Македонскиот фудбалски прволигаш Брера влезе во нови проблеми. Финансиските тешкотии добиваат официјален карактер откако е воспоставена забрана за трансфери. ФИФА донесе одлука клубот од Струмица да добие забрана за регистрација на нови играчи во следните три преодни рокови, поради неисплатени долгови, тужби и судски пресуди на штета на клубот. Суспензијата стапила на сила на 23 септември годинава, што значи дека оваа зима, следното лето и ...

Бразилецот Рафиња лани имаше феноменална сезона, но во летото 2024 година беше меѓу играчите кои Барселона очајно сакаше да ги продаде. Репрезентативецот на Бразил призна дека размислувал да го напушти клубот поради психолошки проблеми. Откако пристигна од Лидс во 2022 година, Рафиња имаше две незадоволителни сезони на „Камп ноу“. Во летото 2024 година, Каталонците се најдоа во спортски и финансиски хаос, а крилниот напаѓач беше меѓу играчите ...

Тренерот на каталонскиот ракометен гигант Барселона, Антонио Карлос Ортега, го најави гостувањето кај македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, истакнувајќи дека ќе се соочат со „пеколна“ атмосфера во Битола. Каталонската екипа првпат ќе гостува во „градот на конзулите“ и е свесна дека атмосферата во салата „Боро Чурлески“ ќе биде навистина френетична. „Ова е навистина тешко гостување. Салата беше распродадена за само осум минути. Очекувам ...

Еуфоријата околу освојувањето на Златната топка на Осман Дембеле може да се покаже и како „проблем“ за Пари Сен Жермен. Според француските медиуми, иако има договор со гигантот од Париз до 2028 година, напаѓачот инсистира на „значително зголемување“ на платата поради тоа што беше избран за најдобар фудбалер во светот за сезоната 2024/25. Францускиот репрезентативец бара индивидуалното признание да биде проследено со повисока заработка, а сега ...

Оле Гунар Солскјер би можело да се врати во Велика Британија во нова менаџерска улога откако шкотскиот гигант Глазгов ренџерс испратил понуда до легендата на Манчестер jунајтед. Само неколку дена претходно, неговиот поранешен помошник на „Олд Трафорд“, Мајкл Карик, исто така беше поврзуван со можноста да го преземе тимот од „Ајброкс“. Шкотскиот клуб се раздели со Расел Мартин само два месеца по почетокот на сезоната, а македонскиот ...

Актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Барселона, објави дека го продолжил договорот со одличниот холандски играч за врска Френки де Јонг. Овој 28-годишен фудбалер минатата сезона беше еден од клучните играчи на Барса во походот кон двојната круна, а како награда пристигна и новиот договор. Deal 🤝 pic.twitter.com/3qTb5p1LD5 — FC Barcelona (@FCBarcelona) October 15, 2025 Според шпанските медиуми, Де Јонг ќе остане во Каталонија до 2029 ...

Португалската фудбалска легенда, Луиш Фиго, објави порака на својот инстаграм-профил што ги запали навивачите и ги натера да размислуваат. „Секогаш мислев дека можам да бидам добар претседател. Мислам дека дојде времето…“, порача Фиго. Не се знае дали Фиго ја разгледува идејата да аплицира за прв човек на Португалската фудбалска федерација, дали планира да купи некој клуб или е отворен за кандидатура за претседател на УЕФА. Неговиот близок ...

Победата на Италија против Израел од 3-0 во квалификацискиот натпревар за Светското првенство синоќа во Удине значеше дека Израел ги губи сите шанси да се најде на Светското првенство. Пред натпреварот, повеќе од 10.000 демонстранти се собраа на улиците на Удине, изразувајќи противење на израелскиот геноцид во Газа и повикувајќи на итен прекин на воените операции. На самиот стадион, Израелците беа пречекани непријателски, беше исвиркана и ...

Последната епизода од серијата „Контендер“ на пефот на УЦФ, Дејна Вајт, донесе еден од најспектакуларните нокаути во историјата на натпреварувањето, а реакцијата на Вајт кажува сè. Преку ова шоу, УФЦ доби голем број познати борци, а можеби тоа ќе му се случи и на перуанскиот борец во бантам категорија, Хуан Дијаз, кој со феноменален удар од вртење со лактот го нокаутира Јужнокореецот Квон Вон-ил. Потегот го остави Вајт во целосен шок, а ...

Ракометната треска во Битола по повод доаѓањето на Барселона на мегдан против Еурофарм Пелистер ќе има кулминација вечерва од 20.45 часот, кога почнува мечот во Лигата на шампионите. Интересот за мечот е огромен, за првпат во својата историја битолчани играат против Барса, која е 12-кратен европски првак, а Sport Life нуди опција освен да се обложите на некоја од бројните стандардни игри за ракометни средби, да уплатите и да чекате добивка за ...

