Шкендија сосема заслужено забележа победа од 0-2 во првото „црвено-црно“ дерби оваа сезона и тоа на гостински терен во Скопје. Вардар одигра катастрофално второ полувреме, а по завршувањето на мечот можеа да се видат немили сцени на тревникот. Во мешаницата учествуваа фудбалерите на двете екипи, но и резервните клупи. Навистина непотребно, бидејќи мечот на Националната арена беше мирен и на тревникот и на трибините, а Шкендија заслужено го ...
Големото македонско дерби меѓу Вардар и Шкендија, кое заврши со победа на тетовскиот тим од 2-0, беше засенето од немили сцени по последниот судиски свиреж на арената во Скопје. По завршувањето на натпреварот дојде до тензии меѓу фудбалерите на двете екипи, кои прераснаа во физичка пресметка на теренот. Дел од играчите влегоа во меѓусебни конфликти и се бркаа низ тревникот, додека нивните соиграчи и членовите на стручните штабови се обидуваа ...

