Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Холивудската ѕвезда Том Круз ќе ја добие престижната награда за животно дело на Американскиот филмски институт (АФИ), како признание за неговата повеќедецениска кариера и придонесот во филмската индустрија. Шеесет и четиригодишниот актер ќе биде почестен на свечена церемонија на 24 април 2027 во театарот „Долби“ во Лос Анџелес, каде што традиционално се одржува и доделувањето на Оскарите. Круз е една од најголемите холивудски ѕвезди, познат ...
„Ејч-Би-О“ ќе снима минисерија инспирирана од „Птици“, култниот хорор на Алфред Хичкок, во која главната улога ќе ја игра Сара Снук (фото), објави „Вараети“. Серијата ќе биде заснована врз филмот на Хичкок од 1963 и истоимениот роман на Дафне ди Морие. „Бегајќи од жестока битка за старателство, Мајра Меси (Снук) се враќа дома со својата мала ќерка, тајно истражувајќи го сомнителното исчезнување на пријател од детството. Додека убиецот е на ...
На 11 ноември 2026 година, со почеток во 20 часот, во НУ Тетовски театар – Тетово премиерно ќе биде изведена драмата „104“ од Драгана Лукан Николоски, во режија на Нина Николиќ. Со оваа праизведба се заокружува сценската реализација на „Трилогија за „љубовта““, која ги обединува драмите „Марта Верина“, „АННА“ и „104“. По изведбата ќе се одржи промоција на заедничкото книжно издание, објавено од „Чудна шума“. Три драмски текста, три сценски ...
Непријатен инцидент се случил за време на емисија во живо на мексиканската телевизија, кога водителот Ернесто Чавана шутнал дрон што летал низ студиото, по што леталото удрило во лицето на колумбиската манекенка и танчерка Изабела Рохас. Таа се здобила со полесни повреди на усната, а снимката од настанот брзо се проширила на социјалните мрежи, пренесува „Марка“. Инцидентот се случил во студиото на телевизискиот канал „Канал 6“, во рамките на ...
Ако планирате да поминете квалитетно време пред екраните овој месец, ноември носи исклучително богата понуда на стриминг-платформите. Од долгоочекувани научнофантастични спектакуларни продолженија и врвни криминалистички драми, па сè до духовити комедии и биографски приказни, овие 12 телевизиски серии се издвојуваат како најдобриот избор за гледање, пишува „Би-би-си“. 1. The Gilded Age – Позлатената ера (Сезона 4 — Ејч-би-о / Скај Атлантик) ...
Американските синџири киносали „Регал“ и „Синемарк“ нема да го прикажуваат филмот „Понатамошните незгодни авантури на Клиф Бут“ (The Further Mis-Adventures of Cliff Booth) на „Нетфликс“ во своите „ајмакс“-сали. Во филмот, Бред Пит повторно го толкува ликот од остварувањето „Си било еднаш во Холивуд“ (Once Upon a Time in Hollywood), пренесуваат американските медиуми. Филмот е во режија на Дејвид Финчер, според сценариото на Квентин Тарантино. ...
Лео Енсинас Круз (15), постариот син на шпанските актери Пенелопе Круз и Хавиер Бардем, се појави во филмот „Црна топка (La bola negra), во кој глуми и неговата мајка. Филмот беше избран од Шпанија за свој кандидат за Оскар. Гледачите на оваа драма, која сега е достапна за гледање на „Нетлфликс“ го забележаа Лео во кратка групна сцена на самиот крај од филмот. Според „Хелоу“, неговата улога е симболична и без ниту една реплика, но за ...
На 9ти септември во Белград ќе биде отворена изложбата „БРУТАЛИСТ” 01.09.2026 • Информации Уметност На 9 септември 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во Галерија 73 во Белград, ќе биде отворена изложбата „БРУТАЛИСТ”, заеднички проект на македонските автори Благојче Наумоски – Бане и Петар Новковски – INCHRONAX БРУТАЛИСТ Проектот „БРУТАЛИСТ“ претставува современо визуелно истражување кое се наоѓа на пресекот меѓу геометриската ...
По повод „4 Ноември“- Денот на ослободувањето на Битола во Центарот за култура се одржа свечената академија на која беа доделени четвртоноемвриските награди. Наградата за животно дело и беше доделена на истакната македонска актерка и доајенка на Народниот театар во Битола, Соња Михајлова. „Актерката Соња Михајлова има големото достигнување од областа на културата и драмската уметност, работи со прецизна техника суптилен, емоционален актерски ...
Уметничка средба и отворање на изложбата на Доротеј Нешовски „Тела во трансформација и експериментални мапирања – Булевари“. Ве очекува средба во која разговорот излегува од рамките на традиционалната дискусија, а движењето и заедничкото истражување стануваат дел од уметничкото доживување! Средбата е замислена како интерактивно истражување во кое публиката е активен учесник. Движејќи се низ просторот на Институтот заедно со уметникот, ...