Во Србија велат дека Владан Милојевиќ е фаворит за функцијата селектор на Србија, а во Италија на некој начин се потврдува дека Црвена ѕвезда ќе се раздели со тренерот и објавуваат дека нов тренер на Црвено-белите ќе биде Александар Коларов. Коларов (39) во моментов му е прв помошник на Кристијан Киву во Интер, а пред тоа беше селектор на У-21 репрезентацијата на Србија. Како играч, Коларов настапуваше за Чукарички, ОФК Београд, Лацио, ...

Македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриноски е нов ракометар на ГРК Охрид! Десниот бек (27 години, 187 см.) потпиша двегодишен договор со популарните Гладијатори. Томи е вториот екс-вардарец по Младен Крсманчиќ кој потпиша за охриѓаните во последните три дена. Јагуриноски во ГРК ОХрид доаѓа од германски Десау, а во македонската лига најдолго се има задржано во Вардар 1961 и Металург. Неговото пристигнување претставува значајно засилување ...

Норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд уште еднаш покажа дека е доста ексцентричен надвор од теренот. Откако 25-годишниот напаѓач беше ослободен од норвешката репрезентација неколку часа пред пријателскиот натпревар против Нов Зеланд, Халанд, кој ја доближи Норвешка на чекор до нивното прво Светско првенство од 1998 година наваму, замина во шпанското одморалиште Марбеља. Таму Норвежанецот се појави во прилично екстравагантна облека (карирана кошула ...

Фудбалерите од англиската Премиер лига планираат викендов да одржат протест против расизмот. Според британските медиуми, играчите планираат да клекнат пред натпреварите. Ова ќе биде првпат сезонава да го прават тоа. Капитените на сите 20 тима од Премиер лигата ја поддржаа идејата, но играчите се слободни сами да одлучат дали ќе учествуваат. Интересно е дека ова ќе важи само за машката Премиер лига, во англиското женско првенство нема да се ...

Денешниот датум ќе остане запишан во историјата на спортот во Битола, ова ќе биде ден за паметење бидејќи првпат кошаркарите на Пелистер ќе играат натпревар од групна фаза во некој европски куп, а ракометарите на Еурофарм Пелистер првпат играат против гигантот Барселона, која е најуспешен европски клуб во овој спорт со 12 титули првак на Европа. Кошаркарскиот тим на Пелистер својот прв историски меч во ФИБА Европа купот го играат вечерва, од 19 ...

Фудбалерот од средниот ред, Коби Мејну, побарал од раководството на Манчестер јунајтед во јануари да биде испратен на позајмица во клуб каде што би добивал поголема минутажа, но неговото барање било одбиено. Мејну е во втор план кај Рубен Аморим, а пред него поголема шанса добиваат Бруно Фернандеш и Мануел Угарте, па 20-годишниот фудбалер го загуби и местото во репрезентацијата на Англија. Според медиумите на Островот, за Мејну има низа ...

Лионел Меси заедно со своите спонзори ја започна втората сезона од кампањата „Меси+10“ во која ги претставуваат десетте млади фудбалери со најсвлетла иднина, а, изненадувачки, помеѓу нив ги нема Ламин Јамал од Барселона и сонародникот од Аргентина, Франко Мастантуоно од Реал Мадрид. На првото место на листата е Нико Пас од Комо, следуваат Кендри Паес од Стразбур и Рио Нгумоа од Ливерпул. Она што е интересно, помеѓу десетте фудбалери има и две ...

1150 Менсфилд – Њукасл У21 (20:45) Фудбалерите на Менсфилд се големи фаворити за победата против младинците на Њукасл во англискиот ЕФЛ трофеј. Овие две екипи имаат одиграно два дуела и двапати победувал Менсфилд, со 3-0 и 6-3, а очекувањата се дека вечерва ќе се затресат и двете мрежи. Менсфилд е во серија од четири меча на коишто игра „гол-гол“, додека кај младинците на Њукасл тоа е случај на последните шест средби. Предлог тип: 1 & ГГ ...

Групната фаза од африканските квалификации за пласман на Светското првенство заврши, а најголем трагичар е селекцијата на Бенин. Тие во пресрет на последното коло беа први на табелата со 17 бода, два повеќе од Јужна Африка и плус три од Нигерија. Сепак, во последното коло загубија од Нигерија со 4-0, а Јужна Африка славеше над Руанда со 3-0, па Бенин заврши на третата позиција и не само што не успеа да дојде до историски пласман на Светското ...

Натпревари од пет различни спорта се дел од понудата со зголемени квоти на Sport Life, Супер типот. И покрај разновидноста, фудбалот е најброен со пет натпревари, а кошарката има еден натпревар помелку, односно четири меча помеѓу понудените 16. Ракометот е застапен со три натпревари, додека тенисот и хокејот со по два. Првиот натпревар од понудата започнува во 16:05 и е од тенисот, а потоа стартуваат и хокеите. Кошарката е застапена со ...

Португалија не успеа да слави над Унгарија во квалификациите за пласман на Светското првенство и одигра само 2-2 пред своите навивачи, а двата гола за Португалците беа дело на Кристијано Роналдо. Португалецот направи пресврт по водството на гостите, а тоа за него беа 40-тиот и 41-виот гол во квалификации за Светско првенство, со што постави нов рекорд. Кристијано Роналдо во пресрет на овој меч имаше 39 гола во квалификациите за Мундијалите, ...

