Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Голманот на Зелено’ртските Острови, Возиња, стана една од најголемите ѕвезди на Светското првенство кое неодамна заврши во САД, Канада и Мексико. Искусниот 40-годишен голман воодушеви со своите одбрани на четирите меча кои Зелено’ртските Острови ги одиграа на Мундијалот и на ниту еден од нив не загубија, иако играа со три докажани светски прваци. Одиграа 0:0 против Шпанија, потоа во дуелот со Уругвај беше 2:2, а во шеснаесетфиналето против ...
По неуспешната епизода во Реал Мадрид, Чаби Алонсо сериозно се подготвува за новиот предизвик во Челзи. Според најавите од Англија, челниците на клубот се пред финализирање на договори со двајца искусни фудбалери. Личните услови на играчите се договорени и сега останува само да биде ставен потпис за сè да биде потврдено. На „Стемфорд бриџ“ пристигнува Дани Велбек од Брајтон. Искусниот напаѓач веќе ги договорил личните услови со Челзи и сега ...
6718 Динамо Загреб – Тун (20 часот) Првиот меч во Швајцарија заврши 1-1, па вечерва се очекува разврската. Поради ова типуваме на победа на Динамо Загреб и најмалку три гола на натпреварот. Предлог тип: 1 & 3+ (1.94) 6722 Рига – Вардар (19 часот) Ќе има голови и на реваншот, слично како на дуелот во Скопје. Наш предлог е да има од еден до три гола во двете полувремиња. Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.78) 6717 Линколн ред импс – Мјалби ...
Светската фудбалска федерација (ФИФА) и официјално го прогласи погодокот на Сидни Лопес Кабрал за најубав на Светското првенство 2026. Левиот бек на Зелено’ртските Острови постигна фантастичен погодок во дуелот со Аргентина во шеснаесетфиналето на Мундијалот, кога израмни на 2:2. The goal that stole your hearts all the way to the top. 💙⚽️ Sidny Lopes Cabral is your Hyundai Goal of the Tournament winner at the FIFA World Cup 2026! ...
Фудбалот доминира, но има и тенис со максимално зголемени квоти во денешниот Супер тип. Ваше е да го одберете добитното решение. Понудата стартува од 17 часот, но веднаш потоа се приклучуваат и фудбалските возбудувања. Зголемени се коефициентите на Кудерметова, Мјалби, Дрејпер, Аполон Лимасол, Рига, Норчепинг, Женг Кинвен, ЦСКА 1948, Динамо Загреб, Дрита, Целје, Шелтон, Хартс, Шемрок, Калинскаја, Де Минор. Фудбалот доминира, но има и ...
Фудбалерите на Вардар веруваат дека можат да направат чудо и да ја елиминираат Рига на вечерашниот реванш-натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига. Македонскиот шампион не се откажува од борбата за пласман во следната фаза. По поразот од 2-3 на првиот натпревар во Скопје, Црвено-црните ќе имаат тешка задача во Летонија, но капитенот Азер Омерагиќ верува дека неговиот тим може да го сврти двомечот во своја корист. ...
Продолжуваат возбудувањата во квалификациите за европските натпреварувања, а меѓу нив денеска има и балкански гиганти. Вардар и Динамо Загреб се најдоа меѓу денешните Квоти на денот. Петте предлози заедно носат вкупен коефициент 39,33. Линколн ред импс се среќава со Мјалби, и ако гостите не загубат, а во првото полувреме биде постигнат најмногу еден гол, квотата на денот е 1.80. Рига е домаќин на Вардар и квотата на денот е 2.10, доколку ...
Македонскиот стратег Југослав Тренчовски е нов шеф на стручниот штаб на словенечкиот шампион Олимпија Љубљана. Струмичанецот доби доверба да го предводи еден од најтрофејните клубови во Словенија, откако раководството реши да направи тренерска промена. Тренчовски ќе го наследи Мишо Бречко, кој вчера и официјално беше разрешен од функцијата поради променливите резултати на Олимпија на почетокот од новата сезона. Македонскиот тренер доаѓа во ...
Раководството на Реал Мадрид испрати контрапонуда до Винисиус јуниор и неговите претставници за продолжување на договорот на бразилскиот репрезентативец. Ова доаѓа во период кога интересот за крилниот напаѓач од страна на Арсенал е сè поголем. Во Реал Мадрид се надеваат дека по неколкумесечни преговори ќе биде постигнат договор за нова соработка. Во клубот се свесни за сериозниот интерес на Арсенал, а според информациите, лондонскиот гигант ...
Обидот на Паоло Малдини да воведе целосно нов концепт на чело на италијанската репрезентација заврши безуспешно, па изборот на нов селектор повторно се сведе на добро познатата дилема, Роберто Манчини или Антонио Конте. Само четири дена по прес-конференцијата на која беше претставен амбициозен проект за иднината на италијанскиот фудбал, и само 16 дена по нивното назначување, техничкиот директор Паоло Малдини и специјалниот советник Леонардо ...
