Младиот македонски тренер Владимир Димитровски имаше успешно деби во својот нов клуб, Ники Волос. Грчкиот второлигаш неодамна ги започна подготовките за новата сезона, а денеска одигра контролен дуел против Паниониос. На крајот Ники Волос славеше со 1:0 во меч на две екипи кои се сметаат за главни кандидати во борбата за влез во елитното друштво. Паниониос пред една недела играше контролен дуел против битолски Пелистер и славеше убедливо со ...

Хрватскиот ветеран Лука Модриќ потпиша нов договор со Милан, официјално потврди клубот. Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација ја активираше опцијата за уште една сезона од својот договор. Модриќ пристигна во Милан како слободен трансфер во јули 2025 година, по 13 години и 28 трофеи во Реал Мадрид. „Иднината сè уште го носи неговото име. Приказната на Лука со Росонерите продолжува“, напиша Милан на социјалните мрежи. „Милан со ...

Лондонскиот Арсенал го додаде грчкиот фудбалер Христос Цолис во својот состав. Овој 24-годишен крилен напаѓач им се придружи на англиските шампиони од белгискиот Бриж, а трансферот е вреден 40 милиони евра. Цолис одигра 108 натпревари за Бриж, постигнувајќи 43 гола и запишувајќи 45 асистенции. Ќе го носи дресот со број 17 кај Топчиите. Гркот со 23 асистенции во минатата сезона беше најдобар асистент во топ 10 лигите во Европа. Цолис веќе ...

На денешен ден, 23 јули, точно пред 20 години во 2006 година во холандскиот Амерсфорт, Новак Ѓоковиќ го освои својот прв АТП-трофеј во кариерата. Најуспешниот тенисер на сите времиња тогаш го крена пехарот за првпат, а сега има вкупно 101 титула, од кои 24 на гранслемите. Во тоа финале во Амерсфорт, Новак го победи Николас Масу од Чиле со 7-6, 6-4 во финалето и падна на колена на земјената подлога, сè уште немајќи поим дека еден ден ќе има ...

Н’Голо Канте, освојувач на Светското првенство со селекцијата на Франција во 2018 година, можеше да има многу поинаква меѓународна кариера ако не биле неговите поранешни соиграчи од Лестер на чело со Џејми Варди. Ова го откри Варди, кој тврди дека Канте првично сакал да го претставува Мали, пред на крајот да ги избере Триколорите. Канте има импресивен скор во дресот на Франција. Финалист на ЕП 2016, светски првак во 2018 година и победник на ...

Светската фудбалска федерација ФИФА не пронајде местење натпревари на неодамна завршеното Светско првенство во 2026 година, објави SBC News. Групата за мониторинг на спортскиот интегритет, чии членови ги анализираа сите 104 натпревари од турнирот и сите можни случаи на манипулација поврзани со обложувањето, дојде до овој заклучок. Но, во меѓувреме, Копенхагенската група, која работи под покровителство на Советот на Европа, идентификуваше ...

Со доведувањето на Кристијан Чурлинов од Саса Каменица и Филип Манасиевски кој пристигнува од Детонит Плачковица, сега има вкупно десет нови играчи во редовите на ФК Илинден. Илинден ги почна подготовките за претстојната сезона во која треба да биде дел од Третата лига, а според играчкиот кадар, ќе имаат силен тим способен да одговори на амбициите на раководството на клубот. Доведени се играчи со богато прволигашко и второлигашко искуство, ...

Светскиот шампион со Шпанија, бекот Педро Поро, го импресионира фудбалскиот свет со еден гест. Дефанзивецот на Тотенхем му го подари својот златен медал на својот дедо, објавувајќи видео од емотивниот момент. Поро пораснал со своите баба и дедо бидејќи неговите родители работеле до доцна. Како дете, неговиот дедо го носел на тренинг и ги гледал неговите натпревари, а Поро рекол дека тој бил причината зошто станал фудбалер. Педро Поро вети ...

