Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Ливерпул прави планови за животот по Мохамед Салах, а раководството на клубот е подготвено да реализира спектакуларен трансфер за да ја пополни празнината што ќе ја остави египетската ѕвезда. Според англиските медиуми, Црвените се подготвени да инвестираат околу 100 милиони фунти за ангажман на ново офанзивно засилување, кое во иднина би требало да ја преземе лидерската улога во нападот. На врвот на листата со желби се наоѓа крилниот напаѓач ...
Италијанскиот шампион Интер е решен да го доведе Кристијан Ромеро и веќе работи на реализација на трансферот на аргентинскиот дефанзивец од Тотенхем. Раководството на Нераѕурите води паралелни преговори и со фудбалерот и со англискиот клуб. Разговорите не се одвиваат лесно, но во Интер постои силна желба трансферот да биде реализиран до крајот на преодниот рок. Ромеро е член на Тотенхем од 2022 година, а неговиот актуелен договор со ...
Вицепрвакот Шкендија се соочува со сериозен хендикеп на почетокот од новото првенство. Првиот чувар на мрежата, Бабукар Гаје, ќе мора да отсуствува од терените 2-3 недели поради повреда. Иако застана меѓу стативите на првиот меч против Европа на гости во Лигата на конференции, лекарските прегледи покажаа дека му е потребна терапија и задолжителна пауза. Поради ова, Гаје го пропушти реваншот со Европа, како и дуелот против Браво, а неговата ...
По одбивањето на Пеп Гвардиола да стане нов селектор на Италија, Италијанската фудбалска федерација доби уште едно „не“, овојпат од легендарниот Џанлуиџи Буфон. Италијанците му понудиле на поранешниот голман на Јувентус да се врати во стручниот штаб на националниот тим и да добие одговорност за сите возрасни селекции. Буфон до неодамна ја извршуваше функцијата шеф на делегацијата на италијанската репрезентација, но се повлече по поразот од ...
Во претходните месеци, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, беше во фокусот на јавноста и тоа не само фудбалската. Ги следеше стапките на Доналд Трамп, играше како што бараше американскиот претседател од него, правеше непопуларни и контроверзни потези, со што ја намали репутацијата на најмоќен човек во фудбалот. Но, тој е на чело на Светската федерација и планира уште долго да биде таму, фаворит е да добие нов мандат и да продолжи да зема ...
Новиот селектор на германската репрезентација, Јирген Клоп, смета дека тимот може да биде конкурентен. „Кога луѓето во Германија прашуваат: ‘Дали сме силни како Франција?’, а одговорот е не, тоа е погрешно. Прашањето треба да биде дали имаме играчи како Дембеле, Мбапе, Дуе, Баркола? Одговорот е не. Но, сепак можеме да ги победиме. Не треба да ги гледаме Франција, Шпанија или Аргентина. Најважно е да се погледнеме себеси и како играме фудбал. ...
Бразилскиот фудбалер Ендрик, кој пред три дена наполни 20 години, објави дека со сопругата Габриели Миранда очекуваат да станат родители на момче, кое планираат да го крстат Кендрик. Фановите на социјалните мрежи се шегуваат дека детето ќе биде крстено по раперот Кендрик Ламар. Има и такви кои сметаат дека синот на Ендрик ќе се вика Кендрик за да не биде Ендрик јуниор. Инаку името Кендрик симболизира сила и лидерство и има значење син на ...
Поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина и претседател на Управниот одбор на ФК Борац Бања Лука, Звјездан Мисимовиќ, е приведен во рамките на обемна полициска операција на подрачјето на Бања Лука и Градишка. Акцијата ја спроведоа припадници на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА). Мисимовиќ е осомничен за злоупотреба на положба и овластувања и за перење пари. Тој беше однесен во просториите на СИПА на испрашување. Според ...
Ференцварош и Реал Мадрид објавија дека на 8 август ќе одиграат пријателска средба во Будимпешта, а поради тоа унгарскиот првак мора да одложи натпревар од лигата кој требаше да се игра тој ден. Ференцварош и Реал не играле меѓу себе 31 година, уште од 1995. Двата клуба имаат по 36 титули во своите лиги и се најтрофејни. Сега Кралскиот клуб се враќа во Будимпешта, но на пријателски натпревар на „Групама Арена“ во Будимпешта на 8 август во 19 ...
Црногорските претставници во европските фудбалски купови летово одиграа девет натпревари од квалификациите и ги загубија сите девет, со негативна гол-разлика од 6-19. Морнар, Дечиќ и Петровац беа елиминирани на првата пречка со по два пораза, и тоа од клубови од Андора, Летонија односно Литванија, додека шампионот Сутјеска, откако беше елиминирана од квалификациите за Лигата на шампионите, е пред испаѓање и од Конференциската лига. Во првиот ...