ПСЖ јавно го коментираше трансферот на Јан Диоманде во Реал Мадрид, објаснувајќи дека се повлекол од трката бидејќи не сакал да ги прифати, според клубот, нереалните финансиски барања. Францускиот шампион испрати јасна порака дека не бил подготвен да плати огромна сума за офанзивецот од Брегот на Слоновата Коска. „Бараа луда сума за играч кој има огромен потенцијал, но пред само една година настапуваше во Втората шпанска лига“, стои во ...
Вистинска драма ја тресе Италијанската фудбалска федерација. Легендарниот Паоло Малдини поднесе оставка од функцијата технички директор на репрезентацијата, иако беше назначен пред само 16 дена. Заедно со него си заминува и неговиот советник Леонардо, со што практично пропадна новиот проект на Федерацијата уште пред да започне. Според италијанските медиуми, причината за оставките е промената на ставот на Федерацијата околу именувањето на ...
Бешикташ веќе започнал преговори со Милан за трансфер на Рафаел Леао, откако се појавиле сериозни проблеми во обидот да го ангажира Мохамед Салах. Според информациите, турскиот гигант, предводен од тренерот Винченцо Италијано, летово сака да донесе големи засилувања. Салах бил многу блиску до потпис, особено по истекот на неговиот договор со Ливерпул, но преговорите запреле поради несогласувања околу процентот од продажбата на дресови и ...
Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ многу лесно би можел да остане во Серија А и во продолжение на својата кариера, пренесува „Тутоспорт“. Јувентус на српскиот репрезентативец му понудил „само“ шест милиони евра годишна плата за продолжување на соработката, но до договор не дошло. Од друга страна, Бешикташ му нуди на Влаховиќ 10 милиони евра годишно, плус огромен бонус за самиот потпис. Според информациите, целиот трансфер би го чинел турскиот ...
Поранешниот француски репрезентативец Карим Бензема јавно ја изрази својата поддршка за Зинедин Зидан, кој важи за главен кандидат да стане нов селектор на Франција. Освојувачот на „Златната топка“ за 2022 година не ги штедеше пофалбите за својот поранешен тренер од Реал Мадрид, нарекувајќи го „легенда“ и „постар брат“. „Тој е легенда, тој е мојот постар брат. Не знам со сигурност дали ќе стане селектор, но ако тоа се случи, ќе бидам ...
Италијанската фудбалска федерација е сѐ поблиску до избор на нов селектор, а според „Ла Газета дело спорт“, најсериозен кандидат во моментов е Тијаго Мота. Угледниот италијански весник тврди дека преговорите со 43-годишниот стратег веќе се во тек. Наводно, неговото именување би било решение што ги обединува ставовите на легендата Паоло Малдини, Леонардо и претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Џовани Малаго. Мота, кој следниот ...
Челзи би можел да приреди големо изненадување во финишот на преодниот рок откако англиските медиуми откриваат дека лондонскиот клуб е заинтересиран за искусниот напаѓач Дени Велбек. Според „Атлетик“, веќе се воспоставени почетни контакти со Брајтон околу можен трансфер на 34-годишниот напаѓач. Засега преговорите се во рана фаза, но во двата клуба постои оптимизам дека договор би можел да биде постигнат. Велбек има договор со Брајтон до 2027 ...
Иако изминативе денови се појавија информации дека саудискиот Ал-Хилал сериозно е заинтересиран за ангажман на Усман Дембеле, францускиот репрезентативец донел конечна одлука – останува во ПСЖ. И не само што ќе остане во редовите на Светците“, туку Дембеле е пред потпис на нов договор со европскиот шампион. Двете страни веќе постигнале договор во најголем дел, а останува да се усогласат уште неколку детали пред официјалната потврда. Одличните ...
Вардар има негатива од еден гол од првиот меч во Скопје против Рига, но капитенот на македонскиот шампион, Азер Омерагиќ, верува дека ништо не е готово и најавува голема борба за пласман во следната рунда. „По натпреварот во Скопје, ни следи реваншот во Рига. Ништо не е готово затоа што ни следи второ полувреме со ривалот. Ќе се бориме на терен, ќе играме за дресот и боите на Вардар, сакаме добро европско издание. Ако функционираме добро ...
Експедицијата на Вардар веќе е во Рига, каде утре ќе го одигра реванш-мечот од второто коло на Конференциската лига. Шампионот на Македонија има негатива од еден гол од првиот меч во Скопје, а тренерот Фабијани знае што им е потребно на „црвено-црните“ за позитивен резултат. „Ни следи нов европски натпревар за оваа сезона. Тактички мора уште повеќе да се подобриме од претходните мечеви, да ги намалиме грешките, а притисокот ќе биде повеќе ...
