Пет интересни меча од најатрактивните лиги во Европа се дел од Квоти на ден, а ако сите пет понудени комбинации ги одиграте на еден тикет заедно, ќе добиете вкупен коефициент од 37.36. Јувентус гостува кај Комо и тука опцијата е да се одигра од понудата „Или шанса“, а тоа е или Јувентус да победи или да бидат постигнати четири гола на мечот, што се вреднува со квота од 1.95. Тотенхем е домаќин на Астон вила и лондонскиот тим треба да постигне ...

Играчите на боливиските клубови Блуминг и Боливар одиграа натпревар кој ќе биде запаметен во историјата на најважниот тим во светот, бидејќи натпреварот заврши со само 15 играчи на теренот, поради седум црвени картони доделени од судијата Жорди Алеман. Натпреварот во Санта Круз заврши со победа на Боливар од 2:1, но резултатот беше најмалку важен на крајот. Мечот уште од самиот старт започна со тензија и веднаш беа доделени неколку жолти ...

Интер Мајами со убедливи 5:2 славеше на гостувањето кај Нешвил во меч од последното коло во регуларниот дел од МЛС шампионатот во САД. Лидер во оваа победа на Интер Мајами беше Лионел Меси кој постигна хе-трик. За Меси ова е јубилеен 60-ти хет-трик во кариерата, а со оваа игра потврди дека уште е незадржлив за противничките одбрани. Оваа сезона во МЛС Меси ја заврши со 29 голови и заслужено стигна до признанието најдобар стрелец во лигата, ...

Ерлинг Халанд оваа сезона во дресот на Манчестер сити и на репрезентацијата на Норвешка веќе има постигнато 23 гола. Норвежанецот беше стрелец и на двата гола за „граѓаните“ во победата над Евертон, а Пеп Гвардиола на шега по мечот изјави дека напаѓачот е разочаран. „Халанд е разочаран што не постигна четири или пет гола. Но, шегата настрана, не можеме да се потпираме само на него. Потребни ни се и другите играчи – крилата, офанзивните играчи од ...

Серијата без пораз на Атлетико Мадрид порасна на осум меча по ред во Ла Лига, откако вечерва пред своите гледачи славеа со минимални 1-0 над Осасуна. И додека „јорганџиите“ опасно се доближуваат до врвот од табелата, Осасуна и по 14 години се уште сонува да освои бод(ови) во Мадрид, барем кога станува збор за натпреварите против Атлетико. Екипата од Памплона последен пат успеа да остане непоразена против Атлеико на негов терен со 2011 годни, ...

Фудбалерите на Интер забележаа победа на гостувањето кај Рома со 0-1 и се израмни на врвот од табелата во Серија А токму со денешниот противник, но и со шампионот Наполи. 21-годишниот Бони успешно избегна офсајд замка и уште во шесттата минута од мечот го постави конечниот резилтат, 0-1 за Интер. Интер, Рома и Наполи сега имаат по 15 бода на врвот од Серија А, но Милан во недела ќе има шанса со победа над Фиорентина да дојде до ефект од 16 бода ...

Јаник Синер и втора година по ред го освои егзибициониот турнир „Шест крала“ во Ријад, Саудиска Арабија. Италијанецот во реприза на финалето од минатата сезона славеше со максимални 2-0 над Карлос Алкарас. Шпанецот во првиот сет двапати губеше поен на свој сервис, па Синер лесно го доби сетот со 6-2. Во вториот сет на Италијанецот му беше доволен еден брејк, кој се случи во седмиот гејм за 6-4 и победа во еден од најскапите натпревари во ...

Екипата на Ал-Наср останува со максимален ефект од пет победи по пет кола во саудиската Про лига, откако на домашен терен победи со 5-1 против Ал-Фатех. Жоао Феликс беше прва ѕвезда на мечот, бидејќи успеа да постигне хет-трик. Еден гол беше дело на Кристијано Роналдо и тоа само една минута откако не успеа да реализира пенал. Португалецот до својот 949-ти погодок во кариерата дојде во 60-тата минута со вистински еврогол од работ на ...

