Фудбалската репрезентација на Швајцарија го заврши настапот на Светското првенство во четвртфиналето, откако по голема драма беше поразена од Аргентина со 3-1 по продолженијата. Сепак, најмногу внимание по натпреварот привлече контроверзната судиска одлука, по која швајцарскиот селектор Мурат Јакин не го криеше незадоволството. Според него, токму спорниот момент целосно го промени текот на средбата и ја оштети неговата селекција. Клучната ...

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварес, ѝ донесе предност на Аргентина против Швајцарија, откако го постигна вториот гол за својата репрезентација за водство од 2-1 во 112-та минута. Говорејќи за својот прв гол на Светското првенство во 2026 година, Алварез беше видно возбуден. „Многу сум среќен! Продолживме да се обидуваме до самиот крај, иако работите станаа тешки. Секогаш има многу приказни, но мора да се фокусираме на себе и на она ...

Аргентина е само на еден натпревар од пласман во второто последовно финале на Светското првенство во фудбал, откако во Канзас сити славеше над Швајцарија со 3-1 по продолженија. Натпреварот во големи периоди беше израмнет, и покрај црвениот картон на Брил Емболо за Швајцарците во 71-та минута. Сепак, селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, призна дека неговиот тим „многу страдал“ во овој дуел, а исто така му оддаде признание на противникот ...

Аргентинскиот тим при славјето со своите фанови, почна да ја пее и песната „Кој не скока, тој е Англичанец“, а во еуфоријата беше и Лионел Меси кој се соблече гол од половина нагоре и скокаше и мафташе со дресот. Полуфиналето со Англија ќе биде првиот меч на Аргентина против топ 10 селекција на ова СП, а Меси првпат во кариерата ќе игра меч против Гордиот Албион. Точно 40 години по легендарните голови на Марадона против Англија во Мексико ...

Светскиот првак Аргентина ја критикуваат дека има помош од судиите и дека има среќа што не играла против тим кој е во топ 10 на рангирањето на ФИФА, но факт е дека оваа „Скалонета“ постави еден рекорд во историјата на Мундијалите. Аргентина има серија од 12 мечеви по ред на СП на кои дава два или повеќе голови, сметајќи ги погодоците и во продолженијата. Тоа не е лесно да се оствари и со ефикасноста покажуваат се одличен тим, без разлика што ...

Полуфиналињата на СП 2026 се како од соништата, играат четирите најдобри на ФИФА листата, сите се поранешни светски прваци, а откако се дознаа полуфиналните парови, веднаш излегоа и нови квоти во Sport Life за тоа кој ќе биде првак, и кои две селекции ќе играат во големото финале. За тоа кој ќе ја освои титулата, прв фаворит е Франција, на Шпанија и Англија им се даваат исти шанси, додека актуелниот шампион Аргентина е благ аутсајдер, барем ...

Најдобриот аргентински фудбалер, Лионел Меси, иако не даде гол, повторно се најде во центарот на вниманието откако Аргентина по драма и продолженија ја елиминираше Швајцарија и обезбеди полуфинале на Светското првенство. Швајцарците тврдат дека Меси го искористил своето име и авторитет за да го натера португалскиот судија Жоао Пињеиро да го исклучи Брил Емболо. Камерите го снимија и моментот кога Меси му се приближи на португалскиот судија ...

2610 Малме – Гетеборг (14.00 часот) Малме и Гетеборг се стари лути ривали и без разлика што не се во борба за титулата во Шведска, нивните дуели предизвикуваат внимание. Малме има две победи по ред, а Гетеборг кој има само 10 бода од 11 меча, има две победи во последните четири кола. Малме е тим со без ниту едно реми сезонава на свој терен, а Гетеборг од десетте бодови кои ги има, осум му се на гости. Минатата сезона нивните меѓусебни ...

