Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Еден од најбараните фудбалери во Премиер лигата пред јануарскиот преоден рок, Антоан Семењо, веќе ги одредил своите приоритети меѓу клубовите кои покажуваат интерес за неговиот ангажман. Според британските медиуми, репрезентативецот на Гана најмногу посакува трансфер во Ливерпул, каде што е разгледуван како долгорочно решение и потенцијален наследник на Мохамед Салах. Доколку трансферот на „Енфилд“ не се реализира, втората опција за Семењо е ...
Бетис убедливо славеше над Хетафе со 4-0 на домашен терен, во 17-тото коло од Ла Лига, потврдувајќи ја улогата на апсолутен фаворит на овој дуел. Екипата на Мануел Пелегрини од самиот старт го наметна својот ритам и не му остави простор на тимот од предградието на Мадрид. Водството за Зелените стигна во 15-тата минута, кога Аитор Рубиал најдобро се снајде во шеснаесетникот по центаршутот на Антонио од десната страна. Рубиал продолжи таму каде ...
Аталанта стигна до минимална, но значајна победа на гостувањето кај Џенова, совладувајќи го домаќинот со 0-1 во 16-тото коло од италијанската Серија А. Натпреварот доби јасна насока уште на самиот почеток, кога Џенова остана со играч помалку по директниот црвен картон на голманот Леали, кој го собори Манчини надвор од шеснаесетникот. Тој момент целосно го диктираше понатамошниот тек на средбата. Аталанта очекувано доминираше во поседот на ...
Српскиот стратег Дејан Станковиќ повторно ќе седне на клупата на Црвена ѕвезда. За Станковиќ ова ќе биде второ поглавје во белградскиот гигант, откако претходно ја предводеше екипата во периодот од декември 2019 до август 2022 година. Во првиот мандат тој остави силен печат, освојувајќи три шампионски титули, два Купа на Србија и обезбедувајќи две европски „пролетни“ учества во Лига Европа. Во 130 натпревари на клупата на Црвено-белите, ...
Селекцијата на Мароко, која е и домаќин на турнирот, со триумф од 2-0 против Коморските острови го отвори Африканскиот куп на нации. На дуелот во Рабат, Мароканците покажаа доминација и заслужено стигнаа до победа. Софијан Рахими не реализира пенал во 11-тата минута, но во вториот дел сепак квалитетот испива на површина. Мароко поведе со голот на Брахим Дијас, фудбалерот на Реал Мадрид, кој погоди во 55-тата минута по асистенција на Мазрауи. ...
Фудбалерите на Арсенал синоќа остварија минимална победа од 0-1 на гости кај Евертон и така се вратија на врвот на табелата во Премиер лигата. Утрото по натпреварот донесе навистина неверојатни вести за една ѕвезда на Арсенал која би можела да го напушти „Емирати“ оваа зима. Според пишувањата на медиумите од Англија, Арсенал ќе се раздели со Габриел Мартинели, што би можел да биде најголемиот шок во јануарскиот трансфер период. Крилниот ...
Кошаркарската федерација на Македонија ги прогласи најдобрите во машка конкуренција за изминатата сезона. Најдобар стрелец во мак-баскетот е Стојан Ѓуроски од Работнички, најдобар тренер е Васко Атанасов од МЗТ Скопје, додека најдобар играч е Дамјан Стојановски, капитенот на МЗТ Скопје. Кај младинските екипи, најдобар играч во М18 лигата е Дамјан Данев од КК Вардар, најдобар играч во М16 лигата е Михаил Анѓеловски од Водно Санс, најдобар ...
Манчестер сити го совлада Вест хем со 3-0 во дуелот од 17-тото коло на англиската Премиер лига. Оваа победа времено го искачи тимот на првото место на табелата пред натпреварот на Арсенал, меѓутоа Топчиите со минималниот триумф (0-1) над Евертон потоа се вратија на врвот. Менаџерот Пеп Гвардиола, го коментираше настапот на својот тим и истакна дека е задоволен од последните резултати во првенството и во Лигата на шампионите, но изрази ...
Главниот настан на Ол-стар викендот, односно „Собирот на сите ѕвезди“ на македонската кошарка, вечерва во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, го крунисаа селекциите на „Македонија“ и на „Светот“. Главните актери на теренот презентираа вистинска, пред се атрактивна кошарка, во коај присутните фанови можеа да уживаат во потезите на најдобрите играчи кои оваа сезона се дел од Суперлигата. Кошаркарите максимално сериозно го сфатија овој ревијален ...
Фиорентина забележа убедлива победа од 5-1 над Удинезе во 16-то коло на италијанската Серија А. Со ова тимот од Фиренца покажа знаци за живот во битката за опстанок. Победата дојде по раното исклучување на голманот на Удинезе, Окоје, кој во осмата минута непотребно го собори Моисе Кин, оставајќи го тимот со играч помалку. Тоа ја отвори вратата за Фиорентина, а првиот гол падна во 21-та минута преку Родриго Мандрагора. Пред крајот на првото ...