Во Галерија „Рудиќ“ вечер од 19 часот ќе биде отворена изложба на полароиди на италијанскиот фотограф Патрицио Чиполини, насловена „Душе”, која ја тематизира минливоста и магијата на моментот. -Чиполини ги користи несовршеностите на полароидната фотографија за да ја нагласи минливоста на моментот: меките, избледени бои и благиот контраст ја претвораат секоја слика во мал артефакт. Непредвидливите протекувања на светлина и неправилните рабови ...
Џони Деп не ја исклучува можноста повторно да го облече пиратскиот костим и да се врати во улогата на легендарниот капетан Џек Спероу во шестото продолжение на филмската франшиза „Пиратите од Карибите“. Актерот откри дека има една важна причина поради која би се согласил повторно да биде дел од приказната, а неговата одлука во голема мера е поврзана со желбата серијалот да добие достојно продолжение, но и со довербата што ја има во ...
Три часа музичка магија, време исполнето со раскошни звуци, виртуозни изведби, силни емоции, несекојдневна енергија и извонредна комуникација со публиката. Вака накратко може да се опишат двете концертни вечери на нашиот виртуоз на пијано, Симон Трпчески, во полната сала на Македонската филхармонија. Трпчески заедно со своите гости, врвни музичари, покажа дека камерната музика е многу повеќе од совршено усогласена изведба. – Камерното ...
Музичко-сценскиот перформанс „Полноќни приказни во Офицерската палата“, во режија на Дејан Пројковски и во продукција на КИЦ Битола, ја заокружи свечената академија по повод 4 Ноември. Старите фотографии на Битола добија нов живот на сцената на Центарот за култура. Пред сликите на некогашните улици, градски куќи и луѓе, музичари, актери, танчари и хор создадоа современа сценска приказна, во која значајно место имаше и визуелниот перформанс со ...
Под мотото „Сите бои на сеќавањето“, на 7 ноември, во Битола ќе се одржи концертот „Музика и слово“, посветен на македонското и хрватското музичко творештво. На концертот, кој ќе започне во 19 часот во КИЦ Офицерски дом, ќе настапат сопранистката Маја Митровска и пијанистката Јана Четелева-Белевска, истакнати уметнички со богато изведувачко и педагошко искуство. Програмата носи спој на музиката и поезијата преку дела на познати македонски и ...
Џони Деп во текот на кариерата неколкупати се најде во самиот врв кога станува збор за најважните филмски признанија, но една од поинтересните приказни од неговото минато се случила многу пред неговите номинации за Оскар. На почетокот на деведесеттите, неговото име било разгледувано за улогата во филмот „Чаплин“, биографска приказна за легендарниот Чарли Чаплин, во режија на Ричард Атенборо. Деп, сепак, не се задржал долго на размислување за ...
Џорџ Клуни доби Оскар за филмот „Сиријана“, а улогата најпрво му била понудена на Харисон Форд. Харисон Форд ги одбележа „Војна на ѕвездите“, „Индијана Џонс“ и „Истребувач“, а своевремено ја одбил оваа улога, поради што подоцна зажалил. Форд, по многу години, призна дека не бил доволно убеден во сценариото кога му бил понуден проектот. Неговите сомнежи пред сè се однесувале на тоа колку приказната е веродостојна, поради што решил да не ја ...
Филмската и телевизиска академија на Јадранскиот регион (АФА), основана од шест регионални филмски фестивали, ги објави номинациите за овогодишните „Јадрански филмски награди (Adriatic Film Awards)“ (АФА), соопштија организаторите. Наградите што ги доделува оваа фестивалска мрежа ги одликуваат најзначајните филмски продукции и телевизиски серии во регионот. Оваа година се доделуваат 10 филмски награди во категориите: најдобар филм, најдобар ...
Филмот „Одисеја“ го надмина „Светот Јура“ (Jurassic World) и стана филм на студиото Јуниверзал Пикчрс со најголема заработувачка на сите времиња, само неколку месеци по премиерата. Блокбастерот, кој во кината пристигна на 17 јули, е адаптација на старогрчкиот еп на Хомер и го следи Мет Дејмон во улогата на Одисеј, грчкиот крал на Итака, на неговото опасно десетгодишно патување дома по Тројанската војна. Филмот оствари заработувачка од 1,7 ...
Хорор-комедијата „Widow’s Bay“, за град со духови во Нова Англија, беше најголемиот победник на овогодишните телевизиски награди „Еми“, освојувајќи рекордни 14 статуетки, вклучувајќи ја и наградата за најдобра хумористична серија, а медицинската драма „The Pitt“ повторно е прогласена за најдобра драмска серија. „Widow’s Bay“ ја надмина последната сезона од серијата „Hacks“, минатогодишниот победник во категоријата хумористична серија. Додека ...