Вардар вчера го прослави 79-тиот роденден, но немаше многу причини за радост и славје во таборот на најтрофејниот македонски фудбалски колектив. Црвено-црните имаа одлична можност на денот на формирањето на клубот да играат меч од европските купови на свој терен, но на крајот „роденделнот“ заврши без среќен крај. Македонскиот првак загуби од Рига со 2:3, што е втор европски неуспех на домашен терен, откако претходно во квалификациите од Лига ...

Можноста Пеп Гвардиола да стане нов селектор на Италија станува сè понереална. Според италијанскиот весник „Газета дело спорт“, шпанскиот стратег на неодамнешната средба во Барселона со техничкиот директор Паоло Малдини ги открил своите финансиски барања за да ги преземе Аѕурите. Гвардиола наводно побарал 20 милиони евра годишна плата, сума што е далеку над можностите на Италијанската фудбалска федерација, чиј буџет за оваа намена изнесува ...

Јирген Клоп официјално ќе биде именуван за нов селектор на германската фудбалска репрезентација во петок. Германската фудбалска федерација закажа прес-конференција на која поранешниот тренер на Борусија Дортмунд и Ливерпул ќе биде претставен пред јавноста. Клоп ќе потпише договор со важност до летото 2030 година. Во изминатите две години тој ја извршуваше функцијата глобален директор за фудбал во системот на Ред Бул. На клупата на Панцирите ...

Германскиот напаѓач Карим Адејеми и официјално е нов фудбалер на Барселона. Каталонскиот клуб го потврди трансферот на 24-годишниот офанзивец од Борусија Дортмунд, кој потпиша долгорочен договор со шампионот на Шпанија. Адејеми пристигнува на „Камп ноу“ за 22 милиони евра, а договорот предвидува уште седум милиони евра во бонуси. Покрај тоа, Борусија ќе задржи и процент од евентуалниот негов иден трансфер. Don’t blink. Welcome, Adeyemi 💙❤️ ...

Играчот за врска на Манчестер сити, Родри, ќе мора да оди на операција на грбот, а засега не е познато колку време ќе трае неговото закрепнување. Капитенот на шпанската репрезентација беше прогласен за најдобар фудбалер на Светското првенство откако ја предводеше Фуријата до светската титула. Родри беше стартер на сите осум натпревари на Шпанија на турнирот и одигра клучна улога во шампионскиот поход. Во меѓувреме, неговата иднина во ...

Лондонскиот клуб Челзи постигна договор со Астон вила за едногодишна позајмица на аргентинскиот крилен напаѓач Алехандро Гарначо. Тој пристигна на „Стемфорд бриџ“ минатото лето од Манчестер јунајтед за 46,5 милиони евра, но не успеа да се наметне во составот на Сините. Според договорот, Астон вила ќе има и опција за откуп на неговиот договор по завршувањето на позајмицата. Фудбалерот веќе ги поминал медицинските прегледи и се очекува наскоро ...

Кристијано Роналдо, според најновите информации, наскоро и официјално би можел да ѝ стави крај на својата рекордна репрезентативна кариера во дресот на Португалија. Долгогодишните шпекулации за неговата иднина добија нова димензија откако новинарот Мохамед Авад објави дека, според менаџерот на португалската ѕвезда, веќе е одреден и датумот на неговото збогување. Според тие информации, Роналдо последниот настап за националниот тим треба да го ...

Бразилските легенди Роналдо и Роберто Карлос се дел од конзорциумот што работи на купување на Интернасионал Лимеира, клуб кој моментално се натпреварува во третата лига на бразилскиот фудбал. „Во моментов јас и Роналдо го купуваме Интернасионал Лимеира заедно со Енрико и уште двајца наши партнери. Мојата намера е подобро да ги запознаам клубовите од внатрешноста на Бразил за да им помогнам во пронаоѓањето спонзори и повторно да го вратиме ...

