Десетте гола кои паднаа во победата на Англија над Франција од 6-4 во дуелот за трето место на СП 2026, придонесе овој меч да се памети веројатно уште долго. На фудбалските Мундијали, уште од 1982 година кога Унгарија го тресна Ел Салвадор со 10-1, не беше виден меч со 10 голови. Рекордот е 12 голови, од победа на Австрија над Швајцарија од 7-5 во 1954 година. Од 1958 година наваму, не беше видено на едно исто СП на два меча да имаа 8+ ...

Букајо Сака одигра клучна улога во спектакуларната победа на Англија од 6-4 над Франција во натпреварот за бронзениот медал на Светското првенство. Крилниот напаѓач на Арсенал постигна хет-трик и ја посвети победата на навивачите на „Трите лава“. Тој им се придружи на Џеф Херст, Гари Линекер и Хари Кејн како единствените Англичани кои постигнале три гола во еден натпревар на СП, а стана само втор играч по Пеле во 1958 година кој направил ...

Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, стана најдобар стрелец во историјата на Светските првенства. Тој синоќа постигна два гола во натпреварот за третото место против Англија и има 22 гола на Мундијалите, надминувајќи го Аргентинецот Лионел Меси кој има 21 и вечер има шанса да го подобри својот биланс. „Да бидам искрен, би сакал да не бидам најдобар стрелец, а да бидам во финалето на Светското првенство. Двете полувремиња беа сосема различни. ...

Фудбалската репрезентација на Англија го освои третото место на Светското првенство, откако во неверојатна голеада славеше против Франција со 6-4 во Мајами. Двете селекции имаа добри моменти, Англија по првиот дел поведе со 4-0, а Франција многу брзо се врати до 4-3 во вториот дел. Сепак, на крајот Англичаните стигнаа до триумф од 6-4. Килијан Мбапе постигна два гола за Франција и на овој Мундијал стигна до десет постигнати гола, а вкупно 22 ...

Светското првенство влегува во својата завршница. Вечерва се игра натпреварот за третото место, а утре Аргентина и Шпанија ќе се борат за највредниот трофеј во светскиот фудбал. Покрај престижот, финалистите ќе се натпреваруваат и за огромна финансиска награда. ФИФА за Мундијалот обезбеди рекорден награден фонд, а новиот светски шампион ќе инкасира дури 50 милиони долари. Поразената селекција во финалето ќе добие 33 милиони долари, додека ...

Франција е понижена на најсуров начин по само едно полувреме од дуелот за третото место на Светското првенство. Тоа е последен меч за Дидие Дешан како селектор, а ќе биде испратен со убедлив пораз, ако се суди според играта на Триколорите во првите 45 минути. pic.twitter.com/dCkAsRQF2a — ✦ @TalkFootX ✦ (@ShirleenOh52187) July 18, 2026 Англија првиот дел го доби со неверојатни 4-0. Французите излегоа како на прошетка, за разлика од ...

Реал Мадрид ќе биде без Родриго уште неколку месеци, откако шпанскиот весник „АС“ објави дека бразилскиот репрезентативец нема да биде подготвен за настап пред почетокот на 2027 година. Дваесет и петгодишниот офанзивец сè уште е во процес на рехабилитација по тешката повреда на коленото, која предвреме ја заврши неговата сезона 2025/26, а воедно го лиши и од настап на Светското првенство 2026 со репрезентацијата на Бразил. Повредата ја ...

Селекторот на САД, Маурисио Покетино, во интервју за шпанското радио „Копе“ откри дека добил понуда за продолжување на договорот со американската репрезентација, а истовремено го сподели и своето мислење за големото финале на Светското првенство меѓу неговата родна Аргентина и Шпанија. Аргентинскиот стратег, чиј тим беше елиминиран во осминафиналето на Мундијалот 2026, смета дека во финалето нема апсолутен фаворит и дека шансите на двете ...

Легендарниот шпански фудбалер Андрес Иниеста, еден од клучните играчи во генерацијата која ја освои светската титула во 2010 година, го сподели своето мислење за големото финале на Светското првенство 2026 меѓу Шпанија и Аргентина. Поранешниот играч на Барселона зборуваше и за тоа како неговата поранешна репрезентација би можела да го запре Лионел Меси, неговиот долгогодишен соиграч од каталонскиот клуб. Според Иниеста, целосно запирање на ...

Легендарниот англиски напаѓач и втор најдобар стрелец во историјата на англиската репрезентација, Вејн Руни, смета дека Томас Тухел треба да остане селектор на националниот тим, освен доколку Фудбалската асоцијација на Англија не успее да го ангажира Пеп Гвардиола. Англија не успеа да се пласира во финалето на Светското првенство 2026, откако во полуфиналето беше поразена од Аргентина со 2-1. По натпреварот, Тухел се најде на удар на јавноста ...

Летниот преоден рок влегува во својата најважна фаза, а Жозе Мурињо продолжува да инсистира на ангажманот на италијанскиот репрезентативец Алесандро Бастони. Португалскиот стратег го гледа стоперот на Интер како идеално решение за одбраната на Реал Мадрид и врши притисок врз клупското раководство да го реализира трансферот. Сепак, од „Сантијаго Бернабеу“ му порачале дека евентуалниот ангажман на Бастони ќе биде можен само доколку претходно се ...