Селекторот на Швајцарија, Мурат Јакин, смета дека неговиот тим бил подобар од Аргентина од која загубија со 1-3 по продолженија. Имаат чувство на направда која им се случи во 72-ра минута кога по прегледување на снимка Емболо доби втор жолт картон и тоа за симулирање и беше исклучен. „Гледајќи го како се одвиваше играта, бевме подобри од нашите противници, но на крај немаме ништо од тоа. Горд сум на тимот и стручниот штаб, на начинот на кој ...

Десет фудбалски натпревари се најдоа во Супер тип 16-ката на Sport Life каде има одлични зголемени квоти. Она што прво паѓа во очи е дека дури и вакви зголемени, реписи сите квоти за конечен тип се под 2.00, што во теоорија укажува на големата веројатност за добивка. Има џокери со кои може да ја подобрите потенцијалната добивка и од тенис, безбол и кошарка, но таму супер квоти има смо за победи на фаворитите, додека кај фудбалите имате по ...

Сонот на Англија дека може да го повторат успехот од СП 1966 година кога прв и единствен пат станаа светски прваци, уште трае. Гордиот Албион се пласираше во полуфиналето на Мундијалот, откако по голема борба, со 2:1 ја елиминираа Норвешка и тоа во меч кој траеше 120 минути. Селекторот на Англија, Томас Тухел признава дека неговата селекција имала и многу среќа да се пласира во завршницата меѓу четирите најдобри. „На овој меч ги го загорчивме ...

Вкупен коефициент од 37.64 се нуди во денешните пет квоти на денот на Sport Life ако ги уплатите на ист тикет, а игрите се за мечеви во Шведска и Норвешка. За дербито Малме – Гетеборг кое се игра од 14 часот, може да одиграте дека домашните ќе дадат барем два гола од кои мора најмалку еден да биде во прво полувреме. Ако се оствари тоа, имате добитна квота од 2.25. Комбинацијата двата тима да постигнат гол и во двете полувремиња да има гол на ...

Мундијалскиот сон на Норвешка заврши во четвртфиналето, откако по голема борба загуби со 2:1 од Англија. Норвежаните одлично започнаа и поведоа со 1:0, но Англија израмни во финишот на првото полувреме. Норвешка потоа имаше неколку шанси за втор погодок, ја погодија и пречката, но резултатот остана 1:1, па мораше да се играат продолженија. Во дополнителните 30 минути Англија со вториот гол на Џуд Белингам стигна до 2:1 и победа за пласман во ...

Погодокот со кој Англија израмни на 1:1 пред крајот на првото полувреме против Норвешка е регуларен, тврдат од ФИФА. Норвешките фудбалери реагираа дека голот на Џуд Белингам треба да биде поништен поради тоа што топката имала контакт со сајлата на која е прицврстена воздушната камера. Голманот на Норвешка Ниланд од гол-аут исфрли една топка високо, а таа заврши на средината на теренот и Англија тргна во напад по кој постигна гол за 1:1. ...

Франција против Шпанија и Англија на мегдан против Аргентина се двете полуфинални пресметки на Светското првенство. Од 48-те национални селекции кои започнаа на Мундијалот, останаа само четири и тоа најдобрите. Пласманот на овие четири репрезентации во полуфиналето е реален, посебно ако се види актуелната ранг листа на ФИФА. Ова е прв пат во историјата на Мундијалите, во полуфиналето да бидат четирите најдобро пласирани селекции. Според ...

Лионел Меси и Аргентина го продолжуваат патот кон нова светска титула. Јужноамериканската репрезентација ќе игра во полуфиналето на СП 2026, откако по многу драма, со 3:1 по 120 минути игра ја елиминираше Швајцарија. Меси повторно имаше капитенска улога на теренот. Иако не постигна гол, тој беше „мозокот“ во играта на Аргентина, а асистираше за првиот погодок кога одлично го изведе корнерот, а Мекалистер погоди со глава. Со тој погодок, Меси ...