Австралискиот тренер со грчки корени, Анге Постекоглу, заработи отказ во Нотингем Форест по само 39 дена откако беше назначен. Катастрофалните резултати му „пресудија“, а капка што ја прели чашата беше поразот од Челзи (0-3) на домашен терен. Само еден тренер во историјата на Премиер лигата побрзо добил отказ од Постекоглу. Сем Алардејс во 2023 година беше отпуштен од Лидс по само четири меча и 30 дена откако беше назначен на функцијата во обид ...

Новак Ѓоковиќ го предаде мечот за третото место на турнирот „Шест крала“ во Ријад, Саудиска Арабија, против Тејлор Фриц, откако го загуби првиот сет во тај-брејк. Првиот сет траеше цели 76 минути, па очигледно Србинот не можеше да го издржи ритамот и одлучи да се предаде, со што го освои четвртото место. По мечот ѝ се обрати на публиката која дојде да го гледа во Ријад. „Морам да им се извинам на сите. Извинете, луѓе. Извините што не го ...

Премиерлигашкиот лидер, Арсенал, дојде до тешка, но значајна победа над локалниот ривал Фулам. „Топчиите“ славеа со минимални 0-1 на гостувањето на „Крејвен Котиџ“, а најзаслужен за тоа беше белгискиот интернационалец, Леандро Тросар, кој најдобро се снајде во мешаницата пред противничкиот гол во 58-мата минута и успеа да погоди. Арсенал без оглед на исходот од мечот на Ливерпул и Манчестер јунајтед, ќе остане лидер во Премиер лигата и по осум ...

Тејлор Фриц од САД го освои третото место на турнирот „Шест крала“ во Ријад, Саудиска Арабија, откако Новак Ѓоковиќ го предаде мечот по завршувањето на првиот сет. Американецот успеа да дојде до водство од 1-0, откако беше подобар во тај-брејкот од Србинот. Ниту еден од тенисерите не успеа да направи брејк, па Фриц со 7-4 славеше на поени. Сепак, на големо изненадување, Новак Ѓоковиќ одлучи да се повлече и да го предаде мечот за третото место. ...

Баерн Минхен останува единствената екипа во Европа која победила на сите натпревари оваа сезона. „Баварците“ во дербито на бундеслигашкото коло славеа со 2-1 против Борусија Дортмунд и дојдоа до седмата првенствена победа оваа сезона. Освен седумте победи во Бундес лигата, Баерн Минхен победи и на двата меча од Лигата на шампионите и по еден во германскиот Супер куп и Куп, па веќе имаат 11 победи на официјалните натпревари оваа сезона. ...

Фудбалерите на Наполи направија голем кикс на патот кон одбраната на титулата во Серија А, откако загубија со 1-0 на гостувањето кај Торино. Минималната победа за домашните ја донесе Џовани Симеоне со голот во 32-рата минута, кога буквално ја измеша одбраната на Наполи и погоди во мрежата на Ди Лоренцо. Елиф Елмас беше уфрлен во игра во 82-рата минута и одигра десеттина минути против поранешниот клуб, а се закани само еднаш, но неговиот удар ...

Иако октомврискиот прозорец на ФИФА заврши и веќе се е насочено кон врвниот клупски фудбал, не престануваат пресметките за тоа која репрезентација може да се најде на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико. На социјалните мрежи е објавена листа од десетте најмали земји во светот кои се уште имаат шанса да се најдат на Мундијалот, а Македонија е на деветтото место според бројот на жители. Сан Марино се уште е во игра и има шанси да се ...