Искусниот голман Марк-Андре тер Штеген формално е капитен на Барселона, но не добива шанса за настап крај Жоан Гарсија, а клубот сака да се раздели со него поради големата плата, иако има договор со Каталонците до 2028 година. На Германецот ова му е веќе 12-та сезона во клубот. Тој пристигна во 2014 година од Борусија Менхенгладбах и помина повеќе од десет години на „Камп Ноу“. Се зближи со навивачите, се вклопи во клубот и градот, но сега би ...
Астон Вила ја продолжи одличната форма во Премиер лигата со победа од 2-1 над Манчестер јунајтед на „Вила Парк“ во 17-тото коло. Со ова триумфално издание, тимот на Унаи Емери запиша десетта последовна победа и продолжува да се држи во борбата со Сити и Арсенал, додека Ѓаволите повторно се наоѓаат во пад на формата. Мечот започна динамично, со Астон Вила во офанзива и Манчестер јунајтед со променлива игра. Најинтересен момент на стартот беше ...
Полноќниот експрес и вечерва нуди дополнителни возбудувања со шест натпревари од НБА лигата. Првиот меч меѓу Атанта хокс и Чикаго булс стартува од 21.30 часот, а останатите се после полноќ. Минесота е голем фаворит дома против Милвоки, а Сан Антонио е уште поблиску до триумф на гостувањето во Вашингтон, барем според квотите. Покрај стандардните квоти, тука е омилената игра „плус/минус поени“ на индивидуалниот поентерски ефект на кошаркарите. ...
Барселона оствари важна победа (0-2) на гостувањето кај Виљареал и на најдобар можен начин ја заокружи 2025 година. Каталонскиот тим сега повторно има четири бода предност во однос на најголемиот конкурент Реал Мадрид. Рафиња од пенал донесе водство за Барса, а работата за гостите беше олеснета и со црвениот картон Ренато Веига во 39-тата минута. Ламин Јамал во 63-та минута постигна втор гол за тимот на Ханси Флик и ги завери трите бода. ...
На четириесеттиот Конгрес на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ), кој се одржува во Каиро, за претседател на светската куќа на ракометот беше реизбран д-р Хасан Мустафа. Мустафа е на чело на ИХФ од 2000 година, а ова ќе биде негов нов четиригодишен мандат. На Конгресот, во името на Ракометната федерација на Македонија присутни беа првиот човек на мак-ракометот Александар Стефанов и генералниот секретар Влатко Тасевски. Ракометната ...
Фановите на егзотичниот фудбал, неочекувани резултати и сè што нуди африканскиот фудбал се воодушевени затоа што денеска започнува Африканскиот куп на нации, континенталното натпреварување што се игра во Мароко. Африканскиот куп на нации можеби не е најквалитетното континентално фудбалско натпреварување, но поради егзотиката и целата атмосфера, станува посебен турнир и за многу фанови најинтересен, бидејќи никој не може ништо да предвиди. ...
Младите кошаркари, оние кои се составен дел од М20 лигата од Адастра младинските лиги, ја имаа таа честа да ја отворат Олстар програмата во СРЦ „Кале“ во Скопје. По голема борба, победата ја однесе екипата насловена како „Next Step“ која беше подобра од онаа која настапи под името, „Next Generation“ (131-125). Натпреварот изобилуваше со голем број на атрактивни моменти презентирани од кошаркарите кои треба да се иднина на македонската ...
Капитенот на Атлетико Мадрид, Коке, на 708-миот меч во дресот на Јорганџиите го постигна својот 50-ти гол и му помогна на тимот да победи со 3-0 на гостувањето кај Жирона. Погодокот на Коке беше со спектакуларен шут од далечина. Топката „му легна“ на волеј и ја испрати таму каде што голманот немаше шанса да ја одбрани. Коке е прв играч од среден ред кој дал 50 гола за Атлетико од 1987 година наваму. Жирона е тим со најмногу примени голови во ...
Креаторот на најпознатата голманска одбрана, Рене Игита од Колумбија, го повтори својот познат „скорпион“, 30 години после оригиналот! Игита на 6-ти септември 1995 на „Вембли“ во Лондон на пријателски натпревар помеѓу Англија и Колумбија изведе одбрана што влезе во аналите на фудбалот. Таа одбрана беше рангирана меѓу 100-те најпознати моменти во историјата на спортот, а сега Игита направи нешто слично. Овој пат не изгледаше толку ...
Јутјуберот Џејк Пол даде детали за неговата состојба од болничкиот кревет откако претрпе тежок пораз и нокаут од Ентони Џошуа. Американецот претрпе двојна фрактура на вилицата за време на судирот во Мајами и мораше да биде опериран. „Операцијата помина добро, ви благодарам за целата љубов и поддршка. Ми беа ставени по две титаниумски плочи од секоја страна. Извадени се неколку заби. Морам 7 дена да бидам само на течности“, објасни Пол кој ...
