Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Бразилската фудбалска ѕвезда Винисиус, веројатно имал операција за хармонизација на брадата и сега изгледа поинаку отколку пред неколку недели, кога последен пат се појави на Светското првенство. Некои фанови мислеа дека е шега, но Вини објави и фотографија со хирургот Алесандро Аларкао, кој го направил зафатот во клиника во Гојанија во Бразил. Имало обликување на контурата на лицето, Вини сакал да додаде поголема дефиниција на брадата и ...
Поранешниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ, ја критикуваше пасивноста на Шпанците за време на инцидентот после завршувањето на финалето на Светкото првенство. Ибра изјави дека ќе го удрел со глава Леандро Паредес доколку бил на теренот. „Паредес може да биде благодарен што немаше играч како мене на теренот. Да бев таму, ќе го удрев со глава и ќе бев исклучен“, коментираше Злаатан за „Фокс Спортс“. Ибра ја критикуваше и пасивноста на ...
Александер Чеферин, претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), не присуствувал на финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, пренесува „Скај спорт“. Неговото отсуство од најважниот натпревар во светскиот фудбал веднаш предизвика нови реакции и дополнително ги засили шпекулациите за заладените односи меѓу УЕФА и Светската фудбалска организација (ФИФА). Според информациите од европските медиуми, во УЕФА постои ...
6703 Сабах Баку – КуПС (18.00 часот) КуПС среќно го елиминира Вардар, а во Скопје покажа дека е опасен како гостин, но денеска азербејџанскиот тим е фаворит за победа според квотите. Сабах во првото коло го елиминира велшкиот ТНС со победи од 2-0 и 2-1. Сабах во стартниот состав има само двајца домашни играчи, сите други им се странци, вклучувајќи го и тренерот Дамбраускас. КуПС победи на своите последни четири гостувања во сите ...
Кошаркарската федерација на Македонија објави дека годинашната задолжителна тренерска клиника ќе се одржи на 24-ти и 25-ти август во Скопје, а главен предавач ќе биде еден од најтрофејните и највлијателни европски кошаркарски стручњаци Светислав Пешиќ. Станува збор за тренер чија кариера повеќе од четири децении претставува синоним за врвни резултати, лидерство и кошаркарско знаење. Пешиќ е член на Куќата на славните на ФИБА, европски и ...
Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо лајкна видео во кое ФИФА е обвинета за корупција и дека ѝ помогнала на Аргентина да стигне до финалето на Светското првенство. ФИФА претходно се соочи со обвинувања од навивачите и службените лица за пристрасност кон Аргентина на неколку мечеви, а реакцијата на Роналдо предизвика доста коментари. Во видеото снимено пред почетокот на финалето, шпанската новинарка вели: „Аргентина требаше да испадне ...
Супер типот на Sport Life е составен од 11 фудбалски и пет тениски натпревари со зголемени квоти, кои делуваат привлечно бидејќи многу од нив се реално добитни, а големи. Потенцијалната добивка може да си ја подобрите играјќи на 16 фаворити, а за фудбалските мечеви има супер квоти и за игри на голови и комбинации во кои се вклучени голови. На пример, квоти поголеми од 2.00 за победи на Динамо или Слован Братислава има само тука, а овие ...
Аргентинскиот репрезентативен голман, Емилијано Мартинес, е подготвен да изврши притисок врз раководството на Астон вила да го продадат на Јувентус откако неговите лични услови за тригодишен договор со италијанскиот гигант веќе се договорени. Беше познато дека голманот ќе почека да заврши Светското првенство пред да преземе какви било конкретни чекори за својата иднина. Неговиот тим стигна до продолженија во финалето, каде што и покрај ...
Денешните квоти на денот во Sport Life носат вкупна квота од 47.73, а поединечно, најголема квота е онаа последната за средбата Ларн – Црвена ѕвезда каде се предлага да одиграте игра со коефициент 2.40. Оваа привлечна квота ќе биде добитна ако има 1-2 гола во прво полувреме и 3+ гола на целиот меч во Северна Ирска. Победа на Гетеборг над Левадија и 2-4 гола на мечот, е игра со убава квота на денот од 2.20. Sport Life нуди и квота од 2.10 дека ...
Поразот во финалето на Светското првенство ги боли Аргентинците, а најдалеку отиде новинарот Пабло Кароса кој имаше објава со која фрли сомнеж и лансираше теорија на заговор. Кароса кој има над 200.000 следбеници на Инстаграм и канал на Јутјуб каде што често разоткрива задкулисните игри во аргентинскиот фудбал, објави дека ќе „каже сè“ за тоа што се случило во финалето во неделата и го стори тоа: објави видео со наслов: „Финалето никој не се ...
