Репрезентацијата на Шпанија на доминантен начин ја освои титулата европски првак во конкуренција на фудбалери до 19 години кое се одржа во Велс. Шпанските јуниори ги добија сите пет меча на ЕП, вклучувајќи го и вечерашново финале против Германија со 2-0. Шпанскиот тим на овие пет меча (три во група плус полуфинале и финале) даде дури 19 голови, а не прими ниту еден. Стрелци на головите во финалето беа Уго Лопес од Вилјареал и Марио Ривас од ...

Шпанија е апсолутен владетел на младинскиот фудбал во Европа. „Фуријата“ целосно го оправда својот прекар, бидејќи денес во финалето на Европското првенство до 19 години во Рексам успеа да ја победи Германија со 2-0 (1-0). Лопез им донесе водство на Шпанците во 44-тата минута, а на почетокот на второто полувреме, по само три минути игра, Ривас ги постигна конечните 2:0. На овој начин, Шпанија успеа да ја освои титулата со неверојатен настап, ...