Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Претставата „Замисли нов свет“, работена според делата на Горан Стефановски а во режија на Нела Витошевиќ е утре на репертоарот на МНТ. Овој театарски проект е своевиден омаж на магот на македонската драматургија Горан Стефановски а истовремено е проект на Телеком во соработка со МНТ, идеја на маркетинг-агенцијата Saatchi&Saatchi Скопје дел од Публицис Групацијата, инспирирана од творештвото на Стефановски, со кој ќе бидат заокружени ...
Долгогодишно прогласуван од своите фанови за крал на афробитот, покојниот Фела Кути конечно добива признание од глобалната музичка индустрија. Нигерискиот ѕвезда ќе ја добие постхумно наградата за животно дело на Греми, речиси три децении по неговата смрт на 58-годишна возраст. „Фела долго време беше во срцата на луѓето. Сега и Греми го призна тоа, и тоа е двојна победа“, изјавува неговиот син, музичарот Сеун Кути, за BBC. „Ова ја враќа ...
Прeтставен поектот за „Битлси“ кој ќе се состои од 4 филмови и ќе биде готов во април 2028 година. Проектот ја раскажува приказната на групата од перспектива на секој од четворицата членови, а главните улоги ги толкуваат едни од најактуелните актерски имиња денес. Пол Мескал ќе го игра Пол Макартни, Бери Киган е во улогата на Ринго Стар, Џозеф Квин ќе го портретира Џорџ Харисон, додека Харис Дикинсон ќе се појави како Џон Ленон. Првите ...
Во Македонскиот народен театар (МНТ) започнаа пробите за претставата „Син понеделник“ од Калија Киселичка и во режија на младиот Борјан Стојков. Претставата е копродукција помеѓу „Перипетија Продукција“ и МНТ и во соработка со студиото за актерска игра „Прва проба“. Премиерата е предвидена за март 2026 година. Проектот е резултат на повеќегодишниот истражувачки процес во рамките на проектот „TRY – Театарот ги обединува младите“, кој се ...
На 28 јануари, по повод завршувањето на регионалниот проект за поддршка на копродукции, амбасадорот на Франција организираше средба со францускиот продуцент Паскал Жиделевиц, со македонски филмски работници – меѓу кои режисерките Тамара Котевска, Дина Дума и Марија Апчевска – како и со Игор Иванов-Изи, претседател на Друштвото на филмските работници, и Вероника Бучковска, раководителка за меѓународна соработка во Агенцијата за филм на ...
Вечерта на 31 јануари, сабота, во „Ночолино“ ланџ бар & џелатерија во „Охрид мол“, е резервирана за музички страсти со Ѓоко Танески. Еден од највечатливите вокали кај нас во живо ќе ги отпее најубавите музички рефрени по кои се препознатливи настапите на Ѓоко Танески. Настанот почнува во 21 часот, а местата се ограничени, информира организаторот. OhridNews Вечерта на 31 јануари, сабота, во „Ночолино“ ланџ бар & џелатерија во ...
Македонскиот фри-џез состав „Светлост“ утре, 31 јануари свири во „Ѕе“, како завршеток на нивната тридневна турнеја. „Музиката на ‘Светлост“ носи елементи на дарк, дум, панк, модални и психоделични форми на џез. Најновиот албум на бендот, ‘Everything Was As It Had Been a Minute Ago’ од 2024 година, беше ко-издание од ‘PMGJazz’ (Скопје) и ‘Inverted Spectrum Records’ (Будимпешта/Анкара/Белград) беше нивни трет албум на листата на Bandcamp Daily ...
На 3. февруари 2026 (вторник) во 19:30 часот во Битолскиот театар, ќе се одржи исклучителна културна вечер што ги спојува традицијата и современата уметност на Кина, со Сичуанската и Пекиншката опера кои ќе претстават: народна музика, танц, боречки вештини, акробатика, легендарната уметност на менување лица. Настапуваат: Сичуанскиот оперски ансамбл, Универзитет за уметности од Ченгду, специјални гости: Театар „Џингџу“ – Пекинг. Уметнички ...
Пост Малон, Слеш, Чед Смит и Лорин Хил ќе предводат all-star трибјути за Ози Озборн, Д’Анџело и Роберта Флек на Греми наградите во 2026 година Бренди Кларк, Риба Мкентајр и Лукас Нелсон исто така ќе настапат во сегментот „In Memoriam“ Церемонијата ќе се одржи в недела (1 февруари) во Crypto.com Arena во Лос Анџелес, а Академијата за снимање на музика, најави специјални трибјут настапи за починатите артисти. Во чест на починатиот пионер на ...
