Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Раководството на Ливерпул сериозно размислува да го ангажира крилниот напаѓач на ПСЖ, Бредли Баркола, но францускиот шампион постави цена што би можела да ги одврати сите заинтересирани клубови. Според информациите, ПСЖ бара дури 170 милиони евра за 23-годишниот француски репрезентативец. Во Париз сметаат дека ваквата сума е оправдана, особено поради високите трансферни вредности што летово беа платени за играчи како Морган Роџерс и Елиот ...
Новиот тренер на Манчестер сити, Енцо Мареска е категоричен дека клубот нема да тргне во надолна линија по заминувањето на легендарниот тренер Пеп Гвардиола. Италијанскиот стратег ќе има голем предизвик да го замени Гвардиола на клупата на тимот од „Итихад“, кој имаше фантастични 10 години како предводник на Граѓаните, доминирајќи со освоени дури 20 трофеи. Мареска знае што се случи со градскиот ривал на Сити, Манечстер јунајтед кога во 2013 ...
По три години поминати во тимот на Ал Наср, Кристијано Роналдо конечно се израдува на една титула и тоа во првенството на Саудиска Арабија. Сега, Португалецот со својот клуб се подготвува за новата сезона во која ќе го бранат тронот во шампионатот. Додека во полн е летниот преоден рок, светските медиуми пишуваат дека Роналдо поставил услов до неговиот клуб Ал-Наср. За да продолжи да го носи дресот на гигантот од Саудиска Арабија, Роналдо ...
Андреа Пирло прифати да биде селектор на италијанската фудбалска репрезентација, но сега се соочува со неочекуван проблем на патот до преземање на функцијата. Според „Скај Спорт“, улогата на Пирло како глобален амбасадор за руска обложувалница предизвика голема контроверзност и пречка во преговорите. Овој комерцијален ангажман стана главна тема на дискусија во италијанската јавност и во рамките на италијанската фудбалска асоцијација. Иако ...
Одлуката на Леброн Џејмс да ја продолжи кариерата во Филаделфија 76ерс изненади многумина, а сега кога се дозна колку ќе биде неговата плата, шокот е комплетиран. Во својата 24-та сезона во НБА, што дополнително ќе го подобри неговиот рекорд за долговечност, Џејмс ќе потпише договор вреден 3,88 милиони долари. Со оглед на тоа што минатата сезона заработи 52,63 милиони со Лејкерс, ова е намалување од речиси 93 проценти и најголем пад на ...
Екипата на Еурофарм Пелистер од денеска ги започна подготовките за новата сезона. Под водство на новиот тренер, искусниот хрватски стратег Лино Червар, битолчани стартуваа со една цел, а тоа е да ја вратат загубената титула од Вардар. Червар буквално како на ракометен час ги собра ракометарите, оддржаа средба и договор, а потоа влегоа во сала и ги „запалија моторите“. Екипата на Еурофарм Пелистер од денеска ги започна подготовките за ...
На пријателскиот меч меѓу француски Мец и Фортуна Ситард од Холандија се случи еден неочекуван инцидент во кој на крајот настрада главната судијка. Пред крајот на првото полувреме, еден од играчите на Мец се обиде да го сопре противникот влечејќи го за дресот. Беше досуден фаул, но настана мешаница. Судијката се обиде да ги смири страстите, но наместо тоа, во мешаницата, таа беше турната на земја, при што ја повреди раката. Дури откако видоа ...
Италијанскиот клуб Комо направи пионерски чекор во заштитата на младите спортисти, станувајќи еден од првите клубови што воведе забрана за удар со глава во својата младинска академија. Оваа иницијатива, предводена од членот на Комитетот за развој и поранешен познат француски стопер Рафаел Варан, има за цел да го заштити здравјето и развојот на мозокот кај децата, но и да го поттикне развојот на подобра техника и игра „од нога до нога“. ...
Италијанскиот првак Интер не е многу активен на трансфер пазарот летово. Според планот на Нераѕурите, нема да се прават некои посебни промени во екипата и нема да бидат донесени многу нови играчи. Тоа значи дека администрацијата во клубот нема да има многу работа, барем кога се работи за дојдовните трансфери. Во тимот се врати Александар Станковиќ, а пристигнаа Мануел Аканџи и Иван Проведел, а според најавите нема да се носат нови играчи. Од ...
Градежен работник почина за време на реконструкцијата на стадионот „Камп Ноу“ во Барселона, објавија шпанските медиуми. Ова е првата смртна несреќа од почетокот на реновирањето во јуни 2023 година, пишува „АС“. Трагедијата се случи во петокот околу 15:30 часот по локално време, кога полицијата добила пријава за инцидент. Според органите за спроведување на законот, 54-годишен маж паднал и се здобил со смртоносни повреди. Брза помош пристигнала ...
