Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Од 1982 година досега се одиграни десет светски првенства, а една неверојатна традиција опстојува повеќе од четири децении, ниту едно финале на Мундијалот не поминало барем без еден фудбалер на Баерн Минхен или Интер. Прашањето сега е дали оваа импресивна серија ќе продолжи и на Светското првенство во 2026 година. Од четирите полуфиналисти, единствено Шпанија нема ниту еден репрезентативец кој настапува за Баерн Минхен или Интер. Боите на ...
Раководството на Баерн Минхен пред неколку дена донесе јасна одлука дека Мајкл Олисе не е на продажба ова лето, без оглед на висината на понудата, но челниците најмалку очекувале потег од самиот фудбалер кој може да ја промени целата ситуација. Францускиот репрезентативец пред две години на „Алијанц арената“ пристигна од Кристал палас и се покажа како одлично засилување. Олисе зад себе има две фантастични сезони, а со своите настапи се ...
Јохан Манзамби направи неочекуван пресврт во изборот на нов клуб. Швајцарскиот играч за врска на Фрајбург нема да ја продолжи кариерата во Њукасл, туку ќе се пресели во Астон вила. Според информациите на „Скај Спорт“, Астон вила и Фрајбург постигнале конечен договор за трансфер вреден околу 70 милиони евра, вклучувајќи ги и потенцијалните бонуси. Њукасл претходно имаше принципиелен договор со германскиот клуб за пакет вреден околу 60 милиони ...
Лионел Меси продолжува да ја предводи Аргентина во обидот да ја одбрани светската титула, руши рекорди и се подготвува за историскиот прв дуел против Англија во репрезентативниот дрес. Сепак, неверојатно звучи фактот дека доколку неговата фудбалска приказна започнува денес, осумкратниот освојувач на Златната топка можеби воопшто немаше да добие можност да настапува за младинските селекции на Аргентина. Според информациите, Аргентинската ...
3642 Хонка – ХЈС (17.30 часот) Хонка е голем фаворит, а нашиот тип е дека покрај триумфот на домаќинот ќе има и најмалку четири гола на овој дуел. Предлог тип: 1 & 4+ (1.97) 2613 Ѓургарден – Халмштад (19 часот) Ѓургарден игра квалитетно пред своја публика, типуваме дека ќе слави и на мечот ќе бидат постигнати од три до пет гола. Предлог тип: 1 & 3-5 (1.84) 2855 Брејдаблик – Кефлавик (21.15 часот) Брејдаблик ќе го искористи домашниот ...
Светското првенство во САД, Канада и Мексико влегува во самата завршница. По одигрувањето на четвртфиналните натпревари, познати се и полуфиналните двојки, Франција ќе се соочи со Шпанија, додека во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Аргентина и Англија. Во меѓувреме, познат е и конечниот пласман на селекциите кои веќе го завршија настапот на Мундијалот, од петтото до 48-мото место. На позициите од петтото до осмото место се најдоа ...
Разновиден е денешниот Супер тип, иако може да се забележи дека тенисот е најзастапен спорт. Сепак, има и понуда од фудбалот и од кошарката. Се разбира, со максимално зголемени коефициенти. Тениските возбудувања стартуваат рано, од 10.30 часот со мечот меѓу Сонего и Шварцлер, а фудбалот и кошарката се приклучуваат во текот на вечерта. Зголемени се квотите на: Сонего, Кецмановиќ, Караева, Гиртс, Де Јонг, Херцог, Ван Аше, Броуди, Присмиќ, ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа зад себе има успешен период, откако со три победи во квалификациите обезбеди место во главната ждрепка на Вимблдон. Одличните настапи на квалификацискиот турнир ѝ донесоа значителен напредок на ВТА-листата. Ѓорческа скокна 14 позиции и од денеска е рангирана на 209-то место во светот со освоени 367 поени. Во претходниот период македонската тенисерка немаше посакувани резултати на турнирите, поради ...
Стартот на новата работна седмица нема да биде исполнет со возбудувања од Светското првенство, но тоа не значи дека денешните Квоти на денот не се привлечни. Напротив. Петте предлози носат вкупен коефициент 38,73. Арсенал Тула се среќава со Текстилчик и ако домаќинот не загуби и во двете полувремиња бидат постигнати од еден до три гола, квотата на денот е 2.10. Ѓургарден игра против Халмштад и ако победи на полувреме и на крај, а на мечот ...
Тимот на Сан Антонио спарс потпиша повеќегодишно продолжување на договорот со Французинот Виктор Вембањама. Иако финансиските детали од договорот не се официјално објавени, „ЕСПН“ пренесува дека станува збор за петгодишен договор вреден 252 милиони долари. Вембањама минатата сезона стана најмладиот кошаркар кој ја освоил наградата за најдобар дефанзивец на годината, а воедно им помогна на Спарс да стигнат до финалето во НБА-лигата, каде што ...