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, го известил претседателот на клубот, Флорентино Перес, дека успеал да го убеди крилниот фудбалер на Баерн Минхен, Мајкл Олисе, да се пресели на „Сантијаго Бернабеu“, пренесува германскиот весник „Билд“. Според информациите, Мбапе водел клучни разговори со својот соиграч од француската репрезентација за време на Светското првенство. Двајцата биле во секојдневен контакт, а ѕвездата на Реал постојано ги ...

Англискиот гигант Ливерпул реши жестоко да тргне „во војна“ против препродавачите на билети. Од таборот на Црвените објавија дека биле изречени 432 доживотни забрани за влез на стадионот „Енфилд роуд“, плус 115 забрани за влез на неодредено време, поради нелегална препродажба на билети. Ова е резултат по заедничка операција со полицијата од Мерсисајд, објавија британските медиуми. Истрагата резултираше со заплена на повеќе од 1,2 милиони ...

Првиот натпревар на селекцијата на Шпанија по освојувањето на Светското првенство ќе биде против Англија на „Вембли“ во Лигата на нациите, а три дена подоцна, на 29 септември во Севилја против Хрватска првпат ќе играат како домаќини со две ѕвездички на дресот. Шпанска фудбалска репрезентација 11 години нема играно на стадионот на Севиља откако во март 2015 година ја победи Украина со 1-0 во квалификациите за ЕП 2016. Првиот натпревар на ...

Американскиот Интер Мајами изненадувачки потврди дека бразилскиот играч од средниот ред Каземиро (34) е нивниот нов играч. Со овој договор тимот за којшто игра Лионел Меси доби големо засилување пред сезоната во која ќе ја брани титулата во американскиот шампионат. Сепак, приказната за трансферот набрзо беше засенета од потенцијално сериозни злоупотреби на службената должност од страна на клубот од Флорида. Клубот кој е во сопственост на ...

6805 Хајдук – Пафос (21 ч.) Пафос минатата сезона беше меѓу најдобрите 36 екипи во Лигата на шампионите, а сега едвај се избори да игра во квалификациите од Лигата на Европа. Хајдук е тим кој кога игра на „Пољуд“ и има посебен адут од навивачите, па тоа е само еден плус повеќе зошто хрватскиот тим да се надева на позитивен резултат вечерва. Пафос е тим кој е познат дека игра многу дефанзивно, па не би требало да има многу погодоци. Предлог ...

Шкендија вечерва гостува во Словенија против Браво во првиот меч од квалификациите во конференциксата лига на УЕФА. Македонскиот преставник на овој меч ќе биде дополнително со засилен тим затоа што вчера успеа да ги регистрира двајцата репрезентативци, напаѓачот Марко Ѓорѓиевски и дефанзивецот Јован Манев. Во првото коло Шкендија двапати славеше над Европа од Гибралтар со вкупни 6:0, па сега тетовци се надеваат дека победничката низа ќе ја ...

Целосно фудбалска е денешната понуда во Супер типот на Sport Life, каде што доминираат натпреварите од Лигата на Европа и одКонференциската лига. Интересно е дека се очекува да доминираат гостинските екипи, па дури на 10 „двојки“ има зголемени коефициенти. Домашниот терен се очекува без проблем да го искористи Карабах против ЦСКА Софија, па „кецот“ е со квота од 1.54, а Тромсо да слави над Храдец е со 1.52. Домашните навивачи треба да ги ...

Вечерва продолжуваат возбудувањата во квалификациите од Лига на Европа и Конференциската лига, а во понудата на Sport Life има пет интересни комбинации кои се дел од Квоти на ден. Доколку сите пет комбинации се одиграат на еден тикет заедно, вкупниот коефициент кој се добива е одличен и изнесува 43.03. Бешикташ е домаќин на Мидтјеланд и тука потребно е да има од еден до три погодоци во првото полувреме, а на крајот од средбата да има 3+ ...

