Фудбалерите на Аргентина тешко го прифатија поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство, а веднаш по последниот судиски свиреж дојде до голем инцидент на теренот. Неколку аргентински репрезентативци влегоа во физичка пресметка со противничките играчи, по што настана општ метеж во којшто беа вклучени голем број фудбалери и членови на стручните штабови. Од ФИФА потврдија дека веќе е отворена постапка и дека се собираат сите релевантни ...

Само еден ден по завршувањето на Светското првенство, Белгија остана без селектор. Руди Гарсија повеќе не е предводник на Црвените ѓаволи откако Фудбалската федерација на Белгија донесе одлука да ја прекине соработката со францускиот стратег. Белгија настапот на Мундијалот го заврши во четвртфиналето, каде што беше елиминирана од новиот светски шампион Шпанија со минимални 1-0. Иако пласманот меѓу осумте најдобри селекции не е неуспех, ...

Поранешниот менаџер на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, разговарал со новото раководство на Италијанската фудбалска федерација околу можното преземање на селекторското место. Според „Скај спортс“, тренерот викендов се сретнал во Барселона со техничкиот директор на федерацијата, Паоло Малдини, и неговиот советник Леонардо. Гвардиола е на потесниот список на кандидати за функцијата селектор на италијанската репрезентација по оставката на ...

Шпанија е новиот светски фудбалски првак откако по 120 минути игра со 1:0 ја победи Аргентина во финалето кое се играше во Њу Џерси. На трибините на стадионот „Метлајф“ имаше многу познати светски лица, а на трибините беше и некогашната ѕвезда од филмовите за возрасни, Миа Калифа. По мечот, Калифа, која носеше дрес на Барселона, беше многу среќна. Многу јасно беше дека таа навива за Шпанија, но не само што навивала Црвената фурија да стане ...

Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА) ја објави својата ажурирана ранг-листа на националните репрезентации. Македонија со 1.369,16 поени останува на 69-то место, каде што беше и пред Мундијалот. Шпанија (1995,88 поени) стана новиот лидер, откако ја победи Аргентина со 1-0 во финалето на Светското првенство и ја освои својата втора титула. Аргентина, која претходно беше на врвот на ранг-листата, падна на второто место ...

Вардар и Шкендија ги добија своите можни противнници во третото коло од квалификациите во Конференциската лига. Оваа фаза ќе се игра на 6 и на 13 август. Вардар, кој задутре го игра првиот меч со Рига од второто квалификациско коло, ако го елиминира летонскиот тим, потоа во третото коло ќе игра со Атерт Бисен од Луксембург или ЕТО Ѓер од Унгарија. Првиот меч би се играл во Скопје. Тетовската Шкендија, која во второто коло игра со Браво од ...

Аргентинските фудбалери им го свртеа грбот на шпанските играчи, гледајќи кон трибините каде што беа нивните навивачи, додека Шпанците го кренаа пехарот и ја славеа победата на Светското првенство. Штом судијата Винчиќ означи крај на мечот, почнаа непријатните слики кои го обиколија светот. А, додека шпанската делегација ги примаше своите медали и се подготвуваше да го крене пехарот на централната сцена на стадионот во Њу Џерси, аргентинските ...

Ова 2026 година е посебна за шпанскиот фудбалер за врска, Фабијан Руиз. Тивок и ненаметлив, но врши голема работа во тимовите за кои игра, Руис сега влезе и во историјата. Не само што има одиграно 50 натпревари за Шпанија и нема ниту еден пораз, туку стана и еден само од десетте играчи во историјата кои во иста година освоиле Лига на шампиони (се брои и Купот на европски шампиони) и Светско првенство и притоа играле во двете финалиња. Пред ...

Стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси е местото на кое Лионел Меси ги доживеа најболните порази играјќи за репрезентацијата на Аргентина. Во 2016 тоа беше финалето на Копа Америка против Чиле, кога Гаучосите загубија на пенали, а Меси го утна својот удар од белата точка во пенал-серијата. Беше премногу тажен и објави крај на репрезентативната кариера. Но, неколку месеци подоцна го премислија, останатото е историја, Лео освои и светска титула, стана ...

Ова што го прават шпанските репрезентации во последните неколку години не беше видено во досегашната историја на фудбалот. Нивната доминација е тотална, газат на сите нивоа. Машкиот А тим на Шпанија е актуелен светски, европски и олимписки шампион. И женската репрезентација е светски првак, а неодамна У19 тимот доминантно ја освои европската титула со 19 постигнати и ниту еден примен гол на целото ЕП. Шпанија има нешто што никој друг го нема ...

Скопските клубови ТФТ, Маџари и Чаир не ги подмириле своите долгови до предвидениот рок и Кошаркарската федерација нема да им издаде лиценца да се натпреваруваат во Суперлигата. „Во рамките на процесот на лиценцирање за натпреварувачката сезона 2026/2027, Кошаркарската федерација на Македонија за првпат воведе систем на лиценцирање кој, покрај организациските и техничките критериуми, предвидува и задолжително исполнување на критериумите за ...