Крилниот напаѓач на Борнмут и репрезентативец на Гана, Антоин Семенјо, со своите игри оваа сезона го привлече вниманието на големите екипи и се очекува уште зимава да има нов клуб. Борнмут очекува за неговите услуги да добие 75 милиони фунти, но целта на раководството е да го задржи барем до крајот на сезонава. Сепак, доколку дојде понуда каква што очекуваат, тешко дека ќе може да одолеат. Екипи кое се заинтересирани за Семенјо, а можат да ја ...

Дуелот помеѓу Глазгов Ренџерс и Данди јунајтед во шкотското првенство, воедно беше и дуел на македонските репрезентативци – Бојан Миовски и Кристијан Трапановски. На крајот, македонското дерби во Шкотска заврши без победник, 2-2, а Трапановски успеа да го погоди во 66-тата минута за израмнување на 1-1. Бојан Миовски одигра 90 минути за Глазгов Ренџерс со ефект од два шута кон противничкиот гол – еден надвор од рамките и еден блокиран. За ...

Барселона по поразите од ПСЖ во Лигата на шампионите и дебаклот против Севиља во Ла Лига, им се врати на победите и тоа пред се благодарение на Роналд Араухо кој погоди за победа од 2-1 над Жирона во 93-тата минута. Сепак, Барселона ќе биде без Ханси Флик на клупата на Ел Класико против Реал Мадрид следниот викенд, откако германскиот тренер беше исклучен во 90-тата минута. Мечот против Жирона започна одлично за „каталонците“, па Педри уште во ...

Ерлинг Халанд игра во фантастична форма и со два гола донесе нова победа за Манчестер сити во Премиер лигата. „Граѓаните“ со 2-0 славеа над Евертон пред својата публика, а двата гола беа дело токму на норвешкиот напаѓач. Ова за него беа 20-тиот и 21-виот гол на последните 11 натпревари во сите натпреварувања. Халанд погодуваше во 58-мата и во 63-тата минута за победа на Манчестер сити со која барем привремено ќе бидат на врвот од ...

Пет ефикасни натпревари се одиграа во попладневниот термин од германската Бундеслига, а само фудбалерите на Волфсбург не успеаја да постигнат погодок. Лајпциг со победата од 2-1 на домашен терен над Хамбург се искачија на втората позиција на табелата и сега најблиску до Баерн Минхен, со заостанување од два бода, но „баварците“ допрва треба да го одиграат натпреварот против Борусија Дортмунд. Поранешниот германски шампион, Баер Леверкузен, ја ...

Раководството на Нотингем Форест реагираше експресно и само 18 минути по завршувањето на мечот против Челзи (0-3) му врачи отказ на тренерот Анге Постекоглу. Ваквата разврска беше очекувана, а австралискиот тренер со грчки корени го напушти теренот уште во 69-тата минута и не го дочека крајот на мечот против Челзи. Постекоглу по освојувањето на трофејот од Лигата на Европа со Тотенхем, направи трансфер во Нотингем Форест и на осум меча во сите ...

Лајпциг важи за екипа кој сака да купува млади фудбалери, да ги промовира, а потоа да ги продаде за висока цена. Бундеслигашот летово го купи Јан Диоманде од Леганес за 20 милиони евра, трансфер што предизвика бура во Германија, со оглед дека фудбалерот имаше само 10 настапи за екипата од Шпанија. 18-годишниот фудбалер оваа сезона настапи на седум меча за Лајпциг, а има и два настапи за репрезентацијата на Брегот на слоновата коска или вкупно 19 ...

Речиси еден месец помина од последната победа на Ливерпул. Англискиот првак има три порази по ред што е многу необично, но тренерот Арне Слот вели дека е дојдено време повторно да има радост кај фановите на англискиот гигант. Ливерпул губеше со 2:1 од Кристал Палас и Челзи во првенството на Англија, а загуби и на гости кај Галатасарај во Лига на шампиони. Сега, следен предизвик за Ливерпул е големото дерби против Манчестер јунајтед кое се игра ...