Челзи го реализираше еден од најголемите трансфери ова лето, откако постигна договор со Астон Вила за ангажманот на Морган Роџерс. Англискиот репрезентативец беше меѓу најбараните фудбалери во Премиер лигата, а неговиот трансфер предизвика вистинска сензација на Островот. За услугите на Роџерс сериозен интерес покажуваа и Манчестер сити и Манчестер јунајтед, додека Арсенал долго време важеше за главен фаворит за неговиот потпис. Сепак, ...

Компанијата „Гугл“ објави видео од рекреираниот најубав гол во кариерата на фудбалската легенда Пеле. Не постои оригинална снимка од голот, само фотографија, но потребно е да се види целата акција, не само завршницата за да се види каква мајсторија направил Кралот на фудбалот. Користејќи технологија со вештачка интелигенција, и раскажување на сведоци, беше рекреиран голот што го постигна Бразилецот на 2-ри август 1959 година, на натпреварот ...

Црвена ѕвезда продолжува со составувањето на тимот за новата сезона, а белградскиот клуб официјално го потврди ангажманот на американскиот кошаркар Патрик Болдвин јуниор. 23-годишниот крилен кошаркар пристигнува во Белград како поранешен 28-ми пик на НБА драфтот во 2022 година. Болдвин беше избран од Голден Стејт вориорс, а во досегашната кариера настапуваше и за Вашингтон визардс, како и во развојната НБА лига. Станува збор за кошаркар висок ...

Францускиот репрезентативец Ибрахима Конате испрати емотивна порака во пресрет на натпреварот против Англија за третото место на Светското првенство 2026, истакнувајќи дека неговата репрезентација има обврска достоинствено да се прости од селекторот Дидие Дешан. Иако Триколорите останаа без можност да се борат за светската титула, дефанзивецот на Франција нагласи дека тимот ќе даде максимум за да го заврши турнирот со победа и на најдобар ...

Легендарниот хрватски напаѓач Давор Шукер даде изјава во која ја коментираше изјавата на селекторот на Англија, Томас Тухел, дека ниту Англија ниту Франција не сакаат да го играат натпреварот за третото место на Светското првенство. Тухел изјави: „Никој од нашите играчи и ниту еден од француските играчи не сака да го игра овој натпревар. Тие сакаат да играат во финалето. Сите играат за да го освојат Светското првенство. Имаме еден ден помалку ...

Легендата на англискиот фудбал и поранешен капитен на репрезентацијата, Вејн Руни, покажа дека ветувањата треба да се исполнуваат. Поранешниот напаѓач на Манчестер jунајтед го реализираше необичното ветување што го даде за време на Светското првенство 2026. Руни пред неколку дена изјави дека ќе седне во чамец и ќе весла по реката Мерси доколку Норвешка успее да го елиминира Бразил и да стигне до четвртфиналето на Мундијалот. Малкумина веруваа ...

Како што се наближува големото финале на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, така расте и вистинската треска за билети. На официјалните продажни канали одамна нема слободни места, а цените на секундарниот пазар достигнуваат неверојатни суми. Иако беше јасно дека билетите нема да бидат евтини, понудите што се појавија на интернет ги надминаа сите очекувања. За разлика од Светското првенство во Катар во 2022 година, кога најскапата ...

Струга Трим Лум и италијанскиот голман Марко Анџелети ја завршија соработката пред истекот на договорот, откако двете страни постигнаа договор за спогодбен раскин. Анџелети зад себе остава одлична сезона во дресот на стружани, во која се наметна како еден од најсигурните чувари на мрежата во македонскиот фудбал. Италијанецот беше најуспешниот голман во Првата македонска фудбалска лига, откако на 15 натпревари успеа да ја сочува својата мрежа ...

Леброн Џејмс кој наскоро ќе наполни 42 години и веројатно ќе ја игра последната сезона од неговата долга и блескава НБА кариера, уште ја држи целата НБА во неизвесност околу тоа каде ќе игра. Легендарниот кошаркар ќе продолжи да игра, а пред повеќе од две недели тој објави дека ги напушта Лос Анџелес Лејкерс. Неизвесноста влијае не само на навивачите и тимовите, туку и на раководството на лигата. Комесарот Адам Силвер не сака да ризикува да ...

Македонскиот репрезентативец Јован Манев е нов член на Шкендија. Централниот дефанзивец пристигнува од хрватска Риека и со тетовскиот клуб потпиша договор до летото 2028 година. Шкендија ја потврди соработката со 25-годишниот стопер, кој по успешно поминатите медицински прегледи стави потпис на двегодишен договор во присуство на спортскиот директор Ардијан Цуцули. Тетовци добиваат искусен дефанзивец со меѓународно искуство, кој веќе подолг ...