Само што заврши финалето на Светското првенство, имаше измешани емоции кај актерите на двата тима, од една страна огромна радост, а од друга огромно разочарување и лутина, па настана и метеж на теренот. Леандро Паредес удри двајца шпански фудбалери, а Николас Отаменди имаше што да му каже на шпанскиот капитен Родри, со кој беа и тимски колеги во минатото во Манчестер сити. „Во иднина зборувајте помалку. Плачевте цела недела, плачеше и ти цела ...

Феран Торес влезе во историјата како човекот што ѝ ја донесе втората светска титула на Шпанија. Напаѓачот на Барселона влезе од клупата во финалето против Аргентина и го постигна победничкиот гол во продолженијата. „Многу тешко финале. Ваквите натпревари никогаш не се лесни. Го дадовме максимумот и успеавме да победиме“, изјави Феран Торес само неколку минути по големиот триумф. Напаѓачот на Црвената фурија истакна дека клучот бил во самите ...

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, чиј договор истекува во декември, отвори дилема околу својата иднина по поразот во финалето на Светското првенство. „Не сум разговарал со Лео. Што се однесува до мене, ќе разговарам со претседателот на Федерацијата. Имам јасна идеја што сакам да направам. Ќе го испочитувам договорот, а потоа ќе видиме. Искрено, чувствувам потреба добро да размислам, бидејќи не знам дали повторно ќе можам да направам ...

2841 ФХ – Брејдаблик (21:15) Првенството на Исланд важи за едно од најефикасните во Европа, а такви се очекувањата и за дуелот на ФХ Хафнарфјордур и Брејдаблик. Очекувањата се дека голови ќе има и во двете полувремиња, а за да биде добитна квотата од 1.72, нив треба да ги има помеѓу еден и три. Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.72) 3157 Ботев Пловдив – Локомотив Софија (20:30) Ботев Пловдив ја има фаворитската улога против Локомотив од Софија, ...

Шпанија ја освои светската титула на Мундијалот по драматичната победа над Аргентина, а Родри триумфот го посвети на храброста и истрајноста на репрезентацијата. Играчот од средниот ред истакна дека успехот е доказ дека животот секогаш ги наградува оние што не се откажуваат. „Сакам да им се заблагодарам на сите. Овој тим е фантастичен и ние сме светски шампиони. Неверојатно е дури и да го изговорам тоа. Ова е најтешкото Светско првенство во ...

Понеделничката понуда со зголемени квоти во Sport Life, Супер типот, нуди по осум фудбалски и тениски натпревари, односно вкупно 16 меча со одлични квоти. Првиот меча започнува во 12:30 часот и е од тенисот, како и наредните натпревари се до 17:45 часот, кога започнува првиот фудбалски натпревар во Супер типот. Во Супер типот може да најдете зголемени квоти за вкупно 48 игри, меѓу кои за конечен тип, игри на голови, тимови, како и ...

По завршувањето на големото финале, камерите забележаа момент кој веднаш стана вирален на социјалните мрежи. Додека неговите соиграчи ја славеа светската титула, младата ѕвезда на Шпанија, Ламин Јамал, се упати преку теренот за да го пронајде човекот кон кого чувствува најголема фудбалска почит – Лионел Меси. Разочараниот Меси седеше на тревникот, но стана кога виде дека Јамал доаѓа кон него. Следуваше средба која беше многу повеќе од обичен ...

Петте понеделнички предлози во понудата со Квотите на денот во Sport Life имаат квота од 36.00, додека поединечно квотите се движат помеѓу 1.90 и 2.15. Понудената квота од 2.10 за дуелот на Мариехамн и Лахти ќе биде добитна само ако гостинската екипа постигне барем еден гол во првото полувреме, но и најмалку два на целиот меч. ЦСКА е фаворит во софиското дерби против Славија, па квотата од 1.90 ќе биде добитна ако ја оправдаат фаворитската ...

По поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство, селекторот на Аргентина Лионел Скалони тешко можеше да го скрие разочарувањето. Тој призна дека неговата репрезентација била физички и емоционално исцрпена за најважниот натпревар на турнирот. „Гаучосите“ загубија со 0:1 од Шпанија, откако Феран Торес погоди на почетокот од второто продолжение. Аргентинците не успеаја да создадат посериозна шанса во текот на целиот натпревар, но се ...

Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, испиша историја откако на 65-годишна возраст стана највозрасниот тренер што ја освоил светската титула. „Црвената фурија“ се искачи на светскиот трон по победата од 1:0 над Аргентина во финалето на Светското првенство. „Неизмерно сум горд на оваа генерација фудбалери. Тие пораснаа со оваа фудбалска филозофија, останаа верни на неа, ја надградија и се претворија во пример за вистински тим и семејство. ...

Најголемата ѕвезда и капитен на Аргентина, Лионел Меси, призна дека тој и неговите соиграчи не одиграле на потребното ниво против Шпанија и дека поразот е сосема заслужен. Статистиката на аргентинскиот капитен го потврдува тоа – во првото полувреме имаше само 15 допири со топката, а натпреварот го заврши со вкупно 54 допири. „Тажен сум, но свесен сум дека не одигравме како што требаше. Искрено, тие беа подобриот тим. Загубивме и го прифаќаме ...