Челзи триумфално си замина од гостувањето кај Нотингем форест победувајќи убедливо со 3:0, во првиот меч од осмото коло во Премиер лигата. Со оваа победа Челзи сега стигна до 14 бодови и се искачи на четвртото место на табелата, со само два помалку од Арсенал кој го очекува дуел со градскиот ривал Фулам. За разлика од Челзи, Нотингем продолжува со очајните резултати. Ова е петти пораз во последните шест кола и сега се очекува тренерот Анге ...

Актуелниот првак во забивање на последниот ол-стар викенд, Мек Мекланг потпиша договор со тимот на Чикаго булс и се чинеше дека 26-годишниот играч конечно ќе добие шанса на големата кошаркарска сцена. Сепак, радоста за овој договор на Мек Мекланг краеше многу кратко. Само три часа откако беше потпишан договорот, Чикаго булс реши да му го раскине. Ова секако е еден од најбрзите раскинувања на договор. View this post on Instagram A post shared by ...

Актуелниот светски првак Макс Ферстапен беше најбрз и ќе стартува како прв на денешната спринт трка која ќе се вози во Остин за Големата награда на САД. Вечерва во 19 часот ќе биде спринт трката, а нешто подоцна ќе се возат и официјалните квалификации за поредок на трката. Во Sport Life има опции за да се обложите кој ќе победи на спринт трката, каде Ферстапен е апсолутен фаворит, а како единствени конкуренти се сметаат дека ќе му бидат Ландо ...

Англискиот четвртолигаш Салфорд донесе звучно засилување во своите редови, откако потпиша краткорочен договор со Фабио Борини. Искусниот 34-годишен Италијанец беше слободен играч откако на крајот од минатата сезона си замина од Сампдорија. Идејата за Борини да потпише за тимот кој игра во Лига 2 во Англија е тоа што напаѓачот на Салфорд, Џеј Бирд се повреди и сега е потребен офанзивец, па искусниот Италијанец се смета за соодветно решение. ...

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Зинедин Зидан откри како би изгледал неговиот совршен фудбалер. Легендарниот Французин тоа го направи со тоа што одбираше од кој фудбалер која особина или силна страна би ја одбрал. Некогашниот тренер, но и играч на Реал Мадрид во својот избор спомна имиња на 10 поранешни, но и сегашни фудбалери, а интересно е дека во ниедна категорија не го вметна Лионел Меси. Ова е изборот на Зидан за совршен ...

Синоќешниот меч меѓу Стандард Лиеж и Антверпен не го дочека крајот откако судијата реши да го прекине и тоа во 88 минута. Причина за прекинот е тоа што еден од домашните навивачи, од трибините фрли со пластична чаша која заврши во грбот на судијата. Со оглед на тоа дека ова не беше прв ваков инцидент на средбата (судијата и претходно ја прекинуваше за да бидат опоменати навивачите), овојпат без воопшто да се двоуми, реши мечот да не продолжи. ...

Две големи дерби средби се во фокусот на европскиот фудбал денеска. Во Бундеслигата се игра германското Дер Класико, а Баерн во Минхен е домаќин на Борусија Дортмунд, додека во Серија А во Италија, Рома го пречекува Интер. За овие два меча во Sport Life има специјална понуда со посебни игри наменети само за дерби пресметките. Хари Кејн е во фантастична форма и на шест од последните седум меча на кои играше постигнуваше минимум два гола, а еднаш ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
6.69
70%
1014
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
1014
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
74%
1014
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
6.19
88%
1015
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
97%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
1.79
89%
1003
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1005
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
100%
1007
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
10.8
87%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
1.34
94%
1014
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
71%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
93%
1008
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Никел

473339.37

Сребро

1878.05

Злато

135056.24

Калај

40.48

Кобалт

58.42

Родиум

255598.44

Паладиум

46425.68

Рутениум

29192.88

Бакар

10.95

Алуминиум

2.91

Иридиум

145787.60

Платина

52952.77