб. Досегашниот рекорд му припаѓаше на Енцо ...
Раководството на Реал Мадрид ја променило својата позиција околу можноста за ангажман на играчот за врска на Манчестер сити, Родри. Според повеќе шпански извори, трансферот станува сè пореален, особено бидејќи фудбалерот има голема желба да го облече дресот на Кралскиот клуб. Реал Мадрид не би требало да има проблем при договорот за личните услови со Родри. Триесетгодишниот шпански репрезентативец е подготвен и на финансиски отстапки за да ...
Потенцијалниот ривал на Вардар во следното коло од Конференциската лига, унгарски Ѓер, забележа убедлива победа на гостувањето во Луксембург и славеше над Бисен со 2-6. Сепак, за да дојде до меч помеѓу шампионите на Македонија и Унгарија, потребно е Вардар да ја елиминира Рига. Во квалификациите за Лигата на шампионите се одиграа низа натпревари, а фудбалерите на Црвена ѕвезда славеа со убедливи 0-4 на гостувањето кај Ларн во Северна Ирска. ...
Шпанскиот репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е една од опциите за новото засилување на Реал Мадрид, објавува „Л’Екип“. Торес е член на Барселона од зимата 2022 година и има договор со каталонскиот клуб уште една сезона. Пред да пристигне на „Камп Ноу“, настапуваше за Валенсија и Манчестер Сити. Во пресрет на Светското првенство се шпекулираше дека е многу блиску до трансфер во ПСЖ, но тие информации со текот на времето ...
Поранешниот претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер, повторно побара Џани Инфантино да биде сменет од функцијата, притоа оценувајќи дека „вистинскиот тим“ ја освоил светската титула. Во неделата, Шпанија ја совлада Аргентина со 1:0 по продолженија и стана светски шампион. Аргентинците беа жестоко критикувани поради прекумерната агресивност во играта и малкуте создадени шанси за гол. Мундијалот беше историски по тоа ...
Голманот на Аргентина, Емилијано Мартинес, најави дека би можел да стави крај на својата репрезентативна кариера. Барем така може да се протолкува неговата последна објава на социјалните мрежи. „Сонував повторно да ја освоиме светската титула, сонував повторно да ја вратиме во Аргентина и уште еднаш да испишеме историја“, напиша чуварот на мрежата на „гаучосите“. Сепак, токму следните зборови предизвикаа голема загриженост во Буенос Аирес. ...
Претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Дијало, ќе гласа за Џани Инфантино на изборите за претседател на ФИФА во март 2027 година, објавија француските медиуми. Иако не е негов безрезервен поддржувач, Дијало не сака да влезе во конфликт со првиот човек на светскиот фудбал, особено поради амбициите на Франција да биде домаќин на Светското првенство во 2038 година. Се очекува ова да бидат едни од најпредвидливите избори во ...
Второ лето по ред се шпекулира дека капитенот на новиот светски шампион Шпанија и најдобар фудбалер на Мундијалот, Родри, би можел да се пресели во Реал Мадрид, а на оваа тема се огласи и познатиот трансфер експерт Фабрицио Романо. Според Романо, играчот од средниот ред на Манчестер Сити е подготвен да се врати во својата татковина и дури сонува за трансфер во Реал Мадрид. Од англискиот клуб уште во април му понудиле продолжување на ...
Европскиот настап на Вардар продолжува со двомеч против Рига во Конференциската лига, а првиот дуел се игра веќе утре во Скопје. Најдобриот стрелец на македонскиот шампион, Азер Омерагиќ, верува во позитивен резултат против Рига. Штета што не го елиминиравме Купс, но на ревншот покажавме дека можеме да одиграме квалилтетно. Имаме желба и верувам дека може да стигнеме до позитивен резултат пред реваншот. Задоволни сме со позитивен резултат, ...