Аргентина останува во трката да го одбрани светскиот трон освоен пред четири години. Гаучосите се пласираа во полуфиналето на Мундијалот во САД, Канада и Мексико, откако со 3:1 ја елиминираа Швајцарија и тоа по 120 минути игра. Ова беше нов меч и нова драма за Аргентина во нокаут фазата. Откако по 90 минути резултатот беше 1:1, мораше да се играат дополнителни 30 минути, каде во херој на светскиот првак се претвори Хулијан Алварез. Ѕвездата ...

Швајцарија не успеа да се пласира во четвртфиналето на Светското првенство, откако по голема борба и 120 минути игра беше елиминирана од Аргентина. По регуларните 90 минути беше 1:1, но во дополнителните 30 минути, актуелниот светски првак постигна два погодоци и стигна до триумф од 3:1. Рамноправен противник беше Швајцарија во поголем дел од мечот, но хендикеп за нив преставуваше моментот од 71 минута кога Брил Емболо доби црвен картон. Тоа ...

Репрезентацијата на Аргентина се пласираше во полуфиналето на Светското првенство, откако по многу борба и драматична завршница, дури по 120 минути игра со 3:1 ја победи Швајцарија. Во регуларните 90 минут резултатот беше 1:1, а потоа во дополнителните 30 минути игра, Гаучосите постигнаа два гола за место меѓу четирите најдобри на планетарниот собир. Во полуфиналето, Аргентина ќе игра против Англија, која претходно, исто така по 120 минути ...

Репрезентациите на Аргентина и Швајцарија одиграа 1:1 по регуларните 90 минути игра, во последниот дуел од четвртфиналето на Светско првенство. Актуелниот светски првак водеше со погодокот на Мекалистер во 10 минута. Лионел Меси изведе корнер, а Мекалистер со глава погоди за 1:0 и тој погодок може да го видите ТУКА. Швајцарија не се предаде, па посебно во второто полувреме тргна многу поофанзивно и тоа се исплатеше. Во 67 минута, по едно ...

Англија е третиот полуфиналист на Светското првенство во фудбал, а рано утрово ќе дознаеме дали нивен следен ривал ќе биде Аргентина или Швајцарија. Џуд Белингам е херојот на Англичаните, ги даде двата гола во победата од 2-1, извојувана по продолженија. Белингам сега иа шест голови на ова СП и се изедначи со Хари Кејн. Англија е прв тим во историјата со двајца играчи со по 6 погодоци, а Реал Мадрид стана прв клуб чии играчи дале 19 голови на ...

При голот на Џуд Белингам за 1-1, топката удрила во кабелот на камерата во воздух, што требало да биде „мртва топка“, но немаше реакција од ВАР, акцијата продолжи и Англичаните постигнаа гол. Репризата покажа дека бидејќи Ниланд шутна високо, а топката удрила во кабелот на камерата пред да падне на теренот. Норвешките играчи беа видени како се расправаат со судиите, јасно покажувајќи нагоре во воздух. Врз основа на правилата на ФИФА, „ако ...

ВАР ја спаси Англија да не губи со 1-2 од Норвешка, а судијата Клеман Турпан прво ги израдува, па зачуди Англичаните кога одлучи да го поништи голот на Норвежаните, но да го повтори корнерот. Голот на Хегем не важеше поради претходен фаул на Халанд над Андерсон во мешаницата пред корнерот кој го изведе Одегард. Оваа ситуација предизвика различни коментари, а Вејн Руни за Би-Би-Си искоментира: „Англија е многу среќна со одлуката. Според мене, ...

Франција ги има Мбапе и Дембеле, Англија ги има Кејн и Белингам, ова се два тандеми на соиграчи кои пишуваат историја со постигнати 5 или повеќе голови, нешто што претходно на Мундијалите беше видено само четири пати. Белингам со својот петти гол на ова СП, е „икс факторот“ на Англија. Од 10 шута во рамки на гол има пет гола, има и една асистенција на пет ипол меча. Неверојатно, но вистинито, од 11-те голови на Белингам во дресот на ...