Аргентинската репрезентација се врати дома по поразот во финалето на Светското првенство од Шпанија, а беа пречекани со црвен тепих и оркестар, и на улиците во Буенос Аирес имаа парада за навивачите кои им дадоа поддршка. Она што „боде очи“ е дека фалеше речиси половина тим, ни Лионел Меси не беше таму. Со остатокот од тимот во татковината не се вратиле ни Родриго Де Пол, Енцо Фернандез, Лаутаро Мартинез, Хулијан Алварез, Џеронимо Рули, Нико ...
Фудбалскиот клуб Вардар ќе им подели премија од 100.000 евра на своите играчи и стручен штаб ако успеат да ја елиминираат летонска Рига во второто квалификациско коло во Конференциската лига. Македонскиот првак е аутсајдер според квотите во Sport Life, но на реваншот во првото коло од квалификациите за ЛШ против фински КуПС покажа дека не треба да бидат потценети и ако веруваат во себе, може да бидат опасни. Сега имаат и дополнителна ...
Шпанија со 1:0 ја победи Аргентина и во следните четири години ќе го има приматот на светски фудбалски првак. Двете најголеми ѕвезди во финалето, Ламин Јамал и Лионел Меси, немаа некоја позначајна улога во финалето. Доколку Меси или Јамал беа клучни играчи во финалето, јасно ќе беше дека еден од нив двајца ќе беше главен фаворит за освојување на Златната топка. Сега, според калкулациите, трката за освојување на Златната топка ќе биде една од ...
Не поминаа 24 часа од затворањето на Светското првенство 2026 година, а веќе е најавена нова голема реформа. На Светското првенство во 2030 година ќе учествуваат 64 репрезентации, потврди претседателот на фудбалската федерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ), Алехандро Домингез. Мундијалот во САД, Канада и Мексико беше првиот на кој учествуваа 48 репрезентации, а не како што беше претходно пракса, на планетарниит собир да играат најдобрите 32 ...
Родри повторно е во центарот на вниманието на трансфер-пазарот. Играчот за врска на Манчестер сити и на шпанската репрезентација беше прогласен за најдобар фудбалер на Светското првенство, а неговите одлични настапи повторно го активираа интересот од Реал Мадрид. Според информациите, дел од луѓето во управата на Кралскиот клуб се воодушевени од формата што ја прикажал Родри на Мундијалот, каде што се врати на нивото на коешто беше пред ...
Астон вила официјално го потврди трансферот на Жоао Гомеш од редовите на Вулверхемптон. Иако договорот беше познат во јавноста неколку дена, клубот од „Вила парк“ дури сега ги заврши сите формалности и го објави пристигнувањето на бразилскиот играч за врска. Гомеш станува трето летно засилување за Астон вила, по трансферите на Јохан Манзамби и Муду Кеба Сисе. Вкупната вредност на зделката може да достигне до 38 милиони фунти, со почетна сума ...
Шпанија ја слави втората светска фудбалска титула, откако синоќа со 1:0 ја победи Аргентина во финалето на Мундијалот кој се играше во САД, Канада и Мексико. Според проценките, околу два милиони луѓе беа на познатиот плоштад „Сибелес“ во Мадрид да ги поздрават фудбалерите на Шпанија, кои продефилираа во двокатен автобус со отворен кров. Пред да се појават на плоштадот во Мадрид, фудбалерите беа гости на кралското семејство. Los Reyes, la ...
Македонската кошарка повторно ќе има три преставници во регионалната АБА 2 лига. Покрај шампионот МЗТ Скопје Аеродром и докажаниот ТФТ Скопје кој минатата сезона играше финале во втората лига на АБА, во новата сезона свој настап ќе има и тимот на Маџари. Маџари е екипа која минатата сезона играше во финалето на плејофот во македонското првенство и доби шанса сега да се докаже во регионалото натпреварување. Според направениот распоред МЗТ ...
Фудбалерите на Аргентина не успеаа да го одбранат светскиот трон, откако со 1:0 загубија од Шпанија во финалето на Мундијалот 2026. Финалното издание на Гаучосите беше едно од најлошите за еден тим во финале на СП. Нецели 24 часа по поразот, со реакција на социјалните мрежи се јави капитенот на Аргентина, Лионел Меси. „Болката е огромна и ќе биде потребно време оваа рана да заздрави. Но, исто така ги ценам сите добри работи… Натпреварите во ...
Англискиот репрезентативец Џед Спенс изразил желба да го напушти Тотенхем и кариерата да ја продолжи во редовите на италијанскиот гигант Интер, пренесува „Газета дело спорт“. Според информациите од Италија, 25-годишниот десен бек е еден од главните кандидати за наследник на Дензел Дамфрис, кој неодамна направи трансфер во Реал Мадрид. Иако Спенс сака преселба на „Џузепе Меаца“, сè уште не е познато дали Тотенхем ќе биде подготвен да го пушти. ...
