Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Фудбалерите на Овиедо и Еспањол синоќа стоеја, без да играат, во почетните 15-тина секунди од мечот. Тоа беше така во знак на протест, откако челниците на Примера дивисион одлучија мечот меѓу Вилјареал и Барселона да се игра во Мајами, САД. Ова ќе биде прв пат еден натпревар од шпанското првенство да се игра надвор од земјата, а се работи само поради комерцијални причини. Токму затоа, клубовите решија да протестираат поради оваа одлука, меч од ...
Викенд понудата традиционално носи и мераклиски Бет билдер опции за неколку натпревари од фудбалска Европа. За денеска, во изборот се шест натпревари на кои има по две билдерски понуди на кои квотите се движат меѓу 10.5 и 16. Возбудувањата ќе започнат уште во 13:30 часот со дуелот Нотингем форест – Челзи, каде една од двете опции носи коефициент од 13. Тој ќе биде добитен ако: Челзи победи, Жоао Педро даде гол, има над 4,5 картони и има над 10,5 ...
Возбудувањата во англиската Премиер лига за ова коло ќе започнат со дуелот меѓу Нотингем форест и Челзи. Овој меч е посебно важен за тренерот на домашната екипа Анге Постекоглу. Најавите од Англија се дека Постекоглу може да добие отказ доколку Нотингем загуби денеска. : Ange Postecoglou could be sacked if Nottingham Forest lose against Chelsea today. ️ @GraemeBailey pic.twitter.com/E750iN1aQ9 — Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) October 18, ...
1007 Фулам – Арсенал (18:30 ч.) Дуел на два лондонски ривали на кои гостите се фаворити. Арсенал е лидер на табелата со 16 бодови од седум кола, додека Фулам е со осум бодови на 14 место. Традицијата вели дека на осум од последните 10 средби на овие ривали, двата тима постигнувале погодоци, а во сите 10 пресметки имало барем два или повеќе погодоци, што е најава за возбудлив дуел. Предлог тип: 2&3+ (2.60) 1703 Анже – Монако (19 ч.) Ова е ...
По паузата поради репрезентативните настапи, денеска и утре ќе има големи возбудувања во најсилните лиги во Европа, а во Sport Life има неверојатна понуда со најразлични комбинации. Една од најпримамливите понуди е играта на фудбалери кои ќе постигнат гол или ќе упатат удари во рамките на противничкиот гол. За опцијата шутеви на гол има дури 70 играчи кои се дел од Премиер лигата, на кои може да се обложите дали ќе ја надминат или не, зададената ...
Фудбал и само фудбал нуди денешната понуда во Супер типот, а освен зголемените квоти за фиксовите и победи на фаворитите, може да се најдат одлични поголеми коефициенти и на игрите на голови и на некои други комбинации. Возбудувањата ќе започнат со дуелот меѓу Нотингем Форест и Челзи каде за триумф на гостите квотата е зголемена на 2.10. На гостински терен со фаворитска улога ќе бидат и Бодо/Глимт, Наполи, Бриж, Арсенал и Монако. Квотите за ...
Викендов нема да има возбудувања во македонскиот фудбал и тоа е поради локалните избори кои се одржуваат утре низ цела Македонија. „Бубамарата“ ќе продолжи да се тркала низ македонските терени веќе во вторник и среда (21 и 22 октомври), за кога се закажани пет меча од осминафиналето на Купот на Македонија. Според распоредот, Вардар и Работнички се домаќини, но сепак, овие два тима нема да имаат можност своите мечеви да ги играат на Арената ...
Денешната понуда во Квоти на ден е специфична затоа што сите пет понудени парови имаат ист коефициент. Кои од петте понудени опции да ги одиграте на петте парови, ќе биде со квота од 2.10. Ако сите пет комбинации ги сместите на еден ист тикет, вкупниот коефициент ќе изнесува 40.84. Саутемптон на свој терен не треба да загуби од Свонси во меч на кој ќе има помеѓу еден и три погодоци. Челзи гостува кај Нотингем форест и комбинацијата за овој меч е ...
Екипата на Осиек имаше големи очекувања пред стартот на сезоната во хрватското првенство, но засега има разочарувачки резултати. По девет одиграни кола, Осиек е на претпоследното девето место со само девет освоени бодови. Само тимот на Вуковар е послаб со шест бода. И покрај лошите резултати, тренерот Симон Рожман е оптимист и има оправдување за лошите резултати. Стратегот на Осиек изнајмил агенција за статистика која пресметала колку всушност ...
Барселона пред своите навивачи денеска попладне игра против Жирона во меч од деветото коло во шпанското првенство. Каталонскиот гигант е голем фаворит затоа што Жирона сезонава игра многу слабо и досега освои само шест бодови што е доволно за 17-тото место на табелата. Тренерот на Барселона, Ханси Флик вели дека неговите фудбалери мора да бидат претпазливи затоа што не сака да му се случи тоа што му се случи во последното коло кога каталонскиот ...