Лионел Меси го претрпе вториот пораз во неговото трето финале на Светско првенство, откако Шпанија славеше со 1:0 по 120 минути игра на стадионот во Њу Џерси. Капитенот на аргентинската репрезентација го одигра шестото Светско првенство, но не успеа по втор пат да биде на светскиот трон. По добивањето на сребрениот медал за поразениот во финалето, Меси не можеше да ги сопре солзите. Реакцијата на капитенот на Аргентина по добивањето на ...

Голем инцидент го засени крајот на финалето на Светското првенство, откако аргентинскиот репрезентативец Леандро Паредес влезе во физичка пресметка со двајца шпански фудбалери по поразот од 1-0 од Шпанија. Според снимките што се појавија по натпреварот, Паредес најпрво го удри Ерик Гарсија, а кога Гави се обиде да ја смири ситуацијата, аргентинскиот играч за врска тргна и кон него, предизвикувајќи хаос на теренот веднаш по последниот судиски ...

Фудбалската репрезентација на Шпанија ги обедини европската и светската титула. Црвената фурија ја одзеде круната на Аргентина и во наредните четири години ќе биде светски фудбалски владетел откако во финалето на Мундијалот славеше со 1-0, со голот на Феран Торес. Покрај трофејот, Шпанците ги собраа и индивидуалните награди. Родри е избран за најдобар фудбалер на Светското првенство, Пау Кубарси е најдобар млад играч на турнирот, додека ...

Шпанскиот репрезентативец Родри испиша нова страница во историјата на Светските првенства, поставувајќи рекорд за најмногу точни додавања во историјата на Мундијалите. Играчот за врска на Манчестер сити стигна до бројката од 1.343 успешни додавања, со што го надмина досегашниот рекордер, легендарниот бразилски фудбалер Дунга, кој имаше 1.306 прецизни додавања. Родри го собори рекордот во првото полувреме од финалето на Светското првенство ...

Шпанија ги обедини европската и светската титула, одземајќи ја круната од Аргентина, откако ја совлада со 1-0 по продолженија во финалето на Мундијалот. Херој на големата пресметка на „МетЛајф“ стадионот во Њу Џерси беше Феран Торес, напаѓачот на Барселона, кој се покажа како вистински џокер од ракавот на Луис де ла Фуенте. Тој доби шанса во 62-та минута на местото на Микел Ојарзабал, а возврати со гол за светска титула, по одличната ...

Аргентина и Шпанија ќе играат продолженија, откако регуларниот тек од финалето на Светското првенство заврши без голови, но актуелниот светски првак остана со фудбалер помалку. Во 93-тата минута Енцо Фернандес доби црвен картон, откако грубо стартуваше над Кубарси, со што го заслужи вториот жолт картон за исклучување. 🚨 Enzo Fernandez Red Card 🤯🔥 pic.twitter.com/QFuT842Lxd — KinG £ (@xKGx__) July 19, 2026 Шпанија беше подобар ривал во ...

Пред два дена се појавија информации дека најдобриот египетски фудбалер, Мохамед Салах, би можел да ја продолжи кариерата во Бешикташ, а договорот изгледаше како да е пред финализирање, сè додека не се вмеша агентот на играчот, барајќи лична провизија од неверојатни 35% од износот на трансферот. Функционерот на Бешикташ, Сердал Адали, ја сподели оваа информација, истакнувајќи дека таа сума е неприфатлива за клубот од Истанбул и се заканува да ...

Лионел Меси е централна фигура на аргентинската репрезентација во финалето на Светското првенство против Шпанија, а навивачите очекуваат токму тој да биде клучниот играч на патот до шампионската титула. Сепак, неговата вклученост во играта на самиот почеток од натпреварот беше речиси невидлива. Прецизната статистика, која ја објави “Опта”, открива дека Меси во првите 15 минути од финалето забележал само еден допир со топката. Тој единствен ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
82%
1006
weather icon

Белград

18ᴼ / 16ᴼ
6.69
61%
995
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
94%
989
weather icon

Софија

19ᴼ / 13ᴼ
9.26
63%
1006
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
3.9
76%
1002
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
1.54
98%
988
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
7.15
88%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 18ᴼ
5.66
53%
1006
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
10.29
82%
1004
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
0.89
88%
1004
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
98%
993
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
8.75
95%
1013
Currency

61.671

Currency

55.489

Currency

73.839

Currency

38.003

Currency

39.019

Currency

66.834

Currency

8.3272

Currency

0.66995

Currency

0.34794

Currency

0.52464

Currency

1.1042

Currency

0.59194

Кобалт

33.53

Паладиум

31700.64

Рутениум

61086.42

Злато

124908.87

Иридиум

324722.54

Цинк

3.79

Калај

47.40

Родиум

294983.10

Платина

48836.98

Алуминиум

3.01

Бакар

12.41

Сребро

1620.38