Фудбалската федерација на Македонија ги објави терминитие за второто прволигашко коло, кое ќе се игра следниот викенд. Најголемо внимание привлекува мечот помеѓу Вардар и Шкендија, најголемите фаворити за шампионската титула. Дуелот на Националната арена во Скопје ќе се одигра во недела, на 9 август, со почеток во 17 часот. Колото го отвораат Шкендија Арачиново и Силекс со меч во скопската населба Чаир во петок (7 август), а во сабота се ...

ПСЖ е пред комплетирање на голем трансфер ова лето откако преговорите со Монако за Магнес Аклиуш влегуваат во завршна фаза. Европскиот шампион не сакаше повторно да остане со празни раце по неуспешниот обид да го доведе Јан Диоманде, па реши да ја зголеми понудата и да го обезбеди потписот на еден од најталентираните француски офанзивци. Заминувањето на Канг-ин Ли и Гонсало Рамош, како и сè поизвесната продажба на Бредли Баркола, ја наметнаа ...

Заеднички став на европското фудбалско семејство УЕФА и нејзините 55 национални асоцијации стојат обединети. Едногласно и недвосмислено го отфрламе предлогот на ФИФА за пренесување на сопственички удели во Светското првенство и другите натпреварувања на ФИФА на приватни инвеститори. Светското првенство е наследство, а не инвестициски производ Светското првенство не смее да се третира како инвестициски производ. Тоа претставува едно од ...

Ливерпул сериозно работи на ангажманот на крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, Бредли Баркола, кој е означен како главна замена за Мохамед Салах. Англискиот клуб веќе започнал преговори за трансфер на францускиот репрезентативец. Според „Л’Екип“, Црвените веќе постигнале начелен договор со 23-годишниот фудбалер околу личните услови. Баркола дал согласност за петгодишен договор по директните разговори со новиот менаџер Андони Ираола, па ...

Тажен крај на една убава фудбалска приказна. Бреша официјално престана да постои. По 114 години традиција, италијанскиот клуб е згаснат поради долгогодишните финансиски проблеми. Според италијанските медиуми, спорните долгови на клубот достигнале околу 20 милиони евра, што на крајот довело до негово затворање. Проблемите за Бреша започнаа пред околу година и пол. Најпрво клубот беше казнет со одземање осум бода, поради што не успеа да избори ...

Конфликтот меѓу УЕФА и ФИФА добива нов тек, откако според пишувањата на британскиот „Тајмс“, членките на Европската фудбалска унија едногласно ја поддржале можноста за бојкот на Светското првенство. Таквиот став бил донесен на итен виртуелен состанок, организиран по последните потези на ФИФА. Причина за незадоволството е планот на претседателот на светската фудбалска организација, Џани Инфантино, да продаде дел од сопственичките удели ...

Иднината на Винисиус јуниор во Реал Мадрид и понатаму е неизвесна поради високите финансиски барања на бразилскиот репрезентативец. Според информациите, 26-годишниот напаѓач бара бонус од 80 милиони евра за потпишување нов договор со шпанскиот гигант. Покрај тоа, Винисиус сака да го зголеми својот удел од приходите остварени од користењето на неговите имиџ-права од сегашните 50 на 80 проценти. Токму овие услови засега претставуваат главна ...

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Раул Асенсио, заработи повреда, соопштија официјално од шпанскиот клуб. Станува збор за мускулна повреда на бутниот мускул на десната нога, а неговата состојба ќе биде внимателно следена од медицинскиот тим. Се очекува Асенсио да биде надвор од терените меѓу четири и шест недели. Тоа значи дека нема да настапи на преостанатите натпревари од подготвителниот период, а ќе го пропушти и стартот на новата сезона во Ла ...

Челзи официјално го потврди трансферот на централниот дефанзивец Максенс Лакроа. Францускиот репрезентативец пристигнува од Кристал Палас во зделка вредна вкупно 51 милион фунти, а со лондонскиот клуб потпиша шестгодишен договор до 2032 година. „Мислам дека ова е најдобриот потег за мене, бидејќи доаѓам во најдобриот клуб во светот. Разговарав со Мало Густо, Трево Чалоба и Беноа Бадијашил. Лесно е луѓето да зборуваат убаво за овој клуб, затоа ...

Главниот судија на финалето на Светското првенство во фудбал, Славко Винчиќ, се врати во својата земја и даде интервју откако го потврди своето пензионирање. За Словенецот, изборот од ФИФА беше остварување на сон. Помошници му беа сонародиците Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ. „На почетокот беше шок. Потоа се чувствував горд на нашиот судиски тим, кој ќе ја претставуваше Словенија на најголемиот спортски настан во светот. Исто така, се ...

Рома официјално го објави потпишувањето на договорот со централниот напаѓач Сантијаго Кастро за перманентен трансфер од Болоња. Аргентинецот станува првото засилување на Рома во летниот преоден рок. Волчицата за него плати 35 милиони евра, а неговиот поранешен клуб Болоња ја задржува клаузулата за продажба од 10%. Кастро потпиша петгодишен договор кој ќе го држи на „Олимпико“ до летото 2031 година. Тој одлучил да го носи дресот со број 9. ...