Најголем дел од репрезентациите кои ќе бидат учесници на Светското првенство во 2026 година се познати или речиси на прагот да го заверат учеството. По завршување на октомвриските репрезентативни возбудвања во квалификациите ширум светот, планетарно популарниот сајт goal.com, направи листа на селекции кои ги смета за фаворити за освојување на највредниот трофеј во фудбалот. Според тоа рангирање, на првото место, со најголеми шанси да стигне до ...
Барселона размислува идното лето да го потпише напаѓачот на Хофенхајм, 23-годишниот Фисник Аслани. Според познатиот германски новинар Флоријан Плетенберг, скаутите на каталонскиот клуб внимателно го следат најдобриот стрелец на германскиот тим и ја дознале висината на клаузулата за ослободување. Аслани, кој е роден во Берлин, а игра за репрезентацијата на Косово и пред летири дена го даде победничкиот гол на гости против Шведска во ...
Унион Берлин вечерва го победи составот на Борусија Менхенгладбах со 3-1, а два гола даде Холанѓанецот Даниљо Раимундо Дуки кој е внук на екс фудбалерот Винстон Богард и има суринамско потекло. Крстен е по екс бразилскиот фудбалер Раи (помлад брат на Сократес), а од летото 2022 го носи дресот на Унион Берлин и во овие три години, ниту еден друг одбранбен фудбалер во Топ 5 лигите во Европа нема постигнато повеќе голови со глава од него. Дуки кој ...
После Црвена ѕвезда која го совлада Реал Мадрид, и другиот српски претставник во Евролигата, Партизан, славеше вечерва против шпански тим и тоа против Басконија на гости со 91-79. Тимот на тренерот Жељко Обрадовиќ беше одличен во последните неколку минути, па изедачениот меч го претворија во победа со двоцифрена разлика. Ова е прв гостински триумф за Партизан сезонава, а прв триумф во Виторија после дури 24 години. Така Црно-белите се ...
Пари Сен Жермен и Стразбур одиграа 3-3 во интересен меч од француската Лига 1 кој може да се нарече и дерби на колото со оглед на тоа дека играа екипи кои во моментов се на првите две позиции на табелата. Гостите водеа 3-1, но првакот израмни на 11 минути до крајот, па двата тима се подеднакви незадоволни од резултатот. ПСЖ и понатаму е лидер, но има само една победа во последните четири кола и утре може да биде прескокнат од Марсеј и Лион. ...
Легендарниот чешки хокеар, Јаромир Јагр, ја започна својата 38-ма сезона во професионалната кариера. Јагр кој има 53 години, синоќа излезе на мразот на натпреварот од чешкото првенство помеѓу Кладно и Витковице. Јагр е играч и ко-сопственик на Кладно, каде што ја започна својата кариера. Минатата сезона, напаѓачот одигра 39 натпревари, постигна 5 гола и имаше 11 асистенции. Тој е двократен освојувач на титулата во северно-американската НХЛ ...
Фудбалерите на Овиедо и Еспањол не играа во првите 10 секунди од мечот, само стоеја во место по првиот судиски свиреж, и на таков начин изразија револт и протест против одлуката во декември лигашкиот меч на Вилјареал и Барселона да се игра во САД, поточно во Мајами. Додека траеше краткиот протест кој го најави асоцијацијата на шпански фудбалери, Ла Лига го цензурираше тој дел и во телевизискиот пренос се даваше снимка од надворешноста на ...
Црвена ѕвезда за првпат после три и пол години успеа да го победи Реал Мадрид во кошаркарската Евролига и вечерва дома со 90-75 го порази Кралскиот клуб. Реал даде 25 поени во првата четвртина, а потоа како да снема сила, додека Црвено-белите на крилјата на навивачите кои беа нивни шести играч, го разбија противникот. За Ѕвезда ова е втора победа откако на клупата седна Саша Обрадовиќ. Откако фатија ритам, на домашните сè им одеше од рака, па ...
Фудбалерите на Ливерпул имаа вкупно 13 голови и асистенции за своите национални тимови во оваа октомвриска репрезентативна пауза. Коди Гакпо постигна три гола за Холандија против Малта и Финска, а имаше и една асистенција. Вирџил Ван Дајк исто така постигна гол против Финска. Мохамед Салах постигна два гола за Египет против Џибути, Алексис Мекалистер постигна два гола за Аргентина против Порторико. Доминик Собослај приднесе со гол и асистенција ...
Казахстанскиот фудбал тагува по 19-годишниот Дијас Толеу, млад фудбалер на второлигашот Хан Тенгри, кој почина откако му се слоши на натпреварот против Екибастуз. Според информациите од Казахстан, на Толеу му се слошило после еден дуел, а лекарските екипи му укажаа помош на теренот и на носилка беше изнесен и брзо префрлен во болница. Тој покажуваше знаци на живот, но починал на пат кон болницата. Вознемирувачката снимка покажува дека никој не е ...
Главниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, внимателно ги следи случувањата околу Роберт Левандовски и е подготвен да направи потег за доведување на полскиот 37-годишен напаѓач доколку тој стане слободен агент на лето. Тој сака да продолжи да игра за Барселона, дури и ако тоа значи помала плата и поограничена улога. Сепак, раководството на клубот е претпазливо, бидејќи Полјакот се повредува сè повеќе во последните месеци, што отвора ...
Милиони млади фудбалери имаат сон да стигнат на врвот и да бидат меѓу најдобрите, но малкумина успеваат во тоа. Секогаш е убаво да се следи својот сон и да се верува дека може да се оствари, но реалноста многупати знае да биде многу сурова. Еден од оние кои почувствува како е да не се успее во фудбалот е Чендрим Камерај, кој е роден во Швајцарија, но има потекло од Косово. Тој настапуваше за сите млади селекции на Швајцарија, во 2019 година ...
Новак Ѓоковиќ загуби од Јаник Синер во полуфиналето од егзибицискиот турнир во Саудиска Арабија, „Шестте крала“, за само 63 минути игра, а по мечот изјави дека неговата цел е да биде како Кристијано Роналдо и Леброн Џејмс. „Долговечноста е една од моите најголеми мотиви. Навистина сакам да видам уште колку ќе можам да играм. Ако го погледнете светот на спортот, Леброн Џејмс и понатаму е на врвот со 40 години, Кристијано Роналдо игра со 40 ...
Одлуката на раководството на Астон вила, како и на полициските власти во Бирмингем, да забранат гостински навивачи за мечот против Макаби Тел-Авив на шестти ноември предизвика лавина од реакции и осуди во Велика Британија. Премиерот Кир Стармер јасно порача дека ова е погрешна одлука и дека да толерираат антисемитизам на нивна територија. „Ова е погрешна одлука. Нема да толерираме антисемитизам на нашите улици. Улогата на полицијата е да ...
Антонио Ридигер во 2022 година како слободен фудбалер пристигна во Реал Мадрид од Челзи. Германскиот дефанзивец изминатите три сезони собра 157 настапи за „кралевите“ и се сметаше за незаменлив дел од одбраната, но тоа се промени со доаѓањето на Чаби Алонсо. 32-годишниот дефанзивец сега е во втор план, но е и повреден, па раководството на Реал Мадрид одлучило дека нема да му го продолжи договорот кој му завршува летото 2026 година. Ридигер ќе ...
Пеп Гвардиола со Манчестер сити освои сè што можеше да се освои во светот на фудбалот, но минатата сезона беше катастрофална за Граѓаните. Манчестер сити утре игра првенствен меч против Евертон на домашен терен, а едно од прашањата кои го доби Каталонецот се однесуваше на неговио престој во Манчестер. „Во Барселона, во Минхен и сега во Сити, кога ќе почувствувам дека јас сум проблемот – ќе се повлечам. Нема да бидам проблем. Но, и понатаму ...
Драган Стојковиќ – Пикси и официјално повеќе нема да биде селектор на репрезентацијата на Србија, откако Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на нашиот север сосед ја прифати неговата оставка. Србија загуби на домашен терен од Албанија со 0-1 и си ги намали шансите за пласман во баражот за Светското првенство 2026, а тоа резултираше со понудена оставка од Стојковиќ, кој денес и официјално е прифатена. Пикси Стојковиќ не отпатува со ...
Српскиот кошаркарски второлигаш, Колубара од Лазаревац, одлучи на новите дресови да додаде карта од територијата на Косово прекриена со српското знаме. Ваквиот потег на клубот предизвика воодушевување во Србија, но и бура од реакции на Косово. Од Колубара се пофалија на социјалните мрежи со новите дресови, а освен сликата, беше објавена и порака која гласи: „Никогаш нема да биде загубено тоа што е свето.“ и „Дресот кој го носиме – порака која ја ...
Фудбалската јавност во Шпанија е збунета, но и разочара од одлуката на Ламин Јамал, кој најави дека нема веќе да дели автограми, туку ќе ги продава. Разочарувањето најмногу се однесува на неговите фанови, но и на навивачите на Барселона, кои не можат да го сфатат однесувањето на младата ѕвезда на Каталонците. Сепак, стручната јавност донекаде и го оправдува потегот на Јамал бидејќи сметаат дека фудбалерите во ова модерно време сакаат да имаат ...
Фудбалската репрезентација на Македонија забележа пад од две места на најновата ранг-листа на ФИФА, која беше објавена денес. Двете нерешени резултати против Белгија и Казахстан ни донеса само +2,1 поен, а тоа значеше и пад од 63-тата на 65-тата позиција. Лидер и натаму останува Шпанија, додека на второто место сега е Аргентина, откако ја мина Франција, која падна на третата позиција. Во топ-10 се и Англија, Португалија, Холандија, Бразил, ...