Лионел Меси прв пат се појави во јавноста по поразот на Аргентина во финалето на Светското фудбалско првенство од Шпанија. Синоќа, Меси беше на трибините на стадионот да го следи мечот на екипата на Леонес кој го води неговото семејство во градот Аројо Сецо, во близина на неговиот роден град Росарио. Облечен во црна јакна со капа на главата Меси расположено им се насмевнуваше на навивачите кои го скандираа неговото име. Клубот Леонес кој го ...
Новиот тренер на Ливерпул Андони Ираола победнички започна на клупата на англискиот гигант. откако со 4-2 беше победен Сандерленд во пријателски натпревар одигран во Нешвил. Црвените беа во комбиниран тим, фалеа најголемите ѕвезди на екипата, но и покрај тоа успеаа да постигнат четири погодоци и да донесат триумф во првиот подготвителен дуел пред почетокот на новата сезона. Киран Морисон го отвори резултатот во 12-тата минута, а Сандерленд ...
3135 Мачва – Партизан (21 ч.) Партизан уште на стартот киксираше откако одигра реми во првото коло, па сега Црно-белите едноставно треба да победат. Мачва во првото коло со 5:0 загуби од Црвена ѕвезда, а сега игра и со вториот најтрофеен во Србија. Партизан има осум победи во последните 10 меча со овој ривал, но не треба да се заборави дека Мачва во минатата сезона го елиминираше белградскиот тим во Купот со 2:0, што значи дека може да се ...
Предизвиците во новото фудбалско првенство на Македонија денеска ги стартуваат уште четири екипи. Силекс во Кратово е домаќин на Башкими во меч кој започнува од 17 часот, додека Шкендија во главниот град на комплексот „Петар Милошевски“ покрај ФФМ, ќе биде домаќин на новакот Скопје. Овој меч е закажан со почеток во 19 часот. Според сите прогнози, двете домашни екипи се фаворити за победите. И Силекс и Шкендија веќе се во натпреварувачки ...
Фудбалот доминира, но има и четири тениски пресметки во Супер типот на Sport Life каде може да се најдат голем број на зголемени коефициенти. Од понудените тениски мечеви, фаворитските улоги се за Вукиќ, Сејбот Вилд, Мартин Андрес и Мекдоланд, а квотите за победи се движат од 1.39 до 1.80. Фудбалските возбудувања стартуваат уште во плаедневниот термин од 14 часот која Мидтјеланд да победи на гости кај Сондерјуске е со квота од 1.65, а Јанг ...
Пет возбудливи дуели се дел од денешната понуда во Квоти на ден, а доколку сите пет понудени комбинации се одиграат заедно на еден тикет, вкупниот коефицинет кој се добива е 44.07. Победник треба да има на мечот меѓу Јанг бојс и Сион во меч на кој двата тима треба да постигнат гол. Оваа комбинација се вреднува со квота од 2.15. Славија Прага е голем фаворит против Словачко, па затоа тука опцијата е домаќинот да води на полувреме и на крајот ...
По критиките дека пропуштил меч за да игр апартија покер, Нејмар се врати во дресот на Сантос постигнувајќи два гола. На дуелот против Шапокоененсе, Нејмар беше најдобар на теренот, постигна два погодоци, но сепак неговиот Сантос не успеа да слави против последнопласираниот тим во бразилското првенство. На крајот, резултатот беше 2:2. По еден од погодоците што ги постигна, Нејмар упати порака до сите оние кои го критикуваа дека е на покер ...
Фудбалскиот клуб Севилја го покажа своето големо срце со прекрасен хуманитарен гест. Шпанските гиганти испратија вредна донација од дресови и опрема за тренинг на децата во Малави, разубавувајќи им го секојдневниот живот и носејќи огромна радост. Официјалните канали на клубот објавија емотивни видеа кои покажуваат колку малку понекогаш е потребно за да им се донесе вистинска среќа на децата. Видеата прикажуваат деца од оваа африканска земја, ...
Во Аргентина деновиве постои само една голема тема – дали Лионел Меси ќе продолжи да настапува за националниот тим. Во разговор за „Спорт дејли“, неговиот соиграч Леандро Паредес откри дека верува оти капитенот веќе донел конечна одлука за својата репрезентативна иднина. Во видео објавено на платформата „X“, Паредес истакна дека сите во аргентинската репрезентација сакаат Меси да остане, но дека истовремено ја почитуваат неговата одлука. ...
Германскиот шампион Баерн Минхен неуспешно ги започна летните подготовки, откако во пријателски натпревар загуби со 2:1 на гостувањето кај третолигашот Вехен. Домаќините поведоа уште во првото полувреме, а Том Бишоф израмни од пенал во вториот дел. Сепак, лошата реакција на Свен Улрих во самиот финиш му овозможи на Вехен да стигне до престижна победа. Очекувано, Баерн настапи со комбиниран состав составен претежно од младинци и фудбалери кои ...