Машката ракометна репрезентација на Македонија за играчи до 18 години, го претрпе вториот пораз на Европското првенство во Белград. Во вториот натпревар од групната фаза, нашите кадети беа поразени од Франција со 25-36. Бобан Поповски со 6, Лука Јовиќ со 5 и Горазд Дамчевски со 4 голови беа најефикасни кај Македонија. Вчера тимот на селекторот Горан Кузманоски беше поразен од Словеннија со 30-33. Третиот натпревар за Македонија е на 1-ви ...

Шпанскиот репрезентативец и нов играч на Реал Мадрид, Марк Кукуреља, повторно е во центарот на вниманието на светската јавност! Откако го освои светското првенство, одличниот лев бек си го одржа зборот и го истетовира ликот на селекторот Луис де ла Фуенте со пехарот на раката. Но, сега отиде чекор понатаму и ги шокираше сите одлучувајќи да го промени својот најголем заштитен знак – својата препознатлива бујна кадрава коса! Препознатливите ...

Македонскиот фудбалски стручњак, Ѓоко Хаџиевски, на прес-конференција ги коментираше причините за неговото ненадејно разделување од Спартак Варна. Тој откри дека имал намера да си замине уште пред градското дерби со Черно море, но заради клубот останал, а потоа Соколите го победија градскиот ривал со 3-0. „Минатата сезона ја завршивме на најдобар начин. Работите во клубот се развија и целата оваа атмосфера ме направи горд. Мојата работа ...

Во првото коло од Светското првенство за ракометарки до 18 години во Романија, младите Французинки го декласираа Фиџи со резултат од 55-2 и поставија нов рекорд за најубедлива победа на јуниорските Мундијали, но тој рекорд траеше само еден ден, денеска Фиџи загуби од Хрватска со просто неверојатни за ракомет 4-67! Маја Елена Хајдињак даде 19 гола од 20 шута и беше најефикасна во хрваатскиот тим. Победата од 63 гола разлика е рекорд, но ...

Во Европа, претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келифи, се смета како идеален човек за ривал на Џани Инфантино на претседателските избори во Светската фудбалска федерација ФИФА. Европските фудбалски функционери ја разгледуваат идејата Ал–Келаифи да биде противкандидат на Инфантино од кој има големо незадоволство. Најновиот проблем е планот за продажба на акции од комерцијалните права за Светското првенство на надворешни инвеститори. УЕФА денеска ќе ...

Менаџерот на Њукасл јунајтед, Еди Хау, одлучи да го напушти клубот. Се најавуваше дека двете страни се подготвени да ја продолжат соработката, но 48-годишниот тренер се премисли и ја објави својата одлука да го напушти клубот. Хау беше менаџер на Њукасл од ноември 2021 година. Под негово водство, тимот го освои англискиот Лига Куп во сезоната 2024/25. Минатата сезона, завршија на 12-то место во Премиер лигата. Летово тимот остана без Ентони ...

Италијанскиот калчолигаш Милам го објави трансферот на централниот дефанзивец Санкун Дијавара. Росонерите постигнаа договор со 20-годишниот дефанзивец кој му се приклучува на гигантот од „Сан Сиро“, и тоа од екипа која се натпреварува во Лига 2 во Франција. Дијавара во минатата сезона го носеше дресот на Троа во втората лига во Франција, а сега потпиша договор со италијанскиот гигант до 2031 година, со опција за продолжување. Ќе го носи број ...

6783 Андерлехт – Хамерби (20:30 ч.) Првиот меч во Шведска заврши 1:1, па и сега се очекува да биде неизвесно. Хамерби е во натпреварувачки ритам и е втор во првенството по 15 одиграни кола, а негува офанзивна игра, па и вечерва може да се очекува да биде со повеќе погодоци. Предноста сепак треба да биде на страна на Андерлехт, но тоа домаќинот треба да го потврди на теренот. Предлог тип: 1Х&2-4 (2.03) 6785 Бенфика – Сент Гален (21 ч.) ...

Екипата на Шкендија вечерва од 20 часот на арената „Тодор Проески“ ќе го игра реванш-дуелот од второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА, а противник е тимот на Браво од Словенија. Само пред една недела, Шкендија на гостувањето во Љубљана загуби со 2:1, што значи дека сега мора да брка победа ако сака да се надева на место во следната фаза од квалификациите во ова натпреварување. Тренерот на Шкендија, Артим Положани, ...

Целосно фудбалска е денешната понуда на Супер типот во Sport Life, а се работи за мечеви кои ќе се играат во квалификациите од Лигата на Европа и Конференциска лига на УЕФА. Интересно е дека дури на седум гостински екипи има зголемена квота за победа, што значи дека се во улога на фаворити. Романската ФЦСБ да победи на гости кај Ауда е со квота од 1.64, а Истанбул Башакшехир да слави на теренот кај Интер Турку носи коефициент од 1.70. ...

