Вчерашниот ден беше резервиран за многу Куп-финалиња низ Европа, а дури четири беа во земјите од некогашната Југославија. Се играа Куп-финалиња во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија. Заедничко е тоа што сите финалиња беа возбудливи и неизвесни, но и тоа дека се играа пред полни трибини на стадионите. Финалето во Купот на Македонија ќе се игра следната среда на 20 мај, на Арената „Тодор Проески“ меѓу Силекс и Шкендија. Тоа е ...

Фудбал, тенис и кошарка има во денешната понуда на Супер типот во Sport Life. Кецмановиќ е фаворит за победа над Риеди и квотата е зголемена на 1,61. Американската Коко Гоф треба да слави над Кристеа, а коефициентот е 1,47. Фаворит е и Данил Медведев со квота од 1,44. Од кошарката, победа се очекува на Реал Мадрид на гости кај Билбао Баскет, како и на Уникаха, која ќе игра на теренот на Сан Пабло Бургос. Хувентид и Басконија треба да се ...

Грозни сцени го одбележаа прволигашкиот дуел меѓу екипите на Оланче и Мотаџ во првенството на Хондурас, откако бразилскиот фудбалер Ромарио Луис да Силва доживеа тешка повреда. Крилниот бразилски напаѓач на гостинската екипа се обидуваше да сопре еден контранапад на Оланче, но по дуелот со еден ривал, незгодно згазна, падна на теренот и веднаш почна да се жали на големи болки. Сите фудбалери на теренот беа потресени од глетката, која беше ...

Пет возбудливи дуели се дел од денешната понуда во Квотитр на денот, а ако сите пет понудени комбинации се одиграат на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 38.61. Базел е домаќин на Сент Гален и тука е потребно да има победник, во меч на кој двата тима ќе дадат гол, за да биде добитна комбинацијата која се вреднува со квота од 2.05. На мечот меѓу Копенхаген и Митјиланд потребно е да има од еден до два гола во првото полувреме и ...

Барселона ја освои титулата, а тоа како да беше знак дека за нив заврши првенството. Многу неочекувано Барселона синоќа загуби на гостувањето кај Алавес со 1:0, во меч од 36 коло на шпанското првенство. Алавес во овој дуел влезе како претпоследен на табелата со само 37 бодови, додека Барселона како шампион со 91 бодови. Токму затоа неверојатно беше дека Барселона може да дозволи да загуби на ова гостување, но Алавес со погодок во 45+1 минута ...

Кога игра Интер Мајами, јасно е дека шоуто е резервирано за Лионел Меси. Така беше и на последниот меч на кој Интер Мајами со 5:3 славеше на гости кај Синсинати. Навивачите на стадионот во Синсинати уживаа во осум голови и неколку пресврти. Токму Меси ја отвори серијата погодоци во 24 минута кога погоди за 1:0 за гостите. Синсинати израмни од пенал во финишот на првото полувреме. Во вториот дел беше гол-шоуто, а повторно Меси погоди за 2:1. ...

Кошаркарите на Кливленд славеа на гостувањето кај Детроит со 117:113 во петиот меч од полуфиналето на Источната конференција во НБА плејофот. Со овој триумф, Кливленд поведе со 3:2 и сега е на чекор од пласман во конференциското финале. Детроит има зошто да жали за овој пораз, затоа што домаќините водеа со девет поени предност на 2:40 минути до крајот (103:94), но Кливленд не се предаде и израмни на 103:103, па дури имаше и напад за победа, ...

Алавес ја победи немотивираната Барселона со 1-0 и освои три големи бодови во битката за опстанок во шпанската лига. За Барса заврши серијата од 55 лигашки мечеви по ред на кои даваше барем по еден гол (вечерва Барса немаше ни еден шут во рамки на голот). Барса со овој пораз, пропушти прилика сезоната во Ла Лига да ја заврши со 100 бодови. Каталонците се на 91, а имаат уште два меча за играње. Сега мотив ќе им биде да го победат Бетис дома и ...

Црвена ѕвезда шест година по ред освојува двојна круна во Србија. Вечерва многу тешко и со доза на среќа го освоија Купот на Србија. На белграѓани им требаа гол во 95-та минута за 2-2 и поуспешно изведување пенали да ја победат Војводина во финалето кое требаше да почне во 20, а заврши околу 23.35 часот. Увертира беа навивачките нереди пред и во стадионот во Лозница, па следуваше шок и предност на Војводина од 2-0, но тимот на тренерот Дејан ...

Меѓусебниот дуел на Селтик и Хартс во последното коло ќе решава кој од овие два тима ќе биде првак на Шкотска. Ако победи Селтик, гигантот од Глазгов ќе се закити со нов трофеј, а со реми или победа на Хартс, тој тим после 66 години ќе ја освои титулата и ќе прекине 40-годишна „диктатура“ на Селтик и Ренџерс како единствени прваци од 1986 наваму. Освен фановите на Селтик, сите други сметаат дека Селтик доби голема помош од судиите вечерва на ...