Диего Форлан е нов привремен селектор на фудбалската репрезентација на Уругвај. Тој на функцијата го наследува Марсело Биелса, кој си замина по неуспехот на последниот Мундијал. Веста ја потврди Игнасио Алонсо, претседателот на Фудбалската асоцијација на Уругвај, кој откри дека поранешниот напаѓач во принцип ќе остане на функцијата до март 2027 година. Одлуката Форлан да биде назначен како привремено решение е поврзана со претстојните избори ...
Бразилската легенда Роберто Карлос остро реагираше на изјавата на Кристијано Роналдо дека Европското првенство има иста тежина како Светското првенство. Португалската ѕвезда повторно го бранеше овој став по елиминацијата на Португалија од Мундијалот во Северна Америка. Неговиот коментар предизвика бројни реакции, особено поради фактот што Роналдо во својата богата кариера никогаш не успеа да го освои Светското првенство. „Да кажеш дека ...
Еден од најконтроверзните моменти на СП 2026 беше одлуката на ФИФА да ја поништи суспензијата на Фоларин Балогун. Американскиот репрезентативец доби црвен картон на мечот против Босна и Херцеговина во 16-финалето и автоматски не смееше да игра во осминафиналето против Белгија. Сепак, ФИФА донесе контроверзна одлука да биде поништен црвениот картон на Балогун и му беше дозволено да игра против Белгија. Многумина се чудеа кој донесе одлука да ...
Репрезентацијата на Бразил имаше уште еден разочарувачки настап на Светското првенство, откако беше елиминиран во осминафиналето. Само неколку дека по елиминацијата на Кариоките, најпопуларниот бразилски репрезентативец Нејмар беше забележан како ужива на одмор во Орландо, а потоа и како се забавува во Лас Вегас. Првично Нејмар бил забележан и снимен во забавниот парк во Орландо, како се вози со електричен скутер. 🇧🇷 Luego de la ...
Арсенал започна една „невозможна мисија“. Топчиите тргнаа во обид да го доведат Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, пишуваат светските медиуми. Тренерот на Арсенал, Микел Артета сака да доведе играч во офанзивниот ред, а аргентинскиот репрезентативец би бил вистински погодок. Алварез имаше одлична сезона во Атлетико Мадрид кога во 49 меча постигна 20 голови, а имаше и девет асистенции. За него интерес веќе подолго време покажува и Барселона, ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се надева на уште едно проширување на Светското првенство и во иднина на Мундијалот да учествуваат 64 репрезентации. Тој изјави дека оваа идеја „дефинитивно“ треба да биде разгледана по завршувањето на актуелниот турнир. Ова издание на Светското првенство првпат се одржува со 48 репрезентации, а осум од селекциите кои завршија на третото место во своите групи обезбедија пласман во новововедената ...
Од 48 репрезентации кои стартуваа на Светското првенство, останаа само уште четирите најдобри. На ред се полуфиналните дуели во кои ќе играат четирите најдоброрангирани селекции на ФИФА листата во моментов. Шпанија ќе ја предизвика Франција, а Англија ќе се сретне со актуелниот светски првак Аргентина. Сите останати репрезентации веќе се заминати од Мундијалот, а познат е и пласманот на селекциите од петото до последното 48 место. ...
Јаник Синер е старо-новиот шампион на Вимблдон. Италијанскиот тенисер вечерва по голема борба и меч кој траеше речиси четири часа, го победи Александер Зверев со 3:1 во сетови. За Синер ова е петта Гренд-слем титула, втора во низа на неофицијалното светско тениско првенство. Зверев остана само на еден трофеј на Гренд-слем турнирите. Фантастичен тенис понудија дватјцата тенисери во сите четири сета. Интересно е дека во првите два сета, ...
Иднината на Мохамед Салах е едно од главните прашања во актуелниот летен преоден рок. По осум сезони во Ливерпул, египетскиот репрезентативец стана слободен агент. Тој ја заврши сезоната со 41 настап, 12 голови и десет асистенции, со што остана атрактивна опција за голем број реномирани клубови. Во моментов, Саудиската професионална лига изгледа како најверојатна дестинација за Египќанецот, но како опција за неговиот потпис се појави и ...
Ерлинг Халанд ќе ја поддржува Англија до крајот на Светското првенство во фудбал, иако репрезентацијата предводена од Томас Тухел ја совлада Норвешка со 2-1 во четвртфиналето. Напаѓачот е роден во Лидс, а од 2022 година настапува за Манчестер сити, за кој има одиграно 132 натпревари и постигнато 112 голови. Халанд има двојно државјанство бидејќи е роден во периодот кога неговиот татко Алф играше за Лидс Јунајтед и беше пред трансфер токму во ...