Светското фудбалско првенство кое синоќа заврши ќе се памети како прво на кое учествуваа 48 репрезентации, а на крајот Шпанија е новиот планетарен владетел. Овој Мундијал беше посебен по многу нешта што далеку го надминаа опсегот на спортот. Покрај фудбалските емоции, турнирот ќе биде запаметен по своето економско влијание, туристичкиот тек, политичките дебати и средбите меѓу луѓе од различни култури. Според прогнозите, рекордни 1,8 милијарди ...
Францускиот репрезентативец Лука Дињ е на чекор до враќање во Пари Сен Жермен. Искусниот лев бек денеска ги минува задолжителните медицински прегледи, по што треба да потпише тригодишен договор со актуелниот европски шампион, објавува „Ле Паризиен“. ПСЖ ќе ја активира откупната клаузула во договорот на Дињ со Астон вила, која изнесува малку помалку од 10 милиони евра. Интересно е што токму на својот 33-ти роденден Дињ се враќа во клубот од ...
Црвена ѕвезда се подготвува за летниот предизвик во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. Српскиот првак се надева дека ќе игра во елитното друштво, а за да стигне до својата цел, Црвено-белите најавуваат дека ќе се засилат. Според пишувањата во дел од српските медиуми, нов играч на Црвена ѕвезда ќе биде Дерик Лукасен. Тој е репрезентативец на Гана кој играше на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Лукасен игра во ...
Шпанскиот организатор на играта, Родри, се надева дека помладите генерации ќе учат од неговото искуство во надминувањето на неволјите по неговото освојување на Светското првенство, со што ја комплетира својата колекција од големи трофеи, помалку од две години по скинатиот лигамент на коленото и долгата пауза. Родри, кој има 30 години, беше прогласен за најдобар играч на СП 2026 и им се придружи на легендите Франц Бекенбауер, Герд Милер и ...
Поранешниот шпански репрезентативец Жоан Капдевила и покрај првичните проблеми со визата, успеа да отпатува во Њујорк за да го проследи финалето на Светското првенство. По освојувањето на титулата откри дека својот добро познат ритуал за среќа му го доверил на Марк Кукуреља, кој без двоумење ја продолжил традицијата. Капдевила го започнал овој обичај уште пред финалето на Мундијалот во 2010 година во Јужна Африка. Непосредно пред почетокот на ...
По завршувањето на Светското првенство 2026, време е за анализи и избор на најдобрите поединци. Реномираната аналитичка компанија „Опта спортс“ го објави својот идеален тим на Мундијалот, составен врз основа на индексот Opta, кој ги комбинира оценките на фудбалерите според нивните најважни статистички показатели. Поради ваквиот начин на рангирање, во идеалниот состав не се најдоа францускиот репрезентативец Мајкл Олисе, како и шпанскиот ...
Фудбалската репрезентација на Шпанија синоќа беше крунисана во светски првак откако со 1:0 ја победи Аргентина во мундијалското финале. Голот за победа и шампионски трофеј на Шпанија го постигна Феран Торес во 106 минута. Во нападот по кој Шпанија го постигна шампионскиот гол, синот на славиот тренер Диего Симеоне, Џулијано се враќаше во одбранбена задача и беше во непосредна близина на Торес. Кога беше испратен центаршутот до Нико Вилијамс, ...
На Светското првенство во САД, Мексико и Канада се стави крај на една спектакуларна мундијалска кариера на Лионел Меси. Легендарниот Аргентинец синоќа по третпат како капитен јаа предводеше својата репрезентација во финалето на СП, но за негова жал, вторпат беше поразен. Аргентина загуби од Шпанија со 1:0 во меч кој траеше 120 минути. Пред почетокот на финалето, Меси во соблекувалната им одржал говор на своите соиграчи, а сега тој говор ...
Фудбалската репрезентација на Шпанија пристигна во Мадрид откако синоќа во Њу Џерси ја освои титулата на Светското првенство. Во финалето на Мундијалот, Шпанија со 1:0 ја победи Аргентина. Авионот со новите светски прваци попладнево пристигна на аеродромот во Мадрид, а капитенот Родри во своите раце го имаше шампионскиот трофеј. Делегацијата ја предводеше селекторот Луис де ла Фуенте, а фудбалерите ги чекаше автобус на којшто стоеше натпис ...
Поранешниот англиски репрезентативец и менаџер Кевин Киген почина на 75-годишна возраст. Во јануари оваа година беше објавено дека му е дијагностициран рак во четврта фаза, по што семејството потврди дека започнал со лекување. „Со огромна тага објавуваме дека Кевин Киган почина на 75-годишна возраст“, соопшти семејството. „Поранешниот англиски репрезентативец и менаџер се бореше со сериозна болест и беше опкружен со сопругата и ќерките во ...