Валенсија ќе игра на фајнал-форот во Евролигата во Атина, откако на чудесен начин со 3-2 во победи го елиминираа Панатинаикос, тим кој имаше предност од 2-0 и никој не веруваше дека може да ја испушти. Вечерва во мајсторката, Валенсија го победи Панатинаикос со 81-64. ПАО ќе ги боли тоа што Ф4 турнирот ќе се игра во нивната сала, а нив ќе ги нема и нема да имаат прилика за можно историско финале со Олимпијакос. Наместо тоа, Валенсија оди во ...

Интер го освои Купот на Италија, во финалето во Рим беше подобар од Лацио со 2-0 и ја „лапна“ двојната круна на домашна сцена. Вакво нешто Интер претходно имаше направено во 2009/2010 кога ја освоија и Лигата на шампионите, со Жозе Мурињо како тренер, а сегашниот тренер Кристијан Киву како играч. Автоголот на Марушиќ и погодокот на Лаутаро во првото полувреме ја најавија победата на Интер. Сега Нераѕурите имаат 10 трофеи во Купот на Италија. ...

Новосадска Војводина беше на прагот да стане сензационален освојувач на Купот на Србија во фудбал. Во финалето со големиот фаворит Црвена ѕвезда одиграа 2-2, па ќе се играат уште дополнителни 30 минути. По 35 минути беше 2-0, и многумина во шок и неверица гледаа кон семафорот. Арнаутовиќ во 54-та минута ја врати надежта на белграѓани, а Ѕвезда дури во 95-та минута со гол на Родригао дојде до 2-2 и продолженија. Војводина се надева дека по ...

Манчестер сити ја „напиша домашната задача“ против Кристал Палас, победи со 3-0 и сега има само два бода помалку од лидерот и подобра гол-разлика. Сити продолжува да им прави притисок на Топчиите, но во следното коло Арсенал игра дома со испаднатиот Барнли, и ако победи, ќе чека кикс на Сити на гостувањето кај опасниот Борнмут, за да ја прослаави титулата. Ако Граѓаните го победат Борнмут, последното коло ќе одлучува кој ќе биде англиски ...

Еспањол го победи Атлетик Билбао со 2-0 и ја прекина неверојатно лошата серија натпревари без победа во шпанската лига. За тимот од Барселона, ова е прва победа во календарската 2026 година, речиси пет месеци немаа победа, црната серија беше 18 меча по ред без победа, па овој триумф им е многу важен во битката за опстанок. Интересно е и дека и претходната победа на Еспањол на 22-ри декември, беше истотака против Атлетик Билбао, тогаш со 2-1 ...

Во финалето на Купот на Босна и Херцеговина се сретнаа два тима од Мостар, а Зрињски беше подобар со вкупни 2-1 во двата натпревари и го крена трофејот. Балкан си е Балкан, па после спречената масовна договорена тепачка на групи навивачи на Динамо и Риека во Хрватска и хаосот пред финалето на Купот на Србија, редот да се случи инцидент им дојде и на Херцеговците. На крајот од натпреварот кој заврши 1-1, наместо спортски поздрав, на теренот ...

Добро информираниот шпански новинар Мигел Серан, објави дека ако на претседателските избори во Реал Мадрид има противкандидат, актуелниот прв човек на Кралскиот клуб, Флорентино Перес, ќе вети доведување на аргентинскиот фудбалер за врска кој во моментов игра во Челзи, Енцо Фернандес. Освен Енцо, столбови на кампањата на Перес ќе му биле и враќање на Жозе Мурињо како тренер и на Тони Крос кој би имaл функција во менаџментот одговорен за ...

Сите кои следат ракомет слушнале за клубот Татран Прешов, па затоа изненадувачки делува податокот дека репрезентацијата на Словачка досега никогаш не играла како домаќин во салата во Прешов, и решија сефтето да им биде токму против Македонија во првиот меч од баражот за Светско првенство. Македонија е фаворит и на првиот дуел кој се игра утревечер во Прешов, но тоа ќе треба да го потврди и на терен. Нашите денеска пристигнаа во Прешов и ...

МЗТ Скопје Аеродром и Маџари ќе играат во финалето на плејофот во македонската елитна кошарка. Металците ќе се обидат да ја освојат 13-тата титула, додека Маџари кој лани влезе во прва лига, ќе проба да ја направи најголемата сензација во историјата на мак-баскетот и првпат да се закити со шампионска титула. Штрковите од Аеродром ја добија мајсторката против Пелистер со убедливи 87-58, а на полувреме беше нерешено што оваа победа ја прави ...

Финалето на Купот на Србија требаше да почне во 20 часот, но имаше големо доцнење на стартот, затоа што навивачите на Црвена ѕвезда се судрија со полицијата на и пред стадионот во Лозница. Инаку Ѕвезда во финалето игра со Војводина. Се слушаа и топовски удари, а жандармеријата употреби и солзавец, па дел од навивачите бегајќи влегоа на терен. Инаку нов шок се случи за белградските Црвено-бели, финалето конечно само што почна, Војводина даде ...