Карим Бензема влезе во конфликт со раководството на Ал-Хилал пред почетокот на новата сезона во Саудиската Про лига. Според новинарот Бен Џејкобс, францускиот напаѓач јасно им порачал на челниците на клубот дека не прифаќа да настапува само во азиската Лига на шампиони. Бензема побарал да има значајна улога во тимот и во домашното првенство, а не да биде користен исклучиво за континенталните натпреварувања. Во меѓувреме, Ал-Хилал внимателно ...
Германската фудбалска федерација го претстави Јирген Клоп како нов селектор на репрезентацијата. Тој го заменува Јулијан Нагелсман, кој си замина по елиминацијата на Германија во осминафиналето на Светското првенство. Клоп, кој работеше како шеф на фудбалскиот оддел во Ред Бул откако го напушти Ливерпул во 2024 година, потпиша договор со германската федерација до 2030 година. Дебито на Клоп како селектор на Германија ќе биде на 24-ти ...
Кошаркарскиот клуб ТФТ од Скопје прерасна во Фондација, преку општествено одговорната иницијатива „TFT Cares“ клубот отвори нов поглавје во својата мисија – преку хуманост, солидарност и заеднички акции да создаде подобра заедница за сите. ТФТ на Инстаграм профилот TFT Cares – More Than Basketball, ќе ги споделува сите хуманитарни акции, еколошки иницијативи, проекти и можности секој да стане дел од позитивните промени. „Не секоја победа се ...
Напаѓачот на Сантос, Нејмар, им одговори на критичарите кои го нападнаа поради учеството на покер турнири во слободното време. „Се подготвував за вториот тренинг и се сетив дека на мојот слободен ден многумина почнаа да зборуваат дека играм покер и слично. Не знам што точно коментираа. Тренирав наутро, не бев на натпреварот затоа што штотуку се вратив на тренинзи, а следниот ден ми беше слободен. Луѓето почнаа да прават приказни од тоа… Затоа ...
1275 Ст. Патрикс – Дандалк (21:00) Сент Патрикс ја има фаворитската улога против Дандалк и очекувањата се дека ќе победи. На последните четири меча помеѓу овие екипи, победникот секогаш постигнувал по најмалку два гола, па такво нешто вечерва треба да направат фудбалерите на Сент Патрикс. Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.91) 2601 Вастерас – Ергрите (19:00) Шведското првенство е едно од најефикасните во Европа, а тој тренд треба да го следи и ...
Прволигашката фудбалска конкуренција попладнево започнува со дуелот помеѓу Тиквеш и Арсими во Кавадарци. Дуел на две екипи од кои не се очекува премногу оваа сезона, па главната амбиција ќе биде пласман во златната средина на табелата. Ако се погледнат квотите во Sport Life, тогаш станува јасно дека фаворитската улога ја има екипата од Кавадарци со квота за победа од 1.66. Изненадување на гостите од Чегране има квота од 4.25, додека за реми ...
Натпревари од фудбал и тенис се дел од понудата со зголемени квоти на Sport Life, Супер типот. Дури 11 од 16-те понудени натпревари се од фудбалот, а останатите пет се од тенисот. Токму тенисот го отвора денешниот Супер тип со два меча во 12:30 часот, а првиот фудбалски натпревар на програмата е во 17:30 часот. Во Супер типот за петок може да најдете зголемени квоти на вкупно 60 игри. Натпревари од фудбал и тенис се дел од понудата со ...
Необична приказна доаѓа од Турција, каде што еден трговец вети дека ќе подели дури 500 килограми лубеници доколку египетската ѕвезда Мохамед Салах стане нов фудбалер на Бешикташ. Видеото со неговото ветување беше објавено на социјалната мрежа „Инстаграм“, а набрзо стана вирално и на останатите мрежи. Во меѓувреме сè погласни се шпекулациите дека трансферот е многу блиску до реализација. 🍉 Beşiktaşlılar, O’nu bekliyor. 👑 Mohamed Salah. ...
Натпревари од Русија, Данска, Полска и Ирска се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Петте предлози заедно имаат квота од 40.2, додека поединечно квотите се движат помеѓу 1.80 и 2.30. Квотата од 1.80 за дуелот на московска ЦСКА и Балтика ќе биде добитна само ако домашните не загубат, но и ако има најмногу еден гол во првото полувреме. Од фудбалерите на Виборг се очекува победа над Одензе, а за да биде добитна квотата од 2.10 ...
Не е тајна дека ПСЖ сака да го доведе Феран Торес од Барселона, но шпанскиот напаѓач не е единствениот фудбалер на Каталонците што е на листата на желби на европскиот шампион. Според француските медиуми, ПСЖ подготвува понуда која би можела сериозно да ја стави Барселона на искушение. Феран Торес во изминатите сезони немаше загарантирано место во стартниот состав и се надеваше дека ќе добие поголема улога по заминувањето на Роберт ...