Андреас Шјелдеруп и Џуд Белингам беа стрелци на головите со кои Норвешка и Англија на полувреме отидоа со 1-1 во интересното четвртфинале на Светското првенство. Норвежаните 33 години немаа дадено гол против Англија, Шјелдеруп тоа го направи на атрактивен начин, веројатно и случајно, бидејќи делува оти намерата му беше да нафрли, а не да шутне во гол. Белингам го постигна 18-тиот гол на ова СП од играчи на Реал Мадрид, што е изедначување на ...

Голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, стана новиот рекордер на Англија по број на настапи на Светските првенства. Искусниот 32-годишен голман вечерва против Норвешка го игра својот 18-ти мундијалски натпревар за националниот тим. Така, Пикфорд го урна рекордот на поранешниот голман на Англија, Питер Шилтон, кој, сега на второ место е изедначен со напаѓачот Хари Кејн кој има 17 натпревари на СП. Голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, стана ...

Легендарниот дефанзивец на Милан, Паоло Малдини, стана нов технички директор на Италијанската фудбалска федерација. Поранешниот фудбалер потпишал четиригодишен договор, а исто така ќе ја комбинира својата позиција како директор со онаа на претседател на Клуб Италија, структурата што ја координира работата на италијанските репрезентации од сите возрасти. Од 2019 до 2023 година, Малдини беше технички директор на Милан. Поранешниот спортски ...

Доколку фаворитите Англија и Аргентина ја оправдаат својата улога вечерва против Норвешка односно Швајцарија и се најдат во полуфиналето на Мундијалот 2026, ќе имаме ситуација која досега не е видена на светските првенства. Тоа би било прв случај во полуфинале на едно СП да играат првите четири селекции од ранг-листата на ФИФА. Тоа ќе значи и дека на некој начин немало никакво изненадување и ова е најпредвидливо СП досега, но истовремено и ...

Репрезентацијата на Шпанија на доминантен начин ја освои титулата европски првак во конкуренција на фудбалери до 19 години кое се одржа во Велс. Шпанските јуниори ги добија сите пет меча на ЕП, вклучувајќи го и вечерашново финале против Германија со 2-0. Шпанскиот тим на овие пет меча (три во група плус полуфинале и финале) даде дури 19 голови, а не прими ниту еден. Стрелци на головите во финалето беа Уго Лопес од Вилјареал и Марио Ривас од ...

Градоначалникот на Канзас сити, Квинтон Луис, организираше забава за аргентинските навивачи во која и тој самиот учествуваше како да е најголем фан и со тапан давеше ритам. Тој им се придружи на навивачите во пресрет на четвртфиналниот натпревар на СП против Швајцарија кој ќе се игра во неговиот град, и ја искажа својата поддршка за актуелните светски шампиони. Околу 5 илјади навивачи учествуваа на традиционалната забава организирана за ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
7.2
49%
1004
weather icon

Белград

18ᴼ / 16ᴼ
7.2
60%
992
weather icon

Загреб

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
94%
988
weather icon

Софија

19ᴼ / 13ᴼ
16.46
61%
1003
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
4.32
80%
1000
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
4.63
98%
990
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
4.92
82%
1015
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
5.14
73%
1006
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
11.32
77%
1003
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
92%
1002
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 8ᴼ
1.34
97%
990
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
10.29
94%
1012
Currency

61.653

Currency

55.489

Currency

73.823

Currency

37.995

Currency

39.012

Currency

66.812

Currency

8.3273

Currency

0.66995

Currency

0.34785

Currency

0.52451

Currency

1.1042

Currency

0.59193

Иридиум

324722.54

Цинк

3.79

Кобалт

33.53

Калај

47.40

Рутениум

61086.42

Паладиум

31700.64

Злато

124908.87

Платина

48836.98

Сребро

1620.38

Бакар

12.41

Алуминиум

3.01

Родиум

294983.10