Динамо Загреб го освои Купот на Хрватска откако во финалниот натпревар одигран во Осиек, ја совлада Риека со 2-0. Стрелец на двата гола беше напаѓачот Лука Стојковиќ, кој постигна голови во 50-тата и 57-мата минута. Динамо го освои Купот на Хрватска по 18-ти пат во својата историја, што е рекорд. Риека го загуби финалето на Купот по четврти пат во својата историја. На натпреварот му претходеа настани кои немаа многу врска со фудбалот. ...

Претседателот на „Кокс групацијата“, Енрике Рикелме, е подготвен да влезе во изборната трка за прв човек на Реал Мадрид. Рикелме има 37 години и ги исполнува главните два услови за да биде претседател на Кралскиот клуб, тоа се барем 20 години да има членска книшка и да уплати 150 милиони евра како гаранција (уште е во преговори со банки да му дадат гаранција). Бизнисменот е роден во Аликанте, главен акционер е моќна компанија за обновлива ...

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, го спореди ВАР системот со фрлање паричка и рече дека Граѓаните мора да играат доволно добро за да избегнат какво било влијание од одлуките што се против тимот. ВАР системот повторно се најде под лупа оваа недела откако доцниот израмнувачки гол на Вест Хем против лидерот во Премиер лигата, Арсенал, беше поништен, одлука што може да се покаже како клучна во трката за титулата. „Единственото нешто ...

Петтиот натпревар од плејоф серијата помеѓу Детроит пистонс и Кливленд кавалирс, може да биде клучен во оваа битка за влез во финалето на Истокот, затоа што тимот што ќе поведе со 3-2, ќе биде на чекор од целта и во психолошка предност. Кавалирс е тим кој во годинешниот плејоф, досега на гости редеше само порази, а дома само победуваше. Се покажаа како исклучително „домаќинска“ екипа која победува само дома, но против Детроит тоа нема да им ...

Црногорскиот кошаркарски тим Будуќност треба да игра против екипата на Дубаи во плејофот на АБА-лигата. Сепак, постои проблем откако тимот од Подгорица испрати официјален допис дека донеле одлука да не патуваат во Дубаи поради загрозена безбедност. „По состанокот со тимот и тренерскиот штаб, беше организирана седница на Управниот одбор на КК Будуќност, на која беше донесена едногласна одлука тимот да не патува во Дубаи. Искрено жалиме што ...

Напаѓачот на Наполи, Ромелу Лукаку, кој беше клучна фигура во освојувањето на Скудетото минатата сезона, денеска полни полни 33 години, клубот му честиташе иако се чини дека Лукаку е предодреден да го напушти Наполи на крајот од сезоната. Белгиецот се врати во татковината за да работи на враќање на физичката форма за Светското првенство, а потоа веројатно ќе се пресели на друго место (се спомнува преселба во Саудиска Арабија или Турција). ...

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарес, нема да биде повикан во составот на Уругвај за Светското првенство, објави на социјалните мрежи уругвајскиот новинар Родри Васкес. Искусниот 39-годишен Суарес не е на проширениот список на фудбалери повикани за Мундијалот, кој за помалку од еден месец ќе се игра во САД, Мексико и Канада. Суарес е водечки стрелец во историјата на уругвајската репрезентација со 69 гола, а има и 39 асистенции, во одиграни ...

На две кола до крајот на првенството во Франција, Пари Сен Жермен има шест бодa повеќе од второпласираниот Ленс. Интересно е дека Светците вечерва гостуваат токму кај Ленс и доволно е да не загубат за да може и официјално да бидат промовирани во нови прваци. Во пресрет на денешниот меч, тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, зборуваше на прес-конференцијата пред натпреварот на неговиот тим против Ленс. Процентуално ПСЖ има 99,99 отсто ...

Лино Червар и официјално во следната сезона ќе биде тренер на Еурофарм Пелистер. Легендарниот хрватски тренер потврди дека доаѓа во Битола и ќе работи со тимот кој во претходните три сезони беше првак на Македонија, но сезонава приматот го предадоа на Вардар. Червар потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер, а наскоро треба да биде и промоцијата. Ова ќе биде вторпат тој да работи во Македонија, откако претходно имаше забележителен ...

Во пресрет на клучните мечеви во англиската Премиер лига, кога треба да се реши и прашањето на шампионот, тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, имаше забелешки на ВАР-системот. Шпанскиот стратег го спореди системот за видеопомошник судија (ВАР) со едноставно фрлање паричка и рече дека неговите фудбалери на наредните мечеви ќе мора да играат доволно добро за да избегнат какво било влијание од овие одлуки. ВАР-системот предизвика многу ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.63
35%
1017
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
3.13
56%
1017
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.56
51%
1016
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
2.05
61%
1021
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.47
45%
1019
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 23ᴼ
0.64
78%
1018
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
45%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.15
56%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.79
48%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 27ᴼ
2.13
46%
1019
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
0.45
43%
1017
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
6.0
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Бакар

12.33

Калај

50.56

Алуминиум

3.20

Родиум

249168.29

Паладиум

38195.09

Цинк

0.00

Иридиум

233896.68

Сребро

1902.84

Злато

131072.82

Кобалт

56.29

Рутениум

49029.89

Платина

51923.46