Вардар по елиминацијата од Купс, го продолжува европскиот настап со двомеч против летонскиот шампион Рига. Првиот дуел се игра утревечер во Скопје, а тренерот на актуелниот шампион на Македонија, Кристијан Фабијани, верува дека Вардар може да ги израдува навивачите со позитивен резултат. „Со голема желба го чекаме утрешниот меч. Голема самодоверба ни даде победата во Финска кога покажавме дека можеме да одиграме добро. Верувам дека може да ...
Ливерпул се вклучи во трката за потписот на напаѓачот на Барселона, Феран Торес, кој со победничкиот гол во финалето против Аргентина ѝ ја донесе светската титула на Шпанија. Според француски „Л’Екип“, англискиот гигант сериозно ја разгледува можноста да испрати понуда за шпанскиот репрезентативец, но во битката за неговиот потпис ќе има силна конкуренција од Пари Сен Жермен. Пред почетокот на Светското првенство во 2026 година речиси ...
Шампионите на Македонија и Летонија, Вардар и Рига, беа елиминирани во првото коло од Лигата на шампионите, па настапот во Европа го продолжуваат со меѓусебен двомеч во Конференциската лига. Првиот дуел се игра утревечер во Скопје, а тренерот на Рига е свесен за големината на македонскиот шампион и вели дека очекуваат тежок меч. „Свесни сме дека европскиот пат продолжува. Свесни се момците дека не се игра секој ден во Европа, и дека секој ...
Организацијата на Светското првенство во САД предизвика бројни критики од навивачите и истакнатите фудбалски функционери, а најновиот во низата од оние кои ја „нападнаа“ ФИФА е Хавиер Тебас. Првиот човек на шпанската Ла Лига не штедеше зборови во својата последна критика кон ФИФА и нејзиниот лидер Џани Инфантино, на кого му порача дека мора да се повлече од функцијата претседател. „ФИФА ги организира работите како што им одговара и за свои ...
Светското фудбалско првенство заврши во неделата, но финалето уште останува тема број 1. ФИФА се најде во средината на нов скандал во Соединетите Американски Држави,, и тоа не поради нешто што се случуваше на теренот, туку поради тревата од финалето на Светското првенство. Светската куќа на фудбалот одлучи делови од тревниот терен од финалниот натпревар на стадионот „Метлајф“ да претвори во колекционерски сувенири и да ги понуди на продажба, ...
Моментот кога Аргентина остана со играч помалку по исклучувањето на Енцо Фернандес за многумина е клучно на финалето на Светското првенство кое заврши со победа на Шпанија од 1:0. Се играа последните моменти од регуларниот дел кога Енцо тргна во напад, но пред него се појави Пау Кубарси, кој прв стигна до топката. Тогаш Енцо Фернандес го фаулира Кубарси и веќе тогаш беше јасно дека тоа е прекршок за жолт картон. Ако се знае дека Фернандес ...
Фенербахче го вклучи Оли Воткинс на листата на желби за летниот преоден рок и веќе воспоставил првичен контакт со Астон вила за можен трансфер на англискиот репрезентативец. Според информациите, Фенербахче е подготвен да понуди околу 25 милиони фунти за услугите на Воткинс. Сепак, турскиот клуб ќе има силна конкуренција бидејќи интерес за напаѓачот покажуваат и англиските гиганти Манчестер jунајтед и Арсенал. Воткинс зад себе има уште една ...
Аргентинските фудбалери не можеа да се помират со фактот дека го загубија финалето на Светско првенство од Шпанија. Црвената фурија победи со 1:0, и тоа со гол постигнат во 106-тата минута. По мечот, дел од аргентинските фудбалери не можеа да се помират со поразот и влегоа во физичка пресметка со дел од шпанските играчи. Хаосот што се случи може да го видите ТУКА. Откако се смирија страстите, кога започна церемонијата на која Шпанците ги ...
Марк ван Бомел е главниот фаворит за нов селектор на белгиската фудбалска репрезентација, пренесуваат медиумите од Белгија. Поранешниот холандски репрезентативец би можел да седне на клупата на Црвените ѓаволи по отказот на Руди Гарсија, кој беше разрешен само еден ден по завршувањето на Светското првенство. Белгија го заврши настапот на Мундијалот во четвртфиналето, каде што беше елиминирана од Шпанија, а раководството на Федерацијата одлучи ...