Пол Дано се појави на Санданс фестивалот за првпат откако Квентин Тарантино го шокираше интернетот со критики за неговата улога во „There Will Be Blood“ на Пол Томас Андерсон, нарекувајќи го „слаб“ и „проблем на филмот“. Дано беше придружуван од ко-ѕвездите Грег Киниар, Тони Колет и Ејбигејл Бреслин при прикажувањето на „Little Miss Sunshine“ на 20-годишнината од филмот во Eccles Theatre во Парк Сити, Јута. Двајца членови од публиката ...
Првите фотографии од актерите кои ги толкуваат членовите на The Beatles во најавуваните биографски филмови на Сем Мендес се појавија во форма на разгледници низ Ливерпул. Четирите филмови од серијалот, посветени на легендарниот бенд, се планирани за едновремено објавување во април 2028 година. Пол Мескал ќе го игра Пол Мекартни, со Харис Дикинсон како Џон Ленон, Џозеф Квин како Џорџ Харисон и Бери Киоган како Ринго Стар. Мескал потврди дека ...
Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата (Северна Македонија) ќе учествува на Canal 2026, дводневна професионална платформа иницирана од CN D – Centre national de la danse. Настанот обединува 10 француски танцови институции и 6 институции од Балканот (Грција, Словенија, Бугарија, Северна Македонија) и го претставува работењето на 32 уметнички тима преку извадоци/перформанси, разговори, работилници, дебати, проекции и ...
Во овој петок, за читателската публика на Дума.мк, од афористичарот и сатиричарот Атанас Крлевски ги објавуваме напишаните 10-те нови афоризми. Негова инспирација изминатава седмица се работниците, политичарите ама и новинарите: „Имаме богови, имаме цареви, а немаме работници.“ „Природно е на ВИ да ѝ подаруваме вештачко цвеќе.“ „Љубовта започнува на слепо, а завршува на глуво.“ „Сон на зрното песок е да сретне школка.“ „Внимателно со ...
Младинскиот Културен Центар – Скопје, врз основа на програмата за ликовна дејност објавува конкурс за визуелни уметности (самостојни и групни изложби, инсталации, мултимедијални проекти, перформанси), што ќе се реализираат во 2026 година. Заинтересираните уметници, на еден документ да достават: – концепт за изложбата – кусa биографија – контакт информации Воедно, преку online сервис (WeTransfer и сл.) да испратат и фотографии од нивни дела ...
Поп-пејачката Ана Петановска ќе има свое шоу на Српската радиотелевизија, на третиот канал, кое ќе се емитува вечерва (30 декември) од 20 часот. Петановска ќе настапи со бенд од познати српски музичари во рамките на програмата „РТС Клуб“ со репертоар од светски поп-рок хитови, песната „Далечини“ (Даљине) од Маја Оџаклиевска и „За нас почнува живот“ од Даниела Панчетовиќ. Во чест на џез-пејачката Бети Ѓорѓевиќ, која е родена во Куманово, а ...
Антологиското ремек-дело „Небото над Берлин“ на Вим Вендерс — филм што и по децении останува непресушен извор на инспирација, поетски запис за човечката осаменост, љубовта и духовната потрага по смисла. Неговото прикажување во рамките на јубилејната година на Кинотеката има и дополнителна симболичка тежина, потсетувајќи на континуитетот на филмската уметност и нејзината моќ да опстои над времето. 30 ЈАНУАРИ (ПЕТОК) 20:00ч НЕБОТО НАД БЕРЛИН ...
Глобалната икона Шакира официјално влезе во историјата. Билборд потврди дека нејзината светска турнеја „Las Mujeres Ya No Lloran“ стана најпрофитабилната турнеја на латино уметник на сите времиња, со заработка од импресивни 421,6 милиони долари. Овој успех беше обележан со 82 концерти на стадиони низ Северна и Латинска Америка, на кои присуствуваа повеќе од 3,3 милиони обожаватели. Со тоа, Шакира го надмина претходниот рекорд од 409,5 милиони ...
Аплицирањето за SoAlive Music Conference & Festival 2026 официјално е во тек. Еден од најзначајните регионални музички настани, кој ги поврзува балканските сцени со пошироката европска и светска музичка индустрија, ќе се одржи од 14 до 16 октомври 2026 година во Софија, Бугарија. SoAlive се враќа со своето четврто издание, носејќи нови артисти, нови разговори и нови музички правци што го поврзуваат Југоистокот на Европа со глобалната ...
Националниот џез-оркестар со настап со гудачки ансамбл, составен од музичари на Националната опера и балет, вечер, во 20 часот, во Филхармонијата ќе ја отвори новата концертна сезона 2026. Од Националчниот џез-оркестар информираат дека станува збор за редок и внимателно обликуван музички спој, што отвора нова звучна димензија во современата македонска орекстарска практика. Под диригентство на маестро Џијан Емин на концертот ќе бидат изведени ...