Поранешниот португалски првак, Боависта, ги доживува најтешките моменти во својата 123-годишна историја. Боависта во минатата сезона испадна од прва лига, но не им е дозволено да играат во втора, трета, четврта, петта, шеста, ниту во седма, туку клубот беше исфрлен во аматерски ранг и сега му се заканува целосно затворање. Судот донесе одлука според која Боависта мора да плати 55.000 евра на Даночната управа до крајот на следната недела, а ...
Данскиот дефанзивец Андреас Кристенсен, има делумно кинење на предните вкрстени лигаменти во левото колено, објави неговиот клуб Барселона. Повредата ја здобил случајно, при едно незгодно движење на вчерашниот тренинг. Од клубот не кажаа колку време ќе треба да паузира Кристенсен, тоа ќе зависи од процесот на рехабилитација, но обично за таков тип на повреди, потребна е пауза од три-четири месеци. Барса објави дека Кристенсен нема да биде ...
Фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда од Белград објави дека се разделува со тренерот Владан Милојевиќ. Еден ден по победата над Младост Лучани од 4-0 на крајот на полусезоната по која Ѕвезда има еден бод помалку од Партизан, но и одлична шанса да избори пласман во нокаут фазата од Лига Европа, клубот објави разделба со досегашниот тренер кого на клупата речиси сигурно ќе го наследи Дејан Станковиќ. „Фудбалскиот клуб Црвена звезда ја информира ...
Вардар под водство на тренерот Гоце Седлоски е есенски првак во Првата македонска фудбалска лига, најтрофејниот клуб добро ги издржа притисокот и големите очекувања, па Седлоски чиј тим нема пораз, има причини за задоволство. „Можам да кажам дека сум презадоволен од она што Вардар како тим го одигра во есенскиот дел од шампионатот. Од секој аспект. Видовте и самите со каков притисок се соочува тимот. Едноставно сите од Вардар го очекуваат ...
Натпреварите Астон вила – Манчестер јунајтед и Вилјареал – Барселона се двата најуплаќани денеска во Sport Life, а има и Специјали за овие два интересни фудбалски натпревари со огромен број на таканаречени нестандардни игри кои пак се стандардни и добро познати кога станува збор само за Специјалниот сингл. Како и секогаш, ќе имате одлична добивка ако погодите кој играч ќе го постигне првиот гол, а привлечни се и квотите за опциите стрелец во ...
Откако пропадна можноста за потпишување на договор со Тијаго Силва, кој официјално се пресели во Порто, Милан сега посакува одбраната да ја засили со 39-годишниот Серхио Рамос, поранешен столб на Реал Мадрид и Шпанија. Централниот дефанзивец е отворен за идејата да игра во Серија А, што го потврди и експертот за трансфери Фабрицио Романо. Рамос од нова година е слободен играч откако ќе му истече договорот со мексикански Монтереј. Сепак, ...
Од 1.90 до 2.45 се движи висината на предложените пет квоти на денот од страна на Sport Life, а ако петте ги уплатите на ист тикет, добивате вкупен коефициент од нешто над 47. Единица било кога, во превод Каљари да води на полувреме или да победи на крај, е игра за која квотата е 1.90. Тука е и квота од 2.35 за опцијата дека Атлетико Мадрид на гостувањето кај Жирона повеќе голови ќе даде во второ отколку во прво полувреме. Барселона да го ...
Денешната неделна Супер тип понуда на Sport Life со зголемени квоти е посебно привлечна бидејќи кај еден пар имате побогат избор од стандардните пет игри. За Астон Вила – Манчестер јунајтед, во Супер типот има зголемени квоти за победи на двата тима, не само за едниот, плус уште четири опции во кои се вклучени и голови. Од фудбалските мечеви има одличен избор на џокери, тука се зголемени квоти за фаворити од типот на Клуб Бриж, Феенорд, ...
1301 Вилјареал – Барселона (16.15 часот) Ова е меч кој требаше да се игра во Мајами, но по реакциите сепак Ла Лига се откажа од намерата и ќе се игра на „Ла Керамика“ во Валенсија што секако е подобра опција за Жолтата подморница. Вилјареал игра добро сезонава, трети се на табелата, имаат серија од пет лигашки победи по ред и ќе пробаат да ја запрат Барселона. Ова е дуел на најефикасниот напад (Барса) и најцврстата одбрана во лигата ...
Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус, беше заменет во 83-тата минута на синоќешниот меч со Севилја на кој ја носеше и капитенската лента, а додека го напушташе теренот, дел од навивачите на Реал Мадрид го исвиркаа Бразилецот, иако имапе и такви кои го поздравија со аплауз. На последните 17 натпревари (за клубот и репрезентацијата), Винисиус не постигна ниту еден гол, а имаше само три асистенции. Публиката не е задоволна од неговите игри, ...