Иднината на Винисиус во Реал Мадрид и понатаму е една од главните теми во европскиот фудбал, а шпанските медиуми објавуваат нови информации кои би можеле дополнително да ја искомплицираат ситуацијата. Иако желба и на бразилскиот репрезентативец и на раководството на Реал Мадрид е да ја продолжат соработката, сè уште нема договор за продолжување на неговиот договор. Таквиот развој на настаните го привлече вниманието на повеќе европски гиганти ...
ПАОК направи голем чекор кон пласманот во следната рунда од квалификациите за Лига Европа, откако славеше со 2-3 на гостувањето против Динамо Киев. Во Стокхолм, Хамарби и Андерлехт одиграа нерешено 1-1. Белгискиот тим водеше речиси целиот натпревар по голот во шестата минута, но домаќините стигнаа до израмнување во 90-тата минута. Ференцварош славеше со 1-2 на гостувањето кај Твенте и си обезбеди одлична предност пред реваншот. Во дербито на ...
Манчестер јунајтед и Њукасл покажуваат сериозен интерес за играчот за врска на Ботафого, Данило, пренесуваат британските медиуми. Дваесет и петгодишниот бразилски репрезентативец размислува за следниот чекор во својата кариера, откако Ботафого добил понуди вредни околу 25 милиони фунти од Палмеирас и Зенит Санкт Петербург. Според истите извори, Данило се наоѓа на листата со желби и на Манчестер јунајтед и на Њукасл, кои сакаат дополнително да ...
Македонскиот вицепрвак Шкендија доживеа пораз од 2-1 на гостувањето кај словенечкиот тим Браво во првиот натпревар од второто коло во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Конечниот победник во двомечот ќе биде познат по реваншот, кој ќе се одигра за седум дена во Скопје. Тетовци одлично го започнаа натпреварот и стигнаа до предност уште во десеттата минута. По досудениот пенал за Шкендија, одговорноста ја презеде Ендрит Красниќи, ...
Челзи е многу блиску до реализација на уште еден голем трансфер со кој сака дополнително да го засили тимот пред почетокот на новата сезона. Нова цел на лондонскиот клуб е францускиот репрезентативец Максенс Лакроа, кој наскоро би требало да го напушти Кристал Палас. Според британските медиуми, преговорите меѓу двата клуба влегле во завршна фаза и сè укажува дека трансферот ќе биде комплетиран во наредните денови. Во разговорите активно е ...
Фудбалската федерација на Јапонија официјално потврди дека Хаџиме Моријасу ќе остане селектор на националниот тим до завршувањето на Азискиот куп следната година, по што функцијата ќе ја преземе Го Оива. Моријасу е на клупата на Самураите од 2018 година и во тој период оствари значајни резултати. На Светското првенство 2026 ја одведе Јапонија до осминафиналето, каде што беше елиминирана од Бразил по примен гол во последната минута. На ...
Италија бара ново решение за селекторската позиција и преговара со неколку звучни имиња. Пеп Гвардиола е очигледно прескап и недостапен, па се разгледуваат други опции. Федерацијата потврди дека остварила контакт и со искусниот Карло Анчелоти, кој во моментов го предводи Бразил. „Не можам да откривам детали. Едно од имињата е она за кое веќе се шпекулира, но стапивме во контакт и со Анчелоти. Сметавме дека е соодветно да почнеме од самите ...
Арсенал не планира да запре со засилувањата ова лето, а следна голема цел на лондонскиот клуб е капитенот на Њукасл, Бруно Гимараеш. Според англиските медиуми, Tопчиите подготвуваат понуда вредна 70 милиони фунти за бразилскиот репрезентативец, кој е еден од главните приоритети на менаџерот Микел Артета. Арсенал во Бруно Гимараеш гледа идеално засилување за средниот ред во сезоната во која ќе ја брани шампионската титула во Премиер лигата. ...
Организаторите на Европското првенство 2028 официјално ги потврдија стадионите на кои ќе се играат натпреварите од континенталниот шампионат, што ќе се одржи во Велика Британија и Ирска. Најголемо изненадување е тоа што меѓу избраните арени ги нема двата легендарни англиски стадиони – „Олд Трафорд“ и „Енфилд“, па ниту еден натпревар од ЕВРО 2028 нема да се игра на домовите на Манчестер јунајтед и Ливерпул. Во Англија, домаќини ќе бидат „Сент ...
Каде и да се свртите, тој е таму, го има насекаде на теренот и затоа Манчестер сити реши да плати дури 116 милиони фунти за да го откупи Елиот Андерсон од Нотингам форест. Англискиот репрезентативец треба да биде новиот главен организатор на играта на Сити во ерата на новиот менаџер Енцо Мареска, откако таа улога кај Пеп Гвардиола ја имаше Родри кој можеби ќе си оди летово. Елиот, кој е 23-годишен, потпиша договор кој важи до јуни 2031 ...