Челниците на шпанскиот првак Барселона продолжуваат да работат со полна сила околу доведување на нови играчи во летниот преоден рок. Каталонскиот гигант летово веќе ги обезбеди потписите на англискиот репрезентативец Ентони Гордон кој доаѓа за трансфер вреден 80 милиони евра, како и пристигнувањето на Карим Адејеми од Борусија Дортмунд за кого беа платени 30 милиони ерва. Следен на листата е шпанскиот репрезентативец Емерик Лапорт. Шпанските ...
Аргентина не успеа да ја одбрани светската титула откако загуби со 1:0 во финалето на Мундијалот 2026 од Шпанија. Клучниот момент се случи во 106-тата минута, кога Феран Торес даде гол, што на крајот се покажа како клучен за освојување на светската титула. Аргентина во продолжението од 30 минути играше со фудбалер помалку откако во 90+3 минута од регуларното време беше исклучен Енцо Фернандес. Аргентинскиот репрезентативец доби втор жолт ...
ФУдбалскиот клуб Илинден продолжува да се засилува во пресрет на новата сезона, а последната аквизиција е доаѓањето на Дарко Глишиќ. Тој ќе биде осмото засилување за екипата во летниот преоден рок, што е само доказ дека во Илинден создаваат тим за висок дострел. Глишиќ е поранешен македонски фудбалски репрезентативец кој има два настапи за националниот тим, а бил дел и од младинските селекции на Македонија. Кариерата ја започна во Вардар, а ...
Лука Модриќ ќе остане уште една сезона во Милан. Италијанскиот „Скај спорт“ објави дека Росонерите се пред финализирање на продолжувањето на договорот со хрватскиот фудбалски ас, кој наскоро треба да стави потпис на нова соработка до 30 јуни 2027 година. Модриќ пристигна во Милан минатото лето по 13 години поминати во Реал Мадрид, а и покрај тоа што веќе е во четвртата деценија од животот, веднаш покажа дека сè уште може да игра на највисоко ...
Меѓународната федерација на фудбалски здруженија (ФИФА) отвори истрага против четворица аргентински играчи кои предизвикаа тепачка по финалето на Светското првенство и нивниот пораз од Шпанија. Дисциплинскиот комитет на ФИФА назначи дисциплински и етички обвинител за да процени што се случило по последниот свиреж на финалето на Светското првенство. Секој играч или тренер вклучен во тепачката може да се соочи со суспензија, а Аргентинската ...
Одличните настапи на францускиот репрезентативец Мајкл Олисе на Светското првенство 2026 паднаа во сенка поради сериозни лични обвинувања кои ги упати неговата поранешна партнерка Фатима Заунбрехер. Крилниот фудбалер на Баерн Минхен беше една од најсветлите точки во составот на Франција на Мундијалот, но сега се најде во центарот на вниманието поради приказната која ја објави германскиот весник „Билд“. Заунбрехер во интервју за медиумот ...
ФИФА го објави идеалниот состав на Светското првенство 2026, а очекувано најголем број претставници имаат финалистите Шпанија и Аргентина. Новиот светски шампион и вицешампионот на турнирот добија по тројца фудбалери во најдобриот тим, додека останатите места им припаднаа на играчи кои оставија најсилен впечаток на Мундијалот. Шпанија, која во драматичното финале ја совлада Аргентина и ја освои втората светска титула во својата историја, е ...
Англискиот првак Арсенал експресно бара решение за проблемот во одбраната по тешката повреда на Вилијам Салиба, а прва желба на лондонскиот клуб е искусниот англиски стопер Џон Стоунс. Францускиот репрезентативец заработи сериозна повреда на грбот во полуфиналниот натпревар од Светското првенство, по што според првичните прогнози, го очекува долга пауза од околу пет месеци. Неговото отсуство претставува голем удар за Топчиите, па ...