Археолошкото одделение од НУ Музеј Куманово ги заврши археолошките ископувања на ранохристијанската црква на локалитетот Градиште, село Пчиња, во Бислимска Клисура. Како што информираше раководителот, Дејан Ѓорѓиевски, истражувањата дале извонредни резултати, биле откриени нартекс, анекс и амвон. – Новооткриените елементи на црквата нартекс, анекс и амвон, покажуваат дека воопшто не се работи за некоја мала градба во мала населба. Напротив, ...
Кочани, 29 јануари 2026 (МИА) - Во ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани утре ќе биде промовирана книгата „Ерос, танатос и црта помеѓу“, чиј автор е Катарина Трендова. Промотор на ова дело ќе биде професорот по македонски јазик, м-р Доне Донев, а модератор - роднокрајната писателка, Славица Цветкова. Промоцијата започнува во 17 часот. ис/вј/ Фото: Плакат Библиотека „Искра“ Кочани, 29 јануари 2026 (МИА) - Во ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани утре ...
Споделете со пријателите! Pharma & Biotech Quality Summit 2026 во Минхен претставува ретка прилика за искрен разговор за она што професионалците за квалитет не можат да го кажат гласно на работа. Д Pharma & Biotech Quality Summit, кој ќе се одржи на 12–13 мај во Минхен, ќе обедини над 100 лидери за квалитет за да дискутираат за новата регулаторна реалност поврзана со AI одобрувањето, надзорот на напредните терапевтски медицински ...
Министерството за култура и туризам своите обврски си ги завршува во предвидениот законски рок. Навреме до Собранието ја има доставено одлуката и за наградата „Мито Хаџивасилев-Јасмин“, истакна ресорниот министер Зоран Љутков одговарајќи на пратеничко прашање на Соња Мираковска од СДСМ за недоделувањето на оваа награда за 2025 година. Тој појасни дека причина за доцнењето било тоа што Собранието немало избрано одбор за доделување на ...
Проекција на грчкиот филм „Што ако“ (What If), во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе се одржи в сабота во 20 часот, во Кинотека. Настанот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има за цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија. Филмот What If, е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата Netflix серија ...
Македонската опера и балет информира дека на нејзиниот репертоар е вклучена балетската претстава за деца „Доктор Офболи“, наменета за најмладата публика. Како што соопштуваат од МОБ, претставата преку музика, танц и сценска игра обработува теми поврзани со грижата, сочувството и одговорноста, со цел на децата да им се приближат основни човечки вредности на разбирлив и визуелно привлечен начин. „Доктор Офболи“ е балетска приказна која, според ...
Напишано од британскиот композитор Карл Џенкинс, по нарачка од Кралската оружарница, по повод новиот Милениум и преселбата на оружарницата од Лондон во Лидс, вокално- инстирументалното дело „ Вооружениот човек“ , премиерно ќе биде изведено вечерва од Македонската филхармонија и хорот „ Pro Ars“, под диригентство на раководителот на хорот, Сашо Татарчевски. Базирана на католичката миса, композицијата вклучува текстови и мотиви од разни ...
Добитникот на Златниот лав во Венеција, филмот „Татко, мајка, сестра, брат” на Џим Џармуш, медитација во три дела за семејствата, стареењето и нелагодните врски меѓу родителите и нивните возрасни деца, од денес е на репертоарот на Синеплекс. Поделен на поглавја сместени во Њу Џерси, Даблин и Париз, филмот прикажува ансамблска екипа, вклучувајќи ги Том Вејтс, Адам Драјвер, Мајим Биалик, Шарлот Ремплинг, Кејт Бланшет, Вики Крипс, Индија Мур и ...
Предупредување за спојлери: Овој текст содржи детали од четвртата сезона на серијата Bridgerton. Последно затегање на корсетот, остар здив – и подготвени сме. Да, уште една немилосрдна дебитантска сезона е пред нас, додека брачниот хаос повторно се спушта врз светот на Bridgerton. Иако дел од неспорната привлечност на оваа регентска драма на Netflix отсекогаш биле нејзините жешки сексуални сцени меѓу припадниците на „тонот“, односно високото ...
Замислете го моментот кога вашето дете првпат ќе седне во салонот, светлата ќе се пригушат, а пред него ќе блесне свет исполнет со боја и музика. Тоа е спомен што се памети, вемат од Национална опера и балет. Во време кога децата растат опкружени со екрани, брзи содржини и кратко внимание, секој родител се соочува со ист предизвик – како да понудиме нешто вредно, живо и вистинско. Нешто што ќе ја развие фантазијата. Балетската претстава за ...
Велат дека играорците не заминуваат засекогаш, тие само го менуваат ритамот. Симеон не беше само дел од овој ансамбл, тој беше дел од душата на секое оро, секој чекор и секое искрено ‘Аирлија’! зад сцената, велат од Танец. Со својата посветеност, ведар дух и неизмерна љубов кон татковината, тој остави трага што времето не може да ја избрише. Ве покануваме на една незаборавна вечер посветена на ликот и делото на прераното заминување на Симеон ...