Интер Мајами победнички започна во новата сезона во МЛС шампионатот во САД, откако на свој терен со 3:2 славеше над Чикаго фајр. Во редовите на тимот од Мајами го немаше Лионел Меси кој доби заслужен одмор поради настапот на Светското првенство, но затоа расположен за игра беше Луис Суарес. Искусниот Уругваец постигна два гола и на крајот го доби признианието за играч на меч. На овој натпревар дебито во МЛС првенството го имаше Роберт ...

Некогашниот македонски репрезентативец Стефан Ристовски реши јавно да даде своја реакција по вчерашниот меч од квалификациите во Конференциската лига меѓу Вардар и Рига. Вардар вчера славеше 79 години од формирањето, играше европски меч, но наместо тоа да биде фудбалски празник, на трибините едвај имаше 2.000 гледачи. Токму тоа беше еден од поводите за Ристовски да се огласи преку својот Инстаграм профил. „79 години историја. 79 години ...

Две ѕвезди на шпанската фудбалска репрезентација, Фабијан Руиз и Гави, добија необични подароци по освојувањето на Светското првенство. Руиз и Гави дадоа свој придонес во освојувањето на трофејот, а потоа гордо се вратија во својот роден град Лос Паласиос и Вилафранка во Андалузија. Градот има население од 35.225 жители. Fabien Ruiz et Gavi lors d’une cérémonie à Séville, leur ville natale. « Il y a des moments qu’on chérit à jamais, et ...

Ал-Хилал од Саудиска Арабија би можел да го ангажира напаѓачот на ПСЖ, Усман Дембеле, според новинарот Саша Таволиери. Парискиот клуб е подготвен да го продолжи договорот со 29-годишниот Французин, но засега нема ништо и Ал-Хилал веќе ги воспоставил првичниот контакт со претставниците на Дембеле. Доколку играчот се согласи да се пресели во Саудиска Арабија, Ал-Хилал ќе започне преговори со ПСЖ. Дембеле игра за ПСЖ од 2023 година, а во 2025 ...

Екипата на Рига со победа од 3:2 си заминува од гостувањето во Скопје против Вардар, во првиот меч од второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Оваа победа ја прави Рига да биде голем фаворит пред реваншот кој летонскиот тим ќе го игра на домашен терен. По мечот, тренерот на Рига, Адриан Гула беше задоволен од победата, но потенцираше дека тоа не значи дека неговиот тим со сигурност ќе биде во следната фаза. „Многу важна ...

Тренерот на Вардар, Крисријан Фабијани беше разочаран од поразот, но и горд на своите фудбалери за покажаната игра на дуелот против Рига на арената „Тодор Проески“. Вардар загуби со 2:3, иако водеше со 1:0, потоа израмни на 2:2, но на крајот поразен го напушти теренот и тоа на 79-тиот роденден на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија. „Измешани чувста. Радосен сум поради она како одигравме, тажен поради грешките кои што ги направивме. ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
94%
1006
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
7.2
59%
996
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
93%
991
weather icon

Софија

19ᴼ / 13ᴼ
10.29
62%
1006
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
3.92
76%
1003
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
2.06
98%
990
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
5.81
88%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
5.66
40%
1006
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
7.72
72%
1005
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
1.54
86%
1004
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
98%
995
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
7.2
95%
1013
Currency

61.676

Currency

55.489

Currency

73.852

Currency

38.005

Currency

39.028

Currency

66.834

Currency

8.3272

Currency

0.66995

Currency

0.34797

Currency

0.52464

Currency

1.1042

Currency

0.59194

Кобалт

33.53

Злато

124908.87

Бакар

12.41

Калај

47.40

Иридиум

324722.54

Цинк

3.79

Паладиум

31700.64

Рутениум

61086.42

Платина

48836.98

Сребро

1620.38

Родиум

294983.10

Алуминиум

3.01