Три фудбалски натпревари и по еден ракометен и кошаркарски се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози е 35.00, додека поединечно квотите се движат помеѓу 1.90 и 2.20. Од ракометарите на Келце се очекува да го совладаат Нант во Лигата на шампионите, а доколку тоа се случи, квотата од 2.00 ќе биде добитна. Кошаркарите на Париз се фаворити за победата над Басконија, а понудената квота од 1.90 ќе биде ...

Србија предводена од селекторот на младинската репрезентација, Зоран Мирковиќ, дојде до победа над Андора од 1-3, но сега пред нашите северни соседи е друг предизвик. Фудбалскиот сојуз на Србија треба и официјално да ја прифати оставката на Драган Стојковиќ – Пикси и да назначи негов наследник, а тоа сигурно нема да биде Мирковиќ, по мечот на Пиринеите ја отфрли таа можност. „Јас имам мое работно место, тоа е во репрезентацијата до 21 година. ...

Октомврискиот прозорец на ФИФА и официјално беше затворен со неколку пријателски натпревари кои се одиграа во Северна Америка, а учесници беа домаќините на следниот Мундијал, но и актуелниот светски шампион. Аргентина без проблеми и убедливо со 6-0 славеше над Порторико. Лионел Меси иако не успеа да се запише во листата со стрелците, сепак двапати асистираше со што дојде до бројка од 60 асистенции за Аргентина, но и 398 во кариерата. Сега му ...

Реал Мадрид внимателно ги следи неколкуте најдобри централни дефанзивци во Европа со намера да ангажира најмалку еден од нив, а наводно сега Дајот Упамекано има предност пред Ибрахима Конате. Според шпанските медиуми, Реал Мадрид го „оладил“ интересот за Конате, но се насочил кон неговиот сонародник Упамекано, кој исто така се наоѓа во последната година од договорот со Баерн Минхен. Упамекано не напредува во преговорите за нов договор со Баерн, ...

Одлични вести за Пари Сен Жермен и Луис Енрике пристигнаа од медицинскиот тим на клубот, откако стана јасно дека Дезире Дуе и Хвича Кварацхелија ќе бидат на располагање по паузата за националните тимови. На теренот ќе можат да се вратат и играчи како Бредли Баркола, Жоао Невеш и Фабијан Руис, кои исто така имаа проблеми во последните денови и ги пропуштија натпреварите со своите национални тимови, но ќе бидат подготвени за следниот меч на ПСЖ, ...

Шпанскиот шампион Барселона се соочува со сериозни проблеми пред вечното дерби против Реал Мадрид, бидејќи од составот отпадна уште една голема ѕвезда, Роберт Левандовски. Полскиот напаѓач заработил посериозна повреда и ќе биде надвор од терените околу еден месец. Неговото враќање се очекува за дуелот против Атлетик Билбао на 23 ноември. Барселона веќе има големи кадровски проблеми. Повредени се и Дани Олмо и Феран Торес. Сепак, до „Ел Класико“ ...

Вечниот Кристијано Роналдо постигна два гола во ремито на Португалија од 2-2 против Унгарија, урна нов рекорд и стана најдобар стрелец во историјата на светските квалификации. Унгарците поведоа со голот на Шалаи, но Роналдо израмни во 22-та минута, а потоа се погрижи за пресврт во 45-тата минута од мечот. Португалците беа на чекор до пласман на СП 2026, но ќе почекаат за конечна мундијалска виза, затоа што Унгарија израмни пред крајот, со голот ...

Црвена ѕвезда забележа значајна победа во четвртото коло од Евролигата, совладувајќи го литванскиот Жалгирис со 88-79 пред преполни трибини во „Штарк арена“ во Белград. Овој натпревар беше прв за тренерот Саша Обрадовиќ во неговиот втор мандат на клупата, а тимот веднаш даде впечатлив знак со резултатот. И покрај тоа што тимот влезе ослабен поради повреди и отсуства, Црвено-белите покажаа огромна енергија на теренот. Белградските навивачи беа ...

Поранешниот тренер на Челзи и Брајтон, Грем Потер, би можел да седне на клупата на репрезентација на Шведска, земјата каде го започна својот европски тренерски пат. Англискиот стратег познат по својата работа во Премиер лигата, отворено призна дека би сакал да ја преземе шведската репрезентација, што веднаш предизвика силни реакции во јавноста. Швеѓаните катастрофално ги започнаа квалификациите за Светското првенство, со само еден бод од четири ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
5.14
72%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
73%
1014
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
5.62
91%
1016
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
2.68
86%
1004
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
100%
1006
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1007
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
11.32
85%
1017
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
94%
1015
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
67%
1010
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1009
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Алуминиум

2.91

Паладиум

46425.68

Калај

40.48

Бакар

10.95

Сребро

1878.05

Цинк

3.23

Рутениум

29192.88

Никел

473339.37

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60

Родиум

255598.44

Платина

52952.77