Аргентина е на прагот да ја одбрани светската титула. Гаучосите се пласираа во полуфиналето, но сега остануваат двата најтешки чекори за да се одбрани планетарниот трон. Колку и да делува неверојано, Лионел Меси со 39 години уште е најдобар фудбалер не само во аргентинскиот состав, туку на целиот турнир. Тоа го покажуваат бројките. Во шест меча тој постигна осум голови, а има и две асистенции. Просечната оценка што ја има од суперкомпјутерот ...
Поранешниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ, сега консултант за FOX за време на Светското првенство, го критикуваше Нони Мадуеке за неговиот слаб настап во четвртфиналето против Норвешка. Англија се пласираше во полуфиналето, но мала беше помошта од Мадуеке, кој не направи речиси ништо корисно против Скандинавците, факт што не му избега на Ибрахимовиќ. „До тој момент, Англија играше со еден играч помалку. Секој пат кога Мадуеке ќе ја добие ...
Светското првенство во 2026 година не донесе само изненадувања на теренот, туку и вистинска „сеча“ на селектори. По елиминацијата на Сенегал, без работа остана и Папе Тијав, па бројот на тренери кои ги напуштија репрезентациите за време или непосредно по Мундијалот се искачи на дури 13. Фудбалската федерација на Сенегал потврди дека ја прекинала соработката со 45-годишниот стратег и неговиот стручен штаб по поразот од Белгија со 3-2 во ...
Поранешниот шпански премиер Маријано Рахој повторно изнесе контроверзни тврдења во врска со француската фудбалска репрезентација. Во колумна што ја објавува за „Ел Дебет“, тој изјави дека француската фудбалска репрезентација игра „без Французи“. Тој потсети дека Франција е двократен светски шампион и дека ги добила сите натпревари на овогодинешното првенство. Рахој призна дека Франција е „врвен тим“, а потоа додаде: „Но, без Французи“. ...
Пред само неколку дена се одбележа една година од трагедијата во која загинаа двајцата фудбалери, браќата Диого Жота и Андре Силва. Жота беше ѕвезда во дресот на Ливерпул и португалската репрезентација и тоа посебно беше тажно за многуте фанови. Сега се случи нова трагедија во португалскиот фудбал. Поранешниот играч на Бенфика, Ману го загуби животот во сообраќајна несреќа. Трагедијата се случила во Португалија, а Ману не успеал да се спаси. ...
Англија се пласираше во полуфиналето на СП откако со 2:1 славеше над Норвешка во меч кој траеше дури 120 минути. Норвешка прва даде гол, но Англија со голот на Џуд Белингам пред крајот од првото полувреме израмни на 1:1. Потоа повторно Белингам со својот втор погодок, овојпат во дополнителните 30 минути донесе победа на Гордиот Албион. При првиот погодок на Англија се случи еден спорен момент. Голманот на Норвешка, Орјан Ниланд ја исфрли ...
Контроверзниот израмнувачки гол на Џуд Белингам во победата на Англија над Норвешка (2-1) во четвртфиналето на Светското првенство и понатаму предизвикува бурни реакции. Откако ФИФА соопшти дека топката не го допрела кабелот од камерата над теренот, бројни фудбалски експерти и поранешни судии ја оспорија одлуката голот да биде признаен. Меѓу нив е и поранешниот англиски судија Марк Клатенбург. „Доколку топката навистина го допрела кабелот од ...
Поранешниот капитен на аргентинската фудбалска репрезентација, Антонио Ратин, почина на 89-годишна возраст, соопшти Фудбалската федерација на Аргентина. Легендарниот играч од средниот ред остави длабок белег во аргентинскиот фудбал, особено во дресот на Бока јуниорс, а еден инцидент во кој учествуваше засекогаш ги промени фудбалските правила. Ратин настапуваше за Аргентина на Светското првенство во Англија во 1966 година, каде што беше ...
Мануел Аканџи, еден од лидерите во репрезентацијата на Швајцарија, не ги штедеше критиките кон судијата Жоао Пињеиро од Португалија, кој го водеше четвртфиналниот дуел против Аргентина на Светското првенство. Швајцарците загубија со 3-1 по продолженијата, но по 70-та минута играа со фудбалер помалку поради вториот жолт, односно црвен картон за Брил Емболо, кој беше досуден по интервенција на ВАР-собата. „Кога заврши натпреварот, едноставно ...
Малку фалеше ова да биде прво Светско првенство на кое во шпанската репрезентација ќе нема ниту еден фудбалер од Реал Мадрид, што ќе беше преседан. Непосредно пред првиот меч на Шпанија на Мундијалот, Реал го потврди трансферот на Кукуреља од Челзи и така пред почетокот на турнирот, Реал сепак доби свој игра во составот на Црвената фурија. Тоа што има само еден играч во шпанската репрезентација, не значи дека Реал не доминира на овој турнир. ...