Светското првенство заврши, но иднината на Хулијан Алварез и понатаму е една од најголемите теми на трансфер-пазарот. Аргентинскиот напаѓач сè уште не се изјаснил јавно за своите планови, а шпекулациите не престануваат. Според шпанските медиуми, Алварез сака да се пресели во Барселона, но во Атлетико Мадрид воопшто не размислуваат за негова продажба. Од „Метрополитано“ остануваат на ставот дека неговата откупна клаузула изнесува 500 милиони ...
Турскиот шампион Галатасарај е во потрага по големо засилување за новата сезона, а новата главна цел е офанзивецот на Реал Мадрид, Брахим Дијаз. Откако стана јасно дека трансферот на Бруно Фернандеш од Манчестер јунајтед е финансиски недостижен, турскиот клуб целосно се насочил кон мароканскиот репрезентативец. Според турските медиуми, Галатасарај значително ја подобрил својата понуда. Наместо првичните 7,5 милиони евра, клубот подготвува ...
Во Барселона владее загриженост поради одлуката на Френки де Јонг тешката повреда на коленото да ја лекува со конзервативен метод, односно со терапии и рехабилитација, наместо со операција. Холандскиот репрезентативец се повреди на Светското првенство, настапувајќи за својата селекција, при што заработи руптура на медијалниот колатерален лигамент на десното колено. Иако чувствувал болки, Де Јонг продолжил да игра бидејќи, според неговите ...
Барселона вчера го одигра првиот пријателски натпревар во рамките на подготовките за новата сезона и без поголеми проблеми славеше со 4:1 против нисколигашот Европа. Тренерот Ханси Флик им даде шанса на сите расположливи фудбалери, а најголем впечаток остави 16-годишниот Ебрима Тункара, кој со својата игра целосно го воодушеви стручниот штаб. Каталонците пред неколку дена ги започнаа подготовките, но сè уште не се комплетни бидејќи дел од ...
Уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез е на чекор до нов трансфер, а сè поизвесно е дека кариерата ќе ја продолжи во Турција. Според информациите турските медиуми, Нуњез е многу блиску до преселба во Бешикташ на позајмица до крајот на сезоната. Оваа вест претставува изненадување на трансфер-пазарот, особено ако се знае дека напаѓачот моментно е член на саудискиот Ал-Хилал. Нуњез пристигна во Ал-Хилал минатото лето по заминувањето од Ливерпул, но ...
Поранешниот шампион на Македонија, Струга, со убедлив триумф од 3-0 над дебитантот во Првата лига, Шкендија Арачиново, ја започна новата сезона. Мечот во Струга започна со 40-минутно доцнење, но тоа не ги спречи домашните да го решат прашањето околу победникот уште во првото полувреме. Радески во 23-тата и Агама во 44-тата минута погодија за убедливи 2-0 за Струга на полувремето. Конечните 3-0 ги постави Шабани во 52-рата минута. Првото коло ...
Младиот талент на Лајпциг, Јан Диоманде, е на прагот да стане дел од еден од најголемите трансфери ова лето, а германскиот клуб очекува за неговата продажба да инкасира најмалку 100 милиони евра. Прв интерес за 19-годишниот офанзивец покажа ПСЖ, кој успеа да ги договори личните услови со фудбалерот, но преговорите со Лајпциг заглавија. Германскиот клуб јасно стави до знаење дека нема да преговара за сума помала од 100 милиони евра, плус ...
Летниот преоден рок допрва ќе стане вистински спектакл, а еден од најголемите трансфери веќе е на чекор до реализација. Иако досега видовме неколку звучни засилувања кај европските гиганти, најинтересните потези се очекуваат по завршувањето на Светското првенство, а токму Реал Мадрид има намера повторно да доминира на трансфер-пазарот. „Кралевите“ веќе донесоа неколку нови фудбалери, но претседателот Флорентино Перес очигледно нема намера да ...
Актуелниот шампион на Македонија, Вардар, со рутински триумф над штипска Брегалница ја започна одбраната на титулата. Скопските „црвено-црните“ славеа со 2-0 во првенствениот меч помеѓу двата натпревари против Рига во Конференциската лига и запишаа планирани три бода на своето конто. Штипјани беа ориентирани на одбраната и преку контранапади се обидуваа да го загрозат противничкиот гол, а Вардар славеше со погодоците на Данев во 27-мата и на ...
Манчестер Јунајтед интензивно работи на засилувањата пред првата сезона под водство на новиот менаџер Мајкл Керик. „Црвените ѓаволи“ веќе ги ангажираа Јури Тилеманс од Астон вила и Андреј Сантос од Челзи, но клубот продолжува да бара нови решенија во средниот ред. По заминувањето на Каземиро и повредата на Мануел Угарте, Јунајтед е во потрага по уште еден квалитетен играч за врска. Во последните денови со преселба на „Олд Трафорд“ се ...