Американската актерка Лили Колинс се збогува со серијата „Емили во Париз“ откако го заврши своето последно снимање во улогата на Емили Купер. По повод крајот на ова важно поглавје во нејзината кариера, таа сподели емотивна порака на Инстаграм во која се осврна на годините поминати со популарната серија на Нетфликс. „Немам зборови. Невозможно е да се најдат зборови за тоа што ова патување значеше за мене. Толку години, Емили беше дел од мојот ...
Трилерот „Животни“, во режија на Бен Афлек трета недела по ред се наоѓа на прво место на глобалната листа на најгледани филмови на англиски јазик на платформата „Нетфликс“. Од премиерата на 9 октомври, филмот остварил вкупно 65,3 милиони прегледи. Според податоците што „Нетфликс“ ги објави на својата платформа „Тудум“, од 19 до 25 октомври филмот забележал 10,7 милиони прегледи, со вкупно 19,3 милиони часови гледаност. Иако резултатот е ...
Денес, среда 14 октомври 2026 на Јутјуб премиерно e промовиран најновиот музички спот на Владимир Четкар за неговата авторска композиција „Охрид“, инспирирана од убавината, духот и безвременската магија на македонскиот езерски бисер и негов роден град. Композицијата „Охрид“ е целосно авторско дело на Четкар, кој се потпишува како композитор, аранжер, текстописец, музички продуцент и изведувач (вокал и гитара). Снимањето и музичката продукција ...
Кантавторот и поп пејач Дарио Панковски ја промовираше новата песна „Живот е лото“, за која вели дека е весела и брза, со модерен поп ритам, во медитерански стил и со впечатлив рефрен. Музиката и текстот се на Дарио, а аранжманот е на неговиот долгогодишен соработник Кристијан Габроски. „Ова е весела, брза и оптимистична песна со модерен поп ритам во медитерански манир, со нагласен хитовски рефрен. Иако звучи како лесна за весела атмосфера, ...
Eден од најголемите и најпрепознатливи македонски интерпретатори на народна музика Наум Петрески премиерно ја претставува својата најнова авторска песна „А ти, а јас“, која за првпат ѝ се претставува на јавноста. Комплетен автор на композицијата е проф. Марјан Јанкоски, кој ги потпишува музиката, текстот и аранжманот. Песната е снимена со големиот студиски оркестар на Klarion Music Production, составен од 15 професионални музичари, во целосно ...
Младата македонска музичка кантавторка и пејачка Марија Спасовска ја објави својата нова песна „100 промили“. Вообичаено, песната е проследена и со официјален видеоспот, кој веднаш по премиерата е достапен на нејзиниот канал на YouTube, како и на сите дигитални музички платформи. Инаку „Сто промили“ е уште едно музичко парче од новитиот сет песни кои се најдоа на нејзиниот дебитантски албум „Седатив“, кој излеза пред почетокот на летото. Зад ...
Кога музиката ќе ги каже и оние нешта за кои понекогаш зборовите се немоќни, се раѓа приказна што допира до срцето. Токму таква е „Нов свет“ – новата песна и видеоспот зад кои стојат Јована Богданоска, Мики Секуловски и „Маестро бенд“, музичка соработка исполнета со емоции, искреност и моќни вокални интерпретации. Новата музичка приказна веќе е достапна на YouTube-каналот на „Македониум“, а зад музиката, текстот, аранжманот и комплетната ...
Песната беше премиерно претставена на големиот концерт на Калиопи минатиот викенд, пред многубројната публика во арената „Борис Трајковски“. Комплетен автор на песната е Ромео Грил – музика, текст, аранжман и продукција. „Лаж“ можете да ја слушнете на сите дигитални платформи: Видео спотот е во режија на Лука Сеп, а продукцијата е на Kavakava Production. Погледнете го официјалниот видео спот на YouTube каналот на Калиопи: Песната беше ...
По една недела интензивни проби во Малта, Ана Стојаноска е подготвена да ги брани боите на македонското знаме на 24-тото издание на Јуниорскиот евросонг. Тимот на Македонската Телевизија вечерва се соочува со еден од клучните моменти во јуниорското патување – генералната проба за стручното европско жири. Шеснаесет петчлени жирија ширум Европа ќе ги оценуваат изведбите на најмалите големи таленти, меѓу кои е и нашата Ана и песната „Идната ...
„Меморија“ – групата што остава силна трага во македонската рок-музика се врати пред својата публика со голем концерт во Скопје на 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Спортскиот центар „Јане Сандански“ беше местото каде што повторно се слушаа песните со кои генерации растеа, се вљубуваа, разменуваа емоции и создаваа свои музички спомени. Со тричасовен концерт „Меморија“ испиша уште едно поглавје од својата историја ...