Познатиот канадски рапер Дрејк, често се обложува на големи суми и најчесто губи пари, а овојпат тој се обложи на победа на Аргентина против Шпанија во финалето на Светското фудбалско првенство. Дрејк уплатил 1,5 милиони долари на победа на Меси и другарите, и чека добивка од 5,1 милион ако Гаучосите го добијат мечот за титула во 90 минути игра. Во 2022 година, Дрејк истотака се обложи (уплати 1 милион долари) на Аргентина за победа во ...

Поранешниот шпански репрезентативец Жоан Капдевиља, кој беше дел од славната генерација што ја освои светската титула во 2010 година, би можел да го пропушти финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина поради неочекувани административни проблеми. Некогашниот лев бек откри дека неговото барање за електронска патна авторизација за влез во САД било одбиено, поради што не може да отпатува во Њу Џерси, каде што утре ќе се одигра ...

Лионел Меси кој има рекордни осум „Златни топки“ на магазинот „Франс фудбал“ за играч на годината, ако ја одведе Аргентина до нова светска титула, би можел и по деветти пат да биде прогласен за најдобар на светот. Меси ќе биде кандидат, благодарение на промена на правилата во 2007 година. До таа 2007 година, правилото за избор на освојувачот на „Златната топка“ беше друго, дотогаш кандидати беа само фудбалери кои играат во Европа. Пред 19 ...

Специјалот на Sport Life е особено богат за мечот за трето место на СП, има еден куп нестандардни игри збогатени со игри кои ретко ги има. Уфрлени се опции кој играч ќе има асистенција, кој играч ќе добие жолт картон, кој играч колку шутеви во рамки на гол ќе има, итн. Тука се и бројните игри на офсајди, шутеви, корнери, фаули, стрелци, начин на одлука. Фаворити за прв стрелец се Мбапе и Кејн, може да одиграте и на пенал, автогол, дали некој ...

Поранешниот непоразен и легендарен ултимејт фајт шампион, Хабиб Нурмагомедов, објави политички наелектризирана слика на социјалните мрежи. Во пресрет на финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија, Русинот порача дека одлуката за кого да навива е инспирирана од ставовите на овие земји во врска со израелско-палестинскиот конфликт. „Финалето на Светското првенство ќе биде помеѓу Аргентина, која го сака Израел, и Шпанија, која ја ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Скалони, изјави дека навивачите се најголемата мотивација за неговиот тим во обидот да ја одбрани титулата на Светското првенство. Аргентина ќе игра против Шпанија во финалето утревечер, а Скалони истакна дека токму поддршката од навивачите ги држи гладни за нови успеси, и покрај фактот дека неговиот тим е актуелен светски шампион. „Ги гледате вашите луѓе, начинот на кој слават и ...

Бонус квотите за финалето и натпреварот за трето место нудат одлични опции со огромни квоти. Ако верувате дека на мечевите за трето место и финалето на СП 2026 ќе има 2-3 гола и двата тима ќе постигнат гол, добивате бонус квота од 14.0. Бонус типови со уште поголеми двоцифрени квоти има и за игрите 2-3I&4+, GGI&3+, како и 0-1I&2-3 II. Не може сите да бидат добитни, но секоја одделно е привлечна и ако ја одберете вистинската ...

Десниот бек Валдис Калнинш, кој дебитираше за сениорската репрезентација на Летонија на 15-годишна возраст, е на добар пат да стане првиот во историјата кој постигнал 100 голови на младинско Европско првенство. Калнинш започна со по 8 гола против Шпанија и Австрија, а постигна по 14 против Исланд и Норвешка. Следуваа 17 голови на натпреварот против Македонија, кој нашата селекција го доби со 35-31. Потоа Калнинш им даде 12 гола на Чесите, а ...

Бет билдерите на Sport Life се посветени на дуелот на Франција и Англија за трето место на Светското првенство, а квотите се од 15 до 20 и за да бидат добитни потребно е да се исполнат по четири услови. Имате варијанти кои ја фаворизираат Франција, има и неутрални, и оние кои се по вкус на тие што мислат дека Англија ќе триумфира. Бет билдерите на Sport Life се посветени на дуелот на Франција и Англија за трето место на Светското ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
67%
1005
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
6.69
63%
994
weather icon

Загреб

14ᴼ / 13ᴼ
3.09
94%
988
weather icon

Софија

19ᴼ / 13ᴼ
10.29
62%
1005
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
3.61
80%
1002
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
4.12
98%
989
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
4.92
86%
1015
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
5.14
67%
1006
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
7.72
77%
1003
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
1.03
91%
1004
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
2.57
97%
993
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
6.69
94%
1013
Currency

61.664

Currency

55.489

Currency

73.831

Currency

37.999

Currency

39.016

Currency

66.824

Currency

8.3272

Currency

0.66995

Currency

0.34791

Currency

0.52464

Currency

1.1043

Currency

0.59193

Родиум

294983.10

Сребро

1620.38

Цинк

3.79

Злато

124908.87

Платина

48836.98

Рутениум

61086.42

Калај

47.40

Иридиум

324722.54

Алуминиум

3.01

Паладиум

31700.64

Бакар

12.41

Кобалт

33.53