Репрезентацијата на Бразил имаше уште едно неуспешно Светско првенство откако стигна само до осминафиналето, кога беше елиминирана од Норвешка. На петкратниот светски првак не му помогна ниту новиот селектор Карло Анчелоти затоа што Бразил не успеа да го врати победничкиот менталитет на Мундијалите. Последната титула која Бразил ја освои на СП беше во 2002 година. Десетина дена по завршувањето на Мундијалот, на којшто Шпанија ја освои ...

Втор меч и втора победа за Ливерпул во подготвителниот период. Англискиот гигант играше во Њујорк на стадионот на легендарниот бејзбол тим Њујорк Јенки и победи минимално со 1:0 против англискиот второлигаш Врексам. Во меч на којшто имаше шанси на двете страни, клучен момент на средбата беше 75-тата минута ,кога Собослаи асистираше до Рио Нгума, а овој со мнгоу среќа успеа да постигне гол кој на крајот се покажа како доволен за минимална ...

Возбудувањата во квалификациите за европските купови продолжуваат и денеска, а од многуте натпревари, пет се дел од Квоти на ден во Sport Life. Доколку сите пет понудени комбинации ги одиграте на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 48.88. Мидтјеланд е домаќин на Бешикташ и тука во првото полувреме не треба да има повеќе од два гола, а во вториот дел треба да бида постигнати 2+ погодоци за да биде добитна квотата од 2.05. Пафос ...

Австралиецот Лаклан Кенеди (22) е официјално најбрзиот бел човек на сите времиња. Тој го освои сребрениот медал на 100 метри на Игрите на Комонвелтот во Глазгов, поставувајќи нов национален рекорд од 9,85 секунди. Претходното најдобро време за белец беше 9,89 секунди, поставено од Американецот Сем Блашковски претходно оваа година. Кенеди го освои само вториот медал за Австралија на 100 метри, единствениот друг пат кога победи беше Мајкл ...

Спортскиот директор на Германската фудбалска федерација, Руди Фелер, изјави дека Германците не треба да ја гледаат Аргентина како пример за враќање на врвот на светскиот фудбал. Тој јасно стави до знаење дека не сака тим што игра како Аргентина. „Тоа нема никаква врска со фудбалот. Ние во Германија мораме подобро да се браниме. Многу луѓе ја истакнуваат Аргентина како модел, а мене тоа ми изгледа како лош пример. Одеднаш Аргентинците станаа ...

Роберто Манчини повторно е на клупата на италијанската фудбалска репрезентација и е човекот кој треба да го врати националниот тим на победнички патеки. За Манчини ова е враќање на кормилото по речиси три години пауза. Тој беше селектор во периодот од мај 2018 до август 2023 година, а потоа си замина. На денешното назначување за нов селектор Манчини истакна дека она што се случи пред три години кога ја напушти клупата на Италија беше ...

Младиот француски напаѓач Ели jуниор Крупи, кој летово важеше за еден од кандидатите да го засили нападот на Барселона по заминувањето на Роберт Левандовски, ќе мора да паузира неколку месеци поради повреда. Според информациите, фудбалерот на Борнмут успешно бил опериран на стапалото, а рехабилитацијата ќе трае меѓу три и четири месеци, што значи дека ќе го пропушти почетокот на новата сезона. Барселона сериозно го следеше 19-годишниот ...

Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ сѐ уште нема донесено конечна одлука за својата иднина, иако на маса има исклучително богата понуда од Бешикташ. Според медиумите во Турција, напаѓачот ги одложува преговорите со истанбулскиот клуб, надевајќи се дека ќе добие повик од Барселона. Откако на 1 јули стана слободен агент, Влаховиќ може без обештетување да избере нов клуб. Интерес за него не недостига, но засега единствената конкретна понуда ...

Манчестер сити е на чекор до ангажман на талентираниот фудбалер на Лил, Ајуб Буади, пренесува француското „Радио Монте Карло“. Според информациите, англискиот шампион во последните денови значително ги интензивирал преговорите со францускиот клуб и во моментов има предност пред Арсенал во трката за потписот на 18-годишниот играч за врска. Наводно, спортскиот директор на Манчестер сити, Уго Вијана, и претседателот на Лил, Оливие Летанг, се во ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1008
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
5.66
78%
997
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
94%
994
weather icon

Софија

21ᴼ / 14ᴼ
5.14
63%
1006
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.38
88%
1004
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
1.03
98%
994
weather icon

Атина

20ᴼ / 19ᴼ
5.36
85%
1015
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
5.66
50%
1006
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
64%
1005
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
83%
1005
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
1.34
97%
998
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
5.66
95%
1013
Currency

61.713

Currency

55.489

Currency

73.856

Currency

38.012

Currency

39.039

Currency

66.845

Currency

8.327

Currency

0.66989

Currency

0.3481

Currency

0.52464

Currency

1.1042

Currency

0.59191

Иридиум

324722.54

Рутениум

61086.42

Злато

124908.87

Бакар

12.41

Сребро

1620.38

Цинк

3.79

Родиум

294983.10

Алуминиум

3.01

Паладиум

31700.64

Кобалт

33.53

Калај

47.40

Платина

48836.98