Франција остана без медал на Светското првенство кое заврши пред една недела во САД, Канада и Мексико, а капитенот Килијан Мбапе првпат се јави со реакција по завршување на Мундијалот. Мбапе имаше одличен настап и беше најдобар стрелец на турнирот со 10 погодоци, а имаше и четири асистенции. Благодарение на тие 10 погодоци, тој ја освои Златната копачка за најдобар стрелец. Иако има само 27 години, Мбапе зад себе веќе има три Светски ...
Новата сезона во Премиер лигата ќе започне на 21 август, кога актуелниот првак Арсенал ќе игра против Ковентри, а неполн месец до почетокот на возбудувањата, во Англија се размислува за едно необично правило. Најавите се дека во Премиер лигата ќе биде воведено најлудото правило досега, а тоа е кога поради повреда на голманот, надвор од теренот ќе мора да излезе еден играч. Според „Би-би-си“, доколку главниот судија побара да влезе лекарскиот ...
Македонскиот првак Вардар попладнево го одработи тренингот во Рига, каде утревечер од 19 часот против истоимениот противник ќе го игра реванш мечот од второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Вардар има негатива од 2:3 по првиот меч во Скопје, што значи дева за поминување во следната фаза од европскиот куп, ќе мора да брка победа на утрешниот дуел. Фудбалерите на Вардар имаат и премија од 100.000 евра доколку успеат да ...
Невообичаен инцидент го одбележа аматерскиот футсал натпревар во Бразил, каде што фудбалерката Лара до Насименто Коста брутално нападна де противнички. Агресивната Лара до Насименто Коста најпрво направи фаул, а потоа двапати во главата ја шутна противничката која лежеше на подот. Тука не заврши нападот затоа што потоа удри во лицето друга фудбалерка, која се обиде да ја спречи тепачката. Нападнатата Ана Јулија Аленкар од здобиените повреди ...
Реал Мадрид е на чекор од реализација на спектакуларен трансфер во летниот преоден рок. Кралскиот клуб го договори доаѓањето на Јан Диоманде од Лајпциг на „Сантијаго Бернабеу“. Според информациите на „ЕСПН“, Реал Мадрид постигнал договор со 19-годишниот тинејџер кој минатата сезона блесна во дресот на Лајпциг. Крилниот напаѓач од Брегот на Слонова Коска треба да пристигне во Мадрид за трансфер вреден 135 милиони евра, вклучувајќи ги и ...
Легендарниот јапонски фудбалер Казујоши Миура повторно ги помести границите и уште еднаш покажа зошто е уникатен феномен во светот на фудбалот. Популарниот „Крал Казу“ го постигна првиот официјален гол по речиси четири години, на неверојатна возраст од 59 години и 149 дена. Миура беше стрелец во 52-та минута од дуелот помеѓу Фукушима Јунајтед и Иваки Фурукава во Купот на Јапонија, кога рутински ја заврши акцијата за убедливо водство на својот ...
Европската фудбалска федерација УЕФА донесе одлука земјите кои се домаќини на Европското првенство во 2028 година да немаат обезбедено сигурно место на завршницата од турнирот. Оваа одлука предизвика многу реакции посебно поради тоа што за разлика од УЕФА, Светската фудбалска федерација (ФИФА) реши Аргентина како еден од домаќините на СП 2030 година да има обезбедено директно место на завршницата. На Мундијалот во 2030 година главни ...
Неодамнешното Светско првенство донесе неколку фасцинантни приказни, од кои една беше голманот на Курасао, Елој Ром, кој имаше рекордни 15 одбрани на натпреварот против Еквадор. Курасао беше еден од дебитантите на Мундијалот, а токму Ром е најзаслужен за првиот освоен бод на планетарниот собир. Две недели подоцна, голманот се врати на голот за Мајами ФК, кој се натпреварува во втората лига на американскиот фудбал. А во својот последен ...
Точно по една недела откако Аргентина загуби во финалето на Светското првенство од Шпанија со 0:1, селекторот Гаучосите, Лионел Скалони, се огласи преку социјалните мрежи. Аргентина не успеа да ја одбрани титулата и по третпат да биде на планетарниот трон, додека Шпанија ја освои втората светска титула. Во долга изјава на својот официјален профил на „Инстаграм“, Скалони првенствено им се обрати на своите фанови. „По турбулентна недела во која ...
По заминувањето на Сандро Тонали во Тотенхем, Њукасл би можел да остане и без уште еден клучен играч од средниот ред. Според англиските медиуми, бразилскиот репрезентативец Бруно Гимараиш побарал од клубот да му дозволи трансфер ова лето, а негова главна желба е преселба во Арсенал. Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, се осврна на ситуацијата и порача дека без разлика како ќе заврши целата приказна, клубот нема да